Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Десет пријави има против сопругот на Ивана, а пред падот од балкон интервенирала полиција но таа негирала дека била тепана, вели Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-libraryt4vdtqi43r2t4vUnN2T

Министерот Панче Тошковски соопшти дека трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете загинаа по пад од балкон, била пријавена од случаен минувач. Полицијата и Итната помош излегле на лице место и констатирале смрт; извршен е увид, подигнати се траги и телефон, а телата се дадени на обдукција. Претходно истиот ден имало пријава за расправија меѓу сопружниците, но жената изјавила дека нема физички контакт и не бара постапка. По усна наредба е уапсен сопругот Стојанче Јовановски, со претходни пријави; имало и повеќе пријави за нарушени односи, кои таа ги повлекувала.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека пријавата за трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, била примена од случаен минувач. Според него, на улицата „Теодосиј Гологанов“ веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, при што била констатирана смрт.

— реклама —

Извршен бил увид од страна на СВР Скопје, а телата се предадени на обдукција. Од местото на настанот биле подигнати материјални траги и мобилен телефон.

— реклама —

Министерот посочи дека настанот имал претходница истиот ден. На 2 март во 12:05 часот била примена пријава за расправија меѓу сопружниците, а полициски службеници пристигнале на адресата во 12:19 часот. Бил извршен разговор со сопругата, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот, дека станувало збор за недоразбирање и дека не бара поведување постапка ниту интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпишала службена белешка.

— реклама —

По оваа интервенција, жената се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде подоцна се случил трагичниот исход. Тошковски нагласи дека сите околности се детално документираат.

По усна наредба, уапсен е сопругот, Стојанче Јовановски, поради сомневање за сторено кривично дело. Според податоците што ги изнесе министерот, во изминатите две години против него имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. Кај него, тогаш биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава. По барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост, односно обврска за јавување во суд.

Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, како што посочи Тошковски, во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања