Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СОБРАНИЕ

pance-toskovski

Талески оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани; „Срам ми е да ве слушам“, му одговори министерот

Пратеникот Миле Талески од СДСМ побара неселективна одговорност за секој кој е инволвиран и виновен за пожарот во Кочани каде загинаа 59 млади луѓе и имаше многу повредени. На министерот за внатрешни работи Тошковски му наброја повеќе пропусти во механизмите за контрола.„Кој ќе одговара за пропустите на МВР, ниеден повисок функционер во МВР кој вечерта бил на должност. Не е приведен Донев, началникот на криминалистичка полиција во Кочани. Тој е сликан на партиски собир иако не смее да членува во партија”, рече Талески.„Мене ми беше срам да ве слушам затоа што вака бесрамно никој не треба да ја манипулира јавноста за на гневот на граѓаните политички да профитирате. Знаете колку кривични пријави поднесе МВР за вашете владеење, нула за Модуларната болница, нула за несреќата во Бугарија, нула за Ласкарци. Против 34 физички лица и 3 правни лица сега се процесуирани кривични пријави и тоа за лица од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ”, одговори Тошковски.15 месеци и не знаете кај сте, му одговори Талески.„Не држите политички памфлети, вака може да говорите на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тука сте да одговарате а не да поставувате прашања.На 16 ти не поднесовте оставка, можете сега да поднесете оставка”, побара пратеникот од СДСМ.

Македонија | пред 11 месец

toskovski-bedzeti

(Видео) Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го држел бизнисот на дискотеката „Пулс“ отворен. Потоа, тој побара и оставка од минситерот поради морални причини. На ова, одговори министерот.„Во делот на прашањето кој го држел овој бизнис отворен.. Дел сте од политичката партија чии кадри управуваа со Министерството за економија, 15-20 години. Колку години упрауваа? Јас не паметам. Не паметам дали имало друг министер кој управувал со ова министерство освен кадри на ДУИ.. И сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, мене ме прашувате? Кој го држел отворен бизнисот“, одговори Тошковски и кажа дека нема да ја осуети постапката.Потоа, Беџети излезе на говорница и побара оставка од Тошковски поради моралната одговорнсот.

Македонија | пред 11 месец

sobranie-nov-sostav-sdsm

Пратениците не дадоа зелено светло за патни трошоците за работниците

Народните избраници не дадоа поддршка да се изгласаат измени на Законот за работни односи. 18 пратеници беа „за“, никој не гласаше против и немаше воздржани. Крмов од Левица образложи дека со ова предложиле да се воведе можноста за исплаќање на патни трошоци и за работниците.„Имаат право но не е задолжително туку добра воља на работодавачот. Пред Уставот сите сме еднакви но некои работници не се. Ова право на патни трошоци завработниците беше укинато од една од поранешните влади на ВМРО-ДПМНЕ.Не се однесувајте како привилегирана каста”, порача Крмов.Не мина ниту предлогот на Левица за намалување на патарините за половина.

Македонија | пред 11 месец

sobranie-nov-sostav-sdsm

Ина за пратениците: Одмор за време на ваква трагедија не е дно, треба лифт да викнеш да те качи до дното

Инфлуеснерката која пишува под името на Ина Многуфина, остро го искритикува Собранието кое реши да не работи две недели, за да пратениците не се караат на пратенички прашања поради трагедијата во Кочани.Нејзиниот статус:„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија.... собранието си зема две недели одмор. Да одморат они од не знам што. Од праење планови како со седење во Скопје да кешираат патни трошоци, како да идат пијани на работа, како да дремат по цел ден во бифето кое е поевтино и од студентска менза, како да се местат да позираат додека се сликаат како се потпишуваат во книгата на жалост со поглед во камера и поза кума во матично, како да дремеат на седници куцкајки на телефон, да одморат од пикање на штабските потрчковци во собрание за решение, од тоа?Собранието го носи барјакот за системот кој го немаме, слика и прилика на еден непрофесионализам и неетичност. Да одмореле, демек да не се испотепале за ситуацијата. Еј, немој бе. Демек ќе излезат и ќе се скараат за тоа кој е крив? Па тоа ќе ескалира? Немојте, па ние сите знаеме дека они се другарчиња кои сложно гласаат за плати и патни трошоци како едно. Земале одмор две недели, да не биде полошо.Демек елоквентниве, дел од нив со фонд на зборови комад три, а дел само послушно дигаат рака. Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа. Да одморат од тоа што нигде ги немаше во време на трагедијата. Има допирање на дно во политика ама зимање одмор во време на ваква трагедија кога треба да се анализира системот и да се средува да земеш две недели одмор, не е дно. Од овде треба да викнеш лифт да те качи до дното. Беда“.

Коментари | пред 1 година

482229019_1244659017016022_5972897827825566353_n

Спикерот Гаши со народни пари на Ифтар угости премиер, пратеници, политичари

Во Клубот на пратеници, спикерот угости пратеници, премиерот, функционери, припадници на верските заедници. Некои пратеници објавија фотографии и се пофалија дека биле на Ифтарска вечера кај претседателот на Собранието, Африм Гаши.Ова ги изреволтира граѓаните и следуваа коментари, критики но и бришења и менување постови.Граѓаните рекоа, ова е во Клуб на пратеници, значи сте биле кај нас дома, ние го плаќаме. Ако сакал Гаши да ве угости можел дома кај него да ве викне или да плати вечера во некој ресторан. И бидејќи празникот трае еден месец, ифтарски вечери од народни пари сега, по стариот обичај ќе организираат министри, директори и додиректори.А нели ние сме секуларна држава, религијата е одвоена од државата. Дали да очекуваме на кршење јајца, јагнешко и што ли уште не, да поканат претседателката, премиеротот, министрите. И повторно народот да плати.Не чувме дека некој изреагира бидејќи народот вели сложни попови и во петок мрсат.Претходно ова го правеше Талат Џафери. И не држи реченицата, „И вие така правевте“, бидејќи за такво правење и ги сменивме.

Македонија | пред 1 година

dameva-14

(Видео) Изгласана интерпелацијата на Весна Дамева: Нема легитимитет за функцијата

Со 77 гласа е изгласана интерпелација на членот на Судскиот совет, Весна Дамева. Одлуката беше поздравена со аплауз. Немаше против, ниту воздржани.„Собранието ја прифати интерпелацијата за членот на Судскиот совет Весна Дамева“, констатираше собранискиот спикер Африм Гаши.Потоа, со 74 гласови, Собранието донесе заклучоци со кои смета дека Дамева го изгубила легитимтетот.„Собранието утврди дека Весна Дамева како член на Судскиот совет имала значителен придонес во загрозување на судството и судиите и допринела за падот на довербата во судството, не ја извршувала својата функција, а го губи и легитимитетот да учествува во работата на Судскиот совет со оглед дека и е изгласана интерпелација“, рече Гаши.На сметка на Дамева дојдоа многу критики. Нејзиниот сопруг има поврзаност со Скопски пазар, па ја обвинуваа дека постапувала по предмети и дека не се изземала. Потоа, сметаа дека таа е несоодветен кадар бидејќи според дел од пратениците таа не е истакнат правник како што се бара според законот. Бидејќи стана член на Судскиот совет по предлог на експратеседателот Стево Пендаровски, од говорницата прашаа и како ја нашол токму неа, бидејќи била само стручен соработник во суд, а ниту стручните соработници меѓу себе не се познаваат.Инаку, Дамева беше и претседателка на Судскиот совет, во време кога имаше кавги и расправии, како и раскол меѓу членовите. Беше разрешена, па вратена со судска одлука на функцијата, бидејќи судот одлучи дека разрешувањето било незаконско.

Македонија | пред 1 година

Oliver-Spasovski

Спасовски: Со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок

Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна интерпелација, додаде тој.-Зошто е неуставна? Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите, рече Спасовски.Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.-Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Бејџан Иљаз не го послуша спикерот Гаши да претседава со матичната комисија, Законот за бранители заглавен

Пропадна обидот на спикерот Африм Гаши да ја деблокира работата на Комисијата за социјална политика.Работата заглави на предлогот на СДСМ за Закон за бранители.Илире Даути, која предлогот не го стави на дневен ред беше сменета со изгласување на интерпелација, спикерот Африм Гаши одлучи со комисијата да претседава друг пратеник од Европски фронт и го повика Бејџан Иљас.„Денеска во Кабинетот на претседателот пристигна писмо од координаторот на Европски фронт дека пратеникот Бејџан Иљас ќе биде отсутен од сите активности во Собранието. Комисијата за социјална политика, демографија и млади што требаше да се одржи денеска, се одложува”, велат од кабинетот на Гаши.Пратеникот од Европскиот фронт, Елми Азири го повика Гаши да ја укине интерпелацијата на Илире Даути и да ја врати на позицијата претседател на Комисија, бидејќи тие нема да прифатат друг предлог.„Денешниот обид да се свика седница на Комисијата за социјална политика го потврдува токму она што уште од почетокот го предупредувавме, дека разрешувањето на Илире Даути од страна на парламентарното мнозинство, со предлог ставен на дневен ред од Африм Гаши, има за цел да го отвори патот за деблокирање на Законот за бранители, затоа денеска го повикуваме да се вразуми и да се повлече од овие сценарија“, рече Азири.Од ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали кога Комисијата би профункционирала, тие ќе поддржат на дневен ред да се стави предлогот за Законот за бранители. Од коалицијата „Вреди“ пак, истакнаа дека нема да поддржат решение кое може да предизвика тензии.„Собранието работи по Деловник и сѐ што е во рамките на Деловникот треба да биде спроведено. Сѐ што е надвор од рамките на Деловникот не очекуваме да биде спроведено.“, изјави Ковачки.

Македонија | пред 1 година

IMG_5070

Димитриеска-Кочовска до Петровска: Врз која основа вие ги ставате в уста мајките што имаат деца, јас сум мајка на два сина и добро знам колку троши 4 члено семејство

Жестоко во собраниската сала на седницата на која се поставуваа пратенички прашања.Реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска ја праша врз основа на што ги става в уста мајките што имаат деца, таа е мајка на два сина и многу добро знае колку треба да троши едно 4-члено семејство.„Министерке, пред една недела имавте за мене нелогична изјава, кога рековте дека за вас не може да биде логично да се купува грашок од конзерва и дека едно 4 члено семејство треба во еден месец да конзумира 13 литри млеко. Следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство, многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Подеднакво важно е за една мајка дали ќе може цел месец на своите деца да им дава по една чаша млеко. Зашто, ако ја направиме логиката како што вие ја направивте за едно 4 члено семејство, тогаш ќе видите дека 13 литри млеко не се доволни, освен ако не го заменувате со бадемово или со некое друго. Моето прашање е следно: Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење, не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа”, праша Петровска.„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене”, одговори министерката.„Мислев, министерке, дека извлековте поуки од вашите претходни испади на Комисијата за финансирање и буџет, кога ве повлекоа од партијата со наредба да не доаѓате во Собрание, по што го праќаа вашиот заменик. Нема да одговарам на вашите неумесни коментари. Ако имаше дно, вие го пробивте“, рече Петровска.

Македонија | пред 1 година

maksim-dimitrievski1

ЗНАМ нема да поддржат намалување на патните трошоци како што бара Левица, ниту кажаа конкретен став дали се високи или ниски

Пратениците од движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, нема да гласаат за намалување на патните трошоци. Тие сметаат дека Левица прави популизам, со оглед дека со законското решение е само сопствена промоција.„Пратениците од ЗНАМ не наплаќале и нема да наплаќаат патни трошоци. Само еден колега има добиено 30.000 денари, за амортизација, гориво, патарини. Нашиот став за предлогот на Левица, останува принципиелен, ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање на театар за секоја тема. Отворени сме за конструктивен процес на преговори, за сите прашања, со сите пратенички групи, за да се дојде до најдобро решение“, рече Даниела Белимова, пратеник од ЗНАМ.Според неа, Левица не е решение на проблемот туку таа создава проблеми. На прашањето дали лично смета дека патните трошоци треба да се намалат, Белимова рече: „Ние секој предлог го прифаќаме, како пратеничка група да седнеме на маса со другите пратенички групи, да договориме општо прифатливо“. На прашањето што е тоа „општо прифатливо“, дали се ниски или високи патните трошоци, таа немаше одговор и го повтори истото: „Кога ќе седнеме на маса, ќе изнајдеме решение“.

Македонија | пред 1 година

sobranie-sala

Пред пратениците можност за намалување на патните трошоци; „Земаат вртоглави суми, а не донираат за болни дечиња“, пишува доктор Лазаров

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица објави дека денеска е денот „Д“ за ограничување на патните трошоци кои ги земаат пратениците, а докторот Ненад Лазаров објави дека досега ниту еден пратеник не донирал пари за лекување на деца преку платформата „ECrowd.mk“. Двете работи се врзуваат со тема која со години ја фрустрира јавноста, со оглед дека илјадници евра народни пари се исплаќаат за народните избраници да можат да одат од дома до работа и назад.„Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име "ПАТНИ ТРОШОЦИ" + патарини. Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари). Денес е денот Д. Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот...“, напиша Апасиев.Вчера пак, докторот Ненад Лазаров ги просва пратениците за кои рече дека земаат вртоглави суми за патни трошоци, дали им е брука да вртат глава на страна кога има апели за помош.„Ниеден пратеник од Собрание на Република Северна Македонија до сега нема донирано за болните дечиња за кои Фондација ECrowd.mk се бори заедно со родителите и народов! Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака, добро бе, нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош? 4 години возиме бесплатни домашни посети низ Скопје, исто така еден денар поддршка и помош, 5 литри бензин да помогневте и 2 завои, каква ви е таа душа а сигурно секојдневно ги гледате апелите за донации? И треба ли од такви ко вас да очекуваме дека за народ се грижите? Јас ќе ви кажам, срам ми е од секој еден од вас“, напиша Лазаров.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Нема двојазични лиценци за работа во детски градинки ако не побара кандидатот кој полага, Собранието ги отстрани забелешките на Сиљановска

Собранието со апсолутно мнозинство и Бадентер ги потврди измените на Законот за заштита на децата на кои претседателката Силјановска Давкова претходно стави вето и ги врати на повторно разгледување. Со денешната потврда од пратениците претседателката е должна да го потпише указот за прогласување на законот и тој да биде објавен во Службен весник. Измените денеска беа изгласани со 65 гласа „за“, а „против“ се произнесоа 17 пратеници.Решението кое го прифати мнозинство вели тестирањето и лиценците за работа во детските градинки да се издаваат на македонски јазик, а доколку кандидатот побара, тоа да биде издадено и на албански јазик, односно на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Република Северна Македонија. Ова значи дека нема да има двојазични лиценци, доколку тоа не биде побарано.На ваквите законски измени реагираа од Европскиот фронт, обинувајќи дека на тој начин се деградирале правата на Албанците во земјава.„Јас како претставник и како Албанец имам право по автоматизам да му се обратам и да влезам на испитот и на мојот јазик. Како што е фактот со личните документи, ние не направивме посебно барање“, рече пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.

Македонија | пред 1 година

kekenovski-dauti-

Завршена приказна е пратеничката која го блокираше Законот за бранители, изгубена доверба значи оставка, вели Кекеновски

Професорот Јове Кекеновски смета дека пратеничката Илире Даути на која и беше изгласна недоверба, не може да биде претседател на собраниската комисија каде беше заглавен Законот за бранители.„Пратеничката Илире Даути не може и понатаму да ја извршува функцијата Претседател на собраниската комисија. Таа ја изгуби довербата на своите колеги. Во современи и демократски држави изгубената доверба автоматски значи оставка и тоа се прави на мирен, цивилизиран, доброволен и достоинствен начин - а собраниското мнозинство само ја констатира оставката.Доколку не си поднесе оставка тогаш на потег е Комисијата за избори и именувања која треба да предложи друг кандидат за претседател на комисијатата и Собранието да изгласа нов претседател. Нека прекинат пратениците да импровизираат и погрешно да ги интерпретираат одредбите од Деловникот за работа на Собранието. Приказната е завршена“, напиша тој.Илире Даути очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да свика пленарна седница, на која ќе биде укинат заклучокот што беше усвоен минатиот петок во врска со барањето за нејзино отповикување од позицијата претседател на Комисијата за социјална политика.Тоа што беше изгласана интерпелација на пратеничката Илире Даути за позицијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, нема правни последици, повтори денеска, 14 јануари, претседателот на Собранието Африм Гаши, по низата партиски реакции.„Важно е да се напомне дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како Претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци. Прашањата како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците“, вели Гаши.Илире Даути не дозволуваше Законот за бранители да биде ставен на дневен ред и го блокираше. Поради ова беше поднесена интерпелација.

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

ЗНАМ контра Гаши: Даути е разрешена

На Илире Даути 61 пратеник ѝ изгласа недоверба на функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, прифаќајќи ја интерпелацијата од Левица.Изненади соопштението од Кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши.„Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство“.Со овој став не се согласуваат од ЗНАМ, владиниот коалициски партнер, кој постојано објаснува дека за коалиција се договарале со ВМРО-ДПМНЕ, но не и со ВЛЕН.„За нас исходот е многу јасен. Собранието утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок. Со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“, вели Движење ЗНАМ.Бараат опозицијата да предложи нов кандидат за позицијата.За Јован Митревски од СДСМ, Гаши не е во право , интерпелација мора да има правна последица, ама ова сепак е преседан.„Во Деловникот има интерпелација за носители на јавни функции, а претседател на собраниска комисија е и тоа како носител на јавна функција. Даути треба да си замине од Комисијата, но право на парламентарната партија е да предложи кого сака за претседател“, вели Јован Митревски.Интерпелацијата за Илире Даути ја поднесе Левица поради нејзиното несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување со кочење на Законот за бранители со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-sdsm

Политички маркетинг од џебот на граѓаните

Цел ден дебати, кавги и обвинувања, тони потрошена хартија, дневници и патни трошоци за пратениците, прекувремени часови за собраниската администрација. Многу чинеше вчерашниот ден во Законодавниот дом кој немаше ниту ефект, ниту епилог.Трагикомично беше да се гледа гласањето за интерпелациите на двајцата вицепремиеро Меџити и Стоиљковиќ, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и неговиот заменик Истрет Исени. Некои од интерпелациите добија седум пратенички гласа поддршка, а некои ,, цели” три.Единствено 61 пратеник гласаа за интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт. Но и тоа било попусто и необврзувачко според толкувањето од Кабинетот на спикерот, Африм Гаши.Истото го потврди и ставот на пратеникот од ВЛЕН, Халил Снопче, искажан преку соопштение од меил од Арбен Таравари. Тој потврди дека Даути која доаѓа од коалицијара на нивниот политички опонент останува претседател на Комисијата и уште дека ВЛЕН гласале против разрешување на Даути. И нормално обвинувањата се на сметка на медиумите кои наводно ширеле дезинформции.Нејасен остана ставот на ВЛЕН, дали ваквиот став е поради Законот за бранители кои Даути одби да го стави на комисиска расправа, но и спикерот Гаши не го искористи своето деловничко право самиот да закаже седница на Комисијата.Чудно е и однесувањето на СДСМ, Законот на бранители е нивен предлог, а тие ја напуштија собраниската сала.Од Европскиот фронт се потпишаа за интерпелациите, но не беа сите на гласање. Говорницата се употреби за партиски препукувања и маркетинг пред локалните избори, а сето ова го платија повторно граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-14.23.57

Беџети: Меџити и Стоиљковиќ се украс во Владата

Во Собранието на дневен ред се четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за работата на четворица членови на Владата. Таа има забелешки за работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.„Меџити и Стоиљковиќ не беа на висината на своите обврски, на прославата на Денот на албанското знаме. Наместо да ги смируваат меѓуетничките тензии, поради непостапување, тие се одговорни за настаните. Немаа храброст да побараат оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, затоа што полицаец го симна албанското знаме од столбот. Ако имате и малку политички дигнитет ќе си поднесете оставка, барем поради политичка одговорност, во спротивно на вас ќе гледаме како на украс во Владата”, рече Блерим Беџети.Како одговор на обвинувањата. вицепремиерот Изет Меџити рече дека целта на интерпелацијата е да скријат криминалните дејства на Европскиот фронт, за кои посочни дека се целосно корумпирани.„Секој ден ДУИ се обидува да вметне национални теми за да го оттргне вниманието на албанските деца кои се вознемирени, бидејќи со години на избори сте го барале нивниот глас, не за нивните интереси туку за своите бизниси, струја, тргување, имоти, казина“, рече Меџити.Како што најавија СДСМ и Левица нема да ги поддржат интерпелациите на Европскиот фронт.

Македонија | пред 1 година

sobranie-sala

„Падна” Даути, изгласана интерпелацијата за нејзината работа

Пратениците со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт.Барањето за интерпелација ја поднесе пратеничката група на Левица.Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. Собраниската сала ја напуштија пратениците на СДСМ чиј Закон за бранители беше и повод за интерпелацијата. Даути како претседателка на Комисијата не го ставаше на дневен ред предлогот на СДСМ.Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата.Според распоредот на силите во Законодавниот дом, претседателското место во оваа Комисија му припаѓа на Европскиот фронт. Тие најавија дека повторно за ова место ќе ја предложат Даути.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ, СДСМ излезе од сала

Собранието расправа за интерпелацијата за Илире Даути од ДУИ, поднесена од Левица. Пратениците од СДСМ излегоа од собраниската сала,иако Даути токму нивниот Закон за бранители не го стави на комисиска расправа.Во самото образложение на интерпелацијата се вели дека Илире Даути неделовнички, противуставно, своеволно, тенденциозно го кочи работењето на Комисијата.,,Морам да дадам коментар по однос на излегувањето на СДС и овој парадокс што се случи денеска. Имено вчера се оградија од досегашниот партнер во владата, СДСМ се оградува од ДУИ и вели дека тие се најкорумпираната политичка партија во Македонија, а денеска излегуваат и не сакаат да учествуваат во работата на Собранието и не сакаат да дадат поддршка за интерпелацијата на Илире Даути. А, истовремено пак замислете кој е тој парадокс, законот заради кој Илире Даути заслужено добива интерпелација е поднесен од нив сега откако 7 години беа на власт и не поднесоа закон. Само што паднаа од власт поднесоа вакво законско решение“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Македонија | пред 1 година

afrim-gashi1

Тврдењата на ДУИ за средбата со делегацијата на Собранието на Албанија претставуваат намерно искривување на фактите, реагираат од Кабинетот на Гаши

Тврдењата на ДУИ за средбата со делегацијата на Собранието на Република Албанија се целосно неточни и претставуваат намерно искривување на фактите. За првпат во историјата на Собранието на Северна Македонија, претседателката на Парламентот на Република Албанија беше пречекана со највисокиот државен протокол, што ја демонстрира посветеноста на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за градење силни и взаемно почитувани односи со Република Албанија, се вели во реакцијата од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.Средбата беше целосно транспарентна, отворена за јавноста и медиумите, при што претседателот на Собранието, Африм Гаши, го одржа својот говор на албански и македонски јазик, строго придржувајќи се до законот, Деловникот и Уставот. Секоја изјава што се разликува од ова претставува неосновано обвинување и навреда, не само за претседателот на Собранието, Гаши, туку и за самиот институционален интегритет на Собранието, како и обид за искривување на вистината. Ваквите тврдења ги поткопуваат вредностите и ја загрозубаат вистината и единството, се додава во реакција од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Македонија | пред 1 година

Daniela-Nikolova-pres-1

Николова: Владата ги става на маргините педагозите и децата со попреченост

Одбивањето на јавната расправа по предложените закони за основно образование, покажува недостиг на транспарентност и отвореност на власта. Одлуките не смеат да се носат зад затворени врати, а оваа Владата не е заинтересирана за критики од страна на јавноста, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната собраниска седница.Таа се осврна на амандманот предложен од СДСМ по реакциите на Институтот по педагогија при УКИМ и измените на законот за основно образование, каде е оспорена компетентноста на педагозите за реализација на наставниот процес во одделенската настава и продолжениот престој на учениците во основното училиште.- Досега, во јавноста и во стручната фела не е презентирана ниту една причина зошто педагогот како профил не е соодветен за негова вклученост во наставниот процес и продолжениот престој во основното училиште.Со ова се оспорува и статусот на педагозите кои веќе се вработени и реализираат настава и продолжен престој во основните училишта. Со овие предложени измени се проблематизираат и одлуките на голем број студенти што се определиле да студираат педагогија. Ваквиот потег со измените и дополнувањето на законот за основно образование значат дискриминација за сите нив, рече Николова.Таа посочи и на амандманите на СДСМ, со кои се реагираше на законските измени кои се на штета на инклузијата на децата со попреченост во образованието.- Начинот на организирање на инклузијата кој е предвиден во законските решенија, значи враќање назад речиси една деценија. Сето она што е вложено во напредокот на овој процес, само со една интервенција во Законот за основно образование ќе предизвика штета која долгорочно ќе ја чувствуваат децата со попреченост. Овие измени може да значат повторно враќање во специјализираните училишта и оставање на децата со попреченост на маргините на општеството.Наместо подигање на свест за овие сензитивни прашања, Владата одлучува да постапи со непопуларни мерки кои го уназадуваат целиот процес, потенцираше пратеничката на СДСМ.Николова се осврна и на амандманите кои ги предложи СДСМ, а Владата и мнозинството во комисијата го одбија, а се однесуваа на вработувањето на образовните асистенти на неопределено време.Во амандманската расправа се реагираше и на законските измени со кои се бришат термините род, родова еднаквост, родовиот идентитет како дискриминаторски основи.- Тоа не е во согласност со одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, а исто така претставува и повреда на одредби од Уставот, како и на меѓународните конвенции кои ги имаме ратификувано. Таму каде децата треба да се чувствуваат најбезбедно, таму каде треба да им е понудена заштита од насилство и дискриминација, таму со овие измени се праќа јасна порака дека институциите нема да препознаваат, а со тоа и да санкционираат одредено насилство, рече Николова.

Македонија | пред 1 година

bitiki

Битиќи: Власта нанесува удар врз системот на транспарентно управување со буџетите

„Имаме тенденција на заобиколување на клучните институции кои треба да обезбедат независност и стручност во управувањето со јавните финансии. Оваа практика е дополнително зајакната со фактот дека предложените измени се носат без официјално мислење од Министерството за финансии – институцијата што е директно одговорна за дизајнирање, спроведување и надзор на фискалната политика“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во однос на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, за кој денес се расправаше на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.Битиќи оцени дека изоставувањето на мислењето на министерството за финансии не е само административен пропуст, туку и отворено игнорирање на неговата стручна улога, што остава простор за импровизации и политички влијанија. Според него, ова го поткопува целиот процес на носење на измени во закон кој има системско значење.„Отсуството на мислење сугерира дека или предложените измени се политички наметнати без консултација со ресорното министерство, или дека министерката за финансии не го користи својот авторитет за да ја одбрани важноста на професионалниот пристап во оваа клучна реформа. Дали премолчувањето на игнорирањето на Министерството е показател дека министерката не се согласува со предложените измени, но е принудена да молчи? Или, пак, ова е сигнал дека овие измени се политички диктирани и не се базираат на стручни анализи?“, запраша пратеникот Битиќи.Осврнувајќи се на бришењето на одредби од Законот буџети, во кои е прецизирано кои јавни субјекти се регистрираат, Битиќи појасни дека регистарот останува, но останува и недефинирана обврската за тоа кој „активно се ажурира“.„Ова претставува чекор наназад во однос на транспарентноста. Овој регистар беше основна алатка за јавноста и институциите да ги следат активностите на буџетските корисници и јавните претпријатија. Се отвора простор за прикривање и недоследности, што директно го удира кредибилитетот на јавните институции“, рече Битиќи.Зборувајќи за укинувањето на одредбите кои ја регулираат формата и содржината на извештаите за извршување на буџетот, како и на полугодишните извештаи за извршување на буџетот на државата и општините, Битиќи истакна дека ова станува збор за удар врз доследноста во известувањето.„Кога ќе се отстрани обврската Министерството за финансии да пропишува унифицирана форма и содржина на извештаите, се отвора простор за непотполни, селективни и неусогласени податоци. Овие извештаи се клучни за јавниот увид во трошењето на средствата и за контролата од страна на институциите и граѓаните. Со ваквите измени, директно се намалува можноста за транспарентна контрола на јавните финансии, што претставува длабоко загрижувачки чекор наназад за демократската отчетност и довербата во јавните институции“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митрески до Кочоска: Цените растат, зошто не го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска поврзано со егзистенцијата на граѓаните, зголемувањето на трошоците за живот, како и зошто не сака да го прифати предлогот за укинување на ДДВ на храна.Во продолжение интегрален текст на прашањето:Зголемувањето на трошоците за живот е предизвик за сè поголем број семејства.Обезбедувањето на потрошувачката кошница со основните прехранбени производи, од во ден во ден станува луксуз.Од друга страна, наместо мерки за реално пониски цени на прехранбените производи, Владата донесе мерки за мачкање очи, тотално неефикасни мерки, чист популизам.Се донесоа две потрошувачки кошнички, есенска и сега новогодишна. Помпезно ги најавивте и двете … со ПР кампањи во маркетите.Ама цените не се намалија.И да потенцирам, и двете мерки ги донесовте на ист начин. Прво им оставивте простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерките стапија во сила.Се прашувам, дали Вие министерке и вашиот премиер Мицковски, сте свесни дека на овој начин им овозможивте на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Вие си поигрувате со егзистенцијата на граѓаните!Многу е проста проверката на ефектите на терен и многу е јасно за кого биле мерките. За граѓаните, сигурно не.После првата есенската кошничка, голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија. И статистиката го регистрираше тоа, раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, и раст на цените на мало од 4%.Впрочем, Вие министерките и самата знаете дека оваа мерка не е ефикасна, тоа и го изјавивте на 1-ви октомври годинава кажавте цитирам: „Никогаш не можам да се согласам со таква мерка“.Но тоа што не се согласувате со мерките на Вашата влада не значи дека ве иззема од одговорност.Со втората, новогодишната кошничка, направивте нова класична измама за граѓаните.Дозволивте трговците да ги покачат цените па сега наводно да ги намалуваат. Без притоа да има механизам за контрола и казна.Вие класично манипулирате и ги потценувате граѓаните, за да го прикрете вистинскиот проблем за кој оигледно немате решение, а тоа е покачувањето на цените на производите.Министерке дали сте биле да пазарите во продавница или маркет деновиве? Знаете дека повторно имаме иста ситуација како со есенската кошничка. Дел од производите се намалени по денар, или по два, три денара, дел воопшто не се намалени, а цените на некои производи дури и се зголемени.Еве јас синоќа бев во еден маркет.Цената на зејтинот, од различни компании, за 1 литар се движи од 92 до дури 98 денари. А на први октомври цената била 83 денари. Каква мерка, какво намалување, зголемување има.Мешано сирење 459 денари, иста цена, непроменета.Кај кравјото сирење, има намалување од замислете само 5 денари и сега се продава по цена од 398 денари за килограм.Јогуртот со 3,2% масленост се покачи цената минатиот месец сега се намали и дојде исто и во овој маркет се продаваше за 69 денари а во некои маркети и над 72 денари се продава.Значи, тоа е реалноста за измамата којашто граѓаните ја гледаат секој ден во продавниците.Едно е јасно, дека со овие цени, кошничките на граѓаните за новогодишните празници ќе останат празни!За ова не ве избраа граѓаните. Не ве избраа за вие да им продавате лажна гордост, а тие со наведнати глави да влегуваат по продавниците и во домовите, затоа што не се во можност да ги обезбедат основните прехранбени производи за своите деца и внуци.И за овој проблем ви понудивме решение, но и тоа не го прифативте. Не прифативте укинување на ДДВ за прехранбените производи, иако и самите знаете дека со оваа мерка реално ќе се намалат цените и граѓаните тоа ќе го почувствуваат.Од друга страна, оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците, како што тоа се случи со мерките на Владата.И клучно, со намалување на ДДВ на храната долгорочно им се помага на граѓаните во тек на цела година. Месечно, едно семејство може да заштеди 2.000 денари а годишно тоа се 24 илјади денари.Ако навистина сакате да им помогнете на граѓаните тоа е решението.Моето прашање до Вас министерке, зошто не сакате да го прифатите предлогот за укинување на ДДВ на храна?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-112154

(Видео) Јанчев од Левица: ДПМНЕ шверцува двојазичност преку ненадлежна собраниска комисија

На собраниската Комисија за енергетика, пратеникот од Левица - Сашко Јанчев побара да се тргне од дневен ред предлог-Законот за заштита на децата, поради ненадлежност на оваа комисија. Јанчев потенцира дека овој закон треба да се препрати на Комисијата за социјална политика, но претседателот на Комисијата - Бојан Стојаноски од ДПМНЕ го одби ова барање. Со предложениот закон, се воведува противуставна двојазичност на лиценците и испити, овој пат преку шверц на ненадлежна комисија од страна на ДПМНЕ, велат од Левица.Во своето излагање, пратеникот Јанчев истакна дека матично тело за конкретниот предлог-закон не е Комисијата за енергетика, туку Комисијата за социјална политика и тоа се гледа во самиот предлог закон, каде стои дека лиценци од вакви испити дава министерот за социјална политика, демографија и млади, а не министерот за енергетика. Дополнително, Јанчев потенцира дека овој закон интервенира и во називот на Министерството на социјална политика.Потсетуваме дека токму ДПМНЕ во минатото го спореше т.н. Закон за двојазичност, за сега коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ да ја продолжи неуставната двојазичност која ја почна режимот на СДС и ДУИ, додаваат од Левица.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-1

Мицкоски: Планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина, сами не можеле да го најдат

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух за кој зборуваат од 2018 бил заборавен со метар прашина на него, самите СДСМ не можеле да го најдат, а воедно не е точно дека парите во буџетот се намалени за заштита животната средина, поголеми се од тоа што биле.„Каква е реалноста, што оставивте ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Сè уште зборуваме за истите проекти кои на времето сме ги зборувале. Врз основа на сите анализи 60% од овие ПМ 10 и ПМ 2,5 честички доаѓаат поради начинот на затоплување и согорување од фосилно гориво, не се виновни граѓаните таков е стандардот, алтернатива никој не им донел“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеничката Сања Лукаревска.Мицкоски посочи когенеративните централи ќе бидат приоритет, дека се работи на 4 до 5 вакви локации за да бидат изградени когенеративни термоцентрали што ќе значат и затоплување преку топловодно греење и производство на електрична енергија во оние периоди од годината кога тоа ќе дојде, но бидејќи минатата власт не остави ништо, за да се испроектира сето тоа, тендерот би започнал во 2026 година.„Во Скопје првата да ја изградиме под услов да не бараме приватен партнер бидејќи не сте оставиле ништо, тендерот најрано ќе се распише 2026 година, до тогаш треба да се сменат планови. Има локации каде има плански документации каде се предвидени такви парцели, тие се три што постојат, две во Скопје и една во Куманово, утре да почнеме за да го испроектираме сето тоа треба најмалку година и половина. Затоа не ги гледате средствата во овој буџет, но ако видите во функции на држава ќе видите дека постојат за ваков тип на активности со прераспределба да го завршиме“, рече Мицкоски.Во однос на депониите премиерот Мицкоски потенцираше дека во моментот се одглавени 5 милиони евра за Дрисла од ЕУ заглавени од време на СДСМ.„Во моментот тече тендерот за депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ. За години од денеска ќе речат дека е добро затоа што тоа ќе го реши проблемот од Берово и Куманово, отпочнат е процесот за депонија во Новаци и тоа ќе го реши проблемот од Дебар до Битола и Новаци. Недостасува само обиколницата околу Ресен која ќе ја решиме за да не поминуваат камионите во градот, особено не кога има берба на јаболка“, изјави Мицкоски.Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година.„Нема да ги видите парите во овој буџет за новите автобуси затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат февруари-март 2028 година, во тој буџет во 2028 ќе ги видите, затоа што условот за да влеземе во овој процес е да има најмалку 3 години грејс период и отприлика 100 до 120 автобуси можеме да си дозволиме и тие нема да завршат само во Скопје, туку и во другите градови каде има организиран јавен превоз, најголемиот дел ќе се во Скопје, ние сме влада на цела држава. Ако биде сè како што треба до крај на оваа година очекувам тендерот да биде објавен, сè ќе биде врз основа на законите“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-28-145037

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Или пак ќе прислушкувате или се сомневате во граѓаните

Партизацијата на Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби покажува дека или планирате повторно да прислушкувате или се плашите од граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески во прашање до премиерот Христијан Мицкоски.- Грубата партизација на сите јавни должности чие именување или избор зависат од волјата на мнозинството продолжија и во Советот за граѓански надзор над следењето на електронските комуникации и работата на безбедносните служби. Сите членови на ова тело се партиска испостава на владејачката коалиција, поранешни пратеници или истакнати партиски активисти. Небаре избирате општински комитет, а не граѓанско тело. Ова укажува на најмалку две претпоставки, или планирате повторно да прислушувате како во времето на режимот, или сте почнале да се сомневате во довербата на граѓаните и затоа не ризикувате со автентични граѓански решенија, туку играте на сигурно со „хард кор“ партиски именувања. Класичен упад во надзорот на мерките за следење на комуникациите, рече Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања