Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јаневска: Буџетот за наука е двојно зголемен во 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library36icsdpehgm1dqnI3Hw

Весна Јаневска, министерка за образование и наука, изјави дека Владата и Министерство за образование и наука продолжуваат со зголемување на средствата за научно-истражувачка дејност и создавање нова регулаторна рамка за поддршка на науката.

— реклама —

На научна конференција организирана од Институт за македонска литература при УКИМ, Јаневска истакна дека приоритет е создавање целосен систем за поддршка на науката преку современи лаборатории, фондови за иновации, програми за млади истражувачи и јасни правила.

„Најдоброто што можеме да го направиме за нашите деца и за нашата иднина е постојано да ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност“, рече Јаневска.

— реклама —

Таа информираше дека буџетот за наука во 2026 година е двојно зголемен во споредба со 2024 година и изнесува над 770 милиони денари, при што најголем дел од средствата се наменети за научно-истражувачки проекти од национален интерес.

— реклама —

Министерката посочи и дека е изготвен нов Предлог-закон за научно-истражувачка дејност, кој заедно со законите за високо образование и обезбедување квалитет во високото образование наскоро треба да влезе во собраниска процедура.

Според Јаневска, базите „Web of Science“ и „SCOPUS“ се бесплатно достапни за научниците и истражувачите од јавните високообразовни и научни установи, а земјата и натаму има пристап до меѓународни програми за наука, меѓу кои и Хоризонт Европа.

Конференцијата беше организирана и по повод 45 години од основањето на Институтот за македонска литература.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања