Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Најдобар редослед на јадење храна за здравјето на цревата, според гастроентеролозите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Магазин
media-libraryrd7pulmfg72ufZXiJQw
Photo by Alex Haney on Unsplash

Здравјето на цревата има големо влијание врз целокупниот организам – од варењето и имунитетот, па сè до расположението и ризикот од хронични болести. Освен што е важно што јадеме, гастроентеролозите велат дека значење има и редоследот по кој ја внесуваме храната.

— реклама —

Според експертите за дигестивно здравје, оброкот најдобро е да започне со намирници богати со влакна. Во оваа група спаѓаат овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови и семки.

— реклама —

Лекарите објаснуваат дека влакната се клучни за добрите бактерии во цревата, бидејќи помагаат во создавање корисни масни киселини кои ја зајакнуваат цревната бариера и го намалуваат воспалението. Дополнително, храната богата со влакна помага во стабилизирање на шеќерот во крвта и создава подолго чувство на ситост.

По влакната, се препорачува внесување протеини и здрави масти, како риба, јајца, млечни производи, маслиново масло, јаткасти плодови и семки. Овие намирници ја поддржуваат цревната слузница и помагаат во одржување на балансот на добрите бактерии.

— реклама —

Едноставните јаглехидрати, како бел леб, тестенини и печива, според гастроентеролозите треба да се јадат дури потоа, бидејќи можат нагло да го покачат шеќерот во крвта ако се консумираат на почетокот од оброкот.

— реклама —

На крај, експертите советуваат пржената и ултрапреработена храна, како и слатките, да се оставаат за последно, бидејќи најмалку придонесуваат за здравјето на цревата и можат негативно да влијаат на добрите бактерии во организмот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Поевтинуваат житарките, месото и млекото, цените на храната на светскиот пазар паднаа за 1,2 отсто

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk6quetih0ajie91knYD

Нов бран поскапувања на храната во Европа, свежите производи најмногу погодени

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf3ed0ehmbc4dcwmzg2U

Македонија меѓу земјите со најниски цени на храната, но колку е таа достапна?

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања