Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Казна од 250 евра за родителите на децата насилници и родителите кои одбиваат соработка со училиштето и надлежните институции, најави Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, потврди дека со законски измени ќе се воведе глоба од 250 евра за родителите чии деца вршат насилство во училиштата, но и за оние кои одбиваат соработка со училиштето и надлежните институции.

— реклама —

Министерката денеска изјави дека државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и дека во Собранието веќе се дооформуваат предлозите за измените на Законот за основно образование.

— реклама —

„Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции“, рече Јаневска.

— реклама —

Измените се најавуваат по серијата случаи на врсничко насилство што ја вознемирија јавноста, меѓу кои и случајот во основното училиште „25 Мај“ во скопската населба Ченто, каде 15-годишен ученик беше повреден со остар предмет.

Јаневска посочи дека целта е да се создаде побезбедна училишна средина и да се зголеми одговорноста на сите инволвирани во воспитно-образовниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања