„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026
3 нед.
media-librarydieim7043fpd8HcWnGe

Забраните ќе ја поттикнат нелегалната трговија со тутун, велат од Групацијата за производство на цигари

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ретроградност во усогласување со постојната законска регулатива), загрозување на индустријата, удар врз малите и средни бизниси, како и поттикнување на нелегалната трговија.Според Групацијата, нацрт-законот за заштита од пушење е направен според словенечкиот модел, но тој не може да биде применлив во земјава, пред сé бидејќи двете држави се разликуваат по многу параметри: во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура чие одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, имено во историски најголем обем на откуп и цена. Во земјава активно работат две фабрики за производство на тутунски производи, кои придонесуваат со голем удел во приходите во државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани.„Тоа што е заедничко со Словенија е дека и Република Македонија, како земја кандидат во ЕУ, е под постојан мониторинг и евалуација на позитивното законодавство од страна на телата на ЕУ задолжени за проширување, кои до сега нотирале позитивен напредок и висок степен на усогласеност со ЕУ директивите. Еден таков закон е Законот за тутун, тутунски и сродни производи“, велат од Групацијата.Според Групацијата еден од најголемите недостатоци со предложување на комплетно нов текст на Законот за заштита од пушење е нормативно-правната неусогласеност со позитивните закони и прописи кои ја регулираат оваа проблематика, особено со Законот за тутун, тутунски и сродни производи.„Новиот нацрт-закон содржи многу недоследности во клучните дефиниции, со што прави правна забуна во многу области, наспроти желбата да се осврне на јавно-здравствениот момент. Оваа неусогласеност особено е изразена во изедначувањето на цигарите и алтернативните тутунски производи, кои во новиот нацрт-закон се ставаат во една иста категорија, што е апсолутно неточно бидејќи овие категории веќе се посебно дефинирани во постојниот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Изедначувањето на сите категории производи и особенo, внесувањето новокреирани нејасни термини, претставува назадување на постојната воспоставена регулаторна рамка“, велат од таму и додаваат дека во контекст на споменатото е занемарувањето на бројни светски, регионални и локални истражувања кои докажале дека има значителна разлика меѓу цигарите и производите без чад – објаснуваат од Групацијата.Вториот значаен аспект на предложеното законско решение, според Групацијата, е сериозното негативно влијание врз целокупната економија во земјата, малите и средните претпријатија, но и врз приливите во државниот буџет.Дополнително, велат од таму, се очекува забраните на домашниот пазар да ја поттикнат нелегалната трговија на тутунски производи во земјава, што исто така негативно ќе влијае врз државниот буџет.Групацијата истакнува дека нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали.„Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба, но и поттикнување нелегална трговија. Дополнително, забраната би предизвикала спротивен ефект од она што ние со години се обидуваме да го постигнеме – контролирана комуникација и обучен вработен кадар кој се грижи информацијата да стигне само до полнолетните корисници. Слично е и со забраната на производи со ароми и вкусови, која, како и кај другите забрани, нема да доведе до намалување на бројот на пушачи, туку само до намалување на приходите и поттикнување нелегална трговија, што се покажа во повеќето земји во кои се забранети аромите и вкусовите, како што е и Словенија“,велат од Групацијата.Третиот голем недостаток на нацрт-законот, според Групацијата, е што не нуди решенија и прецизирање наспроти многубројните новововедени забрани за тоа како да се имплементираат предложените мерки во пракса, што остава простор за сериозни недоречености и несигурност при примената на законот.„Во овој контекст, недоволно прецизно и јасно се дефинирани и локациите на кои е забрането и тие на кои е дозволено пушењето и користењето алтернативни тутунски производи, што ќе овозможи различни толкувања од страна на бројните инспекциски служби и реален проблем при спроведување на прописот“, велат од таму.Групацијата истакнува дека е неопходна темелна доработка и усогласување на нацрт-законот со македонската економска реалност и со принципите за намалување на штетноста, односно потребно е Законот да се донесе по сериозни и сеопфатни консултации со сите засегнати страни, што ќе овозможи заштита на јавното здравје.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2022-01-22-at-14.12.24

Четири години без Аки: гласот што со децении ја полнеше Македонија со емоции

Аки Рахимовски засекогаш е запишан во музичката историја како еден од најпрепознатливите вокали на овие простори.Аки Рахимовски е роден на 5 јуни 1955 година во Ниш, но израснал во Скопје, каде што уште рано го покажал својот талент за музика.Неговиот татко, музички педагог, го поттикнувал интересот кон музиката, а Аки уште како дете почнал да свири клавир и тапани. Во тинејџерските години се приклучил на повеќе рок-бендови, што го означило почетокот на неговата музичка кариера.Како тинејџер бил член на неколку состави, меѓу кои групите Вакуум, Крвна браќа и групата Тор, со која настапил на фестивал во Загреб во 1975 година. Таа година ги запознава гитаристот и композитор Хусеин Хасанефендиќ – Хус и Јурица Паѓен. Истата година, во соработка со менаџерот Владимир Михалјек – Миха, ја формираат првата постава на Парни валјак.Првата постава на Парни валјак ја сочинувале: Аки Рахимовски (вокал, клавир), Хусеин Хасанефендиќ – Хус (соло и акустична гитара, вокал), Среќко Антониоли (тапани), Златко Миксиќ – Фума (бас-гитара) и Јурица Паѓен (соло и акустична гитара). Во триесетгодишната кариера, Парни валјак објави 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации и два концертни ДВД-изданија.Првиот албум со Парни валјак го објавуваат во 1976 година под наслов Дођите на шоу!, во издание на белградската дискографска куќа ПГП-РТБ. Една година подоцна, загрепски Југотон го пласира вториот албум Главом кроз зид. Третиот студиски албум Градске приче е објавен во 1979 година и добива и светска дистрибуција под името City Kids.Четвртиот албум Вруће игре излегува во 1980 година и, како и претходниот, е снимен во студиото CSB во Милано. Во 1981 година следи албумот Вријеме је на нашој страни, а потоа Главном улицом (1983) и Ухвати ритам (1984).Сите албуми постигнале златни и платинести тиражи, со вкупна продажба од неколку милиони примероци. Во 1985 година го објавуваат албумот Покрени се!, а во 1987 година Анђели се досађују?, на кој се наоѓа култниот хит „Јесен у мени“.Кон крајот на осумдесеттите се формира последната постава на бендот, а во 1990 година е објавен албумот Ловци снова. По повод 15 години постоење, во 1991 година излегува албумот во живо Свих 15 година, како и компилацијата Пусти нек траје.Во 1992 година на бендот му се приклучува и еден од најдобрите хрватски гитаристи, Маријан Бркиќ – Брк. Во 1993 година го снимаат албумот Буђење, кој освојува дури шест награди „Порин“. Две години подоцна го издаваат еден од најпродаваните албуми во историјата на хрватската музика – Без струје: Live in ZeKaeM.Албумот Заставе е објавен во 2000 година, а Претежно сунчано? во 2004 година. По повлекувањето на Хус од концертните активности во 2005 година, бендот продолжува под водство на Аки и во 2007 година го издава албумот У времену изгубљених.Во 2009 година Парни валјак се враќа на сцената со голема турнеја низ Хрватска.Во приватниот живот, Аки Рахимовски бил исклучително дискретен. Двапати бил во брак, има син Кристијан – исто така музичар, ќерка Едина, а во 2020 година, само две години пред смртта, со својата партнерка Барбара Весел доби и ќерка Антонија.Аки Рахимовски почина на 22 јануари 2022 година, на 66-годишна возраст.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryp9t4g0amehjf9eJ9nmg

Објавен македонскиот олимписки тим за Зимските олимписки игри во Италија

Македонскиот Олимписки Комитет со огромно задоволство и гордост го објавува официјалниот состав на македонската делегација што ќе ја претставува нашата држава на претстојните XXV Зимски олимписки игри, кои ќе се одржат во Милано и Кортина, Италија.Македонскиот тим патува за Италија со четири потврдени олимписки норми. Честа да ги носат националните олимписки обележја и да се натпреваруваат со светската елита ја имаат следните спортисти:Нордиско трчање (Крос-кантри): Ана Цветановска – Дисциплини: Спринт и Интервал старт 10 км Ставре Јада – Дисциплини: Спринт и Интервал старт 10 кмАлпско скијање: Јана Атанасовска – Дисциплини: Слалом и Велеслалом Мирко Лазарески – Дисциплини: Слалом и ВелеслаломНашите спортисти покажаа исклучителна посветеност во квалификацискиот период и се подготвени да го дадат својот максимум на олимписките патеки.Ги повикуваме јавноста и медиумите да ја дадат својата поддршка за нашите олимпијци. Сите официјални информации, резултати во живо, фотографии и ексклузивни содржини од игрите ќе бидат навремено објавувани на нашите официјални канали.Во прилог на ова соопштение ви доставуваме и креатива со нашите олимпијци, кое може слободно да ја користите за вашите објави.

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп по разговорите со Зеленски испрати порака до Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е јасна – војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски одржани во Давос во четвртокот.Американски и украински претставници веќе со недели водат интензивни дипломатски активности меѓу различни престолнини, во период кога Киев се соочува со засилен притисок од администрацијата на Трамп да обезбеди мировен исход на речиси четиригодишниот конфликт, и покрај ограничените сигнали дека Москва е подготвена да ги прекине борбите.По средбата со Зеленски, која траела околу еден час, Трамп изјави дека разговорот бил „добар“, без да навлезе во детали за содржината. Еден ден претходно тој оцени дека можен договор е „разумно близу“.„Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Ова е процес што трае“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека американските пратеници денеска патуваат во Москва на разговори. На прашањето каква порака му испраќа на Путин, Трамп одговори: „Војната мора да заврши.“Зеленски претходно оваа недела најави дека ќе отпатува во Давос само доколку постои можност за потпишување договори со Трамп за американски безбедносни гаранции и финансирање на повоената обнова на Украина, но по средбата немаше индикации дека е постигнат конкретен напредок.Двајцата лидери се сретнале лице в лице приближно шест пати откако Трамп минатата година се врати во Белата куќа и ја смени американската политика кон Украина, отворајќи простор за дипломатија со Русија.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
lence-ristoska

ВРМРО-ДПМНЕ: Ленче наместо да се извини глуми жртва

Обвинителката Ленче Ристоска беше дел од СЈО, кое заврши со криминален скандал и рекетарска мрежа вредна неколку милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Како дел од таа мрежа, правосилно беше осудена нејзината шефица, Катица Јанева.Таа се дискредитираше себе си што беше дел од обвинителството формирано за политички прогон и изнуда кое беше маша во рацете на СДС и Зоран Заев.Што повеќе да се каже од ова.Интересно е како Ленче Ристоска сама се пронаоѓа во изјавите.Затоа Ристоска наместо да се извини, прави дефокус и глуми жртва. Таа не е никаква жртва, туку рицидив на системот кој голташе жртви и правеше прогон“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarykgu5elnmkf66cyXeQ4l

Судијка под истрага, „Скопје1“ под закана: Кој го напиша вториот записник за случајот „Телеком“?

Судскиот совет констатирал сериозни прекршувања во постапувањето на судијката Наташа Савовска-Димитровска во предметот „Телеком“. Поради тоа, таа најпрво била суспендирана, а потоа и разрешена. Прашањето дали во предметот постоел двоен записник, како што пред членовите на Судскиот совет тврдела нејзина колешка, Јетмире Ајдини, која исто постапувала во предметот, не е утврдено од Судскиот совет. Тие сметале дека за тоа треба да одлучи Обвинителството, кое води предистражна постапка. Ова е точната и целосна формулација на она што досега е утврдено во постапката што се води против судијката и нејзините колеги.Во демантот испратен до редакцијата на „Скопје1“, Савовска-Димитровска преку адвокат тврди дека наводите за нејзина утврдена одговорност се „со невистинита и непроверена содржина, со намера да се создаде погрешна перцепција во јавноста за судиите и да се наруши нивниот углед“, при што дополнително наведува дека со објавувањето на текстот, редакцијата наводно задоволувала интереси на „Телеком“ и најавува кривична одговорност.Во истиот демант, таа се заканува со кривични пријави против редакцијата на „Скопје1“ поради текстот во кој фокусот е ставен на работата на Судскиот совет и новоизбраните членови, а во кој, меѓу другото, како пример е споменат и предметот „Телеком“. Притоа, неосновано, клевети и обвинува дека текстот е за да се „задоволи интересот на Телеком“, за што ќе преземеме соодветна правна постпака.„За волја на вистината и објективното информирање на јавноста, објавената вест дека постојат два записника е лажна и невистинита, односно во предметот постои еден единствен записник, изготвен и потпишан согласно закон“, се наведува во демантот.Меѓутоа, ако се земе предвид Извештајот за констатираната состојба по предметот „Телеком“, изготвен од Судскиот совет и јавно достапен, јасно произлегува дека токму Обвинителството треба да ја утврди вистината. Во извештајот е наведено дека судијка која постапувала во истиот предмет, изјавила дека бил изготвен втор записник, бидејќи таа имала издвоено мислење, но дека, според нејзините тврдења, наместо новиот записник, во предметот завршил претходниот кој бил составен и потпишан, но не и искинат.„Во конкретниот случај постојат неколку отворени прашања и различни изјави на судиите за суштински прашања, и тоа: дали е креиран записник на 11.07.2024 година во канцеларијата на судијата Н.С.Д., со издвоено мислење на судијата Ј.А.Б. за потврдување на првостепената пресуда. Имајќи го предвид фактот дека за да се даде одговор на дел од овие прашања е потребна детална истрага која е надвор од ингеренциите на Судскиот совет, работната група смета дека овој извештај треба да биде доставен до Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во извештајот.Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека по предметот веќе се постапува и дека се прибираат докази.„Предметот е во фаза на предистражна постапка и се преземаат дејствија на прибирање вербални искази“, велат од Обвинителството.Двете судијки, заедно со трета судијка, одлучуваа во судски спор стар повеќе од две децении, во кој интернет-провајдерот „Фокуснет“ од Штип кој ја тужеше компанијата „Телеком“. Апелацискиот суд донесе пресуда со која „Телеком“ треба да исплати отштета од околу четири милиони евра на штипската компанија. Судскиот совет констатираше одговорност кај судијките кои постапувале во предметот, при што две од нив – Савовска-Димитровска и Георгиева – беа разрешени. Тие поднесоа жалби до Врховниот суд, по што предметот беше вратен на повторно одлучување, а нивната судбина повторно е во рацете на Судскиот совет, сега и со новоизбрани членови.Во овој контекст, редакцијата на „Скопје1“ оценува дека е досега невидено и нечуено суспендиран судија да се заканува со кривични пријави кон новинари и редакции, како и неосновано да обвинува за нарачано новинарство. Поради тоа, „Скопје1“ преку Здружението на новинари на Македонија ќе поднесе соодветни претставки и пријави, оценувајќи го ваквото постапување како сериозен притисок и обид за заплашување што може да влијае врз слободата на медиумското работење. Дополнително, со правниот тим, редакцијата ќе одлучи кои други правни механизми ќе ги искористи за заштита на својот интегритет од паушалните и лажни обвинувања што доаѓаат од суспендиран судија, за постапка која е јавна и целосно проверлива преку јавно достапната документација, а во која целосно е споменато и името на судијата (страна 5).Во претходно објавениот текст, „Скопје1“ се осврна на улогата и угледот на Судскиот совет во општеството, на случувањата поврзани со неговото работење низ годините, како и на повеќе чувствителни и јавно следени предмети, меѓу кои и „Телеком“, за кои во јавноста постоеле наводи, сомнежи и утврдена одговорност.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
filipce-51

Филипче: Лажните вести се дефокус, во позадина се краде и се договараат мигранти за пари

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека додека ВМРО-ДПМНЕ објавува лажни вести, во позадина под диригентство на премиерот Мицкоски се спроведува кражба и договор за мигранти.„Она што е важно граѓаните да го знаат, додека се објавува лажна вест, во позадина се одвива кражба. Додека ние се занимаваме со лажни вести, измислени афери Жан, кули итн, притоа паралелно на тоа Мицкоски на средба во Давос преку посредничка компанија договара мигранти. Така тоа оди - кучињата си лаат, караванот си врви“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека она што секојдневно го прави ВМРО е дефокус преку лажни вести и медиумски напади кон него лично и кон СДСМ, со единствена цел да ги прикријат нивните криминали.„Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш. Со ова се бориме секојдневно, невистини, лаги, навреди, хајки, линч. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање. Зошто власта го прави ова – за дефокус од вистинските, реални проблеми“, нагласи Филипче.Тој додаде дека интензитетот на нападите кон него и кон СДСМ почна по договорот „мигранти за пари“ и разоткривањето на корупциските скандали на власта.„Кога започна да се зголемува интензитетот на нападите врз мене и врз СДСМ? Кога откривме дека постои договор ‘мигранти за пари’, кога почнавме да објавуваме ‘бомби’ – 161 тендер за една фирма, 52 милиони евра преку општините, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра преку Пошта, сè за ортаците на Мицкоски. Кога кажавме дека недостига една милијарда евра, а сега, за жал, веќе недостигаат две милијарди, а јануари сè уште не е ни завршен“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryk8g9svjj7tuo9TT1kKD

Дилер на хероин фатен кај Петровец, обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и можности повторно да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryvta2lhaa4gvl1xXuewo

Филипче: Најавата на мојот линч е од 19 ти декември

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција презентираше дел од илјада токсични и навредливи медиумски наслови, кои се производ на „медиумскиот октопод на ВМРО“.Филипче посочи дека со вакви напади секојдневно се соочува и лично тој и СДСМ. Филипче потсети  дека најавата за неговиот линч се случи на 19-ти декември минатата година, со што стана јасно дека се работи за смислено и координирано сценарио од ВМРО-ДПМНЕ.„Дозволете да ја цитирам, најавата за мојот линч, повторно, уште на 19 ти декември минатата година - “Венко Филипче којшто треба да одговара за криминали од набавката на вакцини до клинички центри “. И ова е најава ако сакате така да ја наречам на една ваша колешка, претседателка на едно од таканаречените независни здруженија на новинари. Дали е сега појасно кога велиме дека е сценарио, смислено и координирано?“, изјави Филипче.Притоа, Филипче нагласи дека од здруженијата на новинари очекува да застанат на страната на вистината.„Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Геровски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека целта на ваквата кампања на ВМРО е дефокусирање од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.Тој најави дека СДСМ ќе се обрати до Европската Унија, до  нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.„Ова нема да нè запре. Сега сме посилни, затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат, на патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи“, порача Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjghknjvle3nibw7l0yg

Прогласена вонредна состојба во Глифада по разорната бура

Прогласена е вонредна состојба во општина Глифада, на јужниот брег на Атина, по разорната бура што ја зафати областа , при што загина 56-годишен пешак кој бил однесен од надојдените води и останал заглавен под автомобил.Според одлука на Министерството за внатрешни работи, ќе бидат одобрени итни финансиски средства за општината, со цел да се процени обемот на штетите на улиците и инфраструктурата и да се пристапи кон неопходните санации.„Она што го доживеавме е нешто што ниту јас, ниту најстарите жители на Глифада некогаш сме го виделе“, изјави градоначалникот на општината, Ѓоргос Папниколау.„Од синоќа сме постојано на терен и непрекинато работиме“, додаде тој.„Досега отстранивме не знам колку камиони полни со камења и секаков отпад. Освен карпи, извадивме и тоалети и мијалници – сè што можете да замислите се симна од планината“, истакна градоначалникот, посочувајќи дека нелегалното фрлање отпад дополнително придонело за поплавите со затнување на коритата на потоците.Во изјава за „Катимерини“, жителите на оваа крајбрежна општина велат дека поплавите отсекогаш биле проблем во ова подрачје, но дека состојбата дополнително се влошила поради неконтролираното ширење на урбаните зони и серијата шумски пожари на планината Имитос.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“, проблемот на СДС е криминалот

Очигледно портпаролката Боданка Кузеска кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДС е партија на многу интриги и проблеми, се велли во реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„На Филипче, крив му е народот и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои што правеле криминал заради што секој мисли дека се криминалци.Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис заедницата, синдикатите кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДС е криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и менторот Заев, кои ја доведоа СДС на вака ниски гранки.Жална е епизодата кога лидер на некогаш големата СДС, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма, за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите.Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите кои си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите кои се излеаа врз СДС и народот сето тоа го гледа.Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и национални интереси.Наместо факти, Филипче глуми жртва и плаче за „медиумски октоподи“. Тие „октоподи“ седум години му служеа на СДС како портпароли, додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти, ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryl5c356d7vgbtc4se1Qw

Полицајка осомничена за оддавање службена тајна: Открила тајна акција со дрон

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделение за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10.07.2025 остварила телефонска комуникација со едно лице на телефонскиот број кој го користи нејзиниот брат и му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле предвидени и преземени по оперативна акција.Со ваквото дејствие, кое може да има штетни последици за службата, пријавената го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“. Одделот за внатрешна контрола против В.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Државата воведува целосна забрана за рекламирање на тутун и никотин

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица не само на класични цигари, туку и на сите останати никотински производи, со воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и јавни настани.Рекламирањето директно влијае врз започнување на пушење, особено кај младите. Со овие законски одредби се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес, појаснува министерот Алиу.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
evra

Закани по живот за непостоечки долг: Тројца скопјани осомничени за изнуда од 50.000 евра

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.З.(48), Ѓ.А.(27) и Ц.Е.(36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.Пријавените, од ноември 2025 до 25.12.2025, со закани по животот на Ш.К.(32), барале за наводен долг од 20.000 евра, кој го должи 26-годишниот Н.К., да исплатат 50.000 евра.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygbotjgld2om71bAgU45

Кумановец фатен во нелегална трговија со заштитени историски предмети

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост”.Пријавениот во текот на 2024 година купил монети кои потекнуваат од 18 и 19 век и предмети во вид на „пафти” кои претставуваат етнолошки предмети, кои потекнуваат од 19 век или почеток на 20 век и претставуваат добра под привремена заштита.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarytm2nv4m59pfs6jb39SZ

Откриена „тајната“ на Windows 95: Скриен трик што го забрзувал рестартирањето на системот

Речиси три децении откако Windows 95 го промени светот на компјутерите, излегоа на виделина нови детали за инженерските трикови што стоеле зад неговиот интерфејс. Еден од најинтересните, целосно скриен од обичните корисници, се однесувал на процесот на рестартирање на системот, кој во тоа време можел да трае со минути.Во ерата кога процесорите работеа со само неколку десетици мегахерци, секое враќање во BIOS и повторна проверка на меморијата значеше долго чекање.Познатиот инженер на Microsoft, Рејмонд Чен, потсети на функцијата за брзо рестартирање. Доколку корисникот го држел копчето Shift додека кликал на „Yes“ при рестартирање, Windows 95 правел нешто невообичаено – наместо целосно да го изгаси компјутерот, тој го ресетирал само софтверскиот слој и веднаш повторно го вчитувал оперативниот систем, прескокнувајќи ги хардверските проверки, односно т.н. „ладно“ стартување.Иако за корисниците ова изгледало како едноставна заштеда на време, зад сцената се одвивала вистинска техничка акробатика. Windows 95 морал да ги изгаси 32-битните и 16-битните делови од кернелот, да го врати процесорот во „реален режим“ и да се обиде да ја ослободи меморијата што ја користеле драјверите.Често се случувало некоја апликација да одбие да ја ослободи меморијата, поради што брзиот рестарт не успевал. Во таков случај, системот се „откажувал“ и продолжувал со класичното, побавно рестартирање.Ова откритие уште еднаш потсетува на неверојатните решенија што инженерите на Microsoft морале да ги применуваат за Windows 95 да биде компатибилен со стар хардвер и софтвер, додека истовремено воведувале модерни функционалности.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
policija-5

Пијан удрил во паркирано возило, па доби кривична пријава

На 21.01.2026 во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка.Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило.По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryenpgf92rbt6jbINYixa

Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска во просториите на Здружението на пензионери на Општина Центар присуствуваше на одбележувањето на 72 години од постоењето на организацијата.Пензионерите му врачија благодарница на градоначалникот за одличната соработка и партнерскиот однос со Општина Центар.„Чест е да се добие вакво признание токму од првото здружение на пензионери формирано во Македонија. Навистина соработката е одлична. Годинава ни претстојат заеднички  активности со здружението на пензионери на Општина Центар, меѓу кои:  „Носталгија за корзо-сеќавање на едно убаво време“, екскурзии низ Македонија, едукативно-креативни работилници за домаќинство, Пензионерски спортски игри, а во план е и изградба на Дом за стари лица“, истакна Герасимовски, примајќи ја благодарницата.Дополнително, локалната самоуправа реализира низа успешни и популарни проекти наменети за сениорите, како што се „Центар се грижи за возрасните“, „Итно копче“, бесплатен превоз до здравствените установи, како и еднократна парична помош, која годинава е зголемена на 5.000 денари.Општина Центар останува партнер на Здружението и продолжува да поддржува активно стареење и вклученост на повозрасните граѓани во политиките на локалната самоуправа и во животот на заедницата.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryf47ckj4ud1ek8X9kt0F

Андоновски: Нови е-услуги од ФЗО и поврзување со Централниот регистар на население: помалку шалтери, повеќе дигитални решенија за граѓаните и компаниите

Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување означија почеток  на интензивна соработка со конкретни резултати – воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите.На денешната прес-конференција, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека целта на Министерството е јасна: „јавните услуги да бидат достапни, поврзани и ориентирани кон потребите на граѓаните и бизнисите.“Министерот нагласи дека станува збор за услуги „кои директно го поедноставуваат пристапот до важни документи, го намалуваат административниот товар и го елиминираат непотребното чекање и физичко присуство на шалтери.“За правните лица, за прв пат е овозможена електронска услуга за:Издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување (целосно дигитално, достапно во секое време).За физичките лица, воведени се следните е-услуги:Потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување,Потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес,Потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа.„Овие услуги се само почеток на системска дигитална трансформација, а не изолирани технички решенија,“ порача министерот Андоновски.Посебен акцент беше ставен на воведувањето на единствената најава „Корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат во системот за единствена најава – SSO,“ рече Андоновски, додавајќи дека „граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил непречено да се движат и користат услуги на различни институционални портали, без повторно најавување и без дополнителни административни бариери.“Од денес, ФЗОМ е и технички поврзан со ЦРН, што овозможува автоматско преземање релевантни податоци за граѓаните. Министерот истакна дека преку ова поврзување, ФЗОМ „во рамки на речиси 40 управни и деловни постапки користи податоци од ЦРН како единствен референтен извор,“ со што се намалуваат грешките и потребата од рачно внесување податоци.Ова поврзување, меѓу другото, се применува во постапки како: пријава и одјава на здравствено осигурување, утврдување својство на осигурено лице, боледување, бременост и раѓање, лекување во странство, двојазични обрасци, рефундации, потврди и други права и обврски во надлежност на ФЗОМ.„Ова е пример како дигиталната трансформација треба да изгледа во пракса: институции кои соработуваат, системи кои се поврзуваат и услуги кои функционираат во корист на граѓаните,“ потенцираше Андоновски.„Ќе продолжиме да градиме вакви решенија – решенија кои носат реални, мерливи придобивки и ја трансформираат јавната администрација во модерен, ефикасен и достапен сервис.“ заврши министерот, Стефан Андоновски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев, прашува Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“, оценувајќи дека за време на владата предводена од СДС постоел обид за преземање на здравствената установа, што, според него, претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото.Петрушевски тврди дека сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во периодот кога бил на власт, наводно ја подготвувал продажбата на Клиничката болница преку значително зголемување на нејзиниот буџет. Според информациите со кои, како што вели, располага ВМРО-ДПМНЕ, токму во тој период болницата имала највисоки финансиски приливи од државниот буџет.Како аргумент, Петрушевски ги посочи официјалните буџетски податоци. Во 2015 година буџетот на Клиничката болница изнесувал 361,6 милиони денари, за во 2017 година да порасне на 406,6 милиони денари, а во 2018 година на 457 милиони денари. Во 2019 година следело значително зголемување на 612 милиони денари, додека во 2020 година буџетот достигнал 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ од речиси 11 милиони евра.Во следните години, според изнесените податоци, во 2021 и 2022 година буџетот изнесувал по 602 милиони денари, во 2023 година околу 548 милиони денари, во 2024 година приближно 515 милиони денари, а во 2025 година бил намален на 479.883.000 денари.„Бројките се повеќе од јасни и покажуваат дека во периодот кога Филипче бил министер, кон Клиничката болница имало огромен прилив на средства“, истакна Петрушевски, додавајќи дека станува збор за човек кој требало да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем.Според него, наместо фокус на интересите на пациентите и јавниот здравствен систем, Филипче, како што тврди, се занимавал со тоа која приватна болница да ја преземе, па дури и со нудење помош во судски постапки, што, според Петрушевски, укажува на сериозно и недозволиво влијание врз институциите.Тој потсети дека со години во јавноста се зборува за апетитите на поранешниот премиер Зоран Заев и на Венко Филипче кон приватниот здравствен сектор, оценувајќи дека овој случај дополнително ги засилува тие сомнежи.„Јавното обвинителство има обврска да постапи. Несомнено е дека за овој и за слични случаи има многу работа и дека институциите мора да покажат дека законот важи за сите“, порача Петрушевски.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања