Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

sdsm-zecevic-kovacevski-8

СДСМ се самопофали

„Со одговорните политики на СДСМ, ребалансот на Буџетот е со заштеда од 200 милиони евра за поголеми плати и пензии“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Одговорните политики на СДСМ се рефлектираат преку ребаланост на Буџетот, со кој заштедата од 200 милиони евра од непродуктивните трошоци, ќе се пренамени за ублажување на последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во ЕвропаОна што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.Со СДСМ и во време на криза растат платите и пензиите. Просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, следува рекордно зголемување на пензиите и нова методологија за постојан раст.СДСМ продолжува со вистинска грижа за економијата и за сите категории на граѓаните“.

Македонија | пред 3 години

21122021_PVRSM_dogovori_OtvorenBalkan-6

Заев: НАТО, Договорот од преспа се причина што Македонија нема проблем ниту со името, ниту со земјата

Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина, напиша на фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев.„Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност. Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност“, потенцира Заев во напишаното.„Со благословот и томосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и очекуваме патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална“, вели Заев.

Македонија | пред 3 години

darko-kaevski

Ребалансот носи повисоки плати и пензии, тврди Каевски

„Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на буџетот за 2022 година. Со ребалансот сериозно се кратат средства за непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, пари кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.Тој додава:„Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.Ова е одговорен, домаќински чекор во време кога целиот свет се соочува со недостиг на храна и енергенси.Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.И во време на светска економска криза успеавме минималната плата да ја зголемиме на 18.000 денари.Со Синдикатот се постигна договор за рекордно зголемување од 15 отсто на платите во образованието и детската заштита, а следува период на раст на платите во сите сектори согласно растот на минималната плата.Договорена е и нова методологија за постојан и одржлив раст на пензиите, а следното покачување ќе се реализира во септември оваа година.Просечната плата денес изнесува 31.080 денари што е реализација на клучното ветување на СДСМ за просечна плата од 500 евра.Сето ова почитувани е показател дека македонската економија е стабилна и конкурентна и подготвена да се носи со сите предизвици.Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети“.

Македонија | пред 3 години

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Каевски не очекува ребалансот на Буџетот да биде блокиран

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период го прави истото што го прави односно што го најави во Собранието, впрочем новитет беше само тоа што го официјализираа бојкотот со којшто се обидуваат да ги опструираат и блокираат важни закони којшто треба да се донесат за граѓаните, некаде околу седумдесетина“, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.тој додава:Како што и сами напоменавте ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока да го подобри стандардот на граѓаните и секако да помогне полесно да се справат граѓаните со последиците од овие кризи.Очекувам дека ќе надвладее и разумот и кај останатите пратеници којшто доаѓаат од опозицијата впрочем ние секојдневно во Собранието слушаме голем број на пратеници којшто доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова што се прави не е добро и дека треба да заврши,да се донесат и да се помогне на граѓаните. Очекувам дека разумот на тие пратеници ќе надвладее и дека конечно ќе почнат да работат во функција на граѓаните и заеднички ќе носиме суштински и важни закони, впрочем тоа е поентата и оној апел со којшто секојдневно ние повикуваме да отвориме суштински материјална расправа по законите и доколку имаат конкретни решенија и предлози за да се подобри законскиот текст и да се подобрат тие закони, зеднички да дискутираме, да дебатираме и да го донесеме најдоброто решение.Тоа е нешто што граѓаните го очекуваат од нас, тоа е нешто што мораме заеднички да го направиме и нешто што е потребно и нужно за да се донесат суштински, важни решенија за граѓаните во овие исклучително тешки периоди, во време кога се соочуваме со најголемата економска и енергетска криза, важно е да имаме опозиција која што нема да опструира и блокира туку ќе соработува и секако заеднички ќе носиме решенија“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Осудениот криминалец Груевски откри нови работи, дали Арсовска е неговиот контакт?, прашува Каевски

„Вчерашната пресуда за предметот „ТНТ“ во кој осудени се Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Вообичаено, веднаш по изрекувањето на пресуда со свој став излезе повеќекратниот осуденик во бегство, Никола Груевски“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.Тој додава:„Но овој пат Груевски откри нови работи, односно дека тој бил во комуникација со актуелен градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Дали Данела Арсовска е градоначалникот и контактот на Груевски со кој тој комуницира редовно?Дали Груевски редвоно комуницира и со други градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?Објавата на Груевски само го потврдува она што СДСМ го тврди, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е управувана од Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само извршител на Груевски.Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не го осудуваат и не се оградуваат од криминалите, туку напротив тие ги бранат криминалците во своите редови.Заради нарачаките на Груевски ВМРО-ДПМНЕ во време на криза го блокира Собранието, работи на штета на интересите на граѓаните и државата.Секојдневно се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е непроменета, криминална и режимска партија управувана од Будимпешта“.

Македонија | пред 3 години

sdsm-44

Арсовска не може принтери да обезбеди а не па проекти, реагира власта

„Поради неспособноста на Арсовска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи“, велат од СДСМ.Тие додаваат:„Град Скопје и целата администрација без 31 принтер значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните.Нејзиното неодоговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните без потребните документи.Одново на дело се покажа неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат принтери во Град Скопје, а не пак да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните.Освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначаник како што Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконстукцијата на улицата Есенинова...но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје.Одамна е јасно дека Арсовска е најнепособната градоначалничка на Град Скопје“.

Скопје | пред 3 години

sanela-2

Шкријељ смета дека со платите на наставниците испишуваат историја

„Дијалогот на Владата предводена од СДСМ со Синдикатот за образование, наука и култура, успеа. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза“, вели Санела Шкријељ, пратеничка.Таа додава:„Ова е историско зголемување на платите во основното и средното образование. Досега во три наврати платите во образованието се зголемија за 21 отсто.Тоа значи дека за само пет години, платите во образованието кумулативно ќе се зголемат за 36 отсто или за повеќе од една третина.За потсетување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.Важно е да се напомене, дека платите на оние кои штрајкуваа ќе бидат исплатени, но и дека следува изработка за нова методологија за континуиран раст на платите во образованието секоја година, без тоа да зависи од нечија политичка одлука или волја.Апелираме до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови, а потоа и потпишување на Спогодбата, за потоа надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето.Истовремено, убедени сме дека многу брзо ќе се постигне и конечен договор меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОНК, за платите на вработените во градинките.Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ покажуваат вистинска грижа за наставниците, воспитувачките и негувателките.Во континуитет докажуваме дека само со отворен, инклузивен дијалог можеме да дојдеме до решенија кои се во интерес на сите граѓани.И во време на најголема светска економска криза, остануваме посветени на брзи, ефикасни мерки и решенија кои го унапредуваат животниот стандард на сите граѓани“.

Македонија | пред 3 години

Image-2022-05-18-2

Кој е ставот на Мицкоски за истрагата против градоначалникот на Петровец од ВМРО-ДПМНЕ?, прашува СДСМ

„Целата јавност сведочи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за граѓаните, работат исклучиво за лични и партиски интереси“, вели СДСМ.Тие додаваат:„За градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски и неговиот брат, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јавното обвинителство отвори истрага, под сомнение за злоупотреба на службена должност и перење пари.Градоначалникот Митевски се сомничи дека во период од шест години потпишал 24 фиктивни фактури во вредност од половина милион евра на фирми чиј вистински сопственик е неговиот брат.Не така одамна за истиот овој градоначалник, Христијан Мицкоски изјави дека сите неуспешни градоначалници треба да го следат примерот на Митевски.Дали истраги и кривични пријави се примерите на Митевски кои треба да ги следат и другите градоначалници?Дали под неуспешни градоначалници Мицкоски мисли на оние градоначалници против кои не се водат истраги од Јавното обвинителство како што се водат против неговиот градоначалник од Петровец?На крајот, Мицкоски треба да одговори и кој е неговиот став за истрагата против Митевски?Оваа истрага е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од криминалната матрица, дека Мицкоски се уште е опкружен со криминогени ликови од времето на режимот.Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ шест месеци не реализираа ниту еден проект, а проектите од претходните локални власти на СДСМ ги промовираат како свои, но за истиот период потрошија стотици илјади евра за непродуктивни трошоци и партиски вработувања“.

Македонија | пред 3 години

denari

Се крати државниот буџет, што ќе има во ребалансот

„Кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци, следува ребаланс на Буџетот“, најави СДСМ.Тие додаваат:„СДСМ преку иниституциите што ги предводи останува посветена на одговорно управување со јавните финансии со цел да се обезбедат допопнителни средства за помош и поддршка за граѓаните.Следува ребаланс на Буџетот за 2022 година, со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци.Преку ваквото намалување на непродуктивните трошоци и заштедите ќе се ослободат средства со кои ќе се финансираат нови мерки за граѓаните и компаниите за надминување на последиците од светската економска криза.Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.Во време на светска економска криза, како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани“.

Македонија | пред 3 години

sdsm-funkcioneri

„Дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја менува со протест за месец од сега“, вели власта по најавата на ВМРО-ДПМНЕ

„Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието „невидените“ чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.Како и да е, протест е демократско право на опозицијата.Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби.СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи за граѓаните и поддршка на стандардот во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа“.

Македонија | пред 3 години

235634236_3042017626088012_4185651639971951938_n

Марковска: Блокадите од ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

Блокадата на собранието не е новина, ние веќе 2 години се соочуваме со блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Марковска во емисија „Клан дебата“ на ТВ Клан.Таа наведе дека две години во Собранието од страна на опозицијата е блокиран Законот за клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници, кој да беше донесен ќе обезбедеше зголемување на платите на наставниците и стручните лица, подобрување на условите во образованието, трансформација на работните места од определено на неопрелено време.Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ закажа седница на собраниската комисија за финансии и буџет и се изгласа законското решение за заем од меѓународната заедница за обнова на локалните патишта, кој потоа го блокираа, истакна Марковска.Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ веќе две години деструктивно се однесуваат, што, за жал е многу лошо, бидејќи ова се тешки години на пандемија, која сериозно ја загрози економската стабилност на целиот свет, на Европа и кај нас, сега во Европа има сериозна војна, која се одразува на еконмската стабилност.Се наоѓаме во сериозна ситуација во која треба заеднички конструктивно да дејствуваме. Ние ќе продолжиме да работиме во Собранието, како што го изгласавме дневниот ред на последната седница, ќе продолжиме да се бориме со сите блокади што ќе ги постават, зашто во моментот е најважно да се овозможи еден подобар живот за нашите граѓаните, да работиме во нивен интерес, а за тоа е потребно едно функционално собрание, кое мора да продолжи со работа, порача пратеничката на СДСМ Даниела Марковска за ТВ Клан.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-mickoski

„Лицемерието на Мицкоски пуштено на најсилно“

„Нема крај на лицемерието на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Токму пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски година и пол блокираа заем од Светска Банка за обезбедување средства за општините.Преку незакажување на седница, тогашниот претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски, а сегашен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ им нанесуваше штета на општините доминантно предводени од градоначалници од СДСМ.Денес Мицкоски кој постојано зборува против задолжувања, бара да биде доставен и изгласан во Собранието заемот од Светска банка за финансирање проекти во општините кои сега се доминантно предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е тешко лицемерие со кое Мицкоски сака да ги прикрие неработењето и партизацијата на општините.Граѓаните да бидат спокојни, пратениците од владејачкото мнозинство ќе го усвојат законот за задолжување од Светска банка, затоа што важно е да се инвестира во капитални проекти, особено во време на најголема светска економска криза.Досега во првите шест месеци од мандатот градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо освен што се фалеа со започнати проекти од поранешни градоначалници од СДСМ. Сега бараат за да се сликаат со пари обезбедени од Владата од проектот за поврзување на локални патишта.На крајот на денот, остануваат деструктивноста и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои без срам ја блокираат работата на Собранието, ја критикуваат работата на Владата, а потоа бараат пари од неа“.

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Ниското ниво на комуникација на ВМРО-ДПМНЕ зборува за ниското ниво на политичка култира и состојбата на Христијан Мицкоски, реагира СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време користи низок, некултурен и недоличен речник во јавната комуникација, полн со навреди и несоодветни квалификации на лична основа“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Ниското ниво на политичка култура манифестирана од оваа партија зборува за нив, за раководството на ВМРО-ДПМНЕ и за состојбата во којашто се наоѓа Христијан Мицкоски.Ваква реторика, го покажува ниското нивото на политичка култура на ВМРО-ДПМНЕ а ја потврдува нервозата и очајот во којшто се наоѓа Христијан Мицкоски.СДСМ е одговорна партија, над ова ниво на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту партијата ниту претседателот Ковачевски нема да се спуштатат толку ниско. Нема да дозволиме политичката некултура да доминира во јавниот простор“.

Македонија | пред 3 години

271720567_384788290082758_7603782481458349357_n

Ново кратење на буџетот

„Владата предводена од СДСМ подготвува ребаланс на Буџетот со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Ова е дополнително на кратењето од 8% на тековните расходи минатата година и дополнителните мерки кои што се направија во првите 100 дена од Владата за ограничување на трошоците.Со кратење на непродуктивните трошоци и заштедите се отвора можност за нови мерки за граѓаните и компаниите за амортизирање на ударот од светската економска криза.Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.Дополнително е воведена тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.СДСМ во време на светска економска криза продолжува со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани“.

Македонија | пред 3 години

sdsm-zecevic-kovacevski-8

Не успеа блокадата, усвоен е дневниот ред, деструкциите на Мицкоски ќе бидат поразени, децидни се СДСМ

„Христијан Мицкоски не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните“, реагира СДСМ.Тие додаваат:„Очигледно посакува земјата да не напредува, да не успее, да има проблеми. Дури и самиот Мицкоски вели дека процесот блокади и деструкции ќе биде долг, тој е среќен само тогаш.Но, и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека нивните блокади нема да успеат.Вчера во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува.Освен што ја одолговлекуваа работата и дискусијата за дневен ред траеше цели два дена, ништо друго не постигна ВМРО-ДПМНЕ.На ист начин ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади.СДСМ, со институциите, со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад“.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

Пратениците кои бојкотираат да се откажат од платите и привилегиите, граѓаните не смее да плаќаат неработници, бара власта

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување“, бара СДСМ.Тие додаваат:„Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат.Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата.ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира се што е во интерес на надминување полесно на состојбите.Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики“.

Македонија | пред 3 години

1-1

Богоев: Собранието не е пазар

Собранието не е пазар, за ВМРО-ДПМНЕ да бира кои закони ќе ги блокира, а кои не. Сите закони се носат во интерес на граѓаните, но можете да бирате и да толкувате кои закони се добри, а кое не, истакна потпретседателот на СДСМ Срефан Богоев, во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24.Тој додаде ВМРО-ДПМНЕ попмпезно креира политика криза поради внатрепартиски интереси, бидејќи Мицкоски има проблем да воспостави контрола врз градоначалниците, се плаши од резултатите коишто ги нема во локалните самоуправи и кредитот кај граѓаните брзо го троши.Нема ништо да се смени само ќе го официјализираат јавно бојкотот во собранието, кој го прават минатите месеци, со блокада на законот за наставници и стручни соработници, законот за армија за кличнички центар, нагласи Богоев.Тој нагласи дека на граѓаните им е дојдено преку глава од блокирање, сакаат да ги видат сите влијателни политички партии како решаваат проблеми на маса, без упорно да бараат избори и ја кочат државата и ја повика портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева заедно симболично да помогнат на едно семејство во општина Аеродром, кое се наоѓа во тешка финансиска ситуација.Јавно предглагам да направиме еден пример и да покажеме како треба свесни и совесни политичари да делуваат. Симболично да испратиме порака како можат политичари од власта и од опозицијата да седнат заедно и заедно симболично макар некому да помогнат, нагласи потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24.

Македонија | пред 3 години

271720567_384788290082758_7603782481458349357_n

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше Денот на победата над фашизмот, оцени власта

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски денеска не испрати своја партиска делегација и го бојкотираше централниот настан за чествување на 9 Мај - Денот на победата над фашизмот“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Тоа е срамно, неодговорно и скандалосно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека на партијата предводена од Мицкоски Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа не и значи ништо.Државноста на нашата земја почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста.Со денешното отсуство од одбележувањето на овој важен датум, ВМРО-ДПМНЕ повторно се постави антидржавнички, на спротивната страна од интересите и заложбите на граѓаните“.

Македонија | пред 3 години

vmro-shtab2

Трети ден СДСМ е фатено за лустерите на ВМРО-ДПМНЕ

Во време на најголемата светска економска криза, кога растат цените на енергенсите и на храната, а политичките субјекти од цела Европа се обединуваат во настојувањата да изнајдат конструктивни решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима, Христијан Мицкоски со најавите засилени блокади се однесува крајно неодговорно.Тоа е продолжение на безобѕирното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, која набавувала теписони за 20.000 евра или лустери за дестици илјади евра, која потрошила стотици илјади евра на скап мебел и опрема за уредување и декорација на Белиот дворец, што е потврдено преку судските процеси и признанија на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.Нема да им успеат ниту една уцена, ниту еден обид за блокада.

Македонија | пред 3 години

SDSM-92

Градоначалниците од СДСМ немаа проекти, не ги довршија ниту проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ, вели опозицијата

„Градоначалниците од СДСМ немаа проекти, не ги довршија ниту проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Реконструкцијата на стадионот во Битола е проект кој беше почнат од ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 5 години како централна власт и 4 години како локална власт да не го доврши“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„СДСМ ја закочија и гасификацијата која не е мрдната од мртва точка, исто како и изградбата на автопатот Кичево Охрид, закочен е и Клиничкиот центар во Штип, нема работа која ова неспособна власт било на централно ниво, или на локално каде што градоначалниците се од СДСМ, а да е завршена.Градоначалниците на СДСМ за 4 години не направија ништо, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ направија повеќе за 6 месеци отколку нивните претходници за 4 години.Разликата во работа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очигледна и народот ја гледа“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Резултати од анкета: Во кој политичар најмногу веруваат Македонците, дали СДСМ треба да остане на власт

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети. Од анкетираните 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски. Триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг.Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“.ИПИС напоменува дека заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна била спроведена анкетата, а истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок, кој бил стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

Ниту една лажирана анкета од ВМРО-ДПМНЕ нема да му помогне на Мицкоски, порача СДСМ

„Очен е обидот на ВМОР-ДПМНЕ со нарачани и лажирани анкети да го храбри Христијан Мицкоски во своите дестурктивни чекори и блокади“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Анкетите нарачани и лажирани од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните многу добро знаат како се спроведуваат, за што говори и видеото во прилог: https://fb.watch/cTfO7dW3O1/Лажирани анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатите 6 месеци ниту пак криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.Оваа агенција и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, напротив. Предвидувањата им беа неточни, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори доживеа пораз.Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски.СДСМ има план, ќе се спротивстави на неговите обиди за блокада на државата.Нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата“.

Македонија | пред 3 години

SDSM-KOVACEVSKI-ZECEVIC

ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните, бара СДСМ

„Најавите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за засилени блокади во време на најголема светска економска криза се најнеодговорен чин, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната, во услови кога политичките субјекти од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима“, вели СДСМ.Оттаму додаваат:„Преку судските процеси и директни признанија на високите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните постојано сведочат како оваа партија трошела стотици илјади евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.Ако ВМРО-ДПМНЕ вистински сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.Ниту една уцена или обид за блокада нема да им успеат“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Мицкоски со ултиматум: Ковачевски има време до 10 мај да размисли

При денешната посета на општина Охрид, претседателот Христијан Мицкоски даде изјава за медиуми, при што даде одговор и на ставот на Димитар Ковачевски, кој кажал дека не е спремен на дијалог, со точка на дневен ред, предвремени парламентарни избори и дека проблем е активната блокада.„Мојот став е дека до 10 мај има рок, нека не брза, нека размисли, по 10 ние продолжуваме според она што го усвои ИК на партијата, а тоа е активна блокада на македонскиот парламент, рече претседателот Мицкоски.Доколку не сака сам, тој на таа средба може да го земе и Османи, и Ахмети, и Љубчо Георгиевски, нека дојде и со Павле Трајанов, со Маја Морачанин, Горан Милевски, со сите со цела коалиција, еве јас ќе бидам со моите соработници, да разговараме за датум за избори, а до тогаш му нудам 4 тим, да му помогнат колку толку да ги ублажиме ефектите од оваа кризна состојба во која што се најде нашата земја“, кажа Мицкоски.Тој изјави дека со месеци повикува на дијалог, на разговор, бидејќи Македонија е во криза, а луѓето од владата се невешти да се справат со реалните проблеми, односно со кризата кои сами ја наметнале.

Македонија | пред 3 години

vmro-shtab2

СДСМ бара: ВМРО-ДМПНЕ да ги продаде теписоните од 20.000 евра и лустерите од Белиот дворец

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам најавуваат засилени блокади во време на најголема светска, економска криза, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната и во услови кога политичарите од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима“, велат од СДСМ.Тие додаваат:„Преку судските процеси јавноста виде како ВМРО-ДПМНЕ трошела стотици илјадници евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да повикува на некаква радикализација и блокади нека да ги продаде теписите од 20.000 евра, луксузните лустери и маси во Белиот дворец и парите нека ги пренасочи кон граѓаните.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се противат на тоа парите да завршуваат кај граѓаните и водат грижа само за личните и партиските интереси, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.Обидите за блокади на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања