„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026
3 нед.
259152317_476073507554637_2827034187181442103_n

Малолетник нападнат на автобуска постојка во Аеродром: Турнат во багажник поради снежни топки

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, во 22 часот, во СВР Скопје било пријавено кривично-правно релевантно насилство врз малолетно лице.Според пријавата поднесена од Е.Б. (36) од Скопје, околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице. Напаѓачот, како што е пријавено, насилно го турнал малолетникот во багажниот простор од своето патничко возило и од него барал да му открие кој фрлал снежни топки по неговото возило.Во инцидентот, според пријавеното, физички бил нападнат и другарот на малолетникот.Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на идентитетот и одговорноста на сторителот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Лажна порака за „Сејф сити“: Кавадарчанка измамена за речиси 30 илјади денари

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, во 15:45 часот, во ОВР Кавадарци била пријавена измама, во која 43-годишна жителка на Кавадарци била оштетена за износ од 29.930 денари.Според пријавеното, на 20 јануари 2026 година таа на својата електронска адреса добила лажна порака, испратена во име на Одделот за моторни возила при МВР, во која била известена за наводно сторен сообраќаен прекршок и добила насоки за електронско плаќање на казна. Следејќи ги дадените инструкции, оштетената се регистрирала на посочена интернет-страница и ги оставила своите лични податоци.Како што било пријавено, подоцна добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на парични средства, по што сфатила дека станува збор за измама.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не доставуваат лични и банкарски податоци преку сомнителни електронски пораки или линкови.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Тешко повредена 16-годишна девојка во сообраќајна несреќаa

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, околу 20:30 часот, во ОВР Кочани била пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај местото познато како „Двојни кривини“, во атарот на селото Уларци.Според пријавата, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С. (41) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка од селото Спанчево.Со телесни повреди се здобиле уште тројца 16-годишници од селата Чешиново, Спанчево и Кучичино, како и 14-годишна малолетничка од селото Чешиново. Повредите биле констатирани во Клиничка болница Штип, каде што повредените биле пренесени на укажување лекарска помош.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Девојче од 19 години прегазено во Скопје, однесено во болница со тешки повреди

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, околу 20 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.Според пријавата, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б. (25) од Скопје, удрило во пешакот А.И. (19) од селото Арачиново, скопско. Во несреќата 19-годишната пешачка се здобила со тешки телесни повреди.Повредената била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите биле констатирани од лекарска екипа.На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
pari-zaplena-evra-denari-mobilen

Со закани барале 50.000 евра за наводен долг: тројца скопјани осомничени за изнуда на скопјанец

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Х.З. (48), Ѓ.А. (27) и Ц.Е. (36), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.Според информациите од полицијата, пријавените во периодот од ноември 2025 година до 25 декември 2025 година, со сериозни закани по животот на Ш.К. (32), барале исплата на 50.000 евра за наводен долг во износ од 20.000 евра, кој, како што тврделе, го должел 26-годишниот Н.К.Од МВР информираат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува постапување од надлежното обвинителство.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

Полицајка осомничена дека открила информации за полициска акција со дрон

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против В.М., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“, казниво по член 360 од Кривичниот законик.Според соопштението на МВР, пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонска комуникација со едно лице, користејќи телефонски број кој го употребува нејзиниот брат. Во разговорот, таа му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, информации кои претставуваат службена тајна и биле поврзани со конкретна оперативна акција.Од Министерството наведуваат дека со ваквото постапување пријавената можела да предизвика штетни последици за службата, поради што се сомничи дека го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“.Покрај кривичната пријава, од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против В.М. ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
avmu

АВМУ со жестока реакција до СДСМ: Политичките напади врз новинарите ја загрозуваат медиумската слобода

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми.„Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја почитува улогата и автономијата на медиумите. Јавното дискредитирање или етикетирање на новинари и медиуми создава атмосфера на притисок, го поткопува јавниот дијалог и може директно да влијае врз безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите.Медиумите не смеат да бидат третирани како политички противници, ниту да бидат вовлекувани во партиски или политички конфронтации. Напротив, тие треба да имаат можност непречено, слободно и без притисоци да ја извршуваат својата професионална улога, во интерес на јавноста и демократските процеси.Агенцијата ги повикува сите политички субјекти да се воздржат од реторика која придонесува за поларизација, притисок или дискредитација на медиумите и новинарите и да ја почитуваат нивната уставна и професионална улога во демократското општество“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ, а од Мицковски се жалела кај колегите оти и правел притисок

Јавната обвинителка Ленче Ристоска соопшти дека ќе ги преземе сите институционални механизми кои ѝ стојат на располагање, посочувајќи дека е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, особено од позиција на моќ.„Јас ќе ги преземам сите институционални механизми кои ми се на располагање, бидејќи е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Поднесов и тужба за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Поднесов и за премиерот, како што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители, како институција која е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители“, изјави Ристоска.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Зеленски во Давос: Средба со Трамп пред клучните разговори Вашингтон–Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Давос во 13:00 часот по локално време, соопшти Кабинетот на претседателот на Украина. Зеленски веќе пристигнал во Швајцарија пред почетокот на форумот, пренесува АФП.Средбата со Трамп е закажана само неколку часа пред специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, да одржат разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Вашингтон инсистира на постигнување договор за прекин на војната, која трае речиси четири години.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrni68dik4kbh7vh9sb5

(ВИДЕО) Трамп го потпиша „Одборот за мир“ – нова меѓународна организација на светската сцена

Американскиот претседател Доналд Трамп го стави својот потпис на таканаречениот „Одбор за мир“, со што ова тело и официјално стана меѓународна организација.Церемонијата на потпишување се одржува во Давос, каде што е во тек Светскиот економски форум.Пред официјалното потпишување, американскиот претседател им се обрати на присутните, најавувајќи дека „првата група угледни членови на Одборот за мир наскоро ќе биде претставена поименично“.Американскиот претседател посебно му се заблагодари на Тони Блер, кој нема да биде член на самиот одбор, но ќе учествува во работата на неговото извршно тело, задолжено за спроведување на визијата на Одборот за мир, пред сè во Газа.Во продолжение на говорот, Трамп им се заблагодари и на Марко Рубио и Џеј Ди Венс, при што ги пофали сопствените резултати на полето на економијата и воспоставувањето мир.„Денес светот е побогат, побезбеден и многу помирен отколку пред една година“, рече тој, а потоа додаде: „Ги изгаснавме сите тие пожари за кои многу луѓе дури и не знаеја – вклучително и јас“.„Ова е многу возбудлив ден, долго подготвуван“, рече тој, нагласувајќи дека „сите сакаат да бидат дел“ од Одборот за мир, иако засега поголемиот дел од европските земји, меѓу кои и Обединетото Кралство и Германија, не ѝ се приклучиле на иницијативата.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави ќе соработуваат и со Обединетите нации, по што повторно се осврна на темата за завршување на војните. „Имаме мир на Блискиот Исток. Решивме осум војни и верувам дека наскоро ќе биде решена уште една“, рече Трамп, мислејќи на војната во Украина.„Тоа беше војна за која мислев дека ќе биде едноставна, но се покажа како веројатно најтешката“, додаде американскиот претседател.Aгенцијата Associated Press објави список на земји кои, според нивни информации, го прифатиле повикот за учество во „Одборот за мир“ на Трамп.Поканата ја прифатија Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бахреин, Белорусија, Египет, Унгарија, Индонезија, Јордан, Казахстан, Косово, Мароко, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Виетнам.Од друга страна, засега учество одбија Франција, Норвешка, Словенија, Шведска и Обединетото Кралство.Покани добиле и други држави, но тие сè уште не се изјасниле јасно. Меѓу нив се Камбоџа, Кина, Хрватска, Германија, Индија, Италија, Европската комисија како извршно тело на Европската Унија, Парагвај, Русија, Сингапур, Тајланд и Украина.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
lopta-fudbal

Политиката му се заканува на Мундијалот 2026: Германија најавува можен бојкот поради Трамп

Пет месеци пред почетокот на Светското првенство 2026, ФИФА со зголемена загриженост следи неочекуван политички фронт што би можел сериозно да го загрози најголемиот фудбалски турнир во историјата.Станува збор за Мундијал со рекордни 48 репрезентации и три земји-домаќини – Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада – но и за контроверзи кои од ден на ден добиваат сѐ поголеми размери.Американскиот претседател Доналд Трамп, кој повторно се врати во Белата куќа, предизвика силни реакции со инсистирањето САД да го анектираат Гренланд, оправдувајќи ја идејата со „прашања од национална безбедност“. Оваа најава ги вклучи алармите во Европа и наиде на остри реакции од Данска, Европската Унија и НАТО.Од Германија пристигна одговор од Јирген Харт, пратеник од Христијанско-демократската унија и близок соработник на канцеларот Фридрих Мерц. Во интервју за „Билд“, Харт изјави дека дури и бојкот на Светското првенство би можел да се разгледа како крајна мерка за притисок врз Трамп да ја преиспита својата позиција околу Гренланд.Иако нагласи дека верува во дипломатско решение, Харт не ја исклучи можноста за симболичен чекор со сериозни последици. Влогот е огромен – Германија, четирикратен светски шампион (1954, 1974, 1990 и 2014), е една од најпрепознатливите фудбалски сили во светот и нејзиното евентуално отсуство би значело милионски финансиски удар за ФИФА и за земјите-домаќини.Во јавната дебата се вклучи и британскиот новинар Пирс Морган, кој на социјалните мрежи провокативно предложи повеќе европски репрезентации – меѓу кои Англија, Франција, Шпанија, Германија, Италија и други – да го суспендираат учеството на Светското првенство додека траат трговските спорови со администрацијата на Трамп.Иако засега сѐ е во рамки на шпекулации, евентуален бојкот би бил вистински земјотрес за организаторите. ФИФА, со Џани Инфантино на чело и со неговите познати блиски односи со Трамп, би се нашла пред одлука со историски размери.

Спорт | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryipvvhgl691e62tqS6Ld

„Тоше, те сакаме“ – културно-уметнички настан во Ново Лисиче во чест на Тоше Проески

На 23 јануари 2026 година (петок) во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ООУ „ЛазоАнгеловски“ во Ново Лисиче ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески.Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и коорганизиран од Општина Аеродром.Програмска содржина:12:00 – Свечено отворање и настап на деца од градинките12:00 – Ликовна изложба на ученици од основните училишта12:30 – Креативна активност „Пишуваме картони со Бомбакис“12:30 – Креирање заедничка мегаслика „Ѕвездено небо“ со PVP бренд13:00 – Настап на училишни хорови14:00 – Музички настап на актуелни македонски музички уметнициВо музичкиот дел од програмата ќе настапат: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Ивона Јо, Мартинјан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов, кои со свои интерпретации ќе му оддадат почит на безвременското музичко наследство на Тоше.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarys10vmluj4144e8RBiic

Кисела Вода инвестира во спортската инфраструктура- унапредени условите во спортската сала „Независна Македонија“

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска изврши увид во спортската сала „Независна Македонија“, која се наоѓа во кругот на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, каде што се реализираа повеќе зафати за унапредување на условите во овој спортски објект.Во рамки на извршените активности, набавени и монтирани се нови ЛЕД рефлектори со моќност од 200W и 400W, кои се енергетски ефикасни и еколошки, со што значително е подобрено осветлувањето во салата. Дополнително, извршена е замена на сигурносните вентили за висок притисок на топловодната инсталација, како и зајакнување на кровната конструкција.Сите зафати се реализирани согласно актуелните потреби и важечките стандарди, со јасен фокус на безбедноста и подобрување на условите за учениците и корисниците на салата.-Унапредувањето на спортската инфраструктура е наша обврска, но и искрена желба. Со овие инвестиции обезбедуваме побезбедни и поквалитетни услови за спорт и физичка активност на нашите деца. Верувам дека вложувањето во вакви објекти директно придонесува за здрав развој, спортски дух и позитивни навики кај младите. Ќе продолжиме посветено да работиме на создавање подобри услови за образование, спорт и развој на младите генерации- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1cplqr9nrtcf1yztpB9

(ВИДЕО) Антарктикот не ја исплаши: Колинда Грабар-Китаровиќ скокна во ледено море

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се огласи од Антарктикот, каде што скокна од гумен чамец во ледениот океан. Снимката ја објави на својот Инстаграм-стори, а ја сподели и патеписецот Кристијан Иличиќ.„Колинда покажа вистински поларен карактер. Поларен скок на Антарктикот – ледено море, студ што навлегува до коските и насмевка што кажува сѐ. Ова не се доживува секој ден“, напиша Иличиќ.Што е „cold plunge“ (ладно потопување)?„Cold plunge“ или ладно потопување претставува делумно или целосно нурнување на телото во ладна вода во траење од неколку минути. Тоа може да се практикува во када со мраз, езеро, океан или во специјализирани центри. Препорачаната температура на водата е 10 степени Целзиусови или пониска, а за почетници се препорачува времетраење од 30 до 60 секунди.Некои тврдат дека ладната вода ги намалува воспаленијата, го забрзува опоравувањето на мускулите и го подобрува расположението и менталната издржливост.Сепак, стручњаците предупредуваат дека изложувањето на ладна вода предизвикува т.н. реакција „бори се или бегај“, го забрзува срцевиот ритам и го зголемува крвниот притисок.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Парализиран јавниот превоз: дел од автобусите на ЈСП не стигнуваат до крајните станици

Состојбата со врнежите од снег и патната инфраструктура до 09:00 часот покажува дека зимските услови и натаму влијаат врз нормалното одвивање на сообраќајот и снабдувањето во повеќе делови од државата. Во Битолскиот регион, на територијата на Општина Крушево, регионалниот пат Крушево – Пуста Река, кој е пат од втор приоритет, е прооден исклучиво за теренски возила и за возила со соодветна зимска опрема, а надлежните служби најавуваат интервенција во претпладневните часови. Во Општина Демир Хисар, поради дефект на електричната мрежа, без електрична енергија се корисниците во селото Големо Илино, при што екипите на ЕВН се на терен и работат на санација на проблемот.Во Охридскиот регион, во Општина Кичево, дел од патните правци кон планинските села сè уште се чистат од снег, а се очекува целосно расчистување во текот на денот. Во Штипскиот регион, на подрачјето на Општина Виница, на повисоките населени места е забележана појава на голомразица, поради што се апелира до возачите за зголемена внимателност и прилагодување на брзината. Во Кумановскиот регион, во Општина Ранковце, во текот на денешниот ден ќе се изведуваат активности за расчистување на патните правци кон селата Герман и Огут.Во Скопскиот регион, од ЈСП Скопје информираат дека мал број автобуси од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации. Станува збор за линиите со броеви 11, 64, 74, 80 и 81, каде што сообраќајот е делумно редуциран поради условите на терен. Надлежните служби апелираат граѓаните редовно да се информираат и да ги почитуваат препораките за безбедно движење.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
puska

Со пушка се заканувал на вработен во адвокатска канцеларија

Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Ф.Б.(47) од кичевското село Туин откако претходно, пред адвокатска канцеларија во Кичево, од своето возило извадил пушка и упатил закани кон едно вработено лице.Се преземаат мерки за целосно расветлување по што, против Ф.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library4vsp2v80fas5cuH4JJ5

СДСМ: Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба со иста реторика на Мицкоски

ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали, вели СДСМ.„Координацијата на нападите врз СДСМ веќе на сите им е јасна.1.ВМРО ја напаѓа СДСМ за лидерската средба. Излегува Шилегов и ја напаѓа СДСМ за лидерската средба, дури употребува „изолирана партија“ односно со иста реторика на Мицкоски.Денеска Депостовски исто така ја напаѓа СДСМ за “неучеството на средба на лидерите на најголемите партии”.2.ВМРО ја напаѓа СДСМ затоа што бара законска заштита на податоците од системот „Сејф сити“.Деспотовски денеска за истата тема ја напаѓа СДСМ дека се инаети за „клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните”.Шилегов во емисија ја напаѓа СДСМ како била донесена одлуката да не се поддржи законското решение за истата тема.3.ВМРО бара оставка од претседателот Филипче. Шилегов и Деспотовски исто така.4.Деспотовски и Шилегов немаат ниту еден единствен критички збор упатено за Мицкоски и ВМРО, за нивните криминални тендери, за изолацијата на земјата, ниту пак за некоја владина политика. Ништо.Дали сега има некој што не му е јасно?Кога СДСМ вели дека сè е договорено, координирано и синхронизирано со ВМРО, нивните кујни и медиумскиот октопод Алфа-Алта, ова е нивното разоткривање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhggk8dj0edps9qUdHyE

РКЕ воведува строги сајбер-правила за енергетиката: задолжителни стандарди и паметни броила

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во кој приоритет имаат инвестициите за сајбер безбедност, назначување на офицер за сајбер безбедност - се дел од сетот на мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги имплементираат клучните енергетски компании со цел зголемување на отпорноста од сајбер напади.Целта на овие мерки е зголемување на отпорноста на енергетскиот систем на сајбер напади, заштита на критичната инфраструктура и обезбедување континуирано и сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.„Анализите покажаа дека до 2024 години ниту една компанија немаше имплементирано ниту еден стандард за сајбербезбедност. Некои имаа воспоставено локални политики во оваа сфера, процедури, но тоа не беше доволно за да се следи и паралелно да се надоградува безбедносниот сајбер обрач. Во овој момент две енергетски компании го имплементираа меѓународниот ИСО стандард (систем за управување со безбедноста на информациите), додека три компании се во финална фаза на имплементација. Факт е дека кај приватните компании имплементацијата е полесна, затоа што не се обврзани да распишуваат тендери како јавните претпријатија.“ посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ кој беше учесник на 3 Конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора.Со законските измени во 2023 година, РКЕ стана пионер во регионот во воспоставување на правила за сајбер безбедноста, посочи Рамов кој најави дека регулаторната дигитализација ќе продолжи, а следен чекор е воведување на паметни броила.“Законот е на сила, а операторите на пренос и дистрибуција треба да направат анализа за воведување на паметни мерни системи (smart meters). Целта е секој граѓанин сам, преку свој мобилен уред или он лине да следи како оди потрошувачката. Во овој момент се прави техничка анализа. Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема повеќе дилеми дали е сметката реална или претпоставена.“ посочи Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ.Со цел да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија РКЕ уште во 2023 година во соработка со НАРУК (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и УСАИД донесе Правила за сајбер-безбедност. Со нив, за првпат системски се уредуваат обврските на енергетските субјекти во однос на заштитата на мрежите, информациските и оперативните технологии. Во периодот што претстои овие правила ќе бидат усогласени и со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи што е предуслов за стабилен, сигурен и модерен енергетски систем.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryefjtvr3p9ih29Tjolz5

(ВИДЕО) Жена спасена во последен момент од надојден порој во Ано Глифада во Грција

Страшни сцени беа забележани во атинската населба Ано Глифада по катастрофалното невреме што ја зафати областа, при што животот го загуби 56-годишна жена. Поројните дождови ги претворија улиците во неконтролирани реки, кои носеа камења, урнатини и отпад од падините на планината Имет.Улицата „Кирилу Методиу“ се претвори во опасен воден тек што однесе контејнери и паркирани автомобили, кои се движеа неконтролирано. Жена која пешачела по улицата била повлечена од надојдените води и заробена под автомобил, по што трагично го загубила животот.Дворовите на куќите беа исполнети со кал и земја, улиците станаа непроодни поради огромните количества шут и камења, а противпожарните служби и во утринските часови продолжија со интервенции за ослободување жители заробени во своите домови, чии влезови беа целосно блокирани.Во истата населба, уште една жена вчера беше спасена во последен момент благодарение на самопожртвуваноста на двајца мажи. Според сведоштва и видеоснимки што кружат, таа се обидела пеш да премине улица која, поради невремето, се претворила во силен порој, со опасно надојдени води што се заканувале да ја однесат.Во клучниот момент, двајцата мажи влегле во надојдените води, ризикувајќи го сопствениот живот, успеале да ја фатат за раце и да ја извлечат на безбедно место, спречувајќи уште една трагедија.Откако невремето стивна, жителите излегоа на улиците со лопати, обидувајќи се сами да отворат премини за истекување на водата. Материјалната штета е огромна и, според надлежните, ќе бидат потребни значителни напори за целосно расчистување на патиштата.Градоначалникот на Глифада, Јоргос Папаниколау, изјави дека станува збор за невидена катастрофа во историјата на градот. Тој посочи дека општинските екипи се постојано на терен, отстранувајќи тони камења и отпад донесени од планината, и изрази длабоко сочувство до семејството на загинатата жена. Надлежните служби ги истражуваат точните околности на трагедијата.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryc1fdj26d7cn0ak67vTi

Македонскиот туризам на меѓународната мапа: Љутков со средби во Мадрид и силна поддршка од UNWTO

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, вчера во Мадрид оствари значајна средба со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Средбата помина во пријатна и работна атмосфера, при што беа разгледани можностите за унапредување на соработката и поддршката во процесот на одржлив туристички развој.Министерот Љутков упати честитки до Ал Новаис по повод нејзиниот избор за генерален секретар, нагласувајќи ја клучната улога на UNWTO во промовирањето на туризмот како двигател на одржлив развој, економски раст и меѓународна соработка, особено во услови на глобални предизвици за туристичкиот сектор. Тој истакна дека Владата стратешки го препозна туризмот како значаен економски сектор, што резултираше со негово вклучување во Министерството за култура, со цел воспоставување системски пристап и поефикасно управување со туристичките политики. Во таа насока, министерот информираше дека се работи на подготовка на нова Стратегија за туризам како клучен документ за понатамошен развој на секторот.На средбата стана збор за улогата на туризмот во рамномерниот регионален развој, валоризацијата и заштитата на културното наследство, развојот на руралните подрачја и зголемувањето на конкурентноста на туристичката понуда. Посебен акцент беше ставен на потребата од системско евидентирање на туристичките ресурси и воведување индикатори за мерење на туристичкиот потенцијал по региони. Беше нагласено и значењето на полноправното членство на Македонија во UNWTO, како и можноста експерти на Организацијата да се вклучат во процесите на едукација и јакнење на кадрите во туризмот, со цел унапредување на квалитетот и професионалноста во секторот. Средбата беше оценета како значајна основа за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и UNWTO во наредниот период.Претходно министерот Љутков оствари и работна средба со Фуад Нагхиев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на билатералната соработка во туризмот, како продолжение на разговорите започнати на Конференцијата КОП29 во Баку, при што беа разгледани можностите за отворање нов туристички пазар, потпишување Меморандум за разбирање, организирање B2B-средби и промоција на туристичката понуда на Македонија, со акцент на културен, верски, ено-гастро и активен туризам.Во рамките на посетата, министерот Љутков денеска ќе присуствува на свеченото отворање на Меѓународниот саем за туризам „FITUR 2026“, што ќе се одржи во присуство на шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција.Активностите во рамките на Меѓународниот саем за туризам „FITUR 2026“ ја потврдуваат определбата на Министерството за култура и туризам за интензивна меѓународна соработка, зајакнување на институционалните капацитети и позиционирање на Македонија како атрактивна, конкурентна и одржлива туристичка дестинација во текот на целата година.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања