Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СОБРАНИЕ

media-libraryd94b5eta2gf42a8AOyt

Кандидатката која раскажуваше за Ататурк, наместо за Истанбулската конвенција, ја повлече кандидатурата за член на Антидискриминаторската комисија

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиното сослушување во Собранието предизвика бурни реакции во јавноста и остри критики од граѓанскиот сектор.Иако се претстави како магистер по меѓународно право и настапи со намера да ја образложи својата мотивација и компетентност во областа на човековите права, Ахмед за време на расправата не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од родово-базирано насилство и дискриминација.На директни прашања од претставници на граѓанските организации за суштината, механизмите и обврските што произлегуваат од Конвенцијата, таа не даде конкретни правни одговори, туку говореше за Истанбул како град и за историскиот период на Мустафа Кемал Ататурк, што беше оценето како несоодветно и алармантно за кандидат за ваква позиција.По настапот, Мрежата за заштита од дискриминација јавно реагираше, потсетувајќи дека законските услови за членство во Комисијата се прецизно утврдени. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, кандидатите мора да имаат најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои минимум пет години директно поврзани со еднаквост и недискриминација.Според анализата на јавно достапната биографија на Ахмед, таа не ги исполнува овие услови. Нејзиното професионално искуство е поврзано со ангажмани во приватниот сектор, универзитетска настава и работа како професор во средно образование, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критичарите, не претставува релевантна квалификација за членство во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Повлекувањето на кандидатурата доаѓа по силниот притисок од јавноста и експертската заедница, кои оценија дека ваквиот избор сериозно би ја нарушил довербата во институцијата задолжена за заштита на еднаквоста и човековите права.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryq8k5f0srg6rqeYADl7N

(Видео) Скандал е институционалниот пропуст, не тремата на кандидатот, вели Кекеновски за кандидатката која зборуваше за Ататурк а ја прашаа за Инстабулската конвеција

Професорот Јове Кекеновски остро ја критикуваше работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, оценувајќи дека вистинскиот неуспех на јавниот распит за кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) не е кај кандидатката, туку кај самата Комисија.Според Кекеновски, скандал не е тоа што кандидатката покажала трема или нервоза на јавниот распит, туку фактот што собраниската Комисија дозволила лице со очигледни празнини во знаењето да биде предложено за член на институција која треба да биде еден од клучните заштитници на човековите права и принципот на недискриминација.Тој нагласува дека Комисијата за избори и именувања не смее да биде, како што вели, „гол преносник“ на партиски предлози, туку има јасна и суштинска филтер-улога. Таа, според него, мора да утврди дали кандидатите ги исполнуваат законските услови во однос на образование и искуство, дали поседуваат реално знаење за човекови права и недискриминација и дали имаат капацитет јавно да аргументираат, да толкуваат закони и да носат издржани одлуки.Кекеновски потенцира дека дури и кога изборот е дел од политички договор, Комисијата има обврска да реагира и да побара нов предлог доколку кандидатот не ги исполнува основните стандарди. Во спротивно, предупредува тој, не станува збор за демократски избор, туку за директно поткопување на довербата во институциите.„Во таков случај, Комисијата не врши избор, туку на најгруб начин ја инвалидизира институцијата што треба да ги штити граѓаните од дискриминација“, наведува Кекеновски, додавајќи дека ваквите постапки ја девалвираат улогата и кредибилитетот на КСЗД уште пред таа воопшто да почне да функционира.Со прашањето „до кога со вакви неразумности“, професорот апелира до Собранието и надлежните комисии да покажат поголема одговорност и сериозност при изборот на кадри за независните институции, бидејќи, како што посочува, токму тие треба да бидат последната линија на заштита на граѓанските права.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryhh3jvjrams1s7RLJJHO

(Видео) Скандалозно јавно интервју: кандидатка за Комисијата против дискриминација зборуваше за Ататурк наместо за Истанбулската конвенција

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагираше на настапот на кандидатката Џихан Ахмед, предложена за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оценувајќи дека е разочарувачко и загрижувачко нејзиното непознавање на основни поими и меѓународни документи, меѓу кои и Истанбулската конвенција.Од Мрежата наведуваат дека е особено проблематично што кандидатка која треба да одлучува за еднаквост и недискриминација, вклучително и за правата на жените, не покажала основно познавање на Истанбулската конвенција, која претставува клучен стратешки документ за заштита од родово базирано насилство и за унапредување на родовата еднаквост. Дополнително, како што посочуваат, застрашувачки е фактот што лице со магистратура по меѓународно право не ги познава релевантните меѓународни документи што би требало да бидат суштински дел од работата на Комисијата.За време на јавната расправа, прашана да наведе елементи на дискриминација кои постојат во законите, Ахмед одговорила со општи ставови, наведувајќи дека „секој од нас се среќавал со дискриминација“, при што како пример го навела сопственото искуство во образованието и оценувањето на учениците, истакнувајќи дека за неа сите ученици се еднакви и дека причините за неуспех често се поврзани со средината во која живеат.На прашањето за нејзиниот став за законските измени во образованието во делот на дискриминацијата, таа изјавила дека сите ученици треба да се третираат исто, без разлика на етничката припадност, и дека е потребно повеќе интерактивна настава во која учениците ќе можат слободно да го изразат своето мислење.Дополнителни реакции предизвикал и нејзиниот одговор на прашање од претставник на Мрежата, кој ја прашал на кој темел од Истанбулската конвенција би работела за време на својот мандат и со кои тела би соработувала при третирање дискриминаторски практики во образованието. Во одговорот, Ахмед зборувала за Истанбул во историски контекст и за периодот на Ататурк, мешајќи теми поврзани со секуларизмот и слободата на изразување, без конкретен осврт на содржината, механизмите и обврските што произлегуваат од самата Конвенција.Дополнителни сомнежи предизвикала и нејзината објава на социјалните мрежи, во која, иако сè уште не е избрана, таа се заблагодарува за „назначувањето“ во Комисијата, упатувајќи благодарност до лидерот на ЛД, Изет Меџити, до партиските органи и до коалицијата ВЛЕН.На ова реагираше и адвокатот Умејр Муамеди, кој оцени дека ваквата објава претставува јавно признание за партиска припадност и политичко влијание врз процесот. Тој истакна дека кандидатката не ги исполнува законските услови предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација, укажувајќи на непознавање на Истанбулската конвенција и на други клучни области поврзани со мандатот на Комисијата.Според Муамеди, во конкретниот случај постојат сериозни индикации за повреда на законските одредби, непрофесионалност и ризик од партизирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, институција која треба да биде независна и стручно водена.

Македонија | пред 2 месеци

Sobranie-zgrada

Итно именување на директор и заменик на Агенцијата за слободен пристап до информации, бараат граѓанските организации

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.„Оваа Агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите нивоа, веќе еден месец е нефункционална поради истекот на мандатот на претходниот директор и неговиот заменик, и неименувањето на ново раководство од страна на Собранието. Правото на граѓаните до информациите од јавен карактер е едно од основните човекови права гарантирани со меѓународните и европските конвенции, како и со Уставот на Северна Македонија“, се наведува во соопштението.Во него се додават дека поради немање раководни лица, односно директор и заменик на директорот, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не може да одлучува по жалбите од барателите на информации, ниту целосно и редовно да ги остварува своите законски надлежности.„Со ова се оневозможува целосното остварување на правото на граѓаните и сите заинтересирани страни на пристап до информациите од јавен карактер, односно до начинот на којшто јавните институции работат и ги трошат парите на граѓаните. Оттука, се повикуваат пратениците, итно да именуваат раководни кадри на Агенцијата обезбедувајќи континуитет во нејзиното работење и во досегашното успешно остварување на заштитата на правото на граѓаните до јавни информации“, се наведува во соопштението на Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryj2ih1vl1tdin1Tnum3r

Изгласани измените на Законот за прекршоците, „Безбеден град“ стартува од 1 февруари

Со 81 глас „за“, 19 гласа „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоците. Станува збор за последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. За овој закон не гласаа пратениците на СДСМ и ДУИ.Со предложените законски измени се очекува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со технички средства и уреди за снимање преку системот „Безбеден град“. Целта е брзо и ефикасно санкционирање на прекршителите и зголемување на генералната превенција.Во првата фаза, системот ќе регистрира брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, додека во следната фаза е предвидено проширување на листата на прекршоци.Откако системот целосно ќе биде пуштен во употреба, сопствениците на возилата кај кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Плаќањето ќе може да се врши електронски, а при навремена уплата нема да се наплатуваат дополнителни трошоци. За прекршоци за кои е предвидена и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Македонија | пред 2 месеци

sobranie

Собраниска расправа за построги казни и ново кривично дело во Кривичниот законик

На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање. Предлогот е поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и содржи вкупно 13 амандмани.Амандманите се распределени меѓу повеќе политички партии – девет се поднесени од пратеничката на Нова социјалдемократска партија, Соња Мираковска, два од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, и по еден од пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска, и на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова.Како што се наведува во образложението објавено на веб-страницата на Собранието, целта на законските измени е да се надминат слабостите во постојните одредби на Кривичниот законик и да се обезбеди усогласување со одлуката на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 58/25.Со предложените измени се предвидува заострување на казнената политика преку зголемување на казните за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето (член 353) и злосторничко здружување (член 394), со цел повторно воспоставување на нивната превентивна и репресивна функција, како и зајакнување на борбата против високата корупција, во согласност со забелешките од извештајот на Европската комисија за 2023 година.Предлог-законот воведува и ново кривично дело – инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина. Со ова се предвидува кривична одговорност за сторителот кој без согласност ќе направи достапна ваква содржина на трети лица, при што како објект на заштита се утврдува приватноста на оштетеното лице.Во пакетот измени е опфатена и проширената конфискација преку проширување на кривичните дела за кои може да се примени член 98-а од Кривичниот законик. Дополнително, се врши усогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на кривичното дело телесна повреда, при што гонењето по предлог се укинува во случаи на родово базирано насилство, семејно насилство, насилство од омраза или кога делото е сторено врз особено ранливи лица, и истото ќе се гони по службена должност.Предвидени се и два нови облици кај кривичното дело трговија со дете, со цел поефикасно справување со злоупотребите поврзани со детското питачење. Законот содржи и технички појаснувања и подобрувања во делот на куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и проширената конфискација.Во образложението се наведува дека предложените измени се неопходни за елиминирање на потенцијалните штетни последици од измените на Кривичниот законик донесени во септември 2023 година, како и за исполнување на европските и меѓународните стандарди. Предлог-законот вклучува и усогласување на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети со законските решенија поврзани со проектот „Безбеден град“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn5vn08fjnmjteFcdRQF

Кои се новите министри „птици преселници“ кои беа во ДУИ, па добија нови функции со ВЛЕН

Без образложение од премиерот Христијан Мицкоски, Собранието на Република Македонија на денешната седница го разреши министерот за европски прашања Орхан Муртезани и истовремено ги избра новиот министер за европски прашања и вицепремиер Беким Сали, како и новиот министер за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа. Одлуките беа донесени со поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, без подолга расправа и без детално објаснување за причините за смената.Премиерот Мицкоски во обраќањето пред пратениците му се заблагодари на Муртезани за досегашниот ангажман и најави дека тој ќе продолжи да работи во извршната власт, но на друга позиција. Како што посочи, Муртезани ќе биде дел од кабинетот на премиерот, каде ќе биде задолжен за следење на реализацијата на реформската агенда. Засега официјално не е потврдено, но веќе е познато дека Муртезани е номиниран за амбасадор на Република Македонија во Брисел.Новоназначениот министер за европски прашања и вицепремиер Беким Сали, според образложението на Мицкоски, располага со релевантно искуство во извршната и законодавната власт. Премиерот нагласи дека неговото претходно министерско искуство, како и тековниот пратенички ангажман, му овозможуваат добро разбирање на односите меѓу институциите и на механизмите на државното функционирање, што, како што рече, е од особена важност за ресорот задолжен за европските интеграции и реформските процеси.За министер за животна средина и просторно планирање беше избран Мухамед Хоџа, за кого премиерот истакна дека има долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, со повеќе ангажмани на раководни позиции. Според Мицкоски, ваквото искуство претставува основа за ефикасно справување со сложените административни и институционални предизвици во овој ресор, како и за подобрување на меѓуинституционалната соработка.Во политичката биографија на Мухамед Хоџа се вбројува и функцијата портпарол во претходната Влада на СДСМ и ДУИ, додека Беким Сали беше министер за здравство во истата коалициска влада и наследник на Венко Филипче. Двајцата подоцна ја напуштија ДУИ и се приклучија на коалицијата ВЛЕН, од каде што доаѓаат и нивните актуелни номинации.Со денешните кадровски промени, Владата продолжува со реконструкција на својот состав, при што вниманието во јавноста останува насочено кон мотивите за смената на Муртезани и кон идните чекори во процесот на европските интеграции и реформите во клучните сектори.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydnaj2jgttf7d8Y1D3nc

Љупчо Коцевски и официјално замина: Собранието ја констатираше оставката на државниот јавен обвинител, следеа реакции

Љупчо Коцевски и официјално повеќе не е државен јавен обвинител, откако Собранието на Република Северна Македонија ја констатираше неговата оставка и го утврди престанокот на функцијата.Собранискиот спикер Африм Гаши информираше дека поради поднесената оставка, пратениците нема да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, кој претходно беше ставен на дневен ред.„Собранието на Македонија му го утврди престанокот на функцијата јавен обвинител на Македонија. Ве известувам дека Собранието нема да го разгледа предлогот за негово разрешување“, изјави Гаши од собраниската говорница.По оваа одлука следуваа реакции од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Дафина Стојановска оцени дека повлекувањето на Коцевски пред собраниската расправа претставува признавање на причините наведени во иницијативата за негово разрешување.„Избегнување на соочување со Собранието е признание на причините за негово разрешување“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.Со сличен став излезе и пратеникот Антонијо Милошоски, кој посочи дека тајмингот на оставката не е случаен.„Обвинителот Коцевски си поднесе оставка уште пред да започне расправата во Собранието. Ова може да се смета и како негово прифаќање на наодите од предлогот за негово разрешување“, напиша Милошоски.Со констатирањето на оставката, завршува мандатот на Љупчо Коцевски како државен јавен обвинител, а во наредниот период се очекува да започне постапка за избор на негов наследник.

Македонија | пред 3 месеци

kocevski-1

Државниот обвинител Коцевски се повлече од функцијата непосредно пред седницата за негово разрешување

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово поднел оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа на која требаше да се разгледува предлогот за негово разрешување.Во писменото известување доставено до Собранието, Коцевски наведува дека за денеска, 16 декември 2025 година, со почеток во 11 часот е закажана седумдесет и шестата седница на законодавниот дом, на чиј дневен ред е ставена точката за негово разрешување од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија.Тој посочува дека, согласно член 86 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство, поднесува барање за престанок на функцијата по сопствено барање, а врз основа на став 2 од истиот член, побарал Собранието на закажаната седница формално да го утврди престанокот на неговиот мандат.Со оваа оставка, практично, се затвора постапката за негово разрешување, која требаше да се разгледува на денешната пленарна седница, а Собранието ќе треба да донесе одлука за констатирање на престанокот на функцијата и за понатамошните чекори во однос на изборот на нов државен јавен обвинител.

Македонија | пред 3 месеци

Sobranie-zgrada

Денеска пред пратениците разрешувањето на Коцевски и резолуцијата за миграциите

Денеска во Собранието се отвора една од поконфликтните точки на актуелната политичка агенда – на 76. седница пратениците ќе расправаат за предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, како и за резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со која се осудуваат, како што се наведува, манипулациите на опозицијата и се потврдуваат политиките против нелегалната миграција.Иницијативата за разрешување доаѓа од Владата, која во образложението наведува низа сериозни забелешки за работата на Коцевски. Според извршната власт, тој направил тешки професионални пропусти во раководењето со Јавното обвинителство, постапувал спротивно на законските обврски и со своите дејствија го нарушил угледот на институцијата.Во предлогот се посочува и дека Коцевски неовластено изнесувал информации и податоци поврзани со судски предмети, со што, според Владата, ја прекршил законската обврска за заштита на тајноста на постапките. Дополнително, му се става на товар дека не постапувал во согласност со уставните и законските надлежности, како и со меѓународните договори што државата ги има ратификувано.Покрај разрешувањето на Јавниот обвинител, пратениците ќе се изјаснуваат и за резолуцијата за миграциските политики, со која владејачките партии бараат јасна политичка осуда на, како што наведуваат, обидите на опозицијата за манипулирање со прашањето за мигрантите.Седницата се очекува да отвори жестока расправа, со оглед на чувствителноста на темите и нивната директна поврзаност со правосудството и безбедносните политики на државата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg3qgiscc44oa9P3fAdf

(Видео) Си седите на телефони, си шушкате, замачкувате очи“ - Павловска од „Кој е следен“ разочарана од пратениците на анкетката за „Пулс“

Анастасија Павловска од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ остро реагираше на однесувањето на дел од пратениците за време на седницата на Анкетната комисија, опишувајќи го како понижувачко и целосно непочитувачко кон родителите на жртвите од трагедијата во Кочани.„Оваа страна покажа нула заинтересираност за целата дискусија која се одвиваше. Ве гледам, си седите на вашите мобилни телефони, си шушкате меѓусебно. Кога се прибраа членовите на медиумите, а голем дел си заминаа – како мислите дека мене, како млад човек во државава, каква слика ми создава? Дека вие ќе можете да соработувате и вистински да се изборите за правда за овие луѓе што собрале храброст да дојдат да се обратат?“, рече Павловска.Таа праша дали навистина некој очекува по вакво однесување младите да стекнат доверба во институциите:„Дали сметате дека јас по денеска ќе излезам од тука и ќе речам: ‘Да, соработуваат пратеничките групи, гледаме дека покажаа емпатија и дека им е важно што имаат да кажат овие родители’? Не. Мене ова ми личи дека е само некоја процедура, само да се замачкаат очите дека ‘еве, конечно ви дадовме Анкетна комисија’. Навистина е многу разочарувачки.“Павловска истакна дека внимателно ги следела емоциите на пратениците, особено во моментите кога зборуваа двете мајки од Кочани, и додаде дека однесувањето е „засрамувачко“.На крајот, упати директен повик:„Ве молам, пишете им на сите ваши колеги да се вратат назад во оваа сала!“

Македонија | пред 3 месеци

siljanovska-filipce

Претседателката го советува СДСМ да излезе од кризата, тоа било здраво за демократијата

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова го советува опозицискиот СДСМ што поскоро да излезе од кризата.Иако вели дека не коментира внатрепартиски прашања, сепак вели важно било СДСМ да ги надмине проблемите и повторно да стане силна опозиција бидејќи тоа било здраво за демократијата и за државата.„СДСМ има статут, има пограма и други акти и внатрепартиски структури, постојат демократски начини на решавање на проблемите и мислам дека тоа е добро, прво за нив, но и за сите нас, бидејки без силна опозиција не може да има демократија, да има парламент што ќе носи добри одлуки бидејќи тие се коректорот на власта. Посакувам час поскоро со помош на членството да ги надминат проблемите. Со вакви проблеми, многу партии се соочувале не само кај нас, туку и надвор. Мојата порака е дека оваа партија има долга историја, меморија, имала големи победи и успеси, и како и другите партии имала и кризи. Се надевам дека од кризата ќе излезат со нови решенија и ќе станат повторно активен фактор и актер на македонската демократија“, изјави Сиљановска-Давкова.

Македонија | пред 3 месеци

Sobranie-zgrada

Прво Буџетот за 2026, потоа избор на нови министри

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на редовниот брифинг со новинарите, информираше дека седницата за разрешување на министерот за евроинтеграции, Орхан Муртезани, и изборот на новите министри, ќе се одржи по завршувањето на седницата за Буџетот за 2026 година, поточно меѓу 15 и 18 декември. Сепак, доколку друго биде договорено, тој не ја отфрли можноста тоа да се случи и порано.Владата ги предложи Муамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за европски прашања.Гаши напомена дека пред оваа седница планира да се одржи седница за опозициски прашања, со цел во Собранието да бидат присутни сите, и премиерот и сите министри.За 9ти декември е закажана 72та седница на која ќе започне деловнички предвидената петдневна дебата за Буџетот за 2026 година.Истиот ден е е закажана и седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, по претставка на Здружението 16 март 2025 Кочани. На оваа седница се повикани родители и роднини на загинатите во трагедијата во Кочани.На координацијата вчера Гаши побарал од координаторите на пратеничките групи и предлагачите на двете анкетни комисии поврзани со трагедијата во Кочани и тоа на СДСМ, Левица и ДУИ и другата на владејачкото мнозинство, со која се предлага да се разгледуваат освен Кочани и другите претходни трагедии со Модуларната болница, Дурмо турс и Ласкарци, да пробаат да се договорат за да има само една ваква комисија.Се уште нема одговор од пратеничките групи за неговиот предлог.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Пред зградата на српското Собрание утрово повторно избувнаа тензии, откако полицијата ги спречи опозициските пратеници да влезат во парламентот. Дел од пратениците се обиделе да поминат низ импровизираниот камп „Чациленд“, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе има непречен пристап до институцијата.Инцидентот избил во моментот кога опозициските пратеници Ѓорѓе Станковиќ и Богдан Радовановиќ се обиделе да го отстранат шаторот поставен на скалите. Лицата од кампот реагирале бурно, по што следеле турканици и вербални напади. Полицијата веднаш интервенирала за да ја смири ситуацијата.Слични расправии се случија и вчера, кога до судири дојде меѓу учесниците во протестот и пратениците од движењето Србија центар (СРЦЕ) предводени од Здравко Понош.Опозициските партии бараат од Брнабиќ да се премести оградата поставена околу шаторите, со образложение дека се нарушува нормалниот влез во парламентот. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе излезе со иницијатива во врска со кампот, додека Брнабиќ вети дека во рок од два дена пратениците ќе можат непречено да влегуваат.Кампот „Чациленд“ е присутен пред парламентот повеќе од половина година. Првично никнал како студентска вик-форма под мотото „само сакаме да учиме“, но со текот на времето значително се проширил. Независните медиуми во Србија известуваат дека во кампот сè почесто се појавуваат групи блиски до власта, вклучително и агресивни лица кои се позиционираат како противтежа на студентските протести што се заострија по трагичната смрт на 16 луѓе во Нови Сад.

Свет | пред 4 месеци

Sobranie-zgrada

Десет кандидати во трката за прв антикорупционер, Комисијата ќе заседава во петок

Според најавите во петок се очекува да биде свикана собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, која треба да даде поддршка на еден од пријавените кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.Изборот ќе биде по селекцијата и сослушувањето на кандидатите од страна на Комисијата за селекција на кандидати за избор на претседател на ДКСК.Петмина од кандидатите беа интервјуирани денеска, а останатите пет ќе бидат интервјуирани во текот на утрешниот ден.За претседател на ДКСК се пријавија 13 кандидати, еден од нив ги повлече документите, а за двајца Комисијата утврди дека не ги исполнуваат условите, со што бројот на кандидати се сведе на 10:Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери.Изборот за прв антикорупционер доаѓа по оставката на Татјана Димитровска, која е обвинета за две кривични дела во врска со предметот „Адитив“.Постапката за избор започна но беше прекината поради локалните избори.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Опозицијата ќе им поставува прашања на премиерот и министрите

Прва собраниска седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70 седница премиерот и министрите, според Деловникот два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70 седница се верификација на мандат на пратеници во Собранието.На прво читање на седницата се изменувањата и дополнувањата на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за гранична контрола и Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија – Скопје.По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи продолжение на 19. седница, од чиј дневен ред преостанати за разгледување се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.

Македонија | пред 4 месеци

sobranie

Се уште „виси” Бадентеровото мнозинство

Битни закони се закочени бидејќи актуелното владино мнозинство нема обезбедено бадентерово мнозинство или доволен број пратеници од немнозинските заедници.Затоа се актуелизира темата дали власта ќе успее да го прошири парламентарното мнозинство.ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ можеби ќе немаат проблем со двотретинско мнозинство, или поддршка од 80 пратеници, но камен на сопнување е Бадентерово мнозинство.Од 120 пратеници, 39 припаѓаат на немнозинските заедници и за да има Бадентер треба да се обезбедат половина пратеници од немнозинските заедници. ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН заедно имаат 14 пратеници, што значи немаат уште 6 пратеници.Според информациите на Скопје1, два пратеника можат да дојдат од ДПА и ДПТ, а со уште четири пратеници на Села проблемот би бил надминат.Затоа се водат опсежни договарања, но се и секој има своја цена. Пратеникот на БЕСА и ВЛЕН, Аднан Азизи, изјави дека се водат разговори и со пратеници од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ кои, како според него, се разочарани од политиките на Ахмети.Доколку биде постигнат договор ќе се откочи вратата за изгласување на системски закони, за кои е потребен Бадентер, на пример, Изборниот законик и Законот за локална самоуправа.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Пратениците во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ расправаат за буџетот, но седницата беше прекината откако реагираше пратеникот од Демократскиот фронт (ДФ), Златан Бегиќ.Имено додека тој ја критикуваше работата на владата, пратеничката од СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и предизвика жестоки реакции во салата со своите гестови.-Ова навистина никаква смисла, ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот за финасии додека ние разговараме за буџетот.

Свет | пред 4 месеци

anb-komisija-za-nadzor-na-ar

Си прават зажани-откажи: Аферата со прислушување ја тресе државата, Собранието не успева да одржи седница

Во Собранието веќе неколку дена се одложува седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, закажана по аферата со прислушувањето и следењето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев, повеќе редакции и бизнисмени.Првпат седница била закажана за вчера во 11 часот: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 11:00 часот, во Сала 6“.Исто вчера, била одложена: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е одложена“.Повторно вчера била закажана седница: „Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 10 септември 2025 (среда) во 11:00 часот, во Сала 6“, па одложена.Истото се повторило: „Петтата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 17:00 часот, во Сала 6“. Ни од оваа седница ништо, бидејќи до пратениците стигнала порака дека се одлага. Добиле нова најава, овојат за седница во среда.„Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е презакажана за 10 септември 2025 (среда) во 10:00 часот, во Сала 6“, стои во пораката.Закажување на седница прави претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска. Тој нема ниту безбедносен сертификат за да може да раководи со оваа комисија. Прашан за тоа како сака да раководи со седница а без безбедносен сертификат, раскажа дека моделот во Македонија треба да е како во Словенија, сертификат да се добива со добивање на мандат за пратнеик.

Македонија | пред 6 месеци

izbori-makedonija-Copy

Изборниот законик падна на Бадентер – неизвесност за независните кандидати

Итната седница на Собранието за измените на Изборниот законик заврши без резултат – предлогот беше изгласан со мнозинство, но не помина на Бадентеровото гласање. Со тоа, останува неизвесно како независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври.Првичниот предлог предвидуваше независните листи да обезбедат потписи од 0,95% од запишаните избирачи во една изборна единица, наместо досегашниот еден процент. По расправата во комисии и прифаќањето на амандманот на Левица, прагот беше намален на 0,5%. Овој компромис беше поддржан од пратениците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.На првото гласање во пленарна сала, за измените гласаа 67 пратеници од вкупно 85 присутни, против беа 18, а воздржани немаше. Сепак, кога дојде до Бадентеровото гласање – услов задолжителен за одредби кои се однесуваат на изборниот процес – 18 пратеници од Европскиот фронт гласаа „против“, а само пратеници 11 беа „за“.Европскиот фронт реагираше дека измените се еднострани и во корист на владејачките партии, обвинувајќи дека се подготвуваат за мајоризација. „Се урива главниот заштитен механизам кој произлегува од Охридскиот договор – Бадентерот. Ова е прв пат да се дискутира за Изборниот законик без компромис и консултации со опозицијата“, порача Елми Азири.Од друга страна, од владејачката коалиција ВРЕДИ оценија дека опозицијата манипулира. „Влен се обидува да воспостави демократски вредности за граѓаните, а Европскиот фронт создава забуна околу тоа кој може, а кој не може да се кандидира“, изјави Саранда Имери-Стафаи.Со неизгласувањето на измените, ќе важи новото упатство на Државната изборна комисија (ДИК). Според него, кај советничките листи нема да биде потребно дополнително собирање потписи, а кај кандидатите за градоначалници ќе се бара поддршка од група избирачи со најмалку два потписи.Така, правната несигурност останува – дали ова упатство ќе биде доволно за несметано учество на независните кандидати или пак локалните избори повторно ќе се одржат во сенка на политички блокади.

Македонија | пред 7 месеци

pari

Законот за минимална плата од 500 евра повторно во Собранието

„Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е неспособна да го подобри животниот стандард.За нив важен е само бизнис интересот, личното богатење, луксузот на функционерите, со папаја, манго, приватни авиони, додека народот живее сè потешко и посиромашно.Младите, пензионерите, работниците, земјоделците сите се борат со високи цени, ниски плати и неизвесна иднина.Си купуваат нови луксузни возила, нов мебел, нови кабинети, луксузни патувања, значи за владините функционери сè да има ново, луксузно, отмено, а за граѓаните, трошки леб и сол.Оваа власт нема ниту план, ниту економска политика, а нема ниту желба да им помогне на луѓето. Не ги слуша барањата на синдикатите за поголеми плати, не презема мерки за намалување на цените туку анализираат.Владата е слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот.Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра!Ова не е само барање на работниците, ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства.Веќе еднаш СДСМ ги поднесе законските измени за поголема минимална плата, за покачување на сите плати, но ВМРО-ДПМНЕ ги одби.Ние нема да се откажеме. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати.Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот.СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така.Нашата борба продолжува, за 500 евра минимална плата, за зголемување на платите во сите сектори и за достоинствен живот.Ви благодарам.

Македонија | пред 7 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Денеска Гаши ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.Веднаш по распишувањето, ќе се состане Државната изборна комисија и ќе го утврди календарот-роковник.Рокот за поднесување на листите, според законот е најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, што значи подносителите имаат рок најдоцна до 15 септември за да ги поднесат листите со советници и градоначалници.Државната изборна комисија ќе има неколку дена да ги провери и најдоцна 27 септември да ги утврди листите.Изборната кампања ќе трае започнува на 30 септември.Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.т

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-1-1

Мицкоски: Што не успеа Тодор Живков и плејада бугарски политичари, успеа во време на СДСМ – не се споменува македонскиот идентитет

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент.Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека негаторските позиции за македонскиот идентитет и јазик не се новина во некои кругови во Бугарија и тие постојат уште од создавањето на бугарската држава до денес.„Нема да ве вратам во времето на Батембер, во времето на Егзахот Јосиф, како се обидувале да го асимилираат овој дел. Дошле и до вашето Крушево. Но не успеале. Потрошиле два буџети, но не успеале. Но тоа што го правеле, а потоа го продолжил Тодор Живков, вие го прифативте. Вие ли сега најдовте да ми кажувате? Тоа што не им успеало на Батемберг, преку Јосиф, преку оваа асимилаторска на Сталин, на комунистичкото раководство на Социјалистичка Бугарија, преку Тодор Живков, вие се прифативте.И да тешко е, преку ноќ не можеме за една година да го смениме, но ќе работиме да го менуваме. Бидете трпеливи. Во ваше време беше ерес да се спомене македонски идентитет и јазик во Извештај. Вие прифативте доброволно, потпишувајќи го, лажејќи тука во Парламентот, да ги асимилирате Македонците. Ние тоа нема да го правиме. Ние тоа ќе го исправиме. Бидете трпеливи.“, одговори премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Обвинител без доверба: Дали по „последната будала“, Коцевски ќе биде првиот што не разбира кога е време да се оди?

Откако Собранието со мнозинство гласови изгласа интерпелација за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, тишината што следеше од неговиот кабинет одекнува погласно од било каква одбрана. Без јавен став, без најави дали ќе си замине или ќе се држи за функцијата како последен бастион на самобендисаност, Коцевски продолжува да молчи.Интерпелацијата е јасен политички и институционален сигнал – на човекот што го избраа преку ноќ, сега не му веруваат. Но дали и самиот ќе разбере што значи тоа?Од Јавното обвинителство – молк. „Скопје1“ побара официјален одговор: дали државниот обвинител ќе си замине по поразот во институцијата која му ја даде функцијата? Одговор нема.На социјалните мрежи, реакциите беа брзи. Адвокати, универзитетски професори и граѓани го критикуваа Коцевски и целокупниот систем што дозволува партиска и нетранспарентна распределба на клучни правосудни функции.Професорот Гордан Калајџиев кратко илустрираше: „Последната будала“ – цитирајќи ја изјавата на покојниот државен обвинител Александар Прчевски, кој уште во 2006 година предвиде што ќе значи оваа функција во држава каде власта го користи обвинителството како продолжена рака.А токму тоа се потврди. Собранието донесе и заклучок дека наводите во интерпелацијата се основани. Истиот ќе биде доставен до Владата и до самиот Коцевски – за кого оставката би била морален, но и логичен чин.Но дали е тоа доволно? И што доколку одлучи да остане, игнорирајќи ја пораката од оние што го донесоа – дека ја загубил довербата?Тогаш Владата може да ја продолжи постапката за разрешување, која ја запре во моментот кога се случи трагедијата во Кочани. До нив, Советот на јавни обвинители достави мислење со кое сметаат дека Коцевски треба да остане на фукцијата, а тие со нивни став можат да го достават до Собранието, каде пратениците можат да гласаат одново за јавниот обвинител да си замине.

Македонија | пред 8 месеци

Tatjana

Официјално - Собранието ја потврди оставката: Димитровска веќе не е претседателка на Антикорупциска, се активира постапка за избор на нов член

Собранието денеска официјално ја потврди оставката на Татјана Димитровска од функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека функцијата ѝ престанува согласно член 121 став 2 од Деловникот на Собранието.Димитровска, како што беше соопштено, го известила Собранието дека ќе ја образложи својата одлука за оставка пред почетокот на седницата. По утврдувањето на оставката, следен чекор е Комисијата за прашања на изборите и именувања да распише јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија, што треба да се стори најдоцна во рок од десет дена.Оставката следува по иницијативата за нејзино разрешување поднесена од партијата Левица до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања. Само неколку дена подоцна, Димитровска доброволно се повлече од функцијата.Инаку, против неа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули поднесе обвинителен предлог. Таа се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година ѝ открила класифицирани информации на неповикано лице кое е обвинето во случајот „Адитив“. Дополнително, ѝ се става на товар дека незаконски го добила и сертификатот за пристап до класифицирани информации.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања