Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Јаневска: Учебниците повеќе не се проблем, до 1 септември ќе бидат во училиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека трета година по ред учебниците не претставуваат проблем и дека тие навреме ќе бидат доставени до училиштата пред почетокот на новата учебна година.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска истакна дека испораката на учебниците за учениците од прво до трето одделение започнала уште во април и мај, додека во текот на следната недела ќе започне и дистрибуцијата на учебниците за сите одделенија од прво до деветто.

— реклама —

„Трета година по ред учебниците не претставуваат проблем во оваа држава и редовно се доставуваат до 1 септември, кога почнува училишната година“, изјави Јаневска.

— реклама —

Таа информираше дека досега се испорачани околу 250.000 учебници за учениците од прво до трето одделение, а вкупниот број учебници што ќе бидат дистрибуирани изнесува околу милион и пол примероци.

— реклама —

Министерката нагласи дека Министерството ќе продолжи со ваквиот начин на работа и во иднина, со цел навремено обезбедување на сите потребни наставни материјали за учениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска најави унапредување на наставните содржини за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања