Промени тема
Контакт

„Молчењето не е опција“ – 34-ти протестен марш за жртвите од „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library7n3jh7q76f4jdqiQeON
Скопје1.мк

И оваа сабота, 20 декември, во Кочани ќе се одржи 34-тиот по ред протестен „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во објектот „Пулс“. Маршот ќе започне во 14:05 часот.

— реклама —

Настанот го организира здружението „16 Март 2025“, кое повторно упати јавен повик до граѓаните од Кочани и од целата држава да се приклучат и заеднички да побараат правда.

— реклама —

„Ги повикуваме сите граѓани да чекорат со нас за вистинска правда – за нашите деца кои ги нема и за иднината на сите деца што доаѓаат. Да одиме заедно, во тишината што вреска по правда. Молчењето не е опција, правдата мора да се избори заедно“, се наведува во писменото соопштение на организаторите.

— реклама —

Од здружението потенцираат дека секој нов марш е потсетник дека одговорноста за трагедијата сè уште не е целосно утврдена и дека болката на семејствата не стивнува.

— реклама —

„Секој чекор, секој поглед и секое присуство е повик за правда“, порачуваат организаторите, нагласувајќи дека маршот е мирен, достоинствен и посветен на сеќавањето на жртвите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања