„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026
3 нед.
kina

Пекинг: „Кинеската закана“ за Гренланд е целосно неоснована

Пекинг соопшти дека идејата оти Кина претставува закана за Гренланд е „целосно неоснована“, реагирајќи на извештаите дека НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за спречување на Кина и Русија да стекнат влијание на арктичката територија.„Таканаречената ‘кинеска закана’ е целосно неоснована и Кина се спротивставува на практиката да се користи Кина како изговор за остварување себични интереси“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на редовна прес-конференција.На настан во Давос во четвртокот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека тој и Трамп претходно разговарале за тоа како земјите членки на Алијансата можат „колективно да обезбедат Арктикот да остане безбеден и Русите и Кинезите да останат надвор“.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryeu1j2b8qjofmcolpiH3

Летечки такси во Србија од 2027: Белград прв во Европа со нова ера на авијација

Договорот за воведување летечки такси за ЕКСПО 2027 во Белград е финализиран со компанијата „Арчер“, потврди министерот за финансии Синиша Мали.„Владата на Република Србија потпиша договор со американската компанија ‘Арчер’, која е лидер во производството на летечки такси, со што Србија ќе биде прва во Европа што ќе воведе ваков превоз уште од 2027 година“, изјави Мали.Според него, Србија целосно подготвено влегува во нова ера на авијацијата, во која ваквиот начин на летање ќе биде доминантен во децениите што следат.„Покажавме дека сме отворени за нови технологии и инвестиции, испраќаме силен сигнал до инвеститорите и граѓаните дека Србија се менува и чекори во чекор со трендовите, придонесувајќи за растот и развојот на државата“, заклучи Мали.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarymqtne351sij58KaqtQa

САД се повлекува од Светската здравствена организација

САД денес се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), една година откако претседателот Доналд Трамп нареди таа да се повлече од агенцијата на ОН со седиште во Женева, што нејзиниот генерален директор ја нарекува „загуба и за САД и за остатокот од светот“.Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Теоретски, еден од условите за повлекување утврдени во договорот не е исполнет бидејќи САД не ги платиле своите претходни придонеси во целост како што е договорено.Сепак, СЗО нема начин да побара пари или да одбие да се повлече, истакнува агенцијата ДПА.„Се надевам дека САД ќе ја преиспитаат својата одлука и ќе се вратат во СЗО“, рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева, додавајќи дека овој потег е загуба за сите.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
antikorupcija

Левица: „ДКСК со својот демант ја потврди сервилноста кон власта“

Т.н. демант на Државната комисија за спречување на корупцијата не само што не ги побива наводите на Левица, туку индиректно и ги потврдува. Со самото признание дека во архивата било ангажирано лице со договор за дело, поврзано со партиски блиски медиумски и универзитетски кругови, и дека институцијата функционирала со сериозни внатрешни слабости, ДКСК всушност го признава она што ние го разобличуваме, велат од политичката партија Левица.„Со ниту еден збор не се демантира суштината, а тоа е дека во мандатот на Владата на ДПМНЕ, ДКСК не излезе со ниту еден цврст, храбар и принципиелен став за низа флагрантни случаи на непотизам, судир на интереси, незаконски именувања, сомнителни дипломи, тендерски мрежи, партиски и роднински колонизации на институциите. Напротив, Комисијата се прогласуваше за ненадлежна, ги отфрлаше пријавите, „не утврдуваше неправилности“, или ги заглавуваше предметите во фиоки - како во случајот со незаконски именуваниот началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, за кого и по повеќе од една година нема никаков исход, ниту пак ДКСК во својот „демант“ кажува до каде е постапката.Дополнително, ДКСК не реагира ниту на очигледните случаи кога функционери од власта поднесуваат формално доставени, но суштински неточни и нецелосни анкетни листови, со прикриени или искривени податоци за имотната состојба. Станува збор за неправилности кои се лесно воочливи и за најшироката јавност, а не пак за институција чија основна надлежност е токму контролата на ваквите пријави. Впрочен, во неколку наврати, Левица на тацна им сервираше вакви нерегуларности, но и покрај тоа, Комисијата не презеде никакви мерки, ниту пак им наложи на функционерите да ги коригираат анкетните листови, дозволувајќи ваквите пријави да останат  „исправни“ во системот, што директно ја поткопува транспарентноста.Фактот што Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ секојдневно продуцира афери, местени тендери, партиски вработувања, кронизам, непотизам, судир на интереси, а ДКСК молчи, релативизира или „не наоѓа ништо спорно“, е најсилниот доказ за тоа на чија страна стои оваа институција и во чија полза функционира. Дали е независен антикорупциски орган, или пак институција со инсталирани, компромитирани кадри кои служат за аминување или заташкување на скандалите продуцирани од арогантноста на власта.Левица ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои пристигнуваат за случувањата во ДКСК и за улогата на поединци, меѓу кои и компромитираната членка Цвета Ристовска. Единствениот начин оваа институција да почне да функционира во интерес на граѓаните, а не на владејачката коалиција, за жал, е преку постојан притисок, разобличување и солидарност против партиско-коруптивниот октопод“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
policija-germanija

Убиен маж во пукање во Дортмунд: Полицијата пронајде над 20 чаури

Во пукање во Дортмунд загина маж, а полицијата спроведува истрага за инцидентот што се случил во градската населба Нордштат, каде што биле пронајдени повеќе од 20 чаури и траги од борба.Инцидентот се случил нешто пред полноќ, а повредениот маж бил пронајден со прострелни рани. Итните служби се обиделе да го реанимираат на самото место, по што бил пренесен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите.На асфалтот биле пронајдени расфрлани парчиња искината облека, како и повеќе од 20 чаури од куршуми.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2021-09-18-at-16.32.03

Пукање во Австралија: Тројца загинати, едно лице тешко повредено

Три лица загинаа во пукотница во мало место во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, јави Би-Би-Си.Четврто лице е пренесено во болница во тешка, но стабилна состојба.Локалната полиција соопшти дека пукотницата се случила во градчето Лејк Карџелиго околу 16:40 часот по локално време и дека истрагата е во тек. Според медиумите, меѓу жртвите има две жени и еден маж.Полицијата упати апел до граѓаните да го избегнуваат подрачјето каде што се случил инцидентот и да останат во своите домови додека траат безбедносните мерки.Австралија и натаму се соочува со сериозни безбедносни предизвици, додека јавноста сè уште е потресена од неодамнешните насилни настани во земјата.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Трендафилов повика на протест: Време е работниците да излезат и да се борат за достоинствена плата

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, со јавен повик до работниците побара масовна поддршка и излезност на најавениот протест, нагласувајќи дека молкот и пасивноста значат поддршка на ниските плати и тешкиот работнички живот. Тој порача дека само преку заедништво и активен отпор работниците можат да се изборат за подобри услови и повисоки примања.„Сестри и браќа работнички и работници, денес ја бараме поддршката на секој еден работник, секој еден кој смета дека не треба да седи дома удобно во неговата фотелја на топло. Бараме да ни се придружи секој еден работник на 28 јануари во 17 часот затоа што седејќи дома дава поддршка на политиката на ниски плати, на мизерни примања и на тежок работнички живот.Затоа што другите сметаат дека на таков начин вие ги поддржувате нив, затоа што другите сметаат дека вас не ви треба зголемување на вашата плата, затоа што другите сметаат дека нема потреба да носат одлуки во интерес на 540 илјади работници наспроти 1080 функционери избрани и именувани.Време е работниците да сфатат дека само заедно можеме да се избориме за работничките права, време е работниците да сфатат дека само заедно можеме да се избориме за работничките платите, време е работниците да сфатат дека се сами оставени и дека еден работник не може да промени многу, но заедно можеме да промениме сѐ“, вели Трендафилов.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydijek9f724qd5tl3KXL

По 20 години мистерија: Во Брисел пронајдени останките на исчезнат Македонец

Човечки останки пронајдени во куќа во бриселската општина Ворст се идентификувани како на Реџеп Рахмановски, државјанин на Македонија кој се водел како исчезнат повеќе од 20 години. Откритието било направено во јули 2025 година, кога работници при реновирање на објект пронашле скелет во подрумот.Според белгискиот јавен сервис „VRT“, Рахмановски, роден во 1976 година во Македонија, последен пат бил виден на 16 јули 2003 година, кога го напуштил ресторанот на улицата Касмаркт во Брисел, каде што работел. Оттогаш му се губи секоја трага. Посмртните останки биле пронајдени на околу пет километри од местото на неговото исчезнување.Белгиската полиција упати јавен апел до сите кои имаат какви било информации поврзани со случајот да се јават на електронската адреса avisderecherche@police.belgium.eu или на бесплатниот телефонски број 0800 30 300.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrtivtnt49pgvb1YWkDp

„‘Кабернет Ѓокињон’ од 350.000 евра: едвај преживувал со плата од 3.000 евра, па морал да работи лозарство“

Родителите на судијата од Апелациониот суд во Скопје, Ѓоко Ристов, тврделе дека 350.000 евра пронајдени скриени зад плочки во ѕид не се сопственост на нивниот син, туку нивни, стекнати од земјоделие. Како што било соопштено на брифинг со новинарите, тие пред истражителите изјавиле дека парите се од „лозје“.Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните иронично коментираат дека „со плата од 3.000 евра едвај преживувал, па морал лозје да работи“, додавајќи саркастично: „Еее, знаете од оние вина од времето кога од три чаши се правевме ѕид? Епа тие биле од сортата Кабернет Ѓокињон“. Други, пак, заклучуваат дека од земјоделие може да се заработат 350.000 евра само ако се садат марихуана и афион.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
micotakis

Мицотакис го откажа патувањето во Давос поради невремето, заминува во Брисел

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го откажа планираното патување на Светскиот економски форум во Давос поради силните невремиња во Грција, а наместо тоа ќе отпатува во Брисел на неформална средба на лидерите на Европската унија.Во утринските часови, Мицотакис ќе претседава со состанок посветен на актуелната појава на овча и козја сипаница, поради која досега се уништени повеќе од 470.000 животни. Оваа високо заразна болест не е опасна за луѓето, но сериозно го погоди грчкиот сточарски сектор, кој има значајно место во националната економија.Мицотакис требаше да отпатува во Давос во средата, но патувањето го одложи поради развојот на состојбата со невремето, по што донесе конечна одлука целосно да го откаже.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
J4A3115

Деспотовски: Доста е од лаги и манипулации, одговорноста за кризата во СДСМ е кај раководството

Поранешниот функционер на СДСМ, Јован Деспотовски, со остар фејсбук статус реагира на, како што наведува, лагите, манипулациите и внатрепартиските пресметки на актуелното раководство на партијата, предупредувајќи дека ќе преземе и правни чекори доколку не следи јавно извинување.„Мене, но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ.Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функционери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв.Никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата. Од неучеството на средба на лидерите на најголемите партии, што е само дистанцирање од сопствената земја и граѓани. Од инаетењето со клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните.Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници.Отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство на партијата, кое го применува како метод за опстојување и преживување.Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ.Никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали“, вели Деспотовски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrsq2gvq5gp92bOvwsja

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов

Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ„Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања:Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydperhchqov1t5EOYrk0

(ВИДЕО) Разорно невреме: Загинати, поплави и хаос низ Грција

Силното невреме што ја зафати Грција и однесе два човечки животи се придвижува кон Егејските острови, каде што се најавени олујни ветрови. Северните Егејски острови се ставени во состојба на зголемена подготвеност, а метеоролозите предупредуваат на ветрови до 10 степени според Бофоровата скала и опасни бранови.Во средата, 53-годишен припадник на крајбрежната стража загина во источен Пелопонез, додека во атинското предградие Глифада жена се удави откако ја однеле поројните води. Поплави и силен ветер предизвикаа затворање улици, евакуации на домови, прекини во сообраќајот и електричната енергија, како и суспензија на траектните линии.Во делови од земјата училиштата беа затворени, а надлежните служби остануваат во состојба на готовност. Во поголемиот дел од копното се очекува постепено подобрување на временските услови, додека во планинските предели и понатаму ќе има снег.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryo7f12ifad5qv1YwTIUr

(ВИДЕО) Инцидент во Давос додека Трамп беше во зградата на Светскиот економски форум

Во Конгресниот центар на Светскиот економски форум во Давос се случил помал инцидент во моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓал во зградата, објави швајцарската новинска агенција Кејстоун-СДА.Портпарол на кантоналната полиција на Граубинден изјавил дека до синоќа не било точно утврдено каде избувнал пожарот поради кој се активирал алармот, пренесува Анадолија.Како што е соопштено, Трамп бил во објектот во време на инцидентот, каде претходно одржал говор.Полицијата информира дека нема пријавени повредени лица, а на терен биле распоредени пожарникари, полициски екипи и возила на брзата помош, поради високите безбедносни мерки што го следеа настанот.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Попова Шапка под најдебела снежна покривка – измерени 33 сантиметри снег

Најмногу снег утрово е измерен на Попова Шапка, каде снежната покривка достигнува 33 сантиметри, покажуваат податоците до 7 часот. По Попова Шапка, највисока снежна покривка е регистрирана во Маврови Анови со 15 сантиметри, во Битола 13, Ѓуриште 8 и Крушево 7 сантиметри.Во Тетово и Штип има по 5 сантиметри снег, додека во Берово, Претор и Струмица се измерени по 2 сантиметри. Во Виница и Крива Паланка снежната покривка изнесува 1 сантиметар.Температурите утрово се најниски на Попова Шапка со -4 степени и во Крушево со -3, додека во Маврови Анови, Берово, Тетово и Крива Паланка се измерени -2 степени. Во поголем дел од земјата температурите се околу нулата, а највисоки се во Гевгелија, Демир Капија и Охрид.Времето денеска ќе биде претежно облачно во претпладневните часови, со појава на магла во котлините, а попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 7 степени. Во Скопје ќе има променлива облачност со сончеви периоди и максимална температура до 4 степени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп се повлече од воведување царини за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека се откажува од воведување дополнителни царини за европските земји, по разговорите во НАТО за „идниот договор“ поврзан со Гренланд.„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, формиравме рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, со целиот арктички регион. Ова решение, доколку се спроведе, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји членки на НАТО“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Тој додаде дека, врз основа на ова разбирање, нема да ги воведе царините кои требаше да стапат на сила на 1 февруари.„Се водат дополнителни разговори поврзани со таканаречената ‘Златна купола’ и Гренланд. Повеќе информации ќе има како што ќе напредуваат преговорите“, наведе Трамп.Според него, за преговорите ќе бидат задолжени потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и други претставници по потреба, кои директно ќе му одговараат нему.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryacebk18bn4k39S38Cxb

Администрацијата на Трамп бара начин за соборување на комунистичкиот режим во Куба

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара луѓе внатре во кубанската влада кои би можеле да помогнат во постигнување договор за соборување на комунистичкиот режим во таа земја до крајот на годинава, пренесува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со состојбите.Според истите извори, Трамповата администрација е охрабрена од соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и смета дека постои можност слично сценарио да се примени и во Куба.На почетокот на јануари, Стејт департментот ја прогласи западната хемисфера за зона од посебен интерес за Вашингтон, а претходно претседателот Трамп се повика и на почитување на Монроовата доктрина, со која американскиот континент се дефинира како област затворена за мешање на други светски сили.Изворите наведуваат дека американската администрација проценила оти кубанската економија е блиску до колапс и дека владата во Хавана никогаш не била поранлива, особено по губењето на својот клучен сојузник – Венецуела.Иако, засега, не постои конкретен план за завршување на владеењето на комунистичката власт која управува со островот речиси седум децении, високи американски претставници за „Волстрит џурнал“ изјавиле дека апсењето на Мадуро во рамки на воената интервенција на САД и последователните отстапки од неговите сојузници се гледаат како јасен сигнал и предупредување за Куба.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryv2v42euca9ft5HpoR1r

Слаб снег на Струмица–Крушево и Ѓавато, сите патишта се проодни

Сите државни патишта низ Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се апелира до возачите да управуваат внимателно и да ја прилагодат брзината според условите на патот.Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани и во текот на целиот ден се на терен, со потребната механизација и работна сила, каде што континуирано се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат заеднички активности со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.Од надлежните се упатува апел до возачите задолжително да користат зимска опрема, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и редовно да се информираат за состојбата на патиштата преку официјалните информативни центри.Слаб снег во моментов провејува на патните правци Струмица–Крушево и Ѓавато, но истиот не се задржува на коловозот. Координираните активности на институциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се одржи безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
avion-poletanje-let

Драма на аеродром во Русија: Авион со 335 патници излета од пистата при полетување

Авион на релација Магадан–Москва со 335 патници денеска излета од пистата при полетување поради технички дефект, соопшти Далекоисточното транспортно обвинителство на Русија.Како што се наведува во соопштението, во инцидентот нема повредени, пренесува РИА Новости.„Денес, авион кој на пистата забрзуваше и се подготвуваше за полетување на линијата Магадан–Москва, излета од пистата поради технички дефект. Во авионот имало 335 патници. Ниту еден член на екипажот, ниту патник не е повреден“, стои во соопштението објавено на Телеграм.Поради инцидентот, аеродромот во Магадан е привремено затворен, а летот за Москва е презакажан за утре. Канцеларијата на транспортниот обвинител во Магадан започна инспекција за почитување на законите за безбедност и за функционирањето на воздушниот сообраќај.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7mhm9aopa0ge4U1sL4C

Шилегов бара оставка од раководството на СДСМ: Резултатите се катастрофални

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на Телма, јавно побара оставка од актуелното партиско раководство, оценувајќи дека резултатите од неговото работење се, како што рече, катастрофални и ја довеле партијата во длабока криза.„Да ја сведете поддршката на партијата на околу сто илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје и трета на државно ниво – ако тоа не е катастрофа, што е?“, изјави Шилегов.Тој најави дека незадоволството во партијата не доаѓа само од него, туку и од поширока група членови и функционери, меѓу кои и актуелни пратеници, кои, според него, немаат никаква комуникација со раководството.„Кога дел од пратениците ќе излезат од партијата, можеби и половина од пратеничката група, и кога дел од општинските раководства ќе ви ги затворат вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете“, порача Шилегов.Тој потсети дека бил отстранет од потпретседателската функција за време на т.н. операција „Метла“, а подоцна, како што рече, не бил свикан ниту конгресот што го барале бројни активни членови по локалните избори. Шилегов ја оспори и легитимноста на конгресот што го најави актуелниот лидер Венко Филипче, посочувајќи на апатија, пасивизација на членството и изолација на партијата.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања