4 ден.
soobrakajka-696x463-312863

Тешка сообраќајка на Партизанска: повреден малолетен сопатник на мопед

На 07.02.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
292782990_437177755127439_1412855896591445171_n

Не застанале на знак: Фатени две лица со огревни дрва без документи

На 07.02.2026 околу 16:00 часот на земјен пат во атар на с. Бразда, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци ги лишија од слобода О.Ј.(24) и. Е.Љ.(48), двајцата од с.Блаце, затоа што во патничко возило “венто”, управувано од О.Ј., а сопатник бил Е.Љ., се пронајдени огревни дрва без документација. Полициските службеници дале знак за запирање, но О.Ј. не го запрел возилото.По преземени мерки, возилото е пронајдено, лицата се лишени од слобода, известена е Шумска полиција и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
soobrakjajka-izletano-vozilo

Автомобил излета од патот Маврови Анови – Дебар, 73-годишна жена тешко повредена

На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње, патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од коловозот.Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Пожар во Батинци: запалени два возила, истрагата во тек

На 08.02.2026 во 02:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, општина Студеничани, биле опожарени патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.И.(47) од с.Батинци и товарно возило „форд ренџер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект.Нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
Google-Maps-Street-View-two-women-fighting-Russia-1382501

Жени се тепале во трговски центар во Скопје

На 07.02.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 28-годишната Џ.Х. од гостиварско и 32-годишната С.И. од Скопје.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Скопје | пред 4 дена

4 ден.
pretepan

Пијан татко со нож им се заканувал на синовите, а едниот и физички го нападнал

На 07.02.2026 во 22:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 65-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на неговите два сина, а и физички го нападнал едниот син.Констатирано е дека 65-годишникот е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library4719ngjibt7a6741581

(Видео) Филмска потера во Белград: Киднаперите го држеле Кајмакоски во бело „Волво“, додале гас и бегале од полицијата

Синоќешната полициска акција на Караѓорѓева улица во Белград се претворила во вистинска филмска драма, кога возачот на бел „Волво XC60“ не застананал на наредбата на полицијата и дал гас. Подоцна било утврдено дека во возилото се наоѓал киднапираниот пејач Даниел Кајмакоски (43), на кого киднаперите му ги врзале рацете.Драмата започнала во неделата околу 00.50 часот, откако Кајмакоски го завршил настапот во ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон хала.Кога седнал во својот автомобил, паркиран во Караѓорѓева улица, му пришло непознато машко лице кое, со закана со нож и употреба на сила, му ги врзало рацете со селотејп лента. Набргу му се придружил и втор соучесник, кој влегол на задното седиште, додека еден од киднаперите го презел воланот.За време на обидот да излезат од Караѓорѓева улица кон Бранков мост, киднаперите наишле на полициска патрола која се обидела да го запре возилото.Иако „Волвото“ накратко забавило, возачот потоа нагло забрзал, по што следела потера низ Белград – преку Бранков мост, покрај Палатата Србија и Белградската арена, а потоа вклучување на автопатот во правец на Шид, со намера да стигнат до границата.Како што се наведува, киднаперите му се заканувале на пејачот со пиштол и барале исплата од 20.000 евра за неговиот живот, тврдејќи дека имаат соработници пред неговиот семеен стан кои, доколку барањата не бидат исполнети, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и децата.Еден од киднаперите му се обраќал на Кајмакоски на лош англиски јазик, додека на соучесникот му давал инструкции на турски.По минувањето на наплатната рампа Шимановци, во потерата се вклучиле дополнителни полициски единици. Возачот кој возел со голема брзина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната банкинa. Двајца вооружени напаѓачи го напуштиле автомобилот и побегнале во непознат правец по сообраќајната несреќа.Полицајците во возилото го затекнале Даниел Кајмакоски, со врзани раце, но без потешки телесни повреди.Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилото било запрено со координирана акција на повеќе полициски единици, додека Вишото јавно обвинителство во Белград кривичното дело го квалификувало како киднапирање. Интензивната потрага по извршителите е во тек.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
sela-vo-pretres-3

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека се потребни конкретни чекори и политичка одговорност за, како што вели, прекршувањата на правата на Албанците.„Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат.Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги прекршил и законите и самиот Устав како највисок правен акт во земјата.Вториот факт што постојано го браневме, верувајќи во нашата посветеност и во правдата, е дека со измените на Законот за употреба на јазиците од 2018 година, што беше услов на АА за Владата во тоа време, албанскиот јазик е службен јазик низ целата земја и на централно ниво.Сепак, Алијансата за Албанците оценува дека само изјавата на премиерот не е доволна за затворање на овие теми, туку се потребни и конкретни акции во корист на граѓаните и спроведување на законите.Прво, поединци како што е актуелниот министер за правда и сите други кои отворено заземаа ставови против албанскиот јазик и правата на Албанците треба да се отстранат од институциите и политичката сцена, за да не се повторат вакви случаи во иднина.Потоа, итно треба да се покрене постапка за измена на сите закони и подзаконски акти кои мора да се усогласат со Законот за употреба на јазиците и Амандманот V од Уставот.Доколку тоа не се случи, денешната изјава на шефот на Владата може да се оцени само како обид да се однесува како умерен и добар политичар кон Албанците, во време кога Владата и институциите постапуваат спротивно“, вели Зијадин Села.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryh2j484fl2bqv0eDXdaS

„Под закана со нож и пиштол му изнудувале пари, пронајден е со врзани раце“, српското МНР со детали за Кајмакоски

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски.-Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по потера по возило во кое двајца, засега непознати, сторители го киднапирале Д.К. (43) под закана со нож и пиштол во раните утрински часови во Белград, на улицата Караѓорѓева и му изнудувале пари, наведеното возило е запрено на територијата на општина Рума, во кое жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да го напуштат возилото и да заминат во непознат правец, се наведува во соопштението.Според српското МВР, на Даниел Кајмаковски му е укажана лекарска помош, на местото на настанот е спроведена истрага, а полициските службеници ја продолжиле потрагата по сторителите.Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува кривичното дело како - киднапирање, а интензивна работа за понатамошно расветлување на кривичното дело е во тек.

Магазин | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryq7edrtqftepqcqp3sG8

Полицијата на протест: 50 евра не е казна, туку бакшиш – авторитетот на државата мора да вреди повеќе

Независниот синдикат на полицијата, денес во Битола одржа протестен марш против како што велат „селективната правда“.„Денес низ дождливата Битола марширавме против селективната правда во државата, во која единствените за одговорност се секогаш полицајците.Побаравме притвор и постапки за лицата кој најавуваа убиства на полицајци и враќање на ригорозните казни за навреда и омаловажување на државен орган, затоа што 50 евра не е казна, туку бакшиш за музика. Авторитетот на државата мора да вреди многу повеќе од еден бакшиш“, велат од НСП.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarycf0pcmsbu7m2ez9Cb3h

Наместо уривање, ќе се конфискува објектот на аеродромот Стенковец

Министерството за транспорт најави почеток на постапка за конфискација на нелегално изграден објект на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје. Според министерот Александар Николоски, објектот е изграден на државно земјиште без дозвола и ќе се бара негово одземање во корист на државата.„Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, вели Николоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-librarynq9m0g4a2cq3bkGCXkB

Околу 11.000 административци ќе добијат повисоки плати – договор постигнат со Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денска оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата. На средбата е постигнат договор со кој околу 11.000 административци ќе имаат покачување на платата до 40% до 2028 година.„Денеска остварив средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата.Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година.Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година, очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов Општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците.Нека е со среќа и очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму, а им благодарам на двајцата претседатели, на гранковите синдикати и на УПОЗ и на САДУ што после долго време во еден конструктивен разговор изминатава недела успеавме да дојдеме до заедничко решение“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryt3kkraquskti76JZEIc

„Кајмакоски бил киднапиран, сега е на безбедно, многу смирено и храбро се соочил со киднаперите“, вели Рашиќ

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Таа потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.„Драги пријатели, веста дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран ноќеска во близина на Бетон хала во Белград е точна.Зборував со Даниел пред малку, добро е. По ноќта помината во полиција, сега е дома.Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица.Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави.Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, стои во објавата.

Магазин | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Лет на Wizz Air прекинат по два часа: итно слетување во Брисел

Авион на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесуваат специјализирани сервиси за следење на летови.Станува збор за летот W64719, управуван од авион „Airbus A321neo“. Според достапните информации, екипажот одлучил да го прекине летот и да го пренасочи кон аеродромот Брисел–Шарлроа, каде што леталото безбедно слетало околу 7:30 часот по универзално време, по приближно два часа и 15 минути во воздух.Податоците од системот за следење на летови Flightradar24 исто така покажуваат дека авионот бил пренасочен и наместо во Париз слетал во Брисел.Според објавите на домашните медиуми, додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој бил поблизу се со цел да му се укаже лекарска помош на патникот.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
migranti_kola

Уапсен Албанец кој криумчарел мигранти од Египет и Судан

На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(21) од Албанија. Околу 01:55 часот на излез од Гевгелија кон автопатот А1, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при контрола било утврдено дека во возилото превезува пет лица мигранти, од кои четири од Египет и еден од Судан. По документирање на случајот, ќе биде поднсена соодветна пријава

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library9vdd0vlq5cqs3wLxE2Y

Уапсен струмичанец кој вршел измами за лажни сообраќајки и операции, му нашле над 15.000 евра

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите.При лишувањето од слобода, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поврзувајќи ги со, како што рече, низа скандали и сомнежи за криминал поврзани со производство и трговија со марихуана.Петрушевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, името на Зоран Заев се појавува во речиси сите случаи во кои постои сомнеж за криминал, заедно со Венко Филипче, кого го нарече негов близок соработник. Тој оцени дека јавните настапи на Заев се, како што рече, „изблик на нервоза“ поради наводи дека лица блиски до него биле фатени „на лице место“.Пратеникот тврди дека Заев не ја говори вистината кога вели дека не гради во Дубаи и дека постојат јавни сведоштва според кои и тој и Филипче поседуваат т.н. златна виза. Според Петрушевски, Филипче претходно објаснувал дека визата ја добил како лекар, а постави прашање врз која основа Заев ја добил истата.Во обраќањето, Петрушевски истакна дека, според ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од Заев била основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија. Тој тврдеше дека околу 70 проценти од запленетата дрога ѝ припаѓа на фирма поврзана со кадар на СДСМ, односно со лице блиско до Заев, додавајќи дека само во текот на вчерашниот ден во струмичкиот регион биле запленети околу 30 тони дрога.Како што наведе, станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, која, според неговите зборови, е поврзана со Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, при што формалната сопственост била на неговиот син, Христијан Котев. Петрушевски додаде дека Котев бил познат и по бизнис-релации со Вице Заев.Тој изјави дека, според документи со кои, како што тврди, располага ВМРО-ДПМНЕ, фирмата на Котев во период пократок од шест месеци во 2025 година испорачала 19 тони марихуана до скопска фабрика, каде што подоцна започнала полициска акција. Дополнително посочи дека дозволата за работа фирмата ја добила во 2020 година, кога премиер бил Заев, а министер за здравство Филипче.Петрушевски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажувала оти лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале на лица блиски до Заев, а не врз основа на исполнување на законските услови, наведувајќи и други примери на фирми кои добиле дозволи во истиот период.Од ВМРО-ДПМНЕ упатија апел до Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата во која била запленета марихуаната, како и да се утврди зошто, според нивните тврдења, Заев лично се интересирал и контактирал со државни институции во врска со случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Петрушевски порача дека борбата против криминалот, според ВМРО-ДПМНЕ, е јасна и дека, како што рече, ќе дојде крајот на „наркокартелот на Заеви“.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е заробена партија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска остро ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека партијата функционира како „заробен систем“ управуван од еден човек – лидерот Христијан Мицкоски.Според СДСМ, со последните одлуки Мицкоски ги отстранил сите потпретседатели и целосно ја укинал внатрепартиската рамнотежа, воспоставувајќи авторитарен модел на раководење во кој, како што тврдат, сите одлуки зависат исклучиво од него. Како дел од тие промени, од функциите биле тргнати Тимчо Муцунски, Александар Николовски, Владо Мисајловски и Гордана Кочовска.Во партиското соопштение се наведува дека наместо реформи, ВМРО-ДПМНЕ се трансформирала во „приватна фирма“, каде што приоритет имаат тесни интереси и приватни зделки, особено преку јавни набавки. СДСМ дополнително обвини дека ваквиот модел овозможува и непречено функционирање на незаконски активности, вклучително и шверц на дрога преку границите.Социјалдемократите тврдат дека на местото на отстранетите функционери се поставени најблиските соработници на Мицкоски, при што еден од нив бил задолжен за организација и контрола на тендерите, а друг за контакти и соработка со безбедносните служби.„Станува збор за затворен систем на контрола, моќ и бизнис-зделки, во кој партијата е целосно заробена“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-libraryod8jha00559t6yk7q50

Димитријевиќ: Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога води директно до врвот на власта

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања  за дефокусДимитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.„ Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус.Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата дрога во Србија била пакувана во големи картонски кутии со димензии 60 на 40 сантиметри, со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи многу пратки, и многу возила, камиони. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата. Како?“, рече Димитријевиќ.Притоа, Димитријевиќ истакна  дека и за последните акции за запленет, одговорноста е кај власта.„МВР молчи за тоа како 5 тони преминале преку македонската граница ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава. Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.“Тој нагласи дека без поддршка и заштита од институциите, ваков шверц не е возможен.„Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно. Од Скопје до Табановце има 48 километри, со гранична и царинска контрола. Каде се камерите на „Safe City“? Каде е полиција? Каде се екипите на Мобилна царина? Каде се контролите?“, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 4 дена

4 ден.
media-library0j0rimdeo8383mlg4u1

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродорм Стенковец.„Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.Во координација на повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец.Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби.Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност" - објави вицепрмиерот Николоски.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања