Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
heroin-111

Кривична прјава за жител на Св Николе кај кого е пронајден хероин, а кај три лица марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Г.М.(33) oд Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.На 08.11.2017 година, при претрес во домот на пријавениот, бил пронајден и одземен хероин. За време на претресот, во домот на пријавениот биле затекнати три лица, кај кои при извршен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kokain-2

Кај 49 годишен Гостиварец пронајдени: кокаин, марихуана, пневматски пиштол и дијаболи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.У.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.На 16.08.2018 година во Гостивар при претрес во домот и помошните простори кај пријавениот биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пневматски пиштол ,,Heekler &Koch НК 45 калибар 177 и 1100 дијаболи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
slika-2-1

Мицкоски: Неисполнети ветувања, нереализирани очекувања го тиштат и го мачат македонскиот граѓанин

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски го посети струмичко, Куклиш каде што оствари средба со граѓани. При што им се заблагодари што во толкав голем број дошле за да разговараат со него за нивните проблеми и исто така им го честита и големиот христијански празник Велигден, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Сакам да ја искористам оваа прилика да Ви се заблагодарам вам и на Општинскиот Комитет Струмица на ВМРО-ДПМНЕ но истовремено и на месниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куклиш овде за големата победа во првиот круг и се надевам дека таа победа ќе биде уште поголема во вториот круг, и очекувам дека ќе биде така. Бидејќи овие избори не се само претседателски избори туку овие избори се и многу повеќе, нагласи Мицкоски.При средбата Мицкоски додаде дека со овие избори се определува иднината на Република Македонија. Дали сакаме нашата држава да продолжи во овој правец по кој се движи сега како понижена, ограбена или пак во сосема поинаков правец кон правда и право.Во Македонија за жал ситуацијата не е добра, многу е лоша, сите оние неисполнети ветувања, нереализирани очекувања го тиштат и го мачат македонскиот граѓанин без разлика на етничката припадност. Не зборувам само за Македонците, зборувам и за Албанци, зборувам и за Турци, зборувам и за Роми, Власи, Срби буквално за сите, појасни Мицкоски.Мицкоски истакна дека во Бутел му пришле сограѓани Албанци од околните села кои му кажале дека се разочарани од сегашната власт бидејќи се што им ветиле посебно за локални избори ништо не оствариле. За локалните избори СДСМ таму имал околу 1.000 и нешто гласа, а сега за претседателските само 50- тина гласа, што е очигледен доказ за разочараноста на сите граѓани во Република Македонија.Маката на сите е подеднаква, сите ние ја чувствуваме истата мака која што денеска е секојдневие во Македонија и единствениот начин да си помогнеме е да победиме на овие претседателски избори, а пото и да победиме на предвремените парламентарни избори кои што многу брзо ќе се случат по претседателските избори, посочи Мицкоски.Мицкоски при посетата посочи дека во населеното место Куклиш живеат честити луѓе домаќини кои бараат промени, кои го бараат она што им следува, стабилност, почит и поддршка од државата каква што заслужуваат за нивната мака и труд, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев во Берлин на Западнобалканскиот самит - Македонија се бори за датум во јуни, Меркел и Макрон туркаат кон септември

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон.Средбата, како што информираат од Кабинетот на Меркел, е на барање на канцеларката, а веднаш по разговорите со Заев ќе следи средба со албанскиот претседател Еди Рама.Прва цел на Западнобалканскиот самит во Берлин е да ги постави на нови основи преговорите меѓу Белград и Приштина. Македонија се надева на потврда на ланското ветување за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.Заев покрај со Меркел и Макрон ќе се сретнат и со останатите лидери од Западен Балкан, Денис Звиздиќ од БиХ, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Александар Вучиќ од Србија. На средбата се поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
skopje-vodno

(ВИДЕО) Се лизга Водно кон центарот на Скопје, агресивна урбанизација - опасни свлечиштата

Мегаломанските идеи за градење на Водно не запираат иако стручњаците предупредуваат дека агресивната урбанизација предизвикува свлечишта опасни за животот на граѓаните, ја уништува природата во планината и ја менува климата во Скопје. Документарецот „Водно - запознавање одблизу" го изработи Институтот за комуникациски студии.     

Скопје | пред 6 години

6 год.
vreme-1

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоозападен ветер. Облачноста ќе е поголема во планинските региони, каде што попладне ќе има услови да се појави краткотраен дожд.Утре, умерено до значително облачно и ветровито. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер најизразен на западот и на повисоко. Од запад ќе започната повремени врнежи кои брзо ќе се преместат кон исток до крајот на денот и понекаде ќе се проследени со ретки грмежи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Република Македонија тоне со СДСМ на власт

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уништија економијата.Република Македонија тоне со СДСМ на власт. Нема семејство во државата кое не се соочува со проблеми предизвикани од оваа власт. 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија. Власта наместо да создава можности за развој, дополнително ја урнисува државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, криминалниот картел на власта се богати. Над половина милијарда евра изнесува новиот долг кој го направи оваа власт.Долгот порасна и ја надмина психолошката граница од 50%, а граѓаните не знаат на што се потрошени нивните пари. Половина милијарда евра, со камати треба да бидат вратени за пет или десет години, а капитални инвестиции нема, нема нови патишта, нема инфраструктурни објекти.Нивото на реализација на капитални инвестиции е само 6% за првите три месеци од годината. Според досегашниот тек, оваа година ќе биде уште полоша и од претходната.Со СДСМ државата само заглавува. Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев, за да продолжи негативниот тренд во економијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Освен од криминалци и насилници, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници

Покрај осудени насилници и криминалци во бегство, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени воени злосторници како Јохан Тарчуловски. Сиљановска не само што не го осудува насилство, туку е гордо поддржана од насилници, криминалци и воени злосторници, се вели во соопштението од СДСМ.Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата.Секој даден глас за Гордана Сиљановска на 5-ти мај е глас е поддршка на злосторот и  насилството .Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда. Граѓаните нема да го дозволат тоа, нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, да се вратат неправдите и поделбите.На 5 –ти Мај ќе го дадат својот глас за вистинскиот претседател, кој обединува, а не дели. Ќе го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што тоа е глас за  безбедност и сигурност и глас за градење на напредна држава, европска Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

пред 6 години

6 год.
mirjana-najcevska

Најчевска на ФБ: Што да се слави Гордана? Тоа што сакаш да бидеш Иванов во сукња?

Професорката Мирјана Најчевска повторно удри по кандидатот за претседаател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Најчевска во својот ФБ статус напиша:Што да се слави Гордана?Тоа што сакаш да бидеш Иванов во сукња?Или тоа што го поддржуваш најреакционерниот режим?Или тоа што сакаш да не вратиш во калта од која тукушто исчекоривме?Или тоа што правдата со која ти е полна устатата не значи правда за сите оние кои биле онеправдани во 11 години на владеењена Груевски?Еден професор ја уби третата опција во Северна Македонијасо своето незнаење, арогантност, лакомост, ограниченост.Ти драга моја ја убиваш можноста на чело на државата да застане жена. За многу години во иднина. Заради својата глупост, лакомост, бескрупулозност, прорачунатост, и пред се заради својата неконтролирана властољубивост.

Македонија | пред 6 години

6 год.
filip-lazarov

Велигден најсреќен за Филип Лазаров - се роди Марко

Македонскиот ракометар Филип Лазаров доби втор син. Марко се родил на Велигден, објави Филип на фејсбук.„Фала ти Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден го збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и бато. Добро ни дојде Марко, напиша Филип Лазаров.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still108

(ФОТО) Селото Нивици на Велгиден

Местото каде се потиша „Преспанскиот договор“ , селото Нивици во Грција овој Велигден го минува во мир и спокој како и останатите денови од годината.Во неколкуте таверни се печеа јагниња, а видлива е мала раздвеност.Во Нивици скоро сите зборуваат Грчки и Македонски јазик, а најголем дел од населението Велгден го празнува по Јулијански календар.Селото е крајна периферија на Грција , но е солидно уредено, со уредени сокаци и шеталиште, а има и угостителски објекти.Погледнете како беше во Нивици денес.ФОТО: Фото: Валентин Андон

Свет | пред 6 години

6 год.
brazil-model

(ВИДЕО) Почина познат манекен на писта за време на Модна недела

Бразилски манекен почина откако му се слошило на писта за време на Модната недела во Сао Пауло.Oрганизаторите на настанот соопштија дека 26-годишниот Талес Соареш паднал за време на ревијата на модниот бренд „Окса“ и лекарски тим веднаш му укажал помош. Тој бил прогласен за мртов откако бил превезен во болница. Други детали за трагичниот настан не се објавени.„На Соареш наеднаш му се слошило за време на нашата ревија. Целиот тим е шокиран“, соопшти модната куќа „Окса“. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
sneg

Снег во Словенија

Снегот што паѓа во Словенија направи проблеми во сообраќајот, па зимската опрема е задолжителна на некои патни правци на северозападот на земјата.Снежните врнежи од утрово најпрво беа на подрачје на Крањска гора, а подоцна и во Бохињ и во Селшката долина, пренесуваат словенечките медиуми. СНегот паѓа на надморска височина од околу 800 метри.Сообраќајниот информативен центар за државни патишта ги предупреди возачите дека заради снегот затворен е патот кој оди преку превојот Вршич, како и превојот Коренско седло на автриската страна.

Свет | пред 6 години

6 год.
vejce

18 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 18. години од најкрваиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Република Македонија. Масакрот кај Вејце се случи на 28. април 2001 година откако од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени.Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.Членови на семејствата на згинатите заедно со претставници од општините Битола и Новаци и претставници од СВР-Битола денес положија свежо цвеќе пред споменикот во дворот на СВР-Битола и пред споменикот „Ангел“ во близина на градскиот часовник во Битола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Тешка сообраќајна несреќа - Еден загинат, еден се бори за живот

На 27.04.2019 година во 18,55 часот било пријавено дека во Тетово кај кружниот тек од булеварот “Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од З.С.(57) од Тетово, а сопатник била Д.С.(52) и патничко моторно возило “Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од И.Ј.(55) од с.Слатино, а сопатник била Ф.Ј.(56).Со возило на Итна медицинска помош повредените лица биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош и кај З.С. од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, додека сопатничката Д.С. им подлегнала на повредите. Кај возачот и сопатникот од возилото “Голф“ од страна на лекар констатирани биле телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово.По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Во дом на 18 годишник пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(18) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 04.01.2019 година во Крива Паланка, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
w

Пендаровски од Бигорски: Честит Велигден, да се обединиме и да продолжиме напред

Велигденска честитка на кандодатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски. Во честитката се вели:Честит Велигден на сите граѓани, верници што го празнуваат овој голем верски празник. Велигден или воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта, на повторното раѓање на надежта, на вербата.Посакувам празникот да го поминете во мир, среќа и благосостoјба. Повикувам на обединување, да си подадеме рака, да се обединиме сите околу човековите вредности и да продолжиме заедно напред.За многу години, истакна Пендаровски. 

пред 6 години

6 год.
vel.-serdbi-1

Велигденски средби во Аеродром

Денеска во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче по 31-ви пат се одржаа традиционалните Велигденски средби.Меѓу стотиците верници, на овој народен собир присуствуваа и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, како и претседателката на Советот, Ивана Цветковска.Манифестацијата, која почна веднаш по Велигденската литургија, беше збогатена со културно-уметничка програма и настап на голем број естрадни ѕвезди.Организатор на прославата е Црковниот одбор на црквата „Св. Петар и Павле“, од каде што изразија задоволство што оваа манифестација ја одржува традицијата и што православните верници се вклучуваат во прославувањето на овој голем христијански празник.

Скопје | пред 6 години

6 год.
mickoski-izjava

Мицкоски: Ние во првиот круг покажавме и докажавме, дека ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана и дека е црвста на нозе

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговраше на новинарски прашања. Одговр даде на прашањето Дали очекува цензус во вториот круг од изборите, но даде свој коментар и на прашањето дали ќе превземе одговорност ако професорката Силјановска ги изгуби изборите?Во продлжение прашањата и одговорите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Прашање – Очекувате ли цензус во вториот круг од изборите? И до каде сте со договорот за СЈО со власта и како ги коментирате чистките во СДСМ што се најавени од премиерот?Мицкоски: Следен претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова и самото тоа дава одговор на вашето прашање дека очекувам да има цензус во вториот круг на 5 мај.  Во врска со второто прашање поврзано со Законот за јавно обвинителство, простете ќе мора да ве корегирам, не станува збор за СЈО. Работните групи работат, знам дека има размена на документи, сеуште е тоа во работна верзија.Фокусирани се претпоставувам сите сили кон вториот круг на претседателските избори се надевам дека веднаш после тоа ќе седнеме и ќе ја завршиме и таа работа, но и сега СДСМ има можност нека ги прифати амандманите, кои што опозицијата ги предлага и веднаш да појдеме во собрание и да го изгласаме Законот за јавно обвинителство.Околу чистките нема што да кажам вие гледате човек со две лица, едното лице беше во првиот круг на кампањата кога велеше дека блескаме, дека е прекрасно да се живее во Македонија, дека платите растат, невработеноста се намалува, инвестиции на секој чекор, мед и млеко е буквално на секаде, за да веднаш после тоа, откако виде дека сето тоа што го зборувал не е вистина, па се заграби до една бледа копија на еден игран филм со метлата. Не верувам дека нешто од тоа ќе биде. Метлата се знае од каде треба да почне, метлата ќе почне веднаш после предвремените парламентарни избори, кога оваа за жал политичка елита која денеска е секојдневие во Република Македонија, а ја предводи Зоран Заев и СДСМ, конечно ќе ја добие онаа заслужена позиција на темната страна на историјата.Прашање – Како ја коментирате изјавата на господинот Села, кој што повика граѓаните да се одлучат сами за вториот круг на изборите, слична на онаа ваша изјава за референдум. Како ја сфаќате дали е индиректно повик за бојкот?Мицкоски: Ако ме прашувате за ставот на господинот Села, тоа е негово право, се разбира јас не би сакал да се мешам во политките на останатите политички партиии во Република Македонија, она што јас исто така го прочитав е дека во четврток они ќе имаат претседателство на партијата и ќе излезат со конечен став, неговата изјава е во насока на подобрување на демократијата, во насока на она што е есенција во демократијата, на она што е есенција во демократијата, а тоа е граѓаните, кои што се неприкосновен суверен на своето право да гласаат. - Дали ќе гласаат или нема да гласаат, ако гласаат за овој или оној да гласаат, да одлучат како ќе постапат на 5 мај во вториот круг. Апсолутно не би се сложил дека тоа е повик во насока на апстинирање, напротив во насока на подобрување и зајакнување на демократските капацитети во државата.Прашање: Господине Мицкоски, ако професорката Силјановска ги изгуби изборите дали ќе преземете одговорност?Мицкоски:  Се разбира дека секоја една изборна трка е момент кога треба да се испитаат ангажманите, политиките итн. Но ние со првиот круг покажавме и докажавме, дека ВМРО-ДПМНЕ е консолидирана, ВМРО-ДПМНЕ е црвста на нозе, ВМРО-ДПМНЕ победи во 47 општини во Република Македонија, освои 42.5% од гласовите на оние кои што одлучија да излезат во првиоѕ круг и јас не ни помислувам дека има друга опција за Република Македонија и за граѓаните во Република Македонија, освен опцијата дека професорката Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател на Република Македонија. Но се разбира после завршувањето на претседателските избори, републичкиот изборен штаб пред ЦК на партијата ќе презентира извештај за сработеното, ЦК на партијата, е тој кој што одлучува како и во кој правец партијата ќе се движи. Она што е важно е што ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ е честита, принципиелна, искрена политичка сила. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и никогаш не смееме да заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ потекнува од народот и дека треба да остане секогаш меѓу народот. Секогаш кога во минатото ВМРО-ДПМНЕ заборавила на оваа максима била казнета од народот. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ започна честито, искрено, принципиелно и така и ќе продолжиме да функционираме. Со и заедно со народот.Мицкоски на крајот на сите верници им го честита големиот христијански празник Велигден.- Ја користам оваа прилика на сите правосолавни христијани, кои што денеска го празнуваат Христовото Воскресение – Велигден, да им го честитам празникот, да им посакам, многу здравје, среќа, љубов, берикет за нив, нивните семејства, да се радуваат да празнуваат да бидат задоволни од тоа што го прават и на крај да си ја сакаат татковината Република Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mitre-intervu

(ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ) Милошески: Ѓаволот ќе дојде по своето, нема место за нечесни пазарења

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески, во интервју за „Скопје 1“ ги повика сите чесни граѓани да гласаат за него, но не и оние кои сакаат со него да се договараат за да ги поддржи во нелегалните работи кои сакаат да бидат спроведени.„Оние кои планираат да се договараат, што мислат да се пазарат со нелегални објекти, но и со доградби, изградби, преградби, за такви во мојот воз нема место. Има место за чесните граѓани, кои се мнозинство. Знам дека ќе го увидат мојот став, мојата програма. Затоа ги повиквам сите чесни граѓани да излезат и да гласаат за број пет. Сите пазарења кои не се нечесни, ќе ни се удрат од глава. Тука нема спас. Нашиот народ вели дека ѓаволот кога тогаш, ќе си дојде по своето“, вели Милошески.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека нема намера да лаже, а следниот градоначалник ќе треба да ги носи последиците кои ги направил претходните градоначалници. Милошески вели дека охриѓани немаат големи барања, тие сакаат чист град, чиста вода, добри комунални услуги, да нема дупки по патиштата, но бараат и да се вработат.„Основни егзистенцијални проблеми доминираат. Никој од граѓаните со кои разговарав немаше некој крупен проект. Никој не бараше марина во градот, ски-центар на Галичица. Според ова, излегува дека ние не им го даваме ниту тоа малку што го бараат“, додава Милошески.Тој смета дека две години се малку за крупни проекти. Милошески тврди дека тој доколку биде избран за градоначалник, ќе ги започне процедурите за сите големи проекти, ќе ги почне проектите, но поради краткото време нема да може да ги заврши.„Кејот е во никаква фаза. Ние за две години не можеме да испорачаме кеј. Ние ќе дадеме се од себе дека работиме чесно и посветено. Ќе има отворен терен следниот градоначалник да продолжи веднаш со работа. Има и проекти кои одма ќе ги реализираме. Пред се мислам на проектот за бесплатна исхрана на учениците од 1-5 одделение, оти гледаме дека брзата храна прави проблеми кај младите. Понатаму, проектот за админситрацијата да биде функционална. Граѓаните, ќе имаат увид до каде е постапката за неговиот предмет. Најпросто кажано, кога се чека ред, првиот плаќа прв, вториот втор. Не може некој со број седум, да заврши пред број пет“, тврди Милошески.Милошески најавува и стратегија за развој на градот, вработување на охриѓани преку стратегија, но и туристички развој.Татјана Караџова-МаленковаЦелото интервју видете го во продолжение:[embed][/embed]

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања