Промени тема
Контакт

Јаневска најавува: 160 образовни објекти и 60 спортски сали оваа година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryjv98hcf9f872fl2KZEj

Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали. Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

— реклама —

„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.

— реклама —
— реклама —

Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library44624d58jbkuelujWIy

„Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација“, вели Јаневска

Македонија | пред 1 седмица

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Ќе се затвори ли подрачното училиште во Долни Балван? Јаневска најави средба со родителите

Македонија | пред 1 седмица

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска до СДСМ: Инспекциите не се политичка пресметка, туку законска обврска

Македонија | пред 2 седмици

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања