Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски најави поевтинување на дизелот за до 6,5 денари по литар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryna5858cteun6cpsMecN

Премиерот Христијан Мицкоски најави можно поевтинување на дизел-горивото за шест до шест и пол денари по литар, додека цените на бензините би останале речиси непроменети или би се зголемиле за најмногу половина денар.

— реклама —

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски информираше дека утре ќе се одржи онлајн владина седница на која ќе се разгледуваат мерките поврзани со цените на горивата. Според владините анализи, базирани на движењата на светските берзи во втората половина на мај и во текот на изминатата недела, се очекува постепена стабилизација на цените и на домашниот пазар.

— реклама —

Тој посочи дека повластената стапка на ДДВ за бензините ќе се врати од 10 на 18 проценти, додека намалената акциза од два денари по литар за дизелот и безоловните бензини ќе остане во сила. Дополнително, Владата води разговори со компанијата „Окта“ за можни попусти во првата половина на јуни.

— реклама —

Според премиерот, и покрај динамичниот тримесечен период на енергетските пазари, земјата успеала да ја зачува ценовната стабилност и непреченото снабдување со нафтени деривати. Тој нагласи дека во одредени денови побарувачката на бензинските пумпи била зголемена и до 50 проценти во однос на вообичаеното ниво.

Мицкоски оцени дека и по евентуалните корекции, државата ќе остане меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, додавајќи дека Владата останува фокусирана на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 12 часа

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 12 часа

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања