Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) МВР има снимка каде сопругот ја удира жената истиот ден кога таа загина по падот од балконот, вели Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Настани
media-librarydo57oq99uvd72gIlwc7

Тошковски најави целосна проверка на околностите околу трагедијата во Карпош и претходните пријави за семејно насилство, вклучително дали изјавата на жртвата за повлекување била дадена под притисок. МВР има видео на кое се гледа како сопругот ја удира жртвата истиот ден. Тој посочи дека жртвите често се повлекуваат, па предметите се затвораат, што не треба да продолжи. Со нови овластувања, полицијата ќе постапува по службена должност при видливи повреди, а се бара поголема координација и пријавување од граѓаните.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во случајот со трагедијата во Карпош, каде жена и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон, ќе се утврдуваат сите околности поврзани со претходните пријави за семејно насилство, вклучително и дали изјавите на жртвата биле дадени под притисок.

— реклама —

„МВР има видео запис каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден“, вели Тошковски.

— реклама —
— реклама —

Тошковски посочи дека според службените белешки, на денот на настанот жената потпишала изјава со која се откажува од пријавата, наведувајќи дека немало физички контакт, туку недоразбирање со сопругот и дека не бара понатамошна полициска постапка. Таа, според документот, навела дека не сака настанот да се третира како семејно насилство и дека брачните односи ќе ги решава по мирен пат и преку развод.

Министерот нагласи дека МВР ќе треба да утврди дали изјавата била дадена доброволно или под евентуална присила, дали осомничениот бил присутен, како и дали постоело влијание или притисок.

„Факт е дека најголем број од предметите се затвораат затоа што жртвата се повлекува“, изјави Тошковски, додавајќи дека таквата пракса не треба да продолжи. Тој повика не само жртвите, туку и сите граѓани – членови на семејство, соседи и сведоци – да пријавуваат насилство, а институциите да обезбедат целосно процесуирање на случаите.

Министерот истакна дека новите законски овластувања ѝ даваат на полицијата пошироки можности за постапување по службена должност, особено кога се констатираат видливи телесни повреди. Во такви случаи, жртвата нема да може да го повлече предметот, а Министерството ќе мора да продолжи со постапката.

Сепак, Тошковски предупреди дека доколку жртвата повторно се повлече, институциите се соочуваат со сериозни предизвици во фазата на докажување на кривичното дело. Затоа, според него, неопходна е координирана ангажираност на центрите за социјална работа и на сите институционални чинители, како и поголема јавна свест и охрабрување на граѓаните да зборуваат отворено за насилството.

Тој нагласи дека Министерството ќе го зголеми фокусот на ваквите кривично-правни настани, со цел да се спречат трагични исходи во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11tkb6jos84m4ifXFCb

Стојанче ја тепал Ивана и ја оставил на автопат, ја турнал по скали во Клиника, а Катја покажувала како мајка и се бранела - сведоштво во судница

Македонија | пред 3 часа

media-librarysologqplbu91b98np79

(Видео) Чаловска: Самоубиство поради семејно насилство се смета за фемицид

Македонија | пред 4 часа

media-library03c9p1489hrl4bvif63

(Видео) Обвинителката Бојчевиќ: Денешното признание на вина од страна на Стојанче воопшто не е признание

Настани | пред 5 часа

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања