Промени тема
Контакт

Мајката на Ивона Антова: „Немаме душа за вашата злоба, ја носиме најголемата болка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
WhatsApp-Image-2025-08-20-at-21.43.58_a1700c48

Мајката на загинатата Ивона Антова, една од младите жртви во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, јавно реагираше на социјалните мрежи по коментарите и шпекулациите што кружат во јавноста. Стојка Иванова Антова упати потресна порака во која зборува за семејната болка и за односот на дел од јавноста кон нивната трагедија.

— реклама —

„Да, вистина е – ја изгубивме нашата единствена ќерка, нашата Ивонче. Тоа е најтешкото нешто што може да му се случи на човек. Болка што не се кажува со зборови, живот што ни згасна, иднина што ни ја украдоа. А вие зборувате за џип, мотор, пари… Зарем мислите дека тоа може да ја замени нашата Ивонче?“, напиша таа.

— реклама —

Антова нагласува дека семејството со години штедело за иднината на нивната ќерка, за студии, диплома и семеен живот кој никогаш нема да се оствари.

„Џипот што ви боде очи беше нејзина желба, а моторот е на кредит – за нејзиниот татко барем малку да ја олесни болката и лутината. Што знаете вие што е кога ќе останеш со празна соба и тишина што убива?“, додава таа.

— реклама —

Мајката истакна дека по трагедијата единствена помош добиле од хуманитарната организација во износ од 1.520 евра и од Црвениот крст 300.000 денари, средства кои, како што вели, стојат недопрени.

— реклама —

„Затоа – оставете нè. Доста ни е. Ние си ја носиме најголемата болка. А вие – живејте со вашата злоба, ако тоа ве прави ‘среќни’“, порачува Антова во нејзината објава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања