Промени тема
Контакт

Над 70 проценти од деветтооделенците се запишуваат во стручни училишта - „Занаетите имаат иднина, стручното образование станува сè поатрактивно" , вели Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryu50ivdhh50qjfk1uget

Министерство за образование и наука информира дека во АСУЦ „Боро Петрушевски“ денеска и утре се одржува Национален натпревар на вештини, наменет за ученици од средните стручни училишта.

Настанот е во организација на Занаетчиска комора Скопје со поддршка на Европска Унија, а на отворањето присуствувале министерката за образование и наука Весна Јаневска, амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, директорот на Центарот за развој на стручно образование и обука Бесник Зендели и претседателот на Комората Горан Ристовски.

Јаневска истакна дека јакнењето на стручното образование е стратешки важно во услови на глобален недостиг на вештини и потреба од одржлив економски раст.

„Со озаконувањето на дуалното образование ги регулиравме односите меѓу средните училишта и бизнис секторот. Достигнавме бројка од 800 работодавачи кои им овозможуваат на учениците да учат на вистински работни места“, рече Јаневска.

— реклама —

Таа најави дека со новиот Закон за високото образование ќе се овозможи и високо дуално образование, со цел создавање професионалци кои ќе комбинираат практични вештини и академско знаење.

— реклама —

Според податоците на МОН, во моментов стручно образование се реализира во 76 јавни средни училишта, а речиси 70 проценти од деветтооделенците годинава се запишале во стручни училишта.

За учебната 2026/2027 година се обезбедени повеќе од 25 илјади места за упис во прва година, од кои 17 илјади во стручно образование, а речиси 7 илјади во дуални паралелки.

— реклама —

Меѓу новите образовни профили се Техничар за мултимедиски технологии, Компјутерски техничар за развој на видеоигри и виртуелна реалност и Техничар за енергетски ефикасно греење и климатизација.

„Средното стручно образование е навистина успешен модел на образование во Македонија. Занаетите имаат иднина, или како што популарно се вели – занаетите злато вредат“, додаде Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9ed820rc5ms14gf1rZa

Јаневска ги отфрли обвинувањата: „Не ги криеме бодовите за студентските домови“

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
28102024_Janevska

„Ранг-листите се објавени“: Јаневска одговори на обвинувањата дека се прикриваат резултатите од приемот во студентските домови

Македонија | пред 4 дена

media-library58ablcn6v9k66048R1E

За неколку дена завршува проширувањето на „Киро Глигоров“, учениците преминуваат во една смена, најави Јаневска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr0g5hk12eofu20H10am

Јаневска најави казни и за родителите: Ќе се воспостави систем за спречување на насилството во училиштата

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања