„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026
3 нед.
48391816_270004033665546_6504079846342131712_n_270004000332216

Денес облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег

Денес променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќедостигне од 2 до 7 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќесе спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library91c6j9ptf2b7bh6Emem

(Видео) Героски: Со Заев имав комплицирана врска, тој не е човек со кој можеш да се скараш

Груевски е најлошото нешто што и се случило на Македонија, оцени во „Претрес со Ландов“, новинарот Бранко Героски.„Јас бев најнапаѓаната личност после Шеќеринска во времето на Груевски, но Груевски не побарал од Велија Рамковски да ме сменат од уредник. Дури и во времето на Заев немаше директна навреда или закана врз новинари”, рече Героски.Потврди дека разговарале со Заев за преземање на МИА, но според него, Заев од седница на Влада му се јавил дека разговараат за МИА, дека има кандидати а Драган Антоновски немал работа.„Со Заев имав комплицирана врска. Заев едно време беше надеж. Бранко Црвенковски го донесе во СДСМ, а јас го затекнав. Од Заев побарав да ми купи стапчиња за риба. Заев не е човек со кој можеш да се скараш, а сум го советувал бесплатно. Во прва прилика кога ќе дојде во Скопје, ќе испиеме кафе”, рече Героски.За кажаното за СДСМ, вели, немам зошто да се извинам.„Со мајмуни шах не играј, ќе ти ги растурат или украдат фигурите”, рече Героски.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryoskal463nej05dH27w9

(Видео) Героски: Не ги тужам СДСМ, влегувам во битка со оваа секта

Скоте, мртов коњ, секта, овие зборови напишани за СДСМ за Героски не се навреда. За неговото пишување има 10 претставки до од СДСМ.„Битките ги водам според однесувањето на противникот.Дваесет соопштенија на СДСМ ми се посветени мене, а сега и на Ивона Талевска. Не ги тужам СДСМ, туку влегувам во битка со оваа секта. Ова што е сега СДСМ не наликува на партија. Тоа вечерва го кажа и Петре Шилегов. Јон Фрчковски нема никогаш да го тужам, може да каже што сака”, вели Героски.Ние новинарите, нагласи, не сме секта, сите сме поединци.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqk3pujjtca3t1E6SABa

(Видео) Героски во Претрес со Ландов: Во животот сум заработил еден милион евра

Колку тежи Бранко Героски, на ова прашање во „Претрес со Ландов”, тој одговори: „Сум заработил во мојот живот еден милион евра. Се сам сум заработил”.Тој посочи дека весникот Дневник беше успешна приказна. Основачи со него биле Миле Јовановски, Александар Дамовски а како коосновач е Владимир Милчин .Дневник, вели, беше продаден кога беше во најдобра кондиција.„Дневник имаше 100.000 читатели. Тоа беше огромна енергија.Срѓан Керим врска немаше со тој бизнис, не верувам ни дека сега има врска. Ќе го паметиме по шишето со парите”, вели Героски.За себе вели дека бил чесен, пример за албанското прашање.„Пишував дека албанците беа обесправени”, објасни Героски.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqgskisbp0jun12Nq4mb

Што најмногу влијае врз намалувањето на капацитетот на батериите кај електричните автомобили?

Начинот на полнење на современите електрични автомобили има значајно влијание врз стареењето на батериите. Ова го покажува најновата анализа на експертите за телематика од Geotab, кои со години ги следеле податоците за батерии на повеќе од 22.700 електрични возила од 21 различна марка.И покрај сè почестата употреба на брзо полнење, батериите остануваат функционални значително подолго отколку што повеќето оператори на возни паркови претпоставуваат во своите планови за замена. Затоа, интензивната употреба и понатаму се смета за економски оправдана.Просечната годишна деградација на батериите во 2025 година изнесувала 2,3 проценти, во споредба со 1,8 проценти во 2024 година. Според Geotab, овој пораст главно се должи на зголемената употреба на моќни брзи полначи со еднонасочна струја (DC).Споредбата на различни профили на полнење јасно го покажува ефектот: возилата што најчесто се полнат со моќност поголема од 100 kW во просек губат околу 3 проценти од капацитетот годишно. Наспроти тоа, кај возилата што претежно се полнат наизменично (AC) или со пониска моќност, деградацијата е околу 1,5 проценти годишно.„Состојбата на батериите кај електричните возила останува добра, дури и кога тие се полнат побрзо и се користат поинтензивно“, вели Шарлот Арги, виша менаџерка за одржлива мобилност во Geotab.Студијата покажува и дека, дури и при високи стапки на DC-полнење, современите батерии најчесто траат подолго од животниот век што го предвидуваат возните паркови.Интересно е што и топлата клима ја забрзува деградацијата, но само за околу 0,4 проценти годишно во споредба со умерените климатски региони.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryr139tvur6dhhcEI7IeO

Ќе поскапат ли iPhone уредите во 2026 година поради недостиг на меморија?

Глобалниот раст на индустријата за вештачка интелигенција создава сериозен притисок врз пазарот на мемориски чипови, што доведува до недостиг на RAM-меморија и раст на цените, предупредуваат аналитичарите.Големите производители на меморија сѐ поголем дел од капацитетите ги насочуваат кон AI-сервери, кои носат значително поголем профит, додека производството на меморија за потрошувачка електроника стагнира.Поради тоа, во текот на 2026 година се очекува поскапување на компјутерите и паметните телефони. Производителите на компјутери со Windows веќе најавуваат зголемување на цените од 15 до 20 проценти, а од Samsung не ја исклучуваат можноста за поскапување на нивните телефони, пренесува „Cult of Mac“.Кога станува збор за Apple, ситуацијата е понеизвесна. Благодарение на високите профитни маржи и долгорочните договори со добавувачите, компанијата има повеќе простор да го апсорбира растот на трошоците без да ги зголеми цените.Apple во последните години не ги зголемуваше почетните цени на iPhone моделите, и покрај инфлацијата и зголемените производствени трошоци.Иако не е исклучено iPhone и Mac уредите да поскапат во 2026 година, аналитичарите оценуваат дека Apple е во далеку поповолна позиција од поголемиот дел производители на Android телефони и PC уреди, кај кои зголемувањето на цените речиси е неизбежно.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryisnt7c404t7hdWEJALX

(Видео) Героски: Со Мицкоски имам добра, но ретка комуникација, не мислам дека лаже

Јас бев горд член на Комунистичката партија, вели во „Претрес со Ландов”, новинарот Бранко Героски, но посочува дека бил премногу пргав да биде во партија. Тој едно време работел и во Комунист кој му бил сериозна школа исто како и Остен.Одговарајќи на прашањето од гледачи дали Мицкоски лаже, Героски одговори:„Со Мицкоски имам добра но ретка комуникација, не мислам дека лаже”.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarybsq7hs3ncr0kfTxnZFo

(Видео) Героски: Суетен сум, но не лажам и не сум лицемерен

Новинарот и уредник на Плусинфо, Бранко Героски е гостин во „Претрес со Ландов”.За неколку дена официјално по повеќе од 40 години работа, заминува во пензија, но вели, ќе разочарал некои бидејќи нема намера да се „отштека” од тоа што најмногу го сака, а тоа е новинарството.„Сум се борел за важни работи во овие четири децении. Мојата генерација беше инсајдер во политиката. Не мора да сум политички активен за да се занимавам со политика”, вели Героски.Не се согласува дека има лицемерие во она што го работи.„Една работа е што никој не ми замерува, дека лажам или дека сум лицемерен. Дневник под притисок од Ватс на Срѓан Керим го напуштив. Истата приказна ми се случи во Шпиц кај Велија Рамковски. Јас му станав товар да се приближи на Груевски. Исто беше и со Слободен печат. Да,суетен сум.Мојот услов да правам весник, а тоа најдобро го правам беше да работам независно. Заев скриено беше сопственик на половина весник. Заев, Роберт Поповски, Владе Милчин, Живковиќ и јас седнавме на маса и ги договаравме весникот. Акции не барав, барав автономија”, вели Героски.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1jojgch4vb3e9P2AR5O

(🔴Во живо) Претрес на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Во новото издание на поткастот „Претрес“, гостин е Бранко Героски – еден од најконтроверзните и највлијателни новинари во поновата македонска медиумска историја. Разговорот не нуди комфор, ниту носталгија, туку директна и жестока конфронтација со минатото, сегашноста и улогата на новинарството во политички и бизнис контексти.Од почетоците во печатените медиуми, преку обвинувањата за блискост со центри на моќ, па сè до аферите, судирите со поранешни сојузници и актуелните конфликти со дел од новинарската заедница, „Претрес“ отвора прашања кои со години се туркаат под тепих. Се зборува за односите со политичките елити, за границата меѓу новинарство и активизам, за етиката, огласувачите, личните напади, јазикот во јавната комуникација и за тоа дали борбата против „заробеното новинарство“ завршува со станување дел од истиот систем.Посебен фокус е ставен и на најактуелните судири поврзани со трагедијата во Кочани, јавниот интерес, улогата на истражувачкото новинарство и прашањето кој и зошто одлучува за тоа што смее, а што не смее да се објави. Разговорот ја отвора и темата за одговорноста на влијателните новинари, нивната моќ и цената што ја плаќа јавноста кога медиумите се претвораат во арена за лични и политички војни.Ова не е интервју за допаѓање. Ова е „Претрес“ – без заобиколување и без калкулации.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryic9f24jm3c0sd3LCyqf

Поради спор околу патенти: Паметните часовници би можеле да останат без важна функција

Технолошката компанија UnaliWear поднесе тужба против Apple, Google, Samsung и Garmin, тврдејќи дека технологијата за препознавање пад кај нивните уреди е незаконски копирана и дека ги нарушува патентите на оваа компанија.Според наводите во тужбата, функцијата што им овозможува на паметните часовници да препознаат пад на корисникот и автоматски да повикаат итна помош, претставува заштитено интелектуално сопствеништво на UnaliWear. Компанијата е специјализирана за носиви уреди наменети за постари лица, а нивниот систем RealFall, како што тврдат, попрецизно разликува вистински падови од вообичаени движења.Случајот веќе е предмет на разгледување од страна на Американската комисија за меѓународна трговија, а се очекува производителите на паметни часовници да ги достават своите одговори до крајот на јануари. Доколку UnaliWear ја добие постапката, може да побара ограничена забрана за увоз на овие уреди во САД, што би можело сериозно да ја погоди продажбата на популарните модели на пазарот.Иако ваква забрана би била значителен удар за технолошките гиганти, експертите сметаат дека поверојатно е компаниите да бидат принудени да ја лиценцираат технологијата или да развијат алтернативни решенија за да избегнат прекршување на патентите. Сличен чекор Apple веќе презел во минатото, кога морал да измени одредени функции на своите часовници поради спор со медицинската компанија Masimo.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-library9716em2bvbfc90BSMIj

Протест поради загадувањето: Судир на аргументи меѓу граѓаните и „ТИТАН Усје“

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повторно излезе на улица со порака да се стават независни мерни станици кои ќе утврдат колку загадува Цементарница. Со транспаренти „Жолт картон за Усје и МЖСПП“, „Ваши тајни деловни за наши бели гробови“ и „Скопје во одбрана на живот“, демонстрантите побараа итни мерки за заштита на здравјето и животната средина.Говорниците нагласија дека загадувањето не е само еколошки, туку и сериозен здравствен проблем, особено за децата, и порачаа дека протестите и блокадите ќе продолжат сè додека нивните барања не бидат исполнети.Претходно:

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryhth68gakso1oezwFd0I

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

„Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелациониот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра поткуп, што значи дека таа метастаза во македонското правосудство постои, 35 години граѓаните ја гледале, а она коешто сега охрабрува е што конечно институциите покажуваат знаци на отпорност кон ваквиот систем и сакаат да го исушат ова политичко обвинителско судско мочуриште кое едноставно го нагризуваше нашиот систем“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија Њузмакс Балканс во емисијата „Став на регионот“.Стојаноски исто така истакна дека ќе бидат усвоени 5 закони кои ќе ги заострат критериумите за изборот на судии, обвинители и членови на судскиот Совет со цел да се спречат ваквите појави.“Овој месец ќе бидат усвоени пет закони коишто ќе треба да ја дефинираат обвинителската и судската служба и каде што ќе треба да ги заострат критериумите за избор дали на судии, дали на обвинители, дали на членови на судски Совет, за да може да го спречиме производството на вакви кадри коишто потоа ќе ја срамат целата држава, тие луѓе да не можат да се доближат до институциите а камоли да седат таму и даваат пресуди“, рече Стојаноски и додаде:„Колку човечки судбини се уништени од еден ваков корумпиран судија којшто досега успешно се криел од системот. Нешто за коешто нашата партија со години укажува дека тоа е присутно, се надевам дека ќе има уште акции и во наредните години од преостатокот од нашиот мандат, ќе успееме да санкционираме многу вакви криминалци коишто се заштитени и коишто сеуште егзистираат во тој дел од општеството“.На крај Стојаноски посочи дека со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни со цел да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.„Оваа е порака дека другите судии коишто можеби помислуваат на вакви дејанија, дека криминалот е неисплатлив, ние сега создаваме решенија коишто ќе бидат системски, од коишто некој утре ќе може да ги гони функционерите од оваа власт, одговорни политичари така размислуваат. Во Кривичниот законик којшто ќе го изгласаме во петок се заострени сите казни, ние одлучивме како пратеници согласно уставните надлежности да предложиме повисоки законски казни, затоа што еднаш засекогаш мора да покажеме дека секој во оваа држава треба да знае дека треба да работи по закон, и нема недопирливи, правдата треба да ги стигне сите“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library19bddbkf1cab2hR99zL

Полициски сили влегоа во Филозофскиот факултет во Нови сад по барање на деканот

Српската полиција денеска попладне влезе во зградата на Филозофскиот факултет во Нови Сад по барање на деканот Миливој Алановиќ, додека студентите ја блокираа институцијата поради отпуштањето на професорката Јелена Клеут.„Разговаравме со студентите, разговараме со полицијата, полицијата разговара со студентите“, изјави Алановиќ, додавајќи дека блокадата мора да заврши или ќе биде принуден да преземе мерки за продолжување на работата на факултетот. Продеканот Дејан Пајиќ ги повика студентите да се откажат од блокадата, истакнувајќи дека од нив зависи „дали ќе ги видиме сцените од 5 септември“, кога полицијата бурно реагираше на протестот на студентите.Студентите чекаа до 14 часот на одговор од деканот, од кого побараа институцијата да ја поддржи нивната професорка и да се обиде да ја врати на работа. Откако добија одговор дека факултетот не може да стори повеќе, студентите донесоа душеци подготвени за подолг престој во зградата. Професорката Клеут е присутна во зградата со студентите и ги охрабрува да продолжат да го бранат универзитетот.Митингот во поддршка на професорката, која денеска беше официјално отпуштена, започна во 12 часот со пораката „Ако Клеут не предава, никој нема“. Според официјалното решение, нејзиниот работен однос по Комуникологија завршил на 20 јануари поради истекот на рокот на кој бил заснован.Во текот на август и септември 2025 година, полицијата речиси еден месец беше присутна на Филозофскиот факултет поради претходни протести и блокади од страна на студентите.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Европските претставници за говорот на Трамп: Сега го сака Исланд, сигурни сме

Дипломати и високите претставници во Брисел денеска го следеа говорот на Доналд Трамп преку пренос на компјутери и телевизија. Настапот на Светскиот економски форум во Давос се одржа во време на незапаметени трансатлантски тензии, но по повеќе од еден час говор, многумина признаа дека неговите намери им останале нејасни.Говорот се случи еден ден пред состанокот на лидерите на Европската унија, на кој ќе се дискутираше одговорот на заканите за нови царини доколку Данска не ѝ ја предаде контролата над Гренланд на САД. „Ниту една нација или група на нации не е во позиција да обезбеди Гренланд освен Соединетите Американски Држави“, рече Трамп, но додаде: „Не морам да употребувам сила, не сакам да употребувам сила, нема да употребам сила.“ Иако со тоа првпат исклучи воена интервенција, неговите изјави не ги умирија сите.Еден анонимен дипломат од ЕУ изјави дека луѓето „самите можат да проценат“ и додаде дека се чини Трамп сè уште упорно се залага за добивање на Гренланд. Друг дипломат потенцираше дека состанокот на лидерите на ЕУ останува итен и дека е важно лидерите да дадат заеднички одговор по турбулентниот викенд.Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, на социјалните мрежи напиша: „Ако повторно се почне со доведување во прашање на границите на државите и обиди тие да се менуваат со сила, закани или присила, ќе се вратиме во мрачни времиња.“Трамп во својот говор повеќе пати ги мешаше Гренланд и Исланд, нарекувајќи го Гренланд „голем, прекрасен дел лед, тешко е да се нарече копно“, а Исланд го спомна најмалку четири пати. Еден од изасланиците на ЕУ со насмевка рече: „Па, сега сака Исланд, а не Гренланд, така што сме сигурни.“ Претходно, американската администрација беше предмет на шеги поради изјавата на Трамповиот кандидат за амбасадор на Исланд, Били Лонг, кој тврдел дека Исланд треба да стане 52-та американска држава.Дел од загрижените европски претставници се насмеаја и на Трамповите коментари за францускиот претседател Емануел Макрон: „Убави сончеви очила, но што се, по ѓаволите, случи?“

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryiidv9unupvuneSMdZRF

Кина гледа можност на Гренланд, но не на начин на кој Трамп мисли

Американските планови на Доналд Трамп за потенцијално приближување или контрола на Гренланд предизвикуваат сериозни реакции во меѓународната заедница и можат да ја разеднат НАТО алијансата. Шефицата на европската дипломатија, Кaja Калас, предупредува дека Кина и Русија „сигурно имаат причини за задоволство“ поради овие потези, додека самиот Трамп истакнува дека неговите акции се мотивирани од потребата да се спротивстави на „китаиската закана“.Од Пекинг, пак, се гледа дека нестабилноста во американската политика отвора нови можности за Кина. Професорот Ванг Вен од Универзитетот Ренмин вели дека голем дел од Кинезите ова го сметаат за уште една демонстрација на агресивно и хегемонистичко однесување на САД, а „окупацијата на Гренланд би значела пропаст на НАТО, што би ги радувало Кинезите“.Во последните години, американските власти со загриженост ја следат растечката присутност на Кина и Русија во Арктикот. Претходниот државен секретар Мајк Помпео предупредуваше дека влијанието на Пекинг може да создаде „ново Јужно кинеско море“ на Северниот пол и ветуваше засилување на американското присуство.Кинеските компании, сепак, тешко успеваа да се утврдат на Гренланд поради отпорот од САД и Данска. Во 2018 година, Данска, под американски притисок, блокираше кинеска понуда за проширување на мрежата на аеродроми, а претходно беше оневозможена и куповина на напуштена морска база.Кина, во својот официјален документ од 2018 година, се прогласува за „држава блиску до Арктикот“ и најавува изградба на „Поларен пат на свилата“, со цел развој на арктичките поморски рути како дел од иницијативата Пojaс и пат. Првиот чекор во таа насока се случи во октомври со патување на кинески контејнерски брод преку Северниот морски пат, што го скрати времето за транспорт до Европа за половина.Сепак, сојузот со Русија е клучен за овој проект, а воената и политичка криза во Украина го зголеми европското сомневање кон Кина. Инвестициите на кинески компании во рударските проекти на Гренланд се ограничени, особено по забраната за експлоатација на ураниум во 2021 година.И покрај тоа, Пекинг внимателно ги следи потезите на Трамп, кој со нарушувањето на глобалните сојузи создава ризици за сопствените интереси на Кина, но истовремено нуди можности за преиспитување на арктичката стратегија.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryan290gq5sfabai9oyUN

Мурковски: Зборува за Гренланд како да е недвижен имот

Американската републиканска сенаторка Лиза Мурковски јавно го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да преземат контрола над Гренланд, оценувајќи го како навреда за тамошниот народ. Мурковски истакна дека во изјавите на Трамп не се признавало постоењето на локалното население и дека судбината на оваа данска автономна територија треба да ја одредуваат неговите жители.„Познавам Гренландци и имам пријатели таму. Денес длабоко размислував за нив. Во Трамповите зборови нема никакво признавање дека на Гренланд живеат луѓе“, изјави Мурковски за CNN. Таа додаде дека иако се согласува дека територијата е стратешки важна, опишувањето на Гренланд како „комад мраз“ го омаловажува животот на автохтоните заедници што таму живеат.Сенаторката истакна дека европските лидери се загрижени поради можните намери на Трамп, особено откако тој закани со воведување на царини кон некои американски сојузници доколку не ја поддржат неговата стратегија за Гренланд.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryk3lljoknq4nocGDv44W

Голоб: Словенија сè уште нема да се приклучи на Одборот за мир

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека сè уште не е дојдено време Словенија да се приклучи на таканаречениот Одбор за мир, кој го води американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека најголемата загриженост произлегува од преширокиот мандат на ова тело и можноста тој сериозно да го поткопа меѓународниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите нации.Голоб нагласи дека меѓународниот поредок во кој централна улога имале Обединетите нации со децении ѝ служел не само на Словенија, туку и на цела Европа и пошироко, обезбедувајќи стабилност и мир. Според него, токму ризикот од разградување на системот на ОН е она што најмногу загрижува, бидејќи предложениот одбор, од една страна, ги надминува овластувањата што би произлегле од резолуција на Советот за безбедност, а од друга страна, ги надминува и рамките што би ги прифатила Словенија како суверена држава.Тој додаде дека Словенија би била подготвена за соработка доколку мандатот на одборот биде потесно дефиниран и насочен кон прашања како поствоената обнова на Газа и евентуално на Западниот Брег. Воедно, најави дека нема да присуствува на потпишувањето на основачката повелба на одборот во Давос, но дека подоцна истата вечер во Брисел ќе се сретне со лидерите на земјите членки на Европската Унија.Голоб истакна дека ќе се залага за единство и решителност на европските држави во давањето заеднички одговор во кој правото на територијален интегритет, суверенитет и неповредливост на границите ќе биде на прво место, вклучително и кога станува збор за Гренланд. Тој нагласи дека со испраќањето двајца офицери на Гренланд, Словенија испраќа јасна порака дека го брани основното начело на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, повторувајќи го ставот дека Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните и дека за Словенија не постои друга позиција освен поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Зошто куќен, наместо ефективен притвор за Ѓоко Ристов: боледувањето една од клучните причини

Можноста за бегство секогаш постои, но постојат и други околности, меѓу кои и боледувањето, беше образложението на обвинителката Искра Хаџи Василева во врска со предлогот судијата Ѓоко Ристов да биде ставен во куќен притвор наместо ефективен притвор, мерка што судот ја прифати. Според неа, со оглед на активното боледување, но и врз основа на проценката на Обвинителството, определената мерка се очекува да ги даде своите резултати истрагата да тече без влијание на сведоци, а Ристов да биде достапен за органите на прогонотОва објаснување доаѓа по низата реакции и прашања во јавноста, поврзани со тоа дали Ристов може да влијае врз истрагата доколку не биде сместен во истражен затвор, како и дали постои ризик од бегство, особено по сознанијата дека во домот на неговите родители биле пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид. Коментарите одеа дотаму да, се отвори прашањето дали може да има и други пари кои по дојава би смениле место каде се наоѓаат - нешто што досега не е потврдено ниту со истрагата, а ниту со докази.И покрај овие дилеми, обвинителката оцени дека куќниот притвор во овој момент е соодветна и пропорционална мерка. Таа посочи дека Обвинителството внимателно ќе го следи нејзиното почитување и дека секое евентуално прекршување на условите ќе резултира со барање за определување притвор.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
sneg-sk-1

Патиштата проодни, службите на терен – стабилна состојбата по снежните врнежи

Според информациите од регионалните центри и надлежните служби, на територијата на државата во моментов нема активни врнежи од снег, соопшти Центарот за управување со кризи. Патните правци на кои претходно беше формирана снежна покривка се расчистуваат и се врши опесочување, при што сообраќајот се одвива во зимски услови, претежно по влажни коловози.Екипите на ЈП „Македонија пат“, општинските зимски служби и јавните комунални претпријатија се постојано на терен и работат согласно утврдените приоритети. Главните магистрални и регионални патни правци се проодни, додека локалните патишта се расчистуваат на местата каде што претходно имало насобран снег.Забраните за сообраќај на тешки товарни возила на одредени планински превои и понатаму остануваат во сила таму каде што беа претходно воведени. Од надлежните служби информираат дека нема пријави за нови застои или посериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот.Снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето се стабилни, без евидентирани прекини на територијата на државата. Надлежните институции ја следат состојбата на терен и постапуваат согласно информациите од Авто-мото сојузот и теренските извештаи.Од Центарот за управување со кризи најавуваат дека и натаму внимателно ќе ја следат состојбата и навремено ќе ја информираат јавноста доколку дојде до какви било промени.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library99m7hee7s5e17Vc578F

ЕУ го запира трговскиот договор со САД поради заканите на Трамп

Европската унија го запре процесот на формално одобрување на трговскиот договор постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој упати закани за воведување царини поврзани со прашањето за Гренланд, објави NBC News. Одлуката следува по реакцијата на Европскиот парламент, каде што претседателот на Комитетот за меѓународна трговија, Бернд Ланге, оцени дека поради заканите насочени кон Гренланд, Данска и нивните европски сојузници, Унијата немала друга можност освен да ја суспендира работата на договорот.Ланге изјави дека, со оглед на континуираните и ескалирачки притисоци, вклучително и заканите со царини, не може да се продолжи со вообичаено деловно функционирање. Тој нагласи дека нема да се преземат никакви чекори за напредување на договорот сè додека Соединетите Американски Држави не се определат повторно за соработка наместо за конфронтација, посочувајќи дека суверенитетот и територијалниот интегритет на европските држави се доведени во прашање.Одлуката доаѓа откако Трамп во саботата изјави дека седум земји-членки на Европската унија, заедно со Обединетото Кралство, би биле погодени од царини доколку не ѝ дозволат на Америка контрола врз Гренланд. Со тоа, политичката атмосфера околу веќе договорената спогодба драстично се заостри.Трговскиот договор беше постигнат во јули, за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на голф-клубот на Трамп во Тарнбери, Шкотска. Суштината на договорот предвидуваше ограничување на американските царини за поголемиот дел од увозот од Европската унија на 15 проценти, што важеше за една од најниските стапки што Вашингтон ги одобри на трговски партнери минатата година. Дел од европскиот извоз, како генеричките лекови, требаше целосно да биде ослободен од царини.За возврат, Европската унија, како најголем трговски партнер на САД, ќе ги намалеше царините за одредени американски производи, со што ќе се олеснеше пласманот на земјоделските и индустриските производи од Соединетите Американски Држави на европскиот пазар. Кога договорот првпат беше објавен, Европската комисија соопшти дека тој носи стабилност во трансатлантските економски односи.Сепак, тонот се промени по најновите закани од Вашингтон. Говорејќи на Светскиот економски форум, Урсула фон дер Лајен порача дека и во политиката, како и во бизнисот, договорите мора да се почитуваат, додавајќи дека кога пријателите си подаваат рака, тоа треба да има значење.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања