Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Албанското знаме во Охрид не е провокација

Алијансата за Албанците изразува  загриженост во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи – Охрид, што според наши информации, двајца членови на групата посетители биле притворени од страна на полицијата, велат од партијата по денешниот настан со истакнатото албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.„Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата игроорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите.Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ.За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес.Алијансата за Албанците смета  дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба и го поткопува имиџот на држава аспирант за членство во НАТО и во ЕУ“, велат од АА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gdu

ГДУ: Нелегално градење на верски објект, а сега и големо албанско знаме се развеа на Самоиловата тврдина

Повторно обид за подгревање на меѓуетничките односи и тоа повторно во Охрид. По планот за изградбата на нелегално градење на верски објект, сега големо албанско знаме се развеа на Самоиловата тврдина, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ , Охрид.Дали некој намерно се обидува да ги скара христијаните и муслиманите во градот, а со тоа да ги наруши и добрите меѓуетнички односи? Дали ова е со цел да се сврти вниманието од некои други теми? Во последнава деценија секогаш во предизборен циклус се посегнува по национализмите како одбранбено средство за немоќта на политичките партии.Власта и институциите молчат, очигледно е дека владее беззаконието и пазарењето, се со цел остварување на тесно партиски и лични интереси. Сѐ ќе се премолчи само да се победи на избори.ГДУ повикува на разум и да не се подлегнува на провокации и притисок. Предупредуваме дека подгревањето на меѓуетничките односи никогаш не излегува на арно. Бараме до крај да се расчисти овој инцидент и пред јавноста да се соопштат сите детали. Доколку оние кои раководат со надлежните институции не се способни и не се подготвени да го сторат тоа, тогаш време е за оставки.Граѓаните не прифаќаат половични информации, искривување на вистината, задкулисни игри. Заврши времето на играње на картата на „национализмот“, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ , Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
veligden-semestvo-grobovi

(ФОТО) Семејство распали скара среде гробишта за Велигден

Семејство од Шабац решило на градските гробишта во околината на градот да распали скара. Можеби нив ова им изгледа сосема нормално, можеби ова е нивен начин прославата на Велигден да ја споделат со оној кој неодамна ги напуштил, но во очите на оние од камерата, се ова изгледа малку морбидно. Огнот распален, чад се крева нагоре, а село семејство со празни стомаци го чекаше велигденскиот оброк.Извор:Република

Магазин | пред 6 години

6 год.
1-7

Премиерот Заев се сретна со високата претставничка на ЕУ, Могерини

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, на маргините на Конференцијата на шефови на држави и влади за Западен Балкан, денеска во Берлин одржа работен состанок со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.Договорот од Преспа, за време на разговорот беше потенциран како успешен пример и одлична вест која регионот ја испраќа кон Европа, а беше потенцирано и дека денешната Конференција, меѓу другото, има цел да ги слави придобивките за регионот од Договорот.На средбата беше поздравен успешниот прв круг од демократски спроведените претседателски избори и беа изразени уверувања дека постојат услови за успешен втор круг и за исполнување на потребниот цензус за вториот круг.Премиерот Заев и високата претставничка Могерини се согласија дека за стабилноста на регионот и особено за придобивките на граѓаните на Северна Македонија и на Грција после Договорот од Преспа, неопходно е земјата да биде поддржана и да продолжи уште побрзо на патот кон очекуваната европска интеграција.Како позитивен резултат на полето на внатрешната интеграција на Северна Македонија беше потенциран воспоставениот политички дијалог меѓу власта и опозицијата за време на носењето на уставните измени за Договорот од Преспа, како и за реформските закони со кои се подобрува работењето на институциите и се воспоставуваат европски стандарди во земјата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0749

Силјановска Давкова: Охрид е под заштита на УНЕСКО, но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу

Прекраксно е чуството да сте на едно од најживите места во градов, една од најпосетените цркви. Местото каде што веројатно Дичо зографот најубавото од себе го реализирал, за да ние се восхитуваме. И секое врлегување овде за мене носи духовен мир, спокој и ме потсетува на зборовите на архиепископот неколку пати повторувани вчера за еднаквоста на народите и мирот. Мислам дека пораката е јасна, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.Не знам дали на ова свето место е можно да се изговори она што го видов пред малку, но навистина ако Охрид е едно од најсветите места или местото кое ја персонифицира духовната моќ во Македонија, како да не кажам дека на 20- тина метри од овде гледаме непочитување на оваа убавина. Се е заштититено, Охрид е под заштита на УНЕСКО но некако прекрасните икони и фрески не одат со дивоградбата подолу и мислам дека тоа е опомена дека нешто под итно треба да се стори во Охрид. Тоа што го имаме да го почитуваме, зошто ако не го почитуваме ние тогаш пораката е дека не знаеме што е духовно наследство и богатсво. И дека оставаме кој што сака да прави на неколку чекори од овде.Охрид не се само црквите, Охрид е градот, Охрид е сето она што се гради и доградува, а сето тоа мора да биде во хармонија со изграденото. Се надевам дека граѓаните ќе знаат како да се однесуваат кон оние кои имаат респект кон духовното наследство и оние кои ниту го почитуваат, ниту го штитат, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски: Ќе инцирам воведување на орден „Борис Трајковски“

Од пред овој паметник за ликот и делото на претседателот Борис Трајковски најавувам дека како иден претседател ќе инцирам воведување на орден кој ќе го носи името и  на вториот претседател на Република Македонија – Орден „Борис Трајковски“, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.Овој орден ќе се доделува на граѓани кои имаат личен придонес во развојот на мултикултурното демократско опшество.  Особено сум горд на фактот што три години од мојата професионална кариера ги поминав во неговиот претседателски кабинет. Имено, Од 2001 бев Советник за национална безбедност во кабинетот на Трајковски, се до трагичната несреќа во 2004 година кога тој го загуби својот живот.Трајковски беше претседател кој обединуваше, човек кој несебично се даваше во својата работа, исклучителен државник кој се залагаше за мултикултурни вредности и кој веруваше во демократска Македонија во која сите независно од нивната етничка и религиозна определба можат да живеат заедно во едно слободно, демократско општество.Почитувани граѓани, Глигоров и Трајковски ни оставија голем залог. Ни го покажаа патот и начинот на кој треба да се води државата и гордо заминаа во историјата.Овие ордени ќе бидат паметник на нивните заложби за слободна, мирна, независна, безбедна и обединета држава.На нас е да ги оправдаме нивните очекувања и да ја оствариме нивната визија.  Во нивна чест, повторно да се обединиме и да го продолжиме патот кон држава за каква што тие сонуваа и работеа, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.https://mail.google.com/mail/u/0/#inbox/FMfcgxwCgVPzGHJvKGLZwfkXFCCBcLjt?projector=1

пред 6 години

6 год.
pendarovski465465513

Пендаровски: Како претседател ќе иницирам воведување орден „Киро Глигоров“

Кандидатот за претседаел, Стево Пендаровски, денеска од Штип порача имал чест да го познава Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.-Неговата улога во осамостојувањето и меѓународното признавање на нашата татковина е бесценета. Во услови кога на територијата на бившите југословенски држави војната беше на прагот, Глигоров изоде тежок и трнлив пат до конечно одвојување од Федерацијата и мирно осамостојување на нашата земја- истакна Пендаровски.Тој додаде дека Глигоров повлекувал храбри политички потези кои се пример за државник и политичар со визија.-Токму затоа, во негова чест, би сакал да најавам дека како ваш иден претседател, ќе иницирам воведување орден ‘Киро Глигоров’ кој ќе се доделува на заслужни граѓани кои дале придонес кон мирот и безбедноста во државата- најави Пендаровски.

пред 6 години

6 год.
gordana-siljanovska-davkova

Сиљановска Давкова: Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите

Најискрено кажувам дека гласовите на граѓаните од Кичево, без оглед на националната, етничката, верската или друга припадност имаат посебно значење за мене, веќе кажав дека Кичево е градот на моите прадедовци, дедовци и родители, Кичево е градот и на моите Албански побратими. Јас очекувам кичевчани да се одважат и да гласаат по свое, а не така како што ќе им кажат партиите, туку со длабока верба дека Македонија и Кичево можат да бидат пристојно место во кое владее правото само ако граѓаните лично си го третираат избирачкото право, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.Значи се обраќам до кичевчани, како до граѓани и потенцирам дека гласот за мене значи глас за владеење на правото. Во таков град и во таква држава сите повторно без оглед на етничката, расна и верска припадност, социјално и друго потекло ќе имаат еднакви шанси.Оставам на кичевчани да решат, меѓутоа ги потсетувам дека овие гласови имаат посебна емотивна а не само политичка вредност. Особено опкружена со жени значи дека гласот за Гордана е гласот за жена, гласот за Гордана е глас а кичевчанки за Гордана, ама и на сите кичевчани бидејќи она што е заедничко за сите нив и за мене е татковината и заедничкото потекло, без оглед повторувам не мора да е Македонија само на Македонците, Македонија е татковина и на Албанците и на Турците и на Ромите и на Власите и на Бошњаците, на сите оние кои се родени овде и ја чувствуваат земјата како своја, истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

пред 6 години

6 год.
vele

Веле Митановски на ФБ: Што е премногу премногу е, или по народски- куте, куте за очи

Поранешниот политичар и новинар Веле Митаноски реагираше на поставувањето на албанско знаме на Самоиловата тврдина. Тој на социјлната мрежа фејсбук напиша:- Што е премногу премногу е, или по народски- куте, куте за очи: Тие што ја испратија оваа неиживеана дечурлана да се иживува на крепоста на Самуила, нека дојдат сега минарето да го доизградат ! Па да видиме чија мајка ситно ќе преде !!!???

Македонија | пред 6 години

6 год.
koloni-grcija

На граничниот премин Богородица колони возила чекаат за влез во земјава

На граничниот премин Богородица, кај Гевгелија колони возила чекаат за влез во земјава по продолжението викед поминат во соседна Грција. Според последните информации за влез се чека и по еден час.Неофицијално околу 30.000 граѓани на Македонија неработните денови за велигденските празници ги поминаа во Грција.Фото: Фактор

Македонија | пред 6 години

6 год.
51352852_777130685978142_866252714139451392_n

Силјановска-Давкова: Длабоко го почитувам принципиелниот однос на колегата Димитар Апасиев

Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ вели дека е подготвена да се сретне со раководството на Левица, за остварување на заедничките цели кои се од интерес за сите граѓани.„Длабоко го почитувам принципиелниот однос на колегата Димитар Апасиев кон прашањето: да се учествува или не на претседателските избори? Искрено верувам дека членовите на Левица го делат истиот или имаат сличен став. Впрочем, многумина од партијата и лично ги познавам. Сигурна сум дека низ годиниве сум успеала да ги убедам дека, не само што се повикувам туку и живеам со принципите на правото, правдата и етиката. Таква ќе бидам и како претседателка: своја и непослушна како нив, единствено верна на владеење на правото. Подготвена сум да се сретнам со раководството на Левица и отворено да разговараме за тоа како можеме да работиме на остварување на заеднички цели кои се од интерес за сите граѓани“, вели Силјановска-Давкова.

пред 6 години

6 год.
zaev-merkel

Заев: Благодарам за топлото добредојде од канцеларката Меркел во Берлин

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров беше пречекан од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел пред почетокот на Конференцијата за Западен Балкан во Берлин.Непосредно пред почетокот на Конференцијата, владината делегација оствари работен состанок со канцеларката Меркел на која главна тема на дискусија беа придобивките од Договорот од Преспа за стабилноста, соработката и мирот во регионот.- Благодарам за топлото добредојде од канцеларката Меркел во Берлин, каде на нејзина и на покана од претседателот Макрон учествуваме на Конференција заедно со лидерите од земјите на Западен Балкан.Надминувањето на проблемите и пријателството што го гради Северна Македонија претставуваат модел и извор на мир и стабилност што другите можат да го следат на патот на европските интеграции.Подготвени сме и посветени на натамошен суштински придонес кон регионалната соработка и кон демократските реформи, напиша премиерот на ФБ.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157438543437932

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-novo-selo

Мицкоски: Ги повикувам граѓаните да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за Силјановска Давкова

Денеска продолжувме овде во Ново Село, победничко Ново Село очекуваме на 5 мај победата којашто беше во првиот круг да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ да добие градоначалник, Гордана Силјановска Давкова идниот претседател практично да ја потврди победата којашто беше исто така во првиот круг изразена, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Власта предводена од Зоран Заев и СДСМ е делигитимирана. После поразот во првиот круг во 47 општини во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова со освоени 42, 5 % од гласовите ја потврди доминацијата уште еднаш како најголема политичка партија, партија којашто обединува најголем број граѓани во Република Македонија.Продолжуваме со несмален интензитет со нашите активности ширум Македонија. Денеска овде сме како што кажав цел ден во Ново Село, попладне продолжуваме во Гевгелија, а вечер се враќаме во Скопје и така се доконечен триумф на 5 мај.Ги повикувам граѓаните на Република Македонија да излезат што е можно помасовно во вториот круг, да дадат поддршка за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Жителите на Ново Село се обединиети околу името на Николчо. Николчо е иден градоначалник во Ново Село, во тоа сме сите сигурни и убедени такашто очекуваме еден голем триум, двоен триумф овдека во Ново Село на 5 мај и Македонија да ја добие првата жена за претседател на републиката исто така на 5 мај, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
IMG_2253-29-04-19-13-20

Милошевски: Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, Охрид мора да добие и летно кино ...

Македонската култура е наша, но и европска и светска култура. Охрид е место каде што се судираат историската со современата култура. Заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се наша стратегиска заложба. Со програмата За убав град нашата цел е нов концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид преку унапредување на културниот амбиент во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните и туристите. Унапредување на културата на припадниците на етничките заедници, истакна Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.Плоштадот тука кај Долна Порта да биде плоштад на културата, редот кој мора да се воведе ќе помогне да се избегне панаѓурскиот изглед на Охрид во туристичката сезона.За убав град Охрид мора да добие Летно кино. За убав град обнова на фасадите и илуминација на куќи со иста архитектура. Со овој проект ќе се обноват фасадите и надворешна илуминација кои со својот архитектонски изглед претставуваат една визуелна целина која има и архитектонско и историско значење за градот.За убав град специјално осветлување на верските, културните и историските објекти и знаменитости и оплеменување на јавните површини во нивната околина. Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда.Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната. Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото. За убав град проект типизирани тезги. Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено продажен простор во чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашните тезги на строго определени локации во градот.Улогата на туризмот во развојот на туризмот е голема затоа заложбата ќе биде максимална за развој и промоција на културниот, езерскиот, спортскиот, алтернативниот туризам, но и на најразличните видови туризам. Одржување на туристичката „Промотивна Тура“ Промотивниот настан „Промотивна Тура“ присуствуваат туристички работници и медиуми од таргетирани земји како потенцијални туристички подрачја, на четиридневен престој во Охрид, при тоа посетувајќи ги сите најзначајни туристички локалитети во градот и околината, запознавајќи се со природното и културното богатство на градот и воедно се запознаваат со туристичката понуда на градот и можностите за соработка со туристичкиот сектор од Охрид. На тој начин се овозможува широка медиумска промоција на Охрид како и креирање на нови пакет аранжмани.Концептот за убав град не застанува тука со проекти од областа на културата и туризмот. 5 за културата и културните вредности.5 за град на културата.5 за победа на Охрид.5 за убав Охрид.Охрид повикува, истакна Милошевски.

пред 6 години

6 год.
papata

Од утре до 3 мај, уште три локации во центарот на Скопје за подигнување бесплатни билети за литургијата со Светиот Отец Папата Франциск

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија, ги информира сите граѓани кои сакаат на 7 мај да присуствуваат на централниот настан, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, дека освен во католичките парохии во државата, бесплатни билети ќе можат да подигнат и од три дополнителни локации, и тоа:- на улица „Македонија" кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза;- на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“; и- на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост)Дрвените штандови поставени на наведените локации во Скопје ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од утре, 30 април до 3 мај, кога е и последниот ден за подигнување на бесплатните билети за учество на светата литургија. Штандовите ќе служат и како точки за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила.Сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за да учествуваат на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет.Билетот потребно е да се чува со себе сé до крајот на литургијата.Освен правилата на однесување за време на светата литургија, на официјалната веб-страна www.papa.mk објавени се и посебните сообраќајни правила за движење на автомобили и пешаци низ центарот на Скопје, кои ќе важат за време на Апостолската посета на Папата.7 мај е работен ден при што за сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација.Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата.На 7 мај, користењето на автобусите на ЈСП на територија на Град Скопје и железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје, ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација.Апелираме до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили.Посебниот автобуски и железнички возен ред за 7.5.2019 наскоро ќе биде објавен на веб-страната на ЈСП www.jsp.com.mk, на веб-страната на Железници на Република Северна Македонија www.mzt.mk, на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6.5.2019 година после 17 часот, како и на 7.5.2019 во текот на целиот ден.Линк до мапа со посебните правила за движење на автомобили и пешаци за време на Апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија на 7 мај 2019 год. : https://papa.mk/soobrakjaj/

Скопје | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски: Никола Груевски е виновникот за поставеното знаме

Кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски го посочи експремиерот Никола Груевски како човекот кој го поставил албанското знаме на самоиловата тврдина во Охрид.- Тоа е Груевски и тука дилеми немам. Јасно е дека тој го поставил знамето со цел да испровоцира караница меѓу збратимените народи, но за среќа ние во сдсм имаме доволно лепак за да ги залепиме сите пукнатини и да ја спасиме Македонија која ме заслужува мене за претседател бидејќи сум евидентно најпаметен и сум нешто као генијалец, а после Бранко сум и убедливо најдуховит во цела партија иако не сум член туку сум натпартиски но тоа нема врска, важно е дека Никола Груевски е виновникот за поставеното знаме, изјави Пендаровски.Прашан за коментар поради приведувањето на ансамблот невини уметници од Косово кои го развеале албанското знаме, Пендаровски рече дека и тоа е дело на Груевски.Се е дело на Груевски. Да, и апсењето. Инаку кој би ги апсел невините уметници од Косово? Ние? Ние не, сигурно. Груевски кој им рекол да го развијат знамето, потоа ги уапсил маскиран како Оливер Спасовски. Ако ги осудат со некоја казна, повторно тоа ќе е Груевски, мислам, тоа е јасно. Ако не верувате во ова, да не ми излагате на очи бидејќи сум генијалец, а вие сте стока. Благодарам, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still095

НАЈНОВА ВЕСТ: Знамињата ги развиорила група дојдена од Косово

Група од Косово која престојувала во Струга ги поставила знамињата на „Самуиловата тврдина“ во Охрид и тука снимала видео материјал кој понатаму треба да се монтира и пласира во јавност - дознава Скопје1.мк од свои извори во СВР Охрид.Групата е идентификувана од Полицијата и против нив ќе се поднесат адекватни пријави.Како што дознаваме се работ иза група која тука се снимала и фотографирала и за тие потреби ја „декорирала“ тврдината со повеќе албански знамиња на помали јарболи кои ги држеле во раце и едно огромно кое го оптегнале преку бедемот до главниот влез, кој е свртен кон градот и се гледа од центарот на Охрид.Тврдината во Охрид е туристичка атракција и е обезбедена со видео надзор.ШТО СЕ СНИМАЛО НА ТВРДИНАТА ? !Нејасно е за каква намена се снимал видео материјалот на Самуиловата тврдина во Охрид и зошто потребата од снимањето на ова видео наложила тврдината да се декорира со едно големо и повеќе мали знамиња на соседна Албанија.ПРОВОКАЦИЈА ВО ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИНа социјалните мрежи веќе кружат коментар ина граѓаните дека некој структури и елементи сакаат да направат провокации или да влијаат на јавното мислење во пресрет на изборите за градоначалник кои се за една седмица.Групата потоа со знамиња шетала низ Охрид, а на фотографијата подолу се гледа дел од оваа група на улицата Коста Абраш кај Сараиште во Стар Град Охрид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
znm

ЗНМ реагира: Попречена работата на снимател новинар на МРТ пред црква во Горно Лисиче

Здружението на новинарите на Македонија го осудува односот на припадниците на Министерството за внатрешни работи, кои не дозволиле на новинарската екипа на Македонската радио телевизија да сними прилог по повод Велигденските празници, пред и во дворот на црква во Скопје.На 27-ми април околу 11.00 часот пред црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче, на снимателот Трајче Илиевски и новинарката Марија Котовска од МРТ не им било дозволено да пристапат во дворот на црквата и да снимат прилог од страна на униформирани лица од МВР.Според новинарската екипа, образложението на присутните полицајци било дека снимателот и новинарката не смеат да бидат на таа локација поради најавено присуство на висока делегација. Ваквото укажување е проблематично зошто се покажало дека не станува збор за висока делегација а и да било тоа случај полицијата не може да ги брка новинарските екипи туку напротив да им обезбеди простор од кој тие безбедно ќе ја вршат својата работа.За оваа неоправдана постапка на припадниците на МВР со која се попречува работата на снимателите и новинарите, ЗНМ ќе поднесе и претставка до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still094

(ФОТО) Огромно знаме на Албанија ја прекри Самуилова тврдина во Охрид

Огромно знаме на Албанија е поставено на бедемот од тврдината и е со поголеми димензии. Истото е видливо од повеќе страни на Охрид.Случајот е пријавен во  СВР Охрид Од таму велат дека работат на расветлување на случајот. Според неофицијални информации знамето го поставиле неколку млади лица.На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на другиот дел од Самоиловата тврдина, каде се гледаат лица облечени во Албанска носија кои се фотографираат со полами албански знамија на видиковецот од тврдината. НАСКОРО ПОВЕЌЕ ...

Македонија | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Изгубил контрола и излетал од патот, возачот почина

На 28.04.2019 година во 17.40 часот на локалниот пат с.Крушеани-с.Обршани, прилепско, В.К.(59) од с.Подвис, управувајќи патничко возило „Пежо306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18.40 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања