Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Полицијата не повикала социјални работници кога Ивана била нападната на Клиника, тврди ресорниот синдикат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarykm19ta71i1cp7PLwsui

Синдикалната организација при САДУ на Центрите за социјална работа ги демантира тврдењата дека нивни стручни лица биле присутни при наводниот напад врз Ивана во Клиничкиот центар, поврзан со случајот на мајката и детето кои загинаа по пад од балкон во Карпош. Тврдат дека нема доставен записник од наводен вонреден инспекциски надзор и дека на 19 јануари 2026 Центарот не добил пријава/повик за интервенција. Оценуваат дека се шират шпекулации за дискредитација, најавуваат заштита на вработените и бараат целосно утврдување факти и одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Синдикалната гранкова организација при САДУ на Центрите за социјална работа во Македонија ги демантираше тврдењата дека стручни лица од Центарот биле присутни кога Ивана наводно била нападната од сопругот Стојанче Јовановски додека била на лекување во Клиничкиот центар, инцидент кој според одредени медиуми го гледала и нејзината ќерка Катја. Станува збор за мајката и детето кои трагично го загубија животот по пад од балкон во скопската населба Карпош.

— реклама —

Од синдикатот соопштија дека во јавноста се пласираат шпекулации и неточни информации во врска со постапувањето на Центрите за социјална работа.

— реклама —

Тие тврдат дека записник од наводен вонреден инспекциски надзор, за кој се говори во дел од медиумите, до денот на објавувањето на нивниот демант воопшто не бил доставен до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје.

— реклама —

Воедно, категорично ги отфрлаат и наводите дека социјални работници биле присутни при наводниот физички напад врз Ивана пред здравствената установа.

Според синдикатот, на 19 јануари 2026 година – денот кога наводно се случил инцидентот – Центарот не добил никаква пријава или повик за интервенција во Клиниката за дигестивна хирургија во рамки на комплексот клиники. Од увидот во службената документација, како што велат, произлегува дека тој ден дежурни биле две службени лица од Специјализираниот тим, но дека тие не биле повикани на интервенција.

Од синдикалната организација оценуваат дека ваквите информации се пласираат тенденциозно и служат за дефокус на јавноста и дискредитирање на улогата на стручните лица во Центрите за социјална работа.

Тие предупредуваат дека со ширење непроверени информации се нанесува штета врз угледот и професионалниот интегритет на вработените, кои, како што наведуваат, често работат во услови на зголемен ризик и соочување со чувствителни случаи на семејно насилство.

Синдикатот најавува дека ќе застане во одбрана на вработените во Центрите за социјална работа и бара целосно процесуирање на постапката, со цел да се утврдат фактите и одговорноста за постапувањето на сите инволвирани институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања