Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Македонија подготвува најстрог закон за пушење досега: целосна забрана во јавни простори и високи казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx
unsplash/Reza Mehrad

Министерството за здравство го објави новиот Предлог-закон за заштита од пушење, со кој се воведуваат најобемните рестрикции досега за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутун и никотински производи. Законот, кој треба да стапи во сила на 1 март 2026 година, има за цел да ја намали високата стапка на пушачи во земјава — која изнесува околу 45% од возрасната популација.

— реклама —

Со новите одредби се забранува производство, увоз и продажба на сите никотински производи со ароми и вкусови – меѓу нив ментол, овошни и билни варијанти, како и течности за електронски цигари. Министерството посочува дека овие производи особено ја поттикнуваат зависноста кај младите.

Законот воведува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простори, како и во приватни возила доколку внатре има дете. Исклучок се дозволува само на отворени балкони и тераси кои се отворени од најмалку три страни и немаат прегради од стакло или најлон. Пушењето ќе биде забрането и во објекти за сместување, угостителски локали, пазари, јавен превоз и административни институции.

— реклама —

Се предвидува и целосна забрана за рекламирање и промоција на тутунските производи, како и ограничување на прикажувањето на пушење во филмови, серии и интернет-содржини, освен ако тоа не е уметнички оправдано и проследено со здравствено предупредување.

— реклама —

Продажбата на цигари на парче, преку автомати или онлајн ќе биде забранета. Продавниците ќе мора да ги чуваат производите во затворени шкафови без осветлување, а информациите за цените ќе се даваат само преку листa со азбучен ред.

Надзорот ќе го вршат повеќе институции – Пазарниот, Санитарниот и Трудовиот инспекторат, како и МВР.
Физичко лице затекнато како пуши на забрането место ќе се казни со 150 до 300 евра, односно 100 евра при плаќање на лице место. За правните лица казните изнесуваат од 2.000 до 5.000 евра, а инспекторите ќе можат и привремено да забранат вршење дејност до три месеци.

— реклама —

Министерството за здравство објаснува дека ваквите мерки се неопходни бидејќи директните здравствени трошоци за лекување на заболувања предизвикани од пушење надминуваат стотици милиони денари годишно, а целта е „да се заштити јавното здравје и да се намали една од водечките причини за смртност во Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања