Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Луфтханза“ потврди: Исчезнатата Лаура отпатувала за Германија на денот на исчезнувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryd5vgat0d0p2n0xQDnQD

Авиокомпанијата „Луфтханза“ потврди дека тинејџерката која околу еден месец се водеше за исчезната од Патра, на 8 јануари, денот на нејзиното исчезнување, отпатувала за Франкфурт, Германија.

— реклама —

Шеснаесетгодишната Лаура последен пат била видена на 8 јануари во близина на југозападниот град Патра. Полицијата соопшти дека девојката го продала својот мобилен телефон пред да исчезне, со цел да не може да биде лоцирана. Потоа, парите добиени од продажбата ги искористила за да отпатува со такси до Атина. Службениците утврдиле и дека таа ги избришала сите свои профили на социјалните мрежи еден ден пред исчезнувањето.

— реклама —

Родителите на девојката, германски државјани кои живеат постојано во Рио, го пријавиле нејзиното исчезнување, по што хуманитарната организација „Smile of the Child“ издаде аларм.

Портпаролката на полицијата, Константија Димоглиду, во гостување на државниот радиодифузер ЕРТ претходно во текот на денот изрази незадоволство поради тоа што биле испратени пет барања до авиокомпанијата од 12 јануари наваму, со цел да се утврди дали Лаура патувала со нивен авион, но останале без одговор.

— реклама —

Таа рече дека надлежните органи стапиле во контакт со сите авиокомпании што извршуваат летови кон Германија во првите 24 часа, но дека компанијата што го издала билетот „се уште не одговорила“.

— реклама —

Димоглиду појасни дека немало наредба од јавен обвинител со која авиокомпанијата би била обврзана да одговори, бидејќи случајот не се однесува на кривично дело, но дека полицијата имала согласност од родителите да побара информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library573u51i2j3g86Z8x3NP

Трагедија при гаснење пожар во Грција: Загинаа двајца пожарникари, еден е повреден

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
struja-4

Грција ѝ продава струја на Бугарија преку ден, а навечер ја купува назад

Балкан | пред 1 ден

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 3 дена

media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања