Промени тема
Контакт

Израел со нови напади во Газа: 34 загинати, Хамас со закани за таоците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
gaza-glad

Израелската војска денеска продолжи со напади врз градот Газа и поширокиот Појас Газа, уривајќи подземни тунели и минирани објекти во акции во кои, според здравствените власти таму, загинале 34 Палестинци.

Како што пренесува Ројтерс, нападот доаѓа во пресрет на понеделник, кога десет држави – меѓу кои Австралија, Белгија, Велика Британија и Канада – ќе ја признаат независната палестинска држава, непосредно пред годишното собрание на лидерите на Генералното собрание на ОН.

Интензивираната израелска кампања за уривање високи згради во Газа започна оваа недела, паралелно со копнената офанзива. Израелските сили, кои веќе ја контролираат источната периферија на градот, силно ги нападнаа населбите Шеик Радван и Тел Ал-Хава, од каде што би можеле да напредуваат кон централните и западните делови на градот, каде што голем број цивили бараат засолниште.

— реклама —

Според проценките на израелската армија, во последните две недели биле срушени околу 20 висококатници, а од почетокот на септември околу 350.000 жители ја напуштиле Газа. Сепак, околу 600.000 лица и натаму остануваат во градот.

Меѓу нив се и израелски таоци што сè уште се држат од страна на Хамас. Воено крило на организацијата денес на „Телеграм“ објави „опроштална фотографија“ на таоците, предупредувајќи дека нивните животи зависат од израелската офанзива. Сите таоци беа прикажани под исто име – Рон Арад.

— реклама —

Рон Арад беше израелски воен офицер кој исчезна во Либан во 1986 година и сè уште се води како исчезнат во акција. Се смета дека починал во заробеништво, откако бил предаден на шиитската групација Амал, а подоцна и на Хезболах и Иранската револуционерна гарда. Во Израел, неговото име стана симбол на долгогодишната потрага по исчезнати војници.

— реклама —

Во скоро две години војна, израелската офанзива, според здравствените власти во Газа, убила повеќе од 65.000 Палестинци, предизвикала глад, уништила поголем дел од инфраструктурата и раселила стотици илјади луѓе. Израел, пак, тврди дека извештаите за глад се претерани и дека Хамас може да го заврши конфликтот доколку се предаде, ги ослободи таоците и се разоружа. Хамас возвраќа дека нема да се разоружа сè додека не биде воспоставена палестинска држава.

Војната започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изврши напад врз Израел, при што беа убиени 1200 луѓе и киднапирани 251 заложник. Денес во Газа се држат 48 таоци, од кои околу 20 се смета дека се сè уште живи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza44

Најмалку 73.919 загинати во Газа од почетокот на конфликтот

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library0717c2blum7jcMdOpag

Бројот на загинати во Газа достигна 73.910, повредени се 174.914

Свет | пред 3 дена

media-library15v3jc6jpufm4Fqs4pH

25 минути овации за „НАЗА“ во Венеција, филмот за Газа е фаворит за Златниот лав

Филм | пред 1 седмица

gaza44

Речиси 1.300 Палестинци загинале по прекинот на огнот во Газа

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања