Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СОБРАНИЕ

media-library2usa516otu319IXcNE8

Денеска во Собранието седница за пратенички прашања

Во Собранието денеска ќе се одржи 95. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.

Македонија | пред 4 дена

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Ненад Савески избран за државен јавен обвинител, го поддржаа 66 пратеници

Собранието на Република Македонија го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.За неговото именување гласаа 66 пратеници, додека 2 беа „против“, а 8 „воздржани“, од вкупно 101 присутен пратеник.Со оваа одлука, Савески ја презема функцијата прв човек на јавното обвинителство, во период кога правосудниот систем е под силен јавен и политички притисок, со очекувања за поголема ефикасност и независност во постапувањето.Неговиот избор беше проследен со жестока политичка дебата во Собранието, во која власта и опозицијата изнесоа спротивставени ставови за состојбите во правосудството и за начинот на избор на обвинителот.

Македонија | пред 1 седмица

smilkovsko-ezero-zrtvi

По 14 години, се бара по третпат да се приспитува убиството кои ги уби децата и рибарот кај Смилковско, овојпат од новиот јавен обвинител

Случајот „Монструм“ повторно ја отвори политичката дебата, откако во јавноста се појавија повици за негово преиспитување, проследени со остри реакции и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците.Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, остро реагираше на изнесените ставови, оценувајќи дека се прави злоупотреба на трагедијата и болката на семејствата кои ги изгубија своите најблиски.„Не можам да поверувам дека во 2026 година вие и претходниот говорник сте единствените кои верувате на тезите на зоран заев од 2015 година, а во 2021 година ги демантираше. Во 2015 година во интервјуа велеше дека овие што се во затвор не се виновни и дека други се виновни, а во 2021 година кажа дека тоа биле лични впечатоци, негови видувања, дека немал податоци, документи и разговори туку се му било врз основа на прашања од новинари, па споделувал видувања и чувства. Со што добри шест години стави во катастрофална состојба членови на семејства кои изгубија деца. Да злоупотребувате судбина на семејства кои ги изгубија најблиските, е срамно“, рече Николоски коментирајќи за случајот „Монструм“ кој беше споменат како еден од слчаите кои треба да се реотвори во 2026 година оти според Халил Снопче бил монтиран.Од друга страна, пратеникот Халил Снопче возврати дека е недозволиво политичарите да се мешаат во правни процеси, но истовремено повика институциите да постапат доколку постојат сомнежи.„Безобразлук е да излезеш и да се мешаш во правни консеквенци како политичар. Тоа што кажал како Заев, не знам. Вие требаше да кажете дека ако има импликации за монтирани процеси, Савески да излезе и да преиспита. Абе истражете го случајот“, рече Снопче.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5671oo59c22e9ItTT2O

Ленче Ристоска беше оттурната и покрај кредбилитетот, рече Зајкова која упати порака до идниот државен обвинител Савески

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, во обраќање до јавноста оцени дека изборот на нов јавен обвинител не е само кадровско прашање, туку клучен тест за тоа дали државата конечно ќе обезбеди вистинска правда или ќе продолжи практиката на селективност.Таа посочи дека со години се води иста дебата за правосудството, без суштински промени, и ја критикуваше постапката во која прво се избира обвинител, а потоа се менуваат законските решенија.„Ова е избор кој значи тест за институциите и за тоа дали конечно ќе имаме вистинска правда или ќе продолжи селективната правда“, истакна Зајкова.Според неа, иако формално процедурите биле испочитувани, суштинскиот впечаток е дека Владата ја има клучната улога во изборот.„Повторно се создаде впечаток дека политиката има последен збор таму каде што треба да владее правото“, рече Зајкова.Таа го посочи и случајот со обвинителката Ленче Ристоска, за која оцени дека била оттурната и покрај нејзиниот кредибилитет.„Кога се оттурнуваат професионалци, а се туркаат погодни решенија, довербата кај граѓаните ќе продолжи да паѓа“, додаде таа.Зајкова нагласи дека проблемот не е во поединечни имиња, туку во системот на избор кој, според неа, секогаш остава простор за сомнеж за политичко влијание.Во своето обраќање таа упати порака и до новиот јавен обвинител, Ненад Савески, оценувајќи дека пред него стои голема одговорност.„Не е доволно да сте добар правник, потребна е храброст – да се оттурне политиката од обвинителството, да се отворат предмети што со години стоеле затворени и да се покаже дека законот важи за сите“, истакна Зајкова.Таа порача дека граѓаните не бараат совршен обвинител, туку праведен и независен.„Имате шанса да ја вратите довербата и да покажете дека правдата не е мртва. Или ќе ја ослободите правдата, или ќе останете соучесник“, рече Зајкова.Воедно, таа упати порака и до власта да не се меша во правосудството.„Правдата не е ваша алатка. Институциите не се партиски продолжетоци и секое вмешување ќе биде препознаено и осудено“, нагласи таа.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys91catcl83t22eps8wT

Насилниците нема да носат електронска нараквица, жртвите нема да бидат предупредувани - не поминаа измените на законот

Предлог-законот за дополнување на Законот за спречување на насилство врз жени, кој предвидува воведување електронски нараквици за следење на сторителите, не се најде на дневниот ред на Собранието, откако не доби поддршка од мнозинството пратеници.Од вкупно 94 присутни пратеници, само 27 гласаа „за“, додека немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, една од предлагачите, изјави дека станува збор за идентичен законски текст кој бил предложен и пред една година, но тогаш бил одбиен без образложение.„Овој закон предвидува воведување електронска нараквица за сторителите на насилство, која ќе ја предупредува жртвата доколку сторителот се приближи до нејзината локација. Можеби ако беше усвоен пред една година, ќе значеше едно женско име помалку во црната статистика“, рече Зајкова.Таа нагласи дека предлогот е поднесен по скратена постапка и има превентивна цел, како одговор на зголемените случаи на насилство врз жени во изминатиот период.Според неа, законот нема финансиски импликации, бидејќи вакви уреди веќе постојат во рамки на системот за пробација при Министерството за правда и можат да се стават во функција.„Да ја исправиме грешката од пред една година. Во спротивно, ќе бидеме соучесници, бидејќи не сме превенирале и не сме направиле ништо“, додаде Зајкова.Собранискиот спикер Африм Гаши констатираше дека предлогот не е усвоен.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrrruoc7ok372clN0I5s

(Видео) Груевски и Шекеринска се најдоа помеѓу обвинувањата при изборот на новиот државен обвинител

Жестока размена на обвинувања се случи меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, околу состојбите во правосудниот систем и изборот на нов јавен обвинител.Николоски во својата реплика ја обвини претходната власт дека го контролирала правосудството и штитела партиски кадри.„Претходниот обвинител доби година и пол, ставаше случаи во фиока, не решаваше предмети, не постапуваше и ги штитеше вашите пријатели од поранешното раководство на СДСМ. Кога зборуваме за контрола, сѐ уште најголем дел од судскиот и обвинителскиот совет се контролирани од Струмица, од Зоран Заев“, изјави Николоски.Тој додаде дека, според него, СДСМ нема кредибилитет да зборува за политички прогон, обвинувајќи дека илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на постапки.„Три илјади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ставивте под прогон. Луѓето уште не можат на себе да дојдат. Сменивте обвинители и формиравте СЈО кое заврши како што заврши, со торба со пари“, рече Николоски.Во репликата, тој изнесе и тврдења дека постоеле обиди за, како што рече, политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ: „Оваа што е генерален секретар на НАТО (Радмила Шекеринска) целта и беше со судска одлука да го затвори ВМРО-ДПМНЕ и да го прогласите за терористичка организација“.На ваквите обвинувања возврати Тренчевска, која оцени дека власта има намера да воспостави контрола врз правосудните институции.„Од вашата реплика очигледно е дека сте загрижени само за Груевски. Да не заборавиме на заробената држава во времето на владеењето на ВМРО. И претходно и сега, вашата цел е да имате контрола врз правосудните органи. Токму поради тоа е нашата загриженост“, изјави Тренчевска.Размената на остри тонови доаѓа во период кога Собранието расправа за изборот на нов државен јавен обвинител, што дополнително ја засилува политичката поларизација околу состојбите во правосудството.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg8kq3540ska70a6Ygqs

(Видео) Нема да гласаме „против“ изборот на Савески, а тој е партиски обвинител и нема наша поддршка, рече Тренчевска од СДСМ

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, во Собранието оцени дека изборот на нов државен јавен обвинител не треба да се сведува само на личноста на кандидатот, туку на контекстот и системот во кој тој ќе функционира. Таа кажа дека СДСМ нема да гласа „против“ изборот на предлогот.„СДСМ јасно порачува дека Савески е партиски обвинител на ВМРО-ДПМНЕ. Во мандатот влегува без поддршка на опозицијата. Секое сомнително постапување ќе се смета за директно исполнувње на долгот кон партијата која го избрала“, рече ТренчевскаТаа посочи дека кандидатот Ненад Савески има професионално искуство кое, како што рече, не може да се игнорира, но предупреди дека постои ризик од политичко влијание врз обвинителството.„Не зборуваме против човек, туку против систем кој се гради. Најголемата опасност е намерата обвинителството да стане продолжена рака на политиката“, изјави Тренчевска.Според неа, предлогот за нов Закон за јавно обвинителство содржи одредби кои отвораат простор за, како што оцени, прикриена партизација на институцијата. Таа ги посочи можностите за преземање предмети и оценување на обвинителите како механизми што може да се злоупотребат.„Се создава систем во кој еден човек може да блокира предмети поврзани со афери, под изговор на нестручност“, нагласи Тренчевска.Пратеничката упати и директни прашања до Савески, повикувајќи го да ја гарантира својата независност доколку биде избран.„Дали ќе ги користите овие механизми за да казнувате обвинители кои истражуваат тендери? Дали ќе поднесете оставка ако Владата врши притисок преку буџетот?“, праша таа.Тренчевска додаде дека новиот обвинител ќе треба да покаже дека може да се спротивстави на политичките притисоци и да обезбеди еднаква правда за сите граѓани.„Правдата не смее да биде партиска и контролирана“, порача Тренчевска.

Македонија | пред 1 седмица

sjo

(Видео) Трите грации се извалкаа повеќе од трите прасиња, ќе морате институционално да расчистите со СЈО, му рече Јаулески на Савески

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, во Собранието упати остра порака до кандидатот за нов државен јавен обвинител, Ненад Савески, нагласувајќи дека идниот обвинител ќе има обврска да расчисти со, како што рече, „последиците од СЈО“.Јаулески оцени дека поранешното Специјално јавно обвинителство, кое првично било претставено како симбол на правда, се претворило во „срамно разочарување“.„СЈО беше претставено како историски коректив, а заврши како симбол на изневерена надеж. Тоа е пример како не треба да се работи. Трите грации од СЈО се извалкаа повеќе од трите прасиња, ја изгнасија професијата - обвинител“, изјави Јаулески.Тој додаде дека критиката кон СЈО мора да биде препознаена од новото раководство на обвинителството, со цел да не се повторуваат, како што ги нарече, злоупотребите.Во своето обраќање, Јаулески упати и директно барање до Савески, доколку ја добие функцијата, да обезбеди професионално постапување без политичко влијание.„Нема да ви биде обврска само да ја преземете функцијата, туку да докажете дека предметите се отвораат по индиции и докази, а не по агенда“, рече тој.Пратеникот нагласи дека новиот обвинител ќе мора институционално да воспостави јасна граница меѓу правото и неговата злоупотреба, дури и кога, како што рече, таа доаѓа од самите обвинители.„Ќе имате обврска институционално да расчистите со последиците од СЈО, ова е многу јасно за да се исцрта линија помеѓу правото и злоупотребата на правото. Па макар таа злоупотреба да е направена и од обвинител. За да се заврши со таквото поглавје“, порача Јаулески.

Настани | пред 1 седмица

media-librarycp952459p7d098RZnZJ

(Видео) „Обвинителството работи на штета на Албанците“: пратеник испорача барања за случаите „Монструм“ и „Алфа“ да се отворат одново

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, најави дека ќе апстинира при гласањето за избор на нов државен јавен обвинител, оценувајќи дека обвинителството со години функционирало како селективен инструмент, особено на штета на Албанците.Во своето обраќање во Собранието, Реџепи посочи дека довербата во правосудниот систем е исклучително ниска, а кај Албанците, како што рече, „е нула“.„Обвинителството често било инструмент на селективна правда. Не го велам тоа од политички причини, туку поради реалноста и довербата кај граѓаните“, изјави Реџепи.Тој наведе низа случаи од минатото, од Бит Пазар, Тетовскиот универзитет и Гостивар, до понови предмети како „Монструм“, „Алфа“, случајот со Алмир и настаните во Кочани, за кои тврди дека биле водени со пристап на однапред одредени виновници, наместо со целосно утврдување на фактите.„Неправдата не старее и не смее да се заборави. Таа треба да остане врежана во свеста на институциите и граѓаните“, нагласи тој.Реџепи истакна дека не може да го поддржи кандидатот за јавен обвинител, но нема ни да гласа против, оставајќи простор, како што рече, новиот обвинител да покаже дека може да донесе вистинска правда.„Ќе апстинирам за да му дадам шанса да докаже дека ќе биде обвинител на сите граѓани, а не на власта“, рече Реџепи.Тој додаде дека од новиот обвинител се очекува да ги преиспита чувствителните случаи и да покаже вистинска борба против корупцијата, во насока на европските стандарди.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqj4qauiauusseSbSUqL

(Видео) Зошто Владата го предложила Ненад Савески за шеф на сите обвинители

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, образложи зошто Ненад Савески е предложен за нов државен јавен обвинител, нагласувајќи дека правосудниот систем се соочува со сериозен недостиг на доверба кај граѓаните.„Обвинителско-правосудниот систем не влева доверба, а рејтингот на институциите е околу 2 проценти. Граѓаните почесто гледаат неправда отколку правда“, изјави Николоски.Тој посочи дека токму затоа е потребен нов пристап и личност со искуство, која ќе може да придонесе за промена на состојбите. Како кандидат, Владата го предлага Ненад Савески, кој има долгогодишна кариера во правосудството, како обвинител и судија.Според Николоски, Савески ја започнал кариерата во Основниот суд во Гостивар во 2000 година, а подоцна бил стручен соработник, јавен обвинител и судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција.Дополнително, како што истакна, Савески бил дел од повеќе домашни и меѓународни експертски групи, ангажиран во проекти на ОБСЕ, Советот на Европа и други организации, како и во законски реформи и обуки поврзани со кривичната постапка и посебните истражни мерки.„Се работи за човек со сериозна биографија, без дамки во кариерата, кој постојано се дообразува и има меѓународно искуство“, нагласи Николоски.Тој додаде дека Савески говори повеќе јазици и дека е „еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство“.Николоски потенцираше дека од новиот јавен обвинител се очекува да донесе резултати и да ја подобри работата на институцијата, но истовремено нагласи дека за тоа е потребна поддршка од целиот обвинителски систем.„Еден човек не може сам. Потребен е тим и координација за да се испорача правда на сите нивоа“, изјави тој, повикувајќи на поддршка за кандидатурата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Собранието денес одлучува дали Ненад Савевски ќе биде нов државен јавен обвинител

Пратениците во Собранието на Македонија денес треба да гласаат за избор на нов државен јавен обвинител.Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.За да ја преземе функцијата, потребна е поддршка од најмалку 61 пратеник.Роден е во 1976 година и живее во Гостивар. По професија е магистер по правни науки од областа на казненото право, а студиите и магистерските студии ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосудниот испит го положил во 2003 година.Од 2016 година работи како судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, од 2009 до 2016 година бил јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година работел како стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Кариерата ја започнал како судски приправник во истиот суд.Во својата професионална биографија има и повеќе меѓународни ангажмани, меѓу кои како експерт во ОБСЕ во Македонија, како и во проекти на Советот на Европа и УСАИД. Учествувал и во работни групи за судски и законски реформи и во проекти поврзани со кривичната постапка, притворот и посебните истражни мерки.Покрај судската кариера, Савевски е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и автор и коавтор на повеќе стручни трудови и публикации од областа на кривичното право и човековите права.На огласот за избор на државен јавен обвинител се пријавија и в.д. обвинителката Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати – Тополова-Исајловска, Ристовска, Савевски и Раичевиќ, додека за кандидатурата на Панчевски беше утврдено дека не ги исполнува законските услови во однос на работниот стаж.По оставката на Љупчо Коцевски, функцијата привремено ја извршуваше Анита Тополова-Исајловска како вршител на должност. Според Законот за јавното обвинителство на Северна Македонија, новиот државен јавен обвинител се избира во Собранието со најмалку 61 глас од пратениците.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

На 18 март одлука во Собранието: дали Савески ќе стане државен јавен обвинител

На 18 март во Собранието е закажана седница на која Ненад Савески треба да биде именуван за нов државен јавен обвинител.Савески, досегашен судија од Кривичен суд, беше предложен од Владата на 10 март, а за да биде изгласан од Собранието, потребно е да добие поддршка од 61 пратеник.Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење. Портпаролката на Владата, Марија Митева, по седницата изјави дека одлуката е донесена по конструктивна дискусија во која се разгледувале сите аспекти на кандидатите – од професионално искуство до личен интегритет.

Македонија | пред 2 седмици

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Пет комисии ќе заседаваат во Собранието – на дневен ред повеќе законски измени

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, сите по скратена постапка.На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Формирањето Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата и Разгледувањето барања за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешен претседател и член на Регулаторната комисија за домување.На Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка е на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, сите по скратена постапка.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo8c6sjcb2bi95vSZtEc

Собранието во четврток ќе одржи комеморативна седница за годишнината од трагедијата во Кочани

Собранието на Република Северна Македонија за 12 март 2026 година ја закажа својата 93. седница, која ќе има комеморативен карактер.Оваа пленарна седница, што ќе се одржи во салата „Македонија“, е посветена на одбележувањето на една година од трагичниот настан во Кочани.Како единствена точка на дневниот ред, комеморацијата претставува официјален чин на оддавање почит кон жртвите и сеќавање на настанот што ја потресе јавноста, со што законодавниот дом директно се вклучува во одбележувањето на оваа тажна годишнина.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Предлог-законот за јавното обвинителство пред пратениците на денешната седница

Во Собранието на Македонија денеска ќе се одржи 92-та пленарна седница, на чиј предложен дневен ред се наоѓаат повеќе законски решенија.Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за јавното обвинителство, како и за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за данокот на добивка, кои се ставени на дневен ред во прво читање. На седницата ќе се разгледува и Предлог-законот за органско земјоделско производство во второ читање.По скратена постапка се предлага донесување и на измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и измените на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за шумите.На дневниот ред е предвидено и разгледување на Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите за 2025 година.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Шест кандидати во трка за член на Судскиот совет – Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот

Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, како и Законодавно-правната комисија.На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдување предлог-листа за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.На 26 минатиот месец пред членовите на Комисијата се претставија шест кандидати кои ги исполнија условите од Огласот за избор на член на Судскиот совет. Новиот член ќе се избира меѓу Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер по правни науки со положен правосуден испит од село Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер по правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор по правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, двата предложени по скратена постапка.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarydmmd7e5pirjf9xodlRW

Собранието ги избра Адмир Шабани за заменик министер за одбрана и Дритон Сулејмани за заменик министер за образование

Собранието, во рамките на 90. седница, денеска, со 71 глас „за“ и 11 „против“, за заменик-министер за одбрана го избра Адмир Шабани, а за заменик министер за образование и наука, Дритон Сулејмани.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, образложувајќи ги предлозите, истакна дека изборот на двајца заменик-министри е решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем што работи во интерес на граѓаните.Нашата обврска како Влада е да поставиме луѓе што имаат знаење, интегритет и чувство за државна одговорност. Луѓе што ќе работат посветено, професионално и чесно, во служба на државата и на сите граѓани – рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7o22dt4ld9budZU1LOl

(Видео) Пратеник беше искаран од Мицкоски оти се појави само со албанско знаме на собраниска говорница, па му донесоа да стави и македонско

Пратеникот од Алијансата на Албанците, Ријад Шаќири, се појави на собраниска седница со албанско знаме закачено на реверот од костумот, без истакнато македонско знаме, што предизвика реакција од премиерот Христијан Мицкоски.Мицкоски од говорницата изјави дека очекува следниот пат, покрај етничкото знаме, да биде истакнато и државното, посочувајќи дека пратениците добиваат плата од буџетот на државата и ги претставуваат сите граѓани.Шаќири возврати дека го носи својот национален симбол и дека се гордее со својата етничка припадност, додавајќи дека значката ја добил од премиерот на Албанија и дека ќе носи и македонско знаме доколку му биде обезбедено.По оваа размена на реплики, на говорницата му беше донесен брош со македонското знаме, кој Шаќири го прифати, се заблагодари и го постави на костумот.

Македонија | пред 1 месец

media-library2usa516otu319IXcNE8

Претставување на кандидатите за член на Судскиот совет што го избира Собранието

Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на дневен ред е Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група составена од Комисијата утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените услови.Свои претставувања за член на Судскиот совет што го избира Собранието ќе имаат Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од од с. Чејле, Гостивар, Сабедин Даути, дипломиран правник со положен правосуден испит од с. Равен, Гостивар, Фадил Џелил, магистер на правни науки со положен правосуден испит од с. Чегране, Гостивар, Светлана Попова, магистер на правни науки со положен правосуден испит од Штип и Сејфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysipimrtq1ei5f99Qylw

Обвинителите реагираат оти пратениците им ги чепкаат платите: Ова е спротивно на Устав и спротивно на закон

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија побара од Собранието да ја повлече од дневен ред точката за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, која се разгледува на 89-тата седница одржана на 25 февруари 2026 година.Во итната јавна реакција испратена до претседателот на Собранието и до пратениците, здружението оценува дека предложените измени треба темелно да се преиспитаат, наведувајќи повеќе објективни причини за ваквото барање.Обвинителите посочуваат дека се свесни за сложената економска состојба во државата и потребата од мерки за штедење, но потсетуваат дека согласно Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавен обвинител не може да биде намалена со закон или со одлука на државен орган, освен во случај на утврдена дисциплинска одговорност.Во реакцијата се нагласува дека јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна функција, носејќи го товарот на кривичниот прогон без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Дополнително, законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години не им се исплаќаат поради недостиг на средства во Буџетот.Здружението укажува и дека функцијата јавен обвинител е неспојлива со вршење друга дејност, што значи дека платата претставува единствен приход. Според нивните наводи, платите се движат од помалку од 90.000 до 130.000 денари, што ги прави најниски во регионот. Во споредбата што ја доставуваат, во Србија платите се движат од 1.600 до 4.000 евра, во Црна Гора од 1.600 до 4.700 евра, во Албанија од 1.600 до 3.000 евра, додека во Бугарија просекот изнесува околу 3.000 евра плус годишен бонус. Во Македонија, според нив, износот е од 1.500 до 2.100 евра.Во реакцијата се повикуваат и на решение на Уставниот суд од 24 декември 2025 година, со кое е поведена постапка за оценка на уставноста на претходните измени на Законот, кога биле намалени коефициентите и ограничен порастот на платите. Иако конечната одлука сѐ уште не е донесена, од здружението предупредуваат дека дополнително намалување на коефициентите би ги продлабочило веќе оспорените законски недоследности.Според нив, ваквото законско решение е противуставно и незаконито и претставува економски притисок врз јавните обвинители, со што директно се загрозува нивната независност. Здружението повторно апелира точката да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измени да биде детално и внимателно преиспитана.

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Собранието ќе одлучува за измените на платите на функционерите и правосудните органи

Собранието денеска ќе ја одржи 89-тата седница, на чиј дневен ред се најдоа повеќе кадровски прашања и предлог-законски решенија.Пратениците ќе разгледуваат предлог за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, како и предлог-одлуки за распишување јавен оглас за избор на претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Предвидено е и објавување оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како и огласи за избор на членови во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и во Државната комисија за спречување на корупцијата.Во рамки на седницата ќе се расправа и за повеќе законски измени по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните, за пратениците, како и за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.Дополнително, на дневен ред се и предлог-измени на законите што се однесуваат на платите на јавните обвинители, судиите, членовите на Советот на јавните обвинители и на Судскиот совет, исто така по скратена постапка.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

СДСМ со најава за нови закони, во фокусот и поевтинување на патарините

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање најави дека партијата во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија насочени кон директна помош на граѓаните, меѓу кои ќе биде и закон за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на животните трошоци.Филипче истакна дека во следните недели СДСМ ќе излезе со предлог-закони од повеќе области, изработени согласно вредносните политики на партијата, при што едно од законските решенија ќе биде насочено токму кон намалување на цените на патарините. Според него, ваквата мерка е неопходна за да им се излезе во пресрет на граѓаните кои секојдневно се соочуваат со зголемени трошоци за транспорт и живот.Тој оцени дека цените на патарините во земјава се неразумно високи и целосно неусогласени со стандардите во регионот и пошироко во Европа. Филипче нагласи дека вакво ниво на наплата за користење на патната инфраструктура не постои ниту во соседните држави, ниту во економски поразвиените европски земји.Како илустрација, тој посочи дека во дел од високо развиените европски држави се плаќа годишна цена за користење на патиштата низ целата земја, која, како што рече, изнесува приближно колку што кај нас чини едно патување од Скопје до некој од граничните премини, како на пример до Гевгелија. Според Филипче, ваквата состојба претставува дополнителен финансиски товар за граѓаните и јасен сигнал дека е потребна итна законска интервенција.

Македонија | пред 1 месец

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието со 84. седница: Закони за работни односи, администрација и здравство пред пратениците

Собранието денеска ќе ја одржи 84.седница, на чиј дневен ред се шест точки.На дневен ред се Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија - второ читање.Пред пратениците по скратена постапка се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници и Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Македонија | пред 1 месец

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Гаши: Собранието ќе работи – пратениците нека најдат начин да дојдат, пеш или порано

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите изјави дека Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).„Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седница, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој со кола би дошол, дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Но, се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест на граѓаните. Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на мојот кабинет се сретна со началниците во МВР, тие си имаат редовни безбедносни протоколи. МВР ги презема сите свои мерки. Се надевам дека се ќе биде мирно и ќе тече се како што треба. Така, тие ќе си протестираат, ние ќе си работиме“, кажа Гаши на денешниот брифинг со новинарите.Во однос на прашањето за коментар за синдикалните барања, Гаши смета дека проблемот не може да се реши само со зголемување на платите.„Сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв наш приоритет, но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил сите плати. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни во државата. Од таму да одиме – Претседател на државата, на Собрание, Премиер, пратеник, директор, наставници, доктори… и да имаме поправедно нивелирање на платите. Мислам дека на таков начин најправедно би било да се реши тој проблем“, рече Гаши.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym32skuhq2gdi1Jc9VF6

Трендафилов повика на блокада: Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов на социјалните мрежи објави повик за блокада на пратениците пред Собранието.„Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот.Протестот / БЛОКАДАТА ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците - “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањети на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79% зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати.Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за раборниците е срамно.Истите пратеници кои уживаат право на собраниско бифе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците.Ги потсетуваме дека не само што мораат итно да гласаат за зголемување на минималната плата и за згомемување на сите останати плати, мораат да гласаат и за намалување на функционерските плати по иницијативата на ССМ.Доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10.000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати.Ќе мораат да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците ( нивните гласачи) или ќе гласаат за работниците !* За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине“, вели Трендафилов.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања