Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СОБРАНИЕ

kocevski-5135

Државниот обвинител Коцевски,, на тапет” пред пратениците

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.За разрешување на Коцевски се потребни 61 пратенички глас. Освен 6 пратеници од Левица, извесно е и дека за разрешување на Коцевски ќе гласа и ЗНАМ.Интерпелацијата ја поднесе Левица поради, како што наведуваат селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.ДУИ нема се уште соопштено како ќе гласа, а и ВРЕДИ. Според СДСМ, нема да гласаат за интерпелацијата.Христијан Мицкоски претходно изјави дека не го менува ставот ниту тој како човек ниту, пак, го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, рече дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на другите обвинители да работат и да сработат имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата.„Јавноста ќе види утре.Ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ”, рече вчера Мицкоски.Коцевски негира дека има постигнат договор со премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговото евентуално разрешување.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Лидерот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, денеска објави дека поднел тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и неговиот претседател Африм Гаши.Причина за тужбата, како што наведува Апасиев, е одлуката за поништување на надзорната расправа за случувањата во Кочани, која требаше да се одржи токму на Комисијата со која тој претседава. Според него, ваквиот потег е противзаконски.„Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“, напиша Апасиев на ФБ.

Македонија | пред 8 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Кабинетот на Гаши потврди: Хоспитализиран е, состојбата му е стабилна и се вршат испитувања

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, е хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, потврдија денеска од неговиот Кабинет. Во соопштението се наведува дека здравствената состојба на Гаши е стабилна и дека се вршат детални лекарски прегледи.„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието, ја информираме јавноста дека тој вчера беше примен на Клиниката за дигестивна хирургија. Неговата состојба е стабилна, а сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени од надлежните институции“, стои во реакцијата на Кабинетот.Скопје1 прв ја доби потврдата од директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски дека Гаши е згрижен на нивниот оддел. Тој изјави дека бил примен околу полноќ со симптоми на претплет на цревата, поради што веднаш бил задржан во болница.„Пациентот е хоспитализиран и засега се третира со медикаментозна терапија. Не е предвидена хируршка интервенција. Состојбата е под контрола и се следи од страна на стручниот тим“, изјави проф. д-р Костовски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Без ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, изгласано одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Успеа третиот обид да има надзорна расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани.Партијата Левица е предлагач на иницијативата. На седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, со која претседава Димитар Апасиев, а со поддршка на опозицијата, усвоена е иницијативата за одржување надзорна расправа за трагедијата во Кочани.И овој пат отсуствуваа и не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.Но, се употреби деловничката можност одлуката да се изгласа со поддршка од една третина од членовите на Комисијата.„Јавноста и граѓаните на Кочани заслужуваат одговори на сите дилеми и сомнежи околу селективната истрага за оваа трагедија. Очигледно е дека се штитат лица со тесни врски со владејачката партија“, порачаа од Левица, потенцирајќи дека институциите реагираат само под притисок на јавноста.Дека се спремни да дадат поддршка за оваа иницијатива се изјаснија и пратениците од СДСМ и Европскиот фронт, кој во своите излагања посочија дека наместо вистина граѓаните и семејствата на загинатите и повредените добиле само политиканство од власта и органите, кои како што обвинија работеле под владин диктат каде се штедат од пресуди владини функционери и каде нема оставки ниту од морални причини.Левица посочува дека владејачкото мнозинство требало да иницира надзорна расправа, наместо, како што велат, да одржува трибини зад затворени врати, во време на силна емотивна вознемиреност кај јавноста.„Одржувањето на оваа надзорна расправа е политичка должност. Никој што дозволил да функционира дискотеката на смртта не смее да биде поштеден од одговорност“, порачаа од Левица, нагласувајќи дека ќе продолжат да се борат против сите обиди за заташкување на случајот и за правда за трагедијата што ја потресе цела Македонија.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-21.05.31

Законот за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона денеска пред пратениците

Собранието денеска ќе расправа за Предлог законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка, потоа за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.За законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона, пратеникот Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување на ова законско решение по скратена постапка.Нагласува дека ова законско решение е исклучително важно со што се уредува безбедносната зона на самото Собрание, но дека нема да забрани собирање и изразување на разни протести или настани на булеварот пред Собранието.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-21.05.31

(ФОТО) Кој е заштитениот периметар околу Собранието каде не смее протести и дронови

Законското решение со кое просторот околу македонското Собрание се прогласува за безбедносна зона предизвика голем интерес и низа реакции во јавноста. Суштината на законот не е ограничување на слободата на протест, туку јасно уредување на статусот, површината, границите, користењето, надзорот и имотно-правните прашања на просторот околу законодавниот дом.Според предлог-законот, кој треба да помине по скратена постапка, тревникот со површина од 1,5 хектари ќе се прогласи за безбедносна зона. Целта е да се обезбеди слободен пристап за пратениците, вработените и другите службени лица кои учествуваат во работата на Парламентот, како и да се заштити собранискиот објект и околниот простор од мешање и евентуални градежни интервенции од приватни субјекти.Просторот што ќе биде опфатен – од почетокот на булеварот „11 Октомври“ до зградата на Државниот завод за статистика – ќе му припаѓа на Собранието за институционална употреба. Тоа значи дека на оваа локација ќе се уредува дворниот дел, без можност приватни инвеститори да градат објекти како што беше претходно планирано. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочи дека парцелата што своевремено била продадена за изградба на катна гаража ќе се врати во државна сопственост, а сопственикот ќе биде соодветно обесштетен.Во јавноста најголема вознемиреност предизвика членот 8 од предлог-законот, кој предвидува забрана за градежни активности, поставување инфраструктура, одржување јавни собири, манифестации, како и користење дронови во радиус од 100 метри околу и над објектот. Сепак, ова не значи забрана на протестите како такви. Организирањето собири останува дозволено, но ќе се одвива надвор од дефинираниот безбедносен периметар.Ваквото законско решение е иницирано здружено од страна на повеќе пратенички групи. Предлагачи се претседателот на Собранието Африм Гаши, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, потпретседателката Весна Бендевска (ЗНАМ), Оливер Спасовски (СДСМ), Блерим Беџети („Европски фронт“), Беким Ќоку (коалиција Вреди) и Борислав Крмов (Левица).Во образложението стои дека ваквиот режим е неопходен особено во ситуации со ненајавени протести, кога се загрозува безбедноста на пратениците и се отежнува извршувањето на нивните работни обврски. Со ова, се потенцира потребата институцијата да функционира непречено, но без да се укине правото на граѓаните на протест – едно од темелните демократски права.

Македонија | пред 9 месеци

291589492_727291811718050_1614932333484865938_n

Околината на Собранието ќе биде безбедна зона, а во неа забрана за протести и дронови

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Тој информира и дека тој дел не е во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието.Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе се забранат и сите градежни активности и поставување на инсталациона или линиска инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.Според член 8 од законот, ќе бидат забранети:Градежни активности;Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;Јавни собири, протести и манифестации;Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.Со законот се предвидува и укинување на сите претходно одобрени дозволи за градба во оваа зона, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.Покрај Африм Гаши, предлогот е потпишан и од пратениците Беким Коку, Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски. Надлежно работно тело за разгледување на законот е Комисијата за одбрана и безбедност.Предлогот доаѓа во период на зголемени политички тензии и зачестени протести, што веќе предизвикува реакции во јавноста и кај граѓанските организации, поради можноста за ограничување на уставно загарантираните права и слободи.

Македонија | пред 9 месеци

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница.По излегувањето на Алијансата на Албанците на Таравари и прелетот на двајца пратеници во ВРЕДИ тие останаа без пратеничка група. Па така, денеска ќе се разгледуваат повеќе предлог одлуки за изменување на одлуки за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието. Измени се предвидени во составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, во Националниот совет за евроинтеграции, во Комитетот за односи меѓу заедниците, во Советот на Собранискиот канал и во Буџетскиот совет на Собранието.Комисијата треба да изгласа и Предлог - одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави. Предвидени се измени во Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), во Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) и во Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.На дневен ред е и барање за остварување на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавните набавки, како и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешна пратеничка.

Македонија | пред 9 месеци

unnamed-1

Мицкоски со повик до пратениците: Ајде да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа.„Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници итн. Не е целта дали имаме резиденти или нерезиденти. Но, кога веќе го поставувате тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица. И во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од Дипломатско конзуларните претставништва“, вели тој и додаде:„Еве јас сум подготвен одма, ги гледам пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржиме тој закон каде што ќе имаме една изборна единица. И да не филозофираме зошто олку или толку советници, еве одма да го отвориме ова прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во ДКП, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го поддржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи“.

Македонија | пред 10 месеци

unnamed

Мицкоски со повик до опозицијата: Да лобираме заедно за Европскиот Парламент да го изгласа извештајот за многувековниот и посебен македонски идентитет и јазик

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања ја повика опозицијата да лобира заедно со Владата кај европратениците за да се изгласа извештајот за земјава, кој вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик, а воедно на темата уставни измени потенцираше дека додека нема Македонци во бугарскиот Комитет за малцинствата, нема поместување ни милиметар од нашите позиции.Премиерот Мицкоски посочи дека предизвикот со промена на Уставот за вклучување на дел од нашите сограѓани кои за себе велат дека се припадници на бугарската заедница, за да можеме да ја одржиме Втората меѓувладина конференција го прифатила претходната влада со прифаќање на Францускиот предлог и ова е факт, а на сегашната влада и преостанува да прави стратегија како да се надмине тоа без да се дозволат нови барања.„Како влада кога го имате ова пред вас, седнувате и правите стратегија, и велите дали во оваа игра сме за да се најдеме на стартната рамнина или да ја завршиме трката. Ако гледате државнички и пошироко, тогаш ќе речете што добиваат граѓаните и државата, имајќи предвид дека министерот за надворешни работи на нашиот источен сосед кажа дека ова е само почеток, а не е крај на барањата, ќе видиме што ќе се случува понатаму. Кога го имате овој факт, тогаш логично е да креирате стратегија за понатаму и како влада креираме стратегија за понатаму“, рече премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека сега имаме прв тест, од страна на земјите членки на ЕУ треба да биде усвоен документот за малцински права подготвен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и да видиме како ќе реагира нашиот источен сосед Бугарија.„Но, пред тоа има еден друг вовед, а тоа е извештајот на известувачот за состојбите тука во Македонија кој во среда ќе се најде пред европските пратеници каде ќе се зборува за посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик кои се поврзани со нацијата, а не територијата на државата, и тоа е многу важно затоа што Македонци има насекаде во светот. Ќе видиме како ќе се однесуваат пратениците кои доаѓаат од Бугарија. Од тоа што го имаме како информација и поднесените амандмани не сум оптимист за нивното проевропско однесување, туку прилега повеќе на приликите од Средниот век. Во овој извештај стои дека имаме посебен македонски идентитет различен од нивниот, не после 1945 туку векови претходно и македонски јазик, и ако не е тоа проблем, еве европските пратеници имаат прилика и таму се гласа со мнозинство, не едногласно и затоа барам од опозицијата кои се дел од одредени политички семејства кои имаат европратеници да лобираат во насока да се прифати“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека на тој начин за прв пат во историјата Европскиот Парламент во извештај ќе вклучува засебен многувековен македонски идентитет поврзан со нацијата и со македонскиот јазик чие гласање треба да биде во јули.„Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди во Судот за човекови права во Стразбур, не заслуживме место во тој комитет, а тие заслужија место во нашата Преамбула. Додека не видам таму Македонец кој е дел од тој комитет, а за тоа треба сите да работиме, нема ни милиметар да мрднам додека сум премиер на оваа влада“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Изгласан Договорот со Велика Британија, за власта историски, за опозицијата нетранспарентен и коруптивен

Со 76 гласа „за“ и 6 „против”, Собранието го изгласа Договорот со Велика Британија. Мнозинството аплаудираше, опозицијата извикуваше-уааа.За власта Договорот е историски и ќе овозможи реализација на сите проекти кои претходната власт не ги направила.За опозицијата, Договорот не е ексклузивен, а нетранспарентноста остава сомнеж за матни зделки и корупција. За опозицијата непозната е каматата која ќе се плаќа на земените пари.Според мнозинството, техничка грешка е што Договорот е потпишан од потпретседателот на Република Северна Македонија, функција што кај нас не постои, наместо потпретседател на Владата, Александар Николоски. За опозицијата ова го прави Законот ништовен.Во овој договор со Велика Британија е наведена рамката за соработка, дека ќе трае 10 години, но и наведени се проектите кои би требало да се финансираат со петте милијарди фунти или шест милијарди евра. Во Анексот А на договорот се веќе познатите проекти како брзата железница Гевгелија – Табановце, болниците во Штип, Тетово и Кичево, но и хидроцентралите Чебрен и Галиште.Новина е реконструкцијата на Универзитетскиот клинички центар и градски болници во Скопје, но и во регионот Охрид – Струга. Исто така, новина е и финансирање на Транспортниот Коридор 8, како и сајбер безбедност и дигитална трансформација.

Македонија | пред 10 месеци

loson-mickoski

Договорот со Обединетото Кралство пред пратениците

Опозицијата и власта денеска ќе ги кршат копјата за решенијата во Договорот со Обединетото Кралство. Вчера попладне Договорот влезе во собраниска процедура, а денеска е на дневен ред на 52-та седница.Предлогот на закон за ратификација на Договорот меѓу македонската и владата на Обединетото Кралство е за реализација на инфраструктурни проекти. Договорот во име на македонската Влада, минатата недела го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Според Договорот, приоритетни проекти за почетен напредок се во четири области:здравство, транспорт, технологија и енергетика.Во анексот А на договорот е посочени за кои проекти ќе се однесува ова партнерство за инфраструктура. Тоа е изградбата на брзата пруга од Табановце до Гевгелија и она што е ново е дека ќе има пруга и до аеродромот во Скопје.Ќе се гради Клинички центар во Скопје, ќе има обнова на болниците во Штип и Кичево, болниците во Куманово, Битола, регионот Тетово-Гостивар и регионот Охрид-Струга.Предмет на договорот е програма за развој на Коридорот 8, програма за развој на капацитетите за сајбер безбедност, како и развој на капацитетите за производство и пренос на електрична енергија.Во договорот не се наведува како ќе бидат финансирани проектите.Финансиската поддршката не смее да го надмине ограничувањето од 5 милијарди фунти.

Македонија | пред 10 месеци

apasiev-risteski

Тензии во собраниските ходници помеѓу Апасиев и Ристески; Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ: Аман Димче, не плачи, доста е

Пратениците Димитар Апасиев од Левица и Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ имале кавга во собраниските ходници, но Собранието веќе неколку часа не открива што точно се случувало на третиот кат од зградата. Ристески преку социјалните мрежи посочува дека Апасиев глуми жртва па додава „Аман Димче не плачи, доста е“. До моментот на објавување, нема став од Апасиев.„Од причина што се појавија шпекулации за еден немил настан во собранието предизвикан од хистеричниот и нервен лидер на Левица, Димче Апасиев, би сакал да појаснам дека наводите споменати во дел од медиумите не се точни и не е прв пат хистеричниот лидер на Левица да глуми жртва и да провоцира конфликтност физичка или вербална, сакајќи на тој начин да привлече внимание, нам ни преостанува или да ги игнорираме неговите лудувања или да одговориме соодветно по принципот на среќна нова 49-та. Грешка е да му се одговори и да се падне на тоа негово ниво на однесување, посебно во светло на едно неуротичност и шизофреност која е евидентна, кога се прави принципиелен коректен професор пред јавноста и зад камерите кога испливуваат неговите најмрачни страни. Неговата кавга е по принципот навреди на безбедно растојание, па 'мајка бежанија', која му ја исполни денешната цел и смисла на постоењето, а тоа е да добие дел од медиумското внимание, нешто кое се заслужува со подвизи, проекти, идеи, визија, програми, принципи, а не со циркуз каков што тој неретко приредува. Токму затоа и неговата партија е бетонирана на 4.5 проценти рејтинг, како одличен спаринг партнер на СДС и ДУИ, и токму затоа тој е драгоценост која мора да се негува и од тој аспект и кон него изразувам жалење за специфичната состојба во која овој лик се наоѓа и кој секој ден не пропушта да го руши угледот на институцијата. Сепак, наша улога како пратеници е да имаме конструктивен придонес во креирањето на политики и закони кои ќе овозможат развој и напредок на нашиот народ и држава, а вакви немили настани не дефикусираат од таа суштинска цел. Аман Димче, не плачи. Доста е“, напиша Ристески.Повеќе новинари побараа став од собраниската пресс служба, дали е точно дека имало реакција и на обезбедувањето, но досега нема одговор. Според неофицијални информации, немало физичка пресметка, а ситуацијата била тензична.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-medziti-vredi-koalicija

ВЛЕН останува засега со девет пратеници

Кабинетот на претседателот на Собранието извести за промените во составот на пратеничките групи, по излегувањето на Алијанса на Албанците на Таравари од Владата.Спикерот Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН.Во согласност со известувањето:• Пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН.• Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.• Сегашниот состав на Пратеничката група на ВЛЕН ги задржува и сегашните девет пратеници:1. Африм Гаши2. Аднан Азизи3. Беким Ќоку4. Калтрина Беќири5. Имерлије Салиу6. Саранда Имери7. Фериде Хаџиу8. Мерита Колчи Коџаџику9. Беким СалиСо излегувањето на Таравари, доколку нема партиски прелети или ако нема договор за одредени закони во прашање се доведува бадентеровото мнозинство.

Македонија | пред 10 месеци

zakon-za-finansiska-poddrka-kocani

Во Собрание не помина законот за помош на семејствата од Кочани, предложен од СДСМ

Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани, нема да биде ставен на дневен ред. Ова е конечната одлука, согласно гласовите на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ, но и другите партии не го поддржаа предлогот на СДСМ, за кој гласаа 18 пратеници „за“ и еден „воздржан“, од 94 присутни во салата.Епилогот од ваквото гласање доаѓа по низа јавни повици на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка за заедно да го изгласаат овој закон.Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејствата на загинатите, како и низа мерки од сферата на социјалата, здравството и работните односи за сите настрадани.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Влегува во Собрание законот за помош на семејствата од Кочани, но и за семејствата кои имаат загинати во другите трагедии

СДСМ ќе поднесе закон со кој би им се помогнало на семејствата од Кочани, но и на семејствата кои имаат жртви од претходните трагедии. Венко Филипче, лидер на партијата, посочува дека законот не е за политизирање на трагедијата, кажа дека е спремен да седне со ВМРО-ДПМНЕ и јавно побара поддршка.„Изготвивме предлог-закон кој мислам дека е добар. Има финансиска надохнада за тие кои загубија членови, има за тие кои сега се на лекување. Ќе го поднесеме во редовна собраниска процедура, за повеќе чинители да дадат коментари. Се осврнуваме во еден дел и на претходните трагедии - Ласкарци, Тетово, Беса транс.Имаше коментар дека нема да го поддржат законот од ВМРО-ДПМНЕ, но верувам дека не е тоа апсолутно знак дека не сакаат да им се помогне на семејствата.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Пратениците ќе одат од град во град за да разговараат со граѓаните - прва дестинација им е Ресен

Собранието на Република Македонија и годинава организира Парламентарен карван - манифестација која има за цел да ја приближи законодавната власт до граѓаните и да овозможи поголема вклученост на јавноста во демократската дебата и во подготовката на законски решенија кои ќе го подобрат животот.„Парламентарниот карван за 2025 година тргнува на 9 мај (петок), а негова прва дестинација е Општина Ресен, каде што ќе се организираат повеќе активности за комуникација на граѓани со пратеници, во присуство и на претставници на Службата на Собранието, на канцелариите за контакт со граѓаните, општините, локални јавни установи, образовни институции, локални граѓански организации, како и домашни и меѓународни организации, кои помагаат во спроведување на настанот.Во периодот до средината на јуни, карванот за 2025 година ќе ги посети и Крушево, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Неготино, Тетово, Кичево и Куманово, како општини што не беа посетени за време на претходниот Парламентарен карван, во 2023 година. Завршната манифистација, пак, и годинава е предвидено да се одржи во Скопје – во околината на Собранието на Република Северна Македонија.Преку разни активности во централните места во градовите и општините ќе се испратат клучните порака на манифестацијата „Собранието за граѓаните“ и „Отворено и одговорно“, а со цел да се подвлече дека законодавниот дом е одговорен како институција пред граѓаните.Парламентарниот карван ќе обезбеди присуство на пратениците во општините или во изборните единици од каде што се избрани. Тоа е можност, пратениците да ги слушнат впечатоците на граѓаните за работата на Собранието и да се запознаат со проблемите кои бараат законодавна иницијатива.Оваа активност на Собранието е во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) за 2025 година, финансиски поддржана од Швајцарската Конфедерација, а спроведувана во соработка со НДИ, ЦУП и ИДСЦС“, велат од Собранието.

Македонија | пред 10 месеци

petrovska-krupen

Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, братучед, партиски другар и партиска наредба, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата на министерот за вантрешни работи Панче Тошковски.Петровска нагласи дека Тошковски, како искосен правник, долгогодишен адвокат ги познава законите, особено Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, но свесно на денот на трагедијата не посочи одговорност во Министерството за внатрешни работи.Напротив, ги заштитивте тие кои се прво повикани и кои во најмала рака го прекршиле ова што предмалку го прочитав, а го прочитав од закон, не од политички памфлет, не од партиско соопштение, туку од законот за полиција. Според вас полициски службеник кој е пензиониран пред две-три години е виновен за тоа што се случи во Кочани, ама актуелните началници, оние пред да ги разрешите тие не биле виновни. Не знаеле што им се случува на територијата на подрачјата за кои по закон се должни да знаат и истото да го спречат, нагласи Петровска, додавајќи дека на денот на трагедијата и деновите потоа Тошковски свесно оддавал службена тајна од истрагата на лице кое не е овластено и му ги направил достапни информациите од истрагата кои беа злоупотребени се злоупотребувала до денес за политички цели.Еве со ова вие ја контаминиравте и ја попречивте истрагата и затоа меѓу другото се и нашите тврдења дека истрагата е селективна Исто како што дозволивте од денот на трагедијата до отприлика седум дена подоцна раководните полициски службеници од СВР Штип и полициска станица Кочани да продолжат да доаѓаат на работните места и со тоа им овозможивте да кријат докази, да преправаат записници, се во нивен интерес и во интерес на тие кои треба да ги заштитите. Под притисок исклучиво на експертската јавност тие беа променети. Е затоа денес семејствата на починатите, загинатите и повредените дојдоа во Скопје и затоа побараа средба не само со вас, побараа средба и со нас и со сите пратеници овдека во Собранието, затоа што меѓу другото ние сме нивни избраници, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-29-at-18.02.03

(Видео) Полицаец почина вечерта во Пулс, татко му се вика Венко, прашајте го него зошто не поднесов оставка - не ги напаѓајте полицајците, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, повика да не се напаѓаат полициските службеници за трагедијата во Кочани. Тој се врати на седницата каде се расправа за негова интерпелација.„Кога повикувате на одговорност, ве замолувам да ги имате во предвид фактите дека 16 полициски службеници се обвинети, од кои едниот е актуелен полициски функционер. Второ, полицаец почина вечерта, Тоше се викаше. Татко му се вика чичко Винко. Прашајте го него зошто не поднесов оставка. Трето, ќерка на полициски службеник почина во несреќата. За мене зборете што сакате имате легитимно право на тоа, поставувајте прашања, но кога ќе поставите прашање, внимавајте дека претходно МВР немаше ниту една кривична пријава за загинатите во претходните трагедии, а сега има. Вие сте тие што предизвикувате болка дополнителна на овие семејства. Немојте да ги напаѓате полициските службеници. Полициски службеник загина во Кочани, еден го изгуби своето чедо во Кочани. Секој кој има одговорност, ќе одговара“, рече Тошковски.На ова врати Јована Мојосовска, пратеничка од Левица.„Не ја обвинив целата полиција туку тие корумпирани началници и полицајци, кои не виделе дека на диво работи таа дискотека, без опрема. Тие се срам на полицијата. Јас за нив поставив прашања. Секогаш ќе бидам гласна кога ќе ставате за командир, лице кое е братучед на пратеничка, ќе бидам гласна кога враќате да биде командир лице кое пукаше со пушка, а пратеникот Ковачки викаше дека тој е срам на полицијата“, рече Тошковски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-24-at-16.07.18

Осомничената антикорупционерка не поднела оставка - ќе остане ли Собранието со скрстени раце?

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска, нема поднесено оставка до крајот на вчерашниот работен ден. И покрај јавните повици дека седењето со скрстени раце ќе донесе уште поголем удар на институцијата - досега нема потег ниту од Собранието кое може да покрене постапка за нејзино разрешување. Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“ и тоа информации од предмети на ДКСК.„Ве известуваме дека до Државната комисија од страна на претседателката не е доставено известување за евентуална оставка“, велат од ДКСК за „Скопје1“.Таа може да оди на работа, но не смее да има допир со предмети. По отворањето на случајот, нема информација дека се појавила. Реагираше и претходната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, која рече дека Димитровска треба да преземе одговорност.„Ова не е време за седење со скрстени раце. Собранието е на потег“, изјави Ивановска, повикувајќи на внатрешна проценка на ризици од корупција и зголемување на интегритетот во Комисијата.Од Кабинетот на Африм Гаши пак, суптилно најавуваат дека нема да ја разрешуваат Димитровска, се додека наводите за нејзина вина не се потврдат во судска постапка.„Доколку наводите се потврдат во судска постапка, ќе се иницира разрешување на Димитровска“, велат од Кабинетот на претседателот за неколку медиуми.

Македонија | пред 11 месец

bedzeti

(Видео) Мицкоски смета дека Беџети сака да му покаже мускули, откако му рече: „Да не биде дека ќе влечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад“

Блерим Беџети од ДУИ и премиерот Христијан Мицкоски се судрија на собраниската говорница.„Да не бидете вие тој што ќе ги повлечете за уши, Албанците ќе излезат на плоштад Македнија, па не ќе мора да трчаш по нив. Човечки е за сите овие политички политички прашања, вие да побарате извинување за пристапот“, рече меѓудругото Беџити.На ова врати Мицкоски кој му рече на Беџети дека не го сфаќа.„Веројатно сакавте да покажете мускули, 'еве како му се обраќам на премиерот, видовте?', добро, супер, одлично, секоја чест, покажавте мускули. Немате друга тема, не знаете што да зборувате, па единствената тема ви е да ги злоупотребувате чувствата на Албанците“, одговори Мицкоски посочувајќи му дека подединакво мисли на сите.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Мицкоски одговараше дали останува на ставот дека Коцески е недостоен да биде јавен обвинител

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, го праша министерот за правда Игор Филков, дали остануваат на ставот дена јавниот обивнител Љупчо Коцевски го нарушил угледот на Обвинителството, има незаконско постапување и корупција, нефикасност во кривичното гонење, повреда на принципот на самостојност кај јавните обвинители или го променила ставот и зошто. На ова одговори премиерот Христијан Мицкоски.„Истрагата за Кочани ја води јавен обвинител назначен на предлог на тогашната Влада, во која најголем чинител беше СДСМ со останатите коалициони партнери, на тогашниот заменик претседател на Владата кој доаѓаше од ДУИ, а како претставници на Владата се нивниот министер и заменик-министер. Значи ние живееме во врвот на демократијата, ретко виден на Балканот. Опозицијата си има свој обвинител, а денеска ја води истрагата. И се надевам ќе го охрабрите, за да не биде ПР стратегија и дефокус, за да се врати назад на случаите за кои јас зборувам“, рече Мицкоски.Трајчулески повторно од говорницата посочи дека тие бараат конкретен одговор на прашањата, а не коментар кој го предложил Коцевски.„Не е прашање Коцевски чиј е, туку дали ќе се озакони ова ветување од предизборната кампања“, рече Трајчулески

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-24-at-11.24.29

„Дехидрирајте од плукање, да ги оставиме семејствата“, рече Мицкоски прашан од пратеник дали се разводнува истрагата за Кочани, за да се штитат функционери

Никола Трајчулевски, пратеник од СДСМ на собраниска седница констатираше дека не постои чувство на морална одговорност кај Владата и дека тоа е поразително за една Влада. Потоа, посочи дека се води селективна истрага за да се заштитат сегашни носители на високи позиции во МВР, Пазарен инспекторат. Објасни дека според нив, истрагата е контаминирана и е обид да се задоволи јавноста за сметка да не се откријат директните виновници за пожарот во дискотеката. Трајчулевски постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски дали разводнувањето на истрагата е за да се заштитат функционери.„Најмалку вие имате право да зборувате за морал, можеби немаме ни ние, ќе кажат граѓаните за неколку месеци, но најмалку имате вие. Мој совет, да ги оставиме семејствата. На мене да удират секој ден, дехидрирајте од плукање, нормално е тоа. Логично е, измислувајте.. граѓаните се тие кои кажуваат дали вашата вистина или онаа вистина која ние ја кажуваме. Да ги оставиме семејствата оти болката и тагата е огромна“, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Македонија | пред 11 месец

SOBRANIE-LOGO

На три јазици и модерно: Собранието го менува логото, им предложија наместо зградата да стават патарина

Собранието со потпис на претседателот Африм Гаши тргна во поход да го промени логото на законодавниот дом. Препознатливото лого со зградата на Собранието ќе замине во историјата, а на негово место, според спецификацијата треба да има „уникатно и модерно. Во членот 2 став 3 од огласот се вели: „Логото треба да содржи графички елемент и целосен текст на називот на собранието на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговото писмо и на англиски јазик и неговото писмо“.Секој учесник на конкурсот, се додава во огласот, има право да поднесе најмногу три идејни решенија за логото на Собранието. Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување предлози е 45 дена од денот на објавувањето на Јавниот конкурс.„Јавниот конкурс за изработка на заштитен знак е со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален и визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата. Дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега“, се наведува во соопштението на собраниската прес-служба.На социјалните мрежи започнаа и шегите на сметка на пратениците и законодавниот дом. Па така, еден од јавните предлози е логото со зградата на Собранието да се замени со илустрација на патарните - поради патните трошоци кои ги земаат пратениците.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-15-at-19.02.27

(Видео) Пратениците се состанаа за надзорна расправа за Кочани, па двајца се испокараа

Не успеа обидот на ДУИ да се изгласа организирање на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи влајачкото мнозинство смета дека е рано за тоа. На говорницата предлогот го бранеше Блерим Беџети од ДУИ, кој се скара со претседателот на Комисијата и пратеник, Љупчо Пренџов.„Очекував да ми се извините“, рече Пренџов, а Беџети со кренат крст му мавташе и реплицираше: „Ти да се извиниш“. По ова Пренџов му рече да си ја собере раката, а Беџети му врати: „И устата таму“.Пред ова, имаше неколку остри реплики.„Ова е сведоштво на продолжувањата на ‘мојот закон’ и ‘ќе ве влечеме за уши’. Ова е отсуство на сведоштво и сите тие кои се одговорни и се оди на ретроактивност да се направи една толку голема магла“ рече Беџети.Му врати Пренџов: „Не само за Кочани ќе се разговара и за „кабелот е крив“ кога „живи луѓе ни гореа“, ќе се разговара и за Ласкарци, ќе се разговара и за сообраќајката во Бугарија каде „живи луѓе гореа“. Ова парламентарно мнозинство нема да стави ништо под тепих.Од ДУИ најавија дека нивни 15 пратеници во писмена форма ќе побараат од претседателот на Собранието да се одржи расправата.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања