Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ХРВАТСКА

media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Поранешната премиерка на Хрватска, Јадранка Косор, на социјалните мрежи напиша дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нема што да бара во Хрватска.„Браво за откажувањето на Вучиќ. Нема тој што да бара во Хрватска. За жал, тој беше почитуван гостин во Дубровник пред две години иако неговите ставови за Хрватска, агресијата, Домовинската војна, беа исти и во 1995, 2024 и 2026 година“, напиша таа на мрежата X.Претходно хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, изјави дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.

Свет | пред 2 часа

media-library24colmlqgvg12yM5T9g

Вучиќ до Милановиќ: Мене таму не ми е место, секогаш сакав да одам во Јасеновац

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавите на хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кој рече дека не е возможнo доаѓање на претседателот на Србија во Хрватска и дека поради тоа одлучил да го откаже состанокот на Процесот Брдо-Бриони.„Ја поддржувам одлуката на Зоран Милановиќ да го откаже собирот Брдо-Бриони, мене таму не ми е место. Секогаш сакав како претседател на Србија да одам и да положам цвеќе во Јасеновац и тоа ми беше неспоредливо поважно, а на Бриони можам професионално да одам, да ја слушнам и другата страна, да разговарам, затоа што никогаш не сум бегал од дијалог“, рече Вучиќ.На хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не му се допаднале изјавите на претседателот на Србија, поради што, како што соопшти, одлучил да го откаже самитот Брдо-Бриони, кој требаше да се одржи во мај.„Политичките изјави и постапки на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кои ги гледаме во последните денови и недели се во целосна спротивност со целта на Процесот Брдо-Бриони, го нарушуваат меѓудржавниот однос и го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот на југоисточна Европа. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, смета дека во такви околности не постојат услови и не е возможно доаѓање на претседателот на Република Србија во Република Хрватска“, се наведува во соопштението од кабинетот на Милановиќ.Хрватскиот претседател соопшти дека за тоа ги известил шефовите на држави и дека следниот самит ќе се одржи кога ќе се создадат соодветни услови.Во соопштението на Милановиќ не се наведени конкретно кои изјави на српскиот претседател му пречеле.

Свет | пред 5 часа

media-libraryvhj2ur8r3q856ivVECd

(Видео) Снежно невреме парализира дел од Балканот: Затворени училишта и патишта во Словенија, Хрватска и Црна Гора

Во Словенија, Хрватска и Црна Гора, снегот што паѓаше во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта предизвика сериозни проблеми. Затворени се училишта и градинки, додека силните налети на ветер носат сè пред себе. Исто така, затворени се и бројни патни правци.Во Црна Гора снег синоќа наврна во околината на Никшиќ и Цетиње, во Плужине, Шавник, а поинтензивни врнежи имаше на Жабљак, во Колашин и на планините на северот, додека во останатите делови од земјата врнеше повремено силен дожд проследен со налети на ветер.Поради невремето, делови од Цетиње и Никшиќ со часови беа без електрична енергија, додека снабдувањето беше повторно воспоставено во Бар и Херцег Нови, каде исто така имаше прекини во напојувањето.Поради снежните врнежи, сообраќајот бил во прекин на патниот правец Никшиќ – Вилуси околу три часа, бидејќи кај Вилуси заглавиле повеќе камиони, а снег има и на автопатот „Принцеза Ксенија“.Силно невреме, проследено со ветер со брзина поголема од 100 километри на час, синоќа зафати поголем дел од Словенија, уривајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без струја, додека надлежните служби апелираа граѓаните да не излегуваат од домовите.Најпогодени се регионите Приморска и Горенска, а поради исклучително неповолните временски услови, во повеќе општини е донесена одлука за затворање на училиштата и градинките.Силната бура зафати и делови од Горица и Ајдовшчина, при што ветерот однел делови од покриви на повеќе училишта низ земјата.Во одредени моменти, илјадници корисници низ Словенија останале без електрична енергија, вклучително и во подрачјата на Марибор и Љубљана, додека дефектите на далекуводите предизвикале прекини и во други делови од земјата. Според податоците, најсилните налети на ветер достигнале брзина од 103 километри на час.Поради опасноста, надлежните служби ги повикаа граѓаните да останат во затворени простории и да не излегуваат без неопходна потреба.Во хрватската престолнина Загреб, семафорите не работат, ветерот однел покрив од една зграда и урнал дрвја.Поради опасните временски услови, наставата денеска е прекината во основните и средните училишта во Загреб, одлука донесена од градските власти и Министерството за образование.Силни ветрови дуваат и во крајбрежните подрачја, каде важат забрани за одредени категории возила. Поради снег и зимски услови за возење во Горски Котар и Лика, воведени се ограничувања за камиони со приколки и влечни возила.Поради урагански ветрови, автопатот А1 меѓу јазлите Свети Рок и Поседарје е затворен за сите категории возила.Исто така, нема слободен патен правец за камиони со приколки и влечни возила од внатрешноста кон хрватското приморје и Далмација и обратно, поради зимските услови на автопатот А6, државните патишта и делници низ Горски Котар и Лика.

Свет | пред 3 дена

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Владата на Хрватска го одобри пристигнувањето на американски воен брод во Јадранско Море

Владата на Хрватска денеска на затворена седница донела одлука за дозвола за премин на американски нуклеарен воен брод во внатрешните морски води и негов престој во хрватско пристаниште. Детали за точното пловило, датумот на пристигнување и траењето на престојот сè уште не се објавени.Пристигнувањето на бродот бара посебни безбедносни протоколи, вклучувајќи контрола на нуклеарниот погон, надзор за време на престојот и обезбедување на пристаништето и околниот акваториум во соработка со домашните безбедносни служби.Американски воени бродови и претходно ја посетувале Хрватска, што се гледа како знак на блиско партнерство со САД и соработка во рамките на НАТО. Најпознат е нуклеарниот носач на авиони USS Gerald R. Ford, кој го посети Сплит во јуни 2023 и повторно во октомври 2023 година, како дел од редовни воени операции и вежби, но и како симбол на билатералната и безбедносна соработка меѓу Хрватска и САД.Владата засега не соопшти дали овој престој е поврзан со тековните глобални безбедносни предизвици, особено со војната во Украина.

Свет | пред 4 дена

sneg-2

Снег го затрупа автопатот во Горски котар во Хрватска, испратено предупредување до граѓаните

Хрватска е зафатена од голема промена на времето, при што во Горски котар и дел од северозападниот дел на земјата паѓа снег, додека на крајбрежјето дува силен ветер.Автопатот во Горски котар е затрупан со снег, поради што на терен интервенира зимската служба, а Хрватскиот авто-клуб (ХАК) објави посебни предупредувања за возачите.На граѓаните утринава во шест часот им е испратена порака од Цивилната заштита со повик на претпазливост поради обилните снежни врнежи и линк за следење на состојбата, пренесува порталот Индекс.Зимски услови владеат на дел од патиштата во Горски котар и Лика. На крајбрежјето дува силен ветер, поради што се воведени забрани за одредени категории возила. Целосно е запрен сообраќајот за камиони со приколки и шлепери.Чистењето и посипувањето на коловозите е во тек на повеќе делници, а на некои патишта сообраќајот се одвива забавено поради присуство на возила на зимската служба.Возачите се предупредуваат да возат внимателно, да одржуваат безбедно растојание и да не тргнуваат на пат без зимска опрема.Според прогнозите, денес во Хрватска се очекува нестабилно, ветровито и значително постудено време, особено во внатрешноста. Ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и поројни дождови со грмежи, додека на Јадранот локално се очекуваат обилни врнежи.Во внатрешноста дождот на места ќе преминува во лапавица, а во планинските предели во снег.

Свет | пред 4 дена

media-library2lc5783s4rig05MHgus

„Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот“, Сиљановска одржа предавање во Загреб за парадоксите на македонските евроинтеграции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб истакна дека во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Таа додаде дека ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски.Таа посочи дека историјата покажува дека земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го сменила своето име.Претседателката нагласи дека во дипломатските односи често се посочува дека договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот. Таа додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.„Членот 7 вели: Ако членка на ЕУ ги крши основните принципи и вредности, третина од членките, третина од европските пратеници или самата Европска комисија, може да покрене постапка за ограничување и забрана за право на одлучување. Ваков беше случајот со Унгарија и Полска ако се сеќавате. Нека се најде некој Ричард Лајон Хард, барем ова да го каже таму. Сега ние чекаме, затоа кажувам, чекајќи го Годо, не знам која е причината, но што е тоа што сега е најважно? Неизвесност во светот. Не зборуваме за проширување на ЕУ, зборуваме за безбедноста на ЕУ. Очекуваме можеби мигранти повторно, а портата е тука, Грција па ние. Зошто да не ни се дозволи нам. Се разбира имам емпатија према Украина и Молдавија, но зошто и на нас да не ни се овозможи технички да преговараме“, изјави Сиљановска и додаде:Ако ги читате заклучоците за Албанија, Црна Гора и за нас, ќе видите разлика. Заклучоците се обично општи, но кај нашиот пишува спроведување на Преспанскиот и Договорот со Бугарија. Нема проблем за спроведувањето, но договорот е двостран документ, што е со другата страна. Но живееме во време кога силните го работат она што можат, а слабите она што мораат.Сиљановска Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа, додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.Поради ова, како што рече Сиљановска Давкова, експертите, вклучително и Венецијанската комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.

Македонија | пред 5 дена

siljanovska-davkova-2-1

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек. Таа истакна дека ѝ претставува чест што оддала почит на истакнатиот македонски филолог, поет и прв претседател на МАНУ, нагласувајќи ја неговата трајна и универзална вредност.Официјалната посета започна со посета на македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде што претседателката се сретна со претставници на македонската заедница во Хрватска.

Македонија | пред 5 дена

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на граничниот премин меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина откако одбил да му биде извршен преглед на личниот багаж, соопшти хрватската полиција.Според информациите, инцидентот се случил на преминот Стара Градишка доцна синоќа, по 22 часот. Откако одбил контрола на багажот, што претставува прекршување на законските процедури за надзор на државната граница, Станивуковиќ бил приведен и задржан во рамки на прекршочна постапка, по што бил ослободен околу 2 часот по полноќ.Самиот Станивуковиќ го потврди настанот преку социјалните мрежи, тврдејќи дека не сакал да дозволи, како што наведе, повторно да биде задржуван, претресуван и изложен на, според него, непримерен третман од страна на хрватската полиција. Тој оцени дека станува збор за систематска злоупотреба и дека односот кон него е „прашање на став кон Србите“.Во меѓувреме, неговите соработници организираа прес-конференција пред Генералниот конзулат на Хрватска во Бања Лука, каде што обвинија за континуирано малтретирање и кршење на правото на слобода на движење.Претставникот на Партијата за демократски напредок, Драган Милановиќ, изјави дека ваквиот однос претставува повреда на европските стандарди за човекови права и повика на институционална реакција.Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, најави дека ќе побара дополнителни информации од хрватското Министерство за внатрешни работи за причините и околностите на приведувањето.

Свет | пред 6 дена

873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Хрватска располага со релативно мали резерви на нафта, а домашното производство не е доволно за потребите на граѓаните и компаниите. Според податоците на релевантните агенции, земјата годишно произведува околу 500.000 тони нафта, што е само една шестина од вкупните потреби, поради што е високо зависна од увоз. Нафтата најмногу се увезува од Азербејџан и Казахстан, со повремени испораки од африкански земји, покажува анализата на хрватскиот RTL.Во стратешките резерви, Хрватска има доволно нафта за околу три месеци, која владата може да ја пушти на пазарот доколку се појави потреба. Министерот за економија, Анте Шушњар, уверува дека дури и ако целосно се запре производството, земјата може нормално да функционира.Што се однесува до гасот, домашното производство доаѓа од северниот Јадран, како и од Славонија и Меѓумурје, што покрива околу една четвртина или 25% од вкупните потреби. За индустријата тоа дефинитивно не е доволно, додека за домаќинствата, според податоците на Стручното здружение за гас, производството од 780 милиони кубни метри е доволно за домашните потрошувачи кои годишно трошат околу 600 милиони кубни метри. Остатокот се увезува главно преку ЛНГ терминалот на островот Крк, пред сè од САД, Нигерија, Тринидад и Тобаго, како и од Алжир.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8

Во Хрватска погрешен пациент е прогласен за мртов

Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите се огласи денес поради тоа што жител на Вировитица, поради грешка во болничкиот систем, бил официјално прогласен за мртов.Здружението најостро ја осуди, како што наведуваат, шокантната грешка во болницата во Вировитица, каде поради заменување на идентитетот и даночниот број на пациентот, тој бил регистриран под туѓи здравствени податоци, што е незамисливо и недозволиво во 21 век.Тие укажуваат на сериозни и долгогодишни неправилности во работењето на здравствениот систем и неговата дигитална инфраструктура. „Ваквиот случај јасно покажува дека постојните системи не се сигурни и доверливи, дека контролите не функционираат, а обврзните протоколи за идентификација на пациентите очигледно не се спроведуваат, што директно ја загрозува безбедноста и животот на пациентите“, соопшти здружението и додаде дека бараат итна и независна истрага, транспарентно утврдување на сите нивоа на одговорност и итно воведување обврзни дигитални и организациски механизми за да се спречи повторување на ваква катастрофална грешка.Изразувајќи сочувство до семејството на починатиот пациент, здружението истакнува дека им стои на располагање за правна и советодавна поддршка во заштита на нивните права и барање на целосна отштета за „најтежок напад на достоинството и безбедноста на пациентот“, пренесува порталот Дневник.

Свет | пред 1 седмица

benzine

Недостиг на гориво во Хрватска, граѓаните во страв

Снабдувањето со гориво во Хрватска станува сè понесигурно, откако недостигот на деривати почна директно да се чувствува на терен, особено во помалите населени места.Една од најпогодените средини е Удбина, каде што веќе е затворена една бензинска станица, додека другата, во сопственост на ИНА, работи со скратено работно време – само до 13 часот. Ваквата состојба сериозно го отежнува секојдневието на локалното население.Жителите се жалат дека се принудени да патуваат десетици километри за да наполнат гориво, најчесто до Грачац, што создава дополнителни трошоци и неизвесност.„Не е добро, најблиската пумпа ни е во Грачац. Тешко е, навистина тешко, полниме каде што ќе стигнеме“, изјавуваат граѓани за хрватските медиуми.Од компанијата ИНА посочуваат дека внимателно ја следат состојбата, но засега не најавуваат промени во работното време на бензинските станици, што дополнително ја зголемува загриженоста кај возачите.Ситуацијата отвора прашања за стабилноста на снабдувањето со гориво во земјата и можните последици доколку кризата продолжи и во наредниот период.

Свет | пред 1 седмица

brza-pomos-hrvatska

Тешка сообраќајна несреќа во Хрватска: Судир меѓу автомобил и мотоцикл

Во улицата „Седум Каштела“ во Сплит, во близина на стадионот „Пољуд“, денеска нешто пред 17 часот се случи сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и мотоцикл.Возачот на мотоциклот бил пренесен со Итна медицинска помош во болница во Сплит. Засега не е позната тежината на неговите повреди.Полицијата извршила увид на местото на настанот за да ги утврди сите околности на несреќата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryg7nvdb6p6g4e1ZP9Tjs

Пленковиќ по средбата со Мицкоски: Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел.Пленковиќ на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.Мило ми е што се сретнав со премиерот на Северна Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива - напиша Пленковиќ.Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега, нагласувајќи дека актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

Македонија | пред 1 седмица

milanovic-zoran-hrvatska-1

Милановиќ: Времињата се ужасни

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека времињата се ужасни и дека „живееме во недели и години на насилство, дивјаштво, газење и презир кон меѓународното право и норми, и тоа од оние кои најмногу се повикуваат на нив“.„Времињата се ужасни. Хрватска во овие времиња, можеби по прв пат во историјата, ужива во позицијата, среќа е што се наоѓа на релативно мирно и безбедно место“, рече Милановиќ синоќа на свечена седница на Општинското собрание во Вела Лука.Милановиќ порача дека денес Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не дозволи да биде заведена од никакви големи фрази и слогани за солидарност со било кого, или за помош на ова или онаа страна.„Да се водиш според тоа да не изневериш некои темелни човечки принципи, начела и поставки – тоа за Хрватска треба да биде водечка линија“, додаде Милановиќ.„Хрватска, како ретко кога во историјата, има можност да се фокусира на себе, на своите работи и исклучиво од таа перспектива треба да носи одлуки. И да се надева дека оваа бура и ова време на зло ќе помине, дека ќе дојдат подобри времиња. А до тогаш, се држиме заедно“, порача претседателот, пренесе Хина.

Свет | пред 1 седмица

milanovic-zoran-hrvatska-4

Милановиќ: „Израел не е наш пријател“

Од седниците на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана, кои ги предложи премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, не треба да се очекуваат промени во ставовите на државниот врв за Израел, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.„Не очекувајте никакви тектонски поместувања и промени во ставовите. Ако некој смета дека Израел е наш сојузник и пријател, нема му помош“, им рече Милановиќ на новинарите.Тој разговорот на оваа тема меѓу „сериозни луѓе“ го оцени како губење време.„Непоколеблив сум во тој став, како и во тоа дека Хрватска требаше да ја признае Палестина“, додаде Милановиќ.Претседателот на Хрватска на крајот на февруари изјави дека Израел води „ѕверска политика“ и дека не може да биде сигурен партнер на Хрватска, при што ја критикуваше и посетата на министерот за одбрана Иван Анушиќ на таа земја.Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го обвини Милановиќ за антисемитизам, откако хрватскиот претседател ги критикуваше постапките на израелскиот амбасадор во Хрватска, Гари Корен.Корен на почетокот на март бил повикан на разговор во претседателската резиденција, каде бил предупреден за „неприфатливи и штетни“ изјави кои ја вознемируваат јавноста и ѝ нанесуваат штета на Хрватска.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryintgrum67psl8P6LC1Y

(Видео) Хрватски државен секретар: Ова не се сцени од Иран, туку влезот во Лоњско поле

Жељко Вуковиќ, државен секретар во Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција, објави видео на својот Фејсбук профил кое наводно е снимено на влезот во Природниот парк Лоњско поле.„Ако сте помислиле дека ова се сцени од Иран, се излажавте. Ова е влезот во Природниот парк Лоњско поле“, напиша Вуковиќ. На видеото се гледаат големи количества смет, дел од кои гори. Од паркот кратко за медиумите објасниле дека спорното депониралиште пред влезот не припаѓа на заштитеното подрачје, туку е под надлежност на Градот Кутина.Лоњско поле е големо поплавно подрачје покрај реката Сава во централна Хрватска, едно од најголемите сочувани мочурливи пејсажи во Европа. Паркот е познат по богатата биолошка разновидност, особено по птиците, традиционалното сточарство и старите дрвени куќи, а игра значајна улога при поплави, бидејќи ја впива вишокот вода од Сава и го штити околното население.Вуковиќ порано објави и фотографии од сметот, предупредувајќи на сериозни проблеми во паркот. „Сите пет надзорни камери се избодени со огнено оружје, секојдневни закани кон чуварите на природата, ловочуварите, рибочуварите… Овие луѓе се принудени да носат сопствено оружје, бидејќи буквално се плашат за своите животи. Немa статус на службени лица и имаат речиси никакви овластувања“, истакна тој.Според него, ситуацијата во Природниот парк Лоњско поле е неодржлива: само пет чувари се одговорни за површина од дури 50.000 хектари, што е случај и со поголемиот дел од заштитените подрачја во Хрватска. Вуковиќ посочи дека неопходна е формирање на единствена ренџерска служба која би можела да воведе ред и да ја спречи ескалацијата на ваквите инциденти.

Свет | пред 1 седмица

Hrvatska-policija

Во Загреб запленети 52 килограми тутун и 23.400 цигари без акцизни маркици

Царинските службеници и полицијата во Загреб откриле голема количина нелегални тутунски производи. Во заедничка акција во патничко возило биле пронајдени 52 килограми ситно сечен тутун и 23.400 цигари без акцизни маркици на Министерството за финансии.Контролата била извршена на 14 март, кога службениците на Службата за мобилни единици Загреб и Мобилните единици за надзор на државната граница го запреле возилото со хрватски регистарски ознаки. Во автомобилот се наоѓале двајца хрватски државјани, возач и сопатник. Тутунот бил запакуван во 110 мали ПВЦ кеси, додека цигарите биле пронајдени на задното седиште и во багажникот.Поради сомневање за сторено кривично дело нелегална трговија, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното општинско државно обвинителство.Возилото привремено им е одземено на сопствениците, бидејќи одбиле да уплатат акцизен депозит, со што се обезбедува наплата на акцизата. Дополнително, надлежната царинска управа ќе добие барање за наплата на акциза во износ од 10.010,30 евра.

Свет | пред 2 седмици

hrvatska

Полемика во Србија: Министерството предупредува да не се патува за Хрватска, а „Ер Србија“ воведува нови летови

Додека Министерството за надворешни работи на Србија им препорачува на граѓаните да патуваат во Хрватска само во случај на неопходност, националниот авиопревозник Ер Србија најави проширување на летната понуда токму кон таа земја.Министерството неодамна го ажурираше својот систем за проценка на безбедносниот ризик, познат како „семафор за патувања“, во кој Хрватска е ставена во портокалова зона. Тоа значи препорака граѓаните на Србија да не патуваат таму доколку не постои итна потреба.Според соопштението, оваа препорака е донесена поради, како што се наведува, зачестени инциденти, зголемени тензии и неповолни безбедносни околности.Посебно се предупредува на организирани патувања, како спортски и културни делегации, за кои се препорачува претходна координација со надлежните институции за проценка на безбедносните ризици.Сепак, речиси истовремено со ова предупредување, Ер Србија најави нови летови кон хрватските туристички дестинации. Генералниот директор Јири Марек соопшти дека ова лето ќе бидат воведени две неделни линии кон островот Брач.Со ова, авиокомпанијата планира да има до 38 неделни летови кон Хрватска, вклучително 13 летови за Загреб, секојдневни летови за Дубровник, шест неделно за Сплит, пет за Пула, три за Задар и два за Ријека.Најавата за новите линии предизвика критики во Србија. Членката на претседателството на Странка на слободата и правдата, Валентина Рековиќ, оцени дека ваквите пораки покажуваат недоследност во државната политика.Според неа, ситуацијата отвора дилема дали безбедносните предупредувања биле политичка порака или доказ за неусогласеност меѓу државните институции.

Свет | пред 2 седмици

milanovic-zoran-hrvatsak

Израелски министер: Говорот на Милановиќ е полн со омраза кон Израел

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, остро го критикуваше реагирањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на повикот на израелскиот амбасадор Гари Корен Хрватска да ги прекине дипломатските односи со Иран.Министерот истакна дека треба да се врши безбедносна проверка на вработените во иранската Амбасада во Загреб, оценувајќи дека реториката на хрватскиот шеф на државата е неприфатлива, исполнета со омраза и одразува антисемитски пристап.„Навредливата реторика на хрватскиот претседател е неприфатлива. Неговиот говор исполнет со омраза кон Израел и ционизмот одразува антисемитски пристап“, напиша Сар на платформата Икс.Тој потсети дека Хрватска припаѓа на Меѓународниот сојуз за сеќавање на холокаустот и се обврзала да се спротивстави на антисемитизмот.Министерот објави и дел од обраќањето на Милановиќ, во кое со црвен маркер ја истакна реченицата:„Не сакаме туѓи инфекции и бацили во Хрватска, ниту ирански, ниту израелски“.Во својот неодамнешен настап пред новинарите, Милановиќ остро реагираше на повиците на израелскиот амбасадор во Загреб, особено на повикот да се проверува безбедноста на персоналот во Амбасадата на Иран, зашто меѓу нив можеби има член на Иранската национална гарда, со пораката: „Ова е братски Загреб, не Тел Авив“.Милановиќ исто така рече дека Хрватска и Израел немаат „некакви посебни односи“.„Тоа е членка на Обединетите нации која е нападната без мандат од ОН. Тие видови вознемирување на јавноста – овде се некои ирански терористи, своите гадости и нечистотии нека ги остават таму од каде што дојдоа. Иран е навистина, кога станува збор за Блискиот Исток, како и Израел, склони кон одредени терористички методи. Што е убиството во Газа, ако не тероризам, и што е злоставувањето на израелските војници со Крав Мага ако не тероризам? Сепак, кога станува збор за Европа, Иран во Европа не делува терористички“, рече, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Се подготвуваме за можен напад од Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисија во живо на Радио и телевизија на Србија (РТС) го коментираше за воениот сојуз на Хрватска, Албанија и како што тој го нарече, таканареченото Косово и рече дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина, пренесуваат медиумите во Србија.„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се едни од нив, ама ова се нивните намери. Тие чекаат поволен момент кога ќе има општ хаос во светот. Но, луѓето не треба да се грижат, само ќе кажам дека Србија има доволно сила за одвраќање за сите тие три ентитети, две држави и еден ентитет, што и да е. Има доволно сила за да има јасна порака за одвраќање“, рече Вучиќ.Тој рече „можете мирно да спиете, граѓаните на Србија можат мирно да спијат“.„Србија е доволно силна за да го зачува својот територијален интегритет, суверенитет, слобода и безбедност на своите граѓани. Тие нема да нè нападнат затоа што знаат каков би бил одговорот“, додаде српскиот претседател.Тој потоа откри какви ракети има српската армија. Претседателот откри дека такви ракети биле користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.„Зборуваме за ракети воздух-земја. Тоа се ракети со разорна моќ. Можат да тежат до 950 килограми и да имаат дострел до 400 километри. Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе. Тие беа користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие го уништија радарскиот систем С-400“, истакна Вучиќ.„Тоа е кинеска алатка која се покажа како исклучителна во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие успеаја да го уништат францускиот радар и радарскиот систем С-400. Имаме многу работи што не сте ги виделе и ќе продолжиме да ги набавуваме“, објасни Вучиќ.Вучиќ ја коментираше и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека „Хрватска ќе го информира НАТО за вооружувањето на Србија“ во врска со балистичките суперсонични ракети.„Јас сум претседател на бројно мала земја. Јас не сум Трамп и Путин, големи претседатели кои решаваат сè. За мене нема мали работи, сакам моето наследство да биде мир, а не војни и конфликти. Во средината на никаде, пред вас се појавува воен сојуз – Албанија, Хрватска и таканареченото Косово. Морам да ја зачувам стабилноста во земјата“, рече Вучиќ.

Свет | пред 2 седмици

germanija-zname

Германија помогна во евакуацијата на хрватскиот војник од Либан, слета во Франција

Хрватскиот војник денеска безбедно е евакуиран од мисиијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан. Повлекувањето на нашиот припадник е реализирано во рамки на операција за извлекување на германските војници, иницирана од Сојузна Република Германија. По евакуацијата, хрватскиот војник слета вечерва во францускиот град Орлеанс, од каде ќе се врати во Хрватска.Потпретседателот на Владата и министер за одбрана Иван Анушиќ претходно побарал и добил поддршка од германскиот министер за одбрана Борис Писториус за безбедно повлекување на нашиот војник во координираната евакуација од Либан. Министерот Анушиќ во соопштението јавно му се заблагодари на Писториус за помошта, истакнувајќи дека станува збор за најпредизвикувачката кризна зона во светот во моментов. „Германската поддршка на Хрватска е одраз на блиско партнерство и сојузничко почитување и солидарност, кои произлегуваат од политичките односи на ниво на нашите влади, но и на министерствата за одбрана“, порача министерот.Министерството за одбрана истакнува дека по наредбата на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, за повлекување на хрватските војници од Либан и Ирак, се подготвени сите формални активности неопходни за безбедно извлекување на припадниците.Исто така, започнати се формални постапки за извлекување на седум хрватски војници од НАТО-мисијата во Ирак. Оваа операција ќе се реализира кога ќе бидат исполнети условите за безбедна евакуација. „Кога хрватските војници ќе бидат евакуирани од Ирак, јавноста ќе биде навремено известена“, наведува министерството.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqvrkpaqgjgba6EcuDk4

Хрват осомничен за убиство на државјанин на Узбекистан

Истражен судија одреди притвор за 31-годишен хрватски државјанин осомничен дека во неделата вечер во градот Озаљ нападнал 44-годишен државјанин на Узбекистан и му нанел повеќе удари со намера да го лиши од живот, од кои повреди жртвата починала, соопшти денеска обвинителството.Жупаниското државно обвинителство во Карловац информира дека по приемот на кривичната пријава го испрашало осомничениот, по што до истражниот судија на Жупанискиот суд во Карловац предложило да му се одреди истражен притвор поради опасност од повторување на кривичното дело. Судот го прифатил предлогот на обвинителството.Обвинителството наведе дека државјанинот на Узбекистан починал за време на реанимација во семејна куќа на подрачјето на Озаљ. Увидот го извршил дежурен заменик на жупанискиот државен обвинител во соработка со полицијата, при што е нареден преглед на телото и обдукција.Според претходните информации од полицијата, 32-годишниот осомничен, кој бил под дејство на алкохол со 0,78 промили, повеќепати го удрил узбекистанскиот државјанин во главата, нанесувајќи му повреди од кои починал.Истрагата покажала дека нападот се случил во вечерните часови во домот на 61-годишен маж, од засега неутврдени причини и мотиви. Полицијата соопшти дека криминалистичката истрага продолжува со цел целосно утврдување на сите околности на случајот.За време на реанимацијата на повредениот, осомничениот ги попречувал и навредувал медицинските лица од итната помош, поради што против него ќе биде поднесен и прекршочен предлог. Полицијата додаде дека против осомничениот се постапувало и согласно одредбите од законите за лична карта и за пријавување на живеалиште.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Ужас во Хрватска: Пронајдени две тела, се сомнева на двојно убиство

Две тела беа пронајдени рано изутрината во дворот на семејна куќа во Госпиќ, а една личност е уапсена.Како што јавува HRT, полицијата ја затекнала уапсената машка личност веднаш по пристигнувањето на местото на настанот.Во тек е увид кој го раководи Жупаниското државно обвинителство во Карловац, по кој ќе следи криминалистичко истражување, соопшти Полициската управа на Личко-сенската жупанија.Според информациите на порталот Index, се работи за двојно убиство.Психички нестабилен маж на уште неутврден начин ги усмртил својата мајка и баба.Полицијата, според достапните информации, веќе претходно интервенирала кон уапсениот и тогаш морала да употреби сила, бидејќи станува збор за физички силна личност.Крајната одлука за тоа во каква состојба бил тој во моментите на убиството ќе ја дадат лекарите и вештаците.

Свет | пред 2 седмици

media-library7a8ep33e89f45U96ryh

(Видео) Брутален напад пред ноќен клуб во Загреб: Шестмина претепале двајца млади, едниот ја изгубил свеста

Во раните утрински часови во неделата, околу 3:45 часот, пред ноќниот клуб H2O во Загреб се случил брутален напад во кој група од шестмина мажи претепала двајца млади на возраст од 18 и 19 години.Според сведоштво на која била присутна на местото и го опишала настанот за медиумите, нападот започнал кога групата од засега непознати причини нападнала еден млад човек кој во тој момент бил сам. Напаѓачите го собориле на земја, а потоа продолжиле да го удираат со раце и нозе сè додека, според сведочењето, не ја изгубил свеста.Кога негов пријател се обидел да му помогне и да ги оттурне напаѓачите, групата потоа се свртела и против него и исто така го претепала. Дел од нападот е снимен и на видео.Сведок навел дека првиот нападнат млад човек неодамна имал операција на тумор на мозокот и носел видлив медицински вратник, како и лузна од операцијата. И покрај тоа, напаѓачите продолжиле да го удираат и откако ја изгубил свеста.Според неговите информации, двајцата млади се здобиле со тешки повреди.Случајот бил пријавен во полиција, а од загрепската полиција е побарана информација дали се пронајдени осомничени. Одговорот од надлежните се очекува дополнително.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryllflimtnmg8c4vJXSBL

Хрватската влада ги ограничи цените на горивата

Поради воената криза на Блискиот Исток и војната во Иран, која влијае и на пазарот на нафтени деривати, Владата на Република Хрватска денеска одржува вонредна седница.Премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека Владата ќе ги ограничи цените на горивата.Поради војната на Блискиот Исток, дојде до затворање на Ормутскиот теснец, што предизвика раст на цената на нафтата. Цените сега се движат помеѓу 105 и 107 долари за барел, што е раст од 50 отсто за само 10 дена. Доколку Владата не заседаваше, утре цената на евро-дизелот ќе изнесуваше 1,72 евра, а со нашата уредба ќе биде 1,55 евра по литар. Бензинот, наместо 1,55, по интервенцијата на Владата ќе чини 1,50 евра“, додаде премиерот.На седницата ќе се разгледа повторно ограничување на цените на бензинските пумпи преку измена на двете уредби – за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтени деривати и за висината на акцизите на енергентите и електричната енергија.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања