Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Поскапуваат бензините и дизелот, во иднина цените по нова методологија

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар, а за еден денар поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.Мазутот М-1 НС, пак, поевтинува за 0,078 денари и еден килограм ќе чини 34,377 денари.Денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика е последна што се ноди според досегашната методологија. Во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа,…

Македонија | пред 6 години

6 год.
Slika-Pavle-25-02

Богоевски го прашува Пендаровски дали би дозволил да пропаднат дел од постапките на СЈО

Пратеникот Павле Богоевски, го постави своето прашање до кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, од позиција на поранешен шарен револуционер. Откако Пендаровски прифати соочување со шарените револуционери, Богоевски со хаштаг „наМегдан“, го праша Пендаровски дали ќе дозволи да пропаднат неколку постапки на СЈО доколку Собранието во иднина го избрише член 353 од Кривичниот законик.„Прашање за #НаМегдан со Стево Пендаровски: Доколку Собранието изгласа Измени во Кривичен Законик со кои се брише чл.353 (проблематичен член од време на претходната власт, за кој и ЕУ вели дека треба да го промениме – но кој ќе значи и пропаѓање на неколку постапки на СЈО), дали ќе примените Претседателско вето?“, прашува Богоевски.Во декември минатата година во собраниска процедура влегоа измени во Кривичниот законик со кои се предвидуваше измена и на членот 353. Овој член се однесува на злоупотреба на службена положба при јавна набавка за сите службени лица кои со злоупотребата оствариле „некаква корист“.Со измените „некаква корист“ требаше да биде преименувано во „имотна корист“ со што се намалуваше опсегот на кривичните дела за кои ќе се бара одговорност. Ова беше толкувано од правниците како пресудно за дел од постапките на СЈО, но измените беа повлечени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtobus-germanija

(ВИДЕО) Во Германија запрен Македонски автобус, наместо недозволена роба, од торбите се ваделе тегли со ајвар

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицијата во Германија запира автобус од Македoнија кој тргнал од Охрид.Причина пради која бил сопрен автобусот била „сомнителниот“ багаж. На снимката се глада како полицијата ги замолува патниците да го земат својот багаж и да влезат во собата за скендер, а таму полицајците на скендерот забележала за нив нешто невообичаено.Од торбите се ваделе тегли со ајвар и друг вид на зимници како компоти, туршии. Ова им го привлекле вниманието на полицијата.https://www.facebook.com/DativAkuzativ/videos/1608178002659403/ 

Македонија | пред 6 години

6 год.
najcevska

Најчевска до Сиљановска: Преку ноќ стана најпобожен човек во државата?

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи коментира дека кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давнова имала комунистичка идеологија и вели дека преку ноќ станала побожна.„Јас сум некаде на пола пат меѓу скептик и атеист. Од секогаш сум била и многу е мала веројатноста дека ќе се променам.Ги разбирам и прифаќам различните верски убедувања. Сакам да разговарам за религијата и ја почитувам хуманата димензија на религиите и филозофската нишка на објаснување на односите меѓу луѓето. Не ги сакам институциите кои стојат зад различните религии и нивната недуховност.Меѓутоа она што навистина ме вади од кожа се верниците - опортунисти.Оние кои во едно друго време се претставувале како следбеници на комунистичката идеологија, а кои нагло преку ноќ стануваат најпобожни луѓе во државата. Не ја сакам нивната прорачунатост и неприкриениот популизам и измотавањето со религијата. Тие би требало да бидат најголема навреда за секој вистински верник и пример за тоа како се злоупотребува религијата. Посебно вакви кои нагло чувствуваат потреба да се тратуваат врз икони и да палат по десетина свеќи одеднаш, а кои појма немаат што и зошто прават. Тоа се луѓе кои никогаш нема да ја имаат мојата верба, а не треба да ја имаат ни вашата, затоа што ако еднаш излажале која е гаранцијата дека тоа нема да го направат повторно“, пишува Најчевска.

Коментари | пред 6 години

6 год.
Tyson-Berbick-1986-2

(ВИДЕО) Исповед на Мајк Тајсон: Уште како мал ме учеа да тепам и понижувам луѓе

„Железниот“ Мајк Тајсон даде емотивно интервју за британските медиуми за животот во и надвор од рингот.„Уште на 12 години ме учеа како да претепувам луѓе, да ги скршам, да ги понижам. Но, сепак, бев само исплашено дете“ – раскажува Тајсон.Тој воопшто не криеше дека гризењето на увото на боксерот Ивандер Холифилд беше голема грешка.„Кога од оваа перспектива ќе погледнам на тоа, се направив погрешно. Цел живот, однесувањето, делата кои ги правев и во и надвор од рингот се лоши“ – смета Мајк Тајсон.Потсетување на неговите најблескави моменти во рингот: 

Свет | пред 6 години

6 год.
b3aymlocspj3zok9alaf

Директен судир меѓу автобус и камион, четворица загинати кај Куршумлија

Четири лица загинаа, а повеќемина се повредени во директен судир меѓу автобус и камион што изутринава се случи на магистралниот пат Ниш-Приштина, во општина Куршумлија. Како што пренесуваат локалните медиуми, загинати се возачите и двајца патници. Во извештаите од српското МВР се наведува дека авотбусот, сопственост на компанијата „Ниш Експрес“, по судирот се запалил и делумно изгорел. Се посочува дека местото на настанот е поголем свиок и оти во моментот на несреќата врнело дожд. Сообраќајот на тој дел од патот подолго време бил во прекин.Се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи неколкумина од повредените се во критична состојба. Причината за несреќата ќе се утврдува.

Свет | пред 6 години

6 год.
kursumlija-sudar

Го чекал автобусот па се запалил пред негови очи: "Спасив колку што можев, другите живи изгореа"

Радојко Милосавлјевиќ, маж на возраст од 53-години од Србија, утрово требало да се качи во автобусот кој се судри и запали, при што загинаа 4 лица. Тој е очевидец на страшната несреќа.Го чекал автобусот на станицата кога тој пред негови очи се судрил директно со камион. Веднаш притрчал да помогне.- Истрчав на помош, почнав да извлекувам патници најбрзо што можев, а тогаш се запали автобусот, вели тој за српскиот Курир.Со него притрчал и постар господин кој бил во автомобил на патот, и заедно успеале да извадат шест патници.- Спасивме шест патници од димот и оганот. Ги однесовме покрај патот. Другите настрадаа, вели тој.Загинаа четири лица кои живи изгореле, а повеќе се повредени.несреќата се случи во 6 часот и 45 минути утрово на патот Куршумлија-Прокупље.

Свет | пред 6 години

6 год.
27-april

27 април: Дел од актерите осудени, сценаристите во бегство

Граѓаните ја избројаа и втората година од крвавиот упад во Собранието, а правдата ја бараат само новинарите кои ноќта на 27 април 2017 година, заедно со пратениците од опозицијата беа жртви на гневната толпа. Премиерот Зоран Заев, кој беше цел на насилниците и заврши со крвава глава, им прости, а Собранието донесе закон со кој ги амнестираше пратениците што ги отворија вратите. Овој датум стана олицетворение на тоа како функционира правдата во Македонија, со една група амнестирани, eдна група осудени на над два века затвор, а главните креатори на сценариото уште на слобода.Годишнината од упадот се одбележува за време на велигденските празници и во втората половина од претседателската кампања. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и партијата што го кандидираше го искористија крвавиот чин за да испратат порака до своите гласачи и да ги потсетат дека зад ова насилство стои ВМРО-ДПМНЕ.„Партијата која тоа го организираше, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзиниот кандидат односно кандидатка Силјановска, ниту тогаш ниту во изминативе две години по кој било повод не кажаа ниту еден збор на осуда за тој чин кој ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји каде што такви случаи се практикуваат во недостиг на базичен мир и безбедност за граѓаните“, порача Пендаровски.„Секој даден глас за Гордана Силјановска на 5 мај е глас е поддршка на злосторот и насилството. Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда“, порачаа од СДСМ.Опозициската партија, дента кога се одбележуваше годишнината, воопшто не го спомена минатото. Нејзиниот кандидат за претседател беше на средба со земјоделците од Овчеполието.„На 5 мај, кога правдата ќе завладее во Република Македонија, ќе дојде и подобро утро за сите граѓани и за земјоделците“, им порача Силјановска на земјоделците.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на еден од своите јавни настапи на одреден начин го осуди насилството, но и казните кои ги добија учесниците.„Насилството што се случи тој ден го осудувам и посакувам никогаш повторно да не се случи. Исто така, го осудувам и чинот што го предизвика тоа насилство, исто така го осудувам и чинот на преку два века казна дадена на луѓе што не примениле насилство тој ден. Од друга страна имате повратници од боиштата, претставници на ИСИС, да добијат трипати помала казна од Горан Ангелов, Митко Чавков, Митко Пешев и останатите“, рече Мицкоски.Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред двегодишнината од упадот, конечно осомничи дел од организаторите. Прв на листата се најде поранешниот премиер Никола Груевски, потоа собранискиот спикер Трајко Вељаноски, двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Улогата на Груевски во упадот беше обелоденета откако тој избега, Вељаноски од притвор го спаси пратеничкиот имунитет, Јанакиески е во куќен притвор, а Ристовски заврши во Шутка. Поранешниот разузнавач Никола Бошкоски, за кого обвинителството обезбеди докази дека е дел од организацијата, е избеган во Грција.Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој тогаш беше пратеник и исто така беше цел на толпата, вели дека тоа што се случило било свесно креирана состојба.„Актерите веќе се познати, режисерите се изведени пред лицето на правдата, но, за жал, сценаристите не се повеќе тука во државата. Сметам дека одговорноста на тие што го осмислија и менаџираа самиот настан е многу поголема отколку одговорноста на оние што беа внатре и се обидоа физички да нè повредат и дефинитивно успеаја во тоа“, се присетува кумановскиот градоначалник, кој тогаш беше пратеник во Собранието.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-makron-merkel-696x464

Заев: Им благодарам на Германија и Франција

Им благодарам на нашите пријатели од Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по неформалниот самит на Германија и Франција со западнобалканските држави во Берлин.– Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук.Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон влера ја пофалија Северна Македонија и Владата за напорите да се реши догогодишниот спор за името со Грција.– Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија, ова е доказ дека е можно да се најде решение за долгогодишни спорови, рече Меркел.Макрон рече дека со Преспанскиот договор се доказ дека може да се решат спорови кои се чинеле нерешливи кога има посветеност.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zdravko-saveski

Савески: Паднаа маските, Апасиев одработува за фотелја

Откако крилото на Левица, предводено од Димитар Апасиев, ја прифати поканата за средба со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска, со коментар се јави Здравко Савески, како предводник на другата фракција во партијата, обвинувајќи го Апасиев дека одработува за функција.-Паднаа маските! Пред изборите кажавме дека Апасиев изврши пуч во Левица преку фалсификување документи за Левица да ја поддржи Силјановска на изборите, а Апасиев потоа да фати некоја фотелја. И, како што гледаме, Апасиев почна да одработува за фотелјата.Сега Апасиев се фали дека го добил спорот за Левица. Тој доби во политички монтиран процес во кој судот ја темели својата одлука на такви „несоборливи“ правни аргументи како уважување на мејл наместо на записник со потпис и печат. Конкретно, за судот е меродавен мејлот на еден член на Президиумот на Левица во кој се дава оставка, наместо да биде меродавен записникот од седницата на ЦК, со печат и потпис, од кој се гледа дека оставката е повлечена. Во врска со ваквата срамна одлука на судот, Левица ќе поднесе жалба до апелација.ВМРО Апасиева, а не Левица, ја поддржа Силјановска. Левица не дава поддршка ниту за неа ниту за Пендаровски. Во недела граѓаните ќе им влепат уште потежок шамар од корумпираните врхушки на СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ, негласајќи за нивните кандидати!, вели Савески.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20180906072250

Обвинение за ќерката која ги уби родителите и сестрата во Дебар

Блерта Поцеста, која беше осомничена дека минатото лето со пиштол ги застрела своите родители, а потоа ја убила и својата 13-годишна сестра во Дебар, ќе одговара за убиство, бидејќи Обвинителството во Гостивар поднесе обвинение. Обвинителен акт е поднесен и за нејзини двајца познаници, кои обвинителството ги теретио за сооучесници.-Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца обвинети за помагање при извршување на истото кривично дело.На 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, првообвинетата телефонски контактирала со второобвинетиот и се сретнала со него во Гостивар. Второобвинетиот изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.По извршувањето на кривичното дело, обвинетата се упатила во Струга, каде се сретнала со второобвинетиот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар. Обвинетата со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите лица, информираат од Обвинителството.Тројното убиство се случи на 27 август во семејната куќа на семејството Поцеста, при што беа убиени 55- годишниот Амит, 53- годишната Назмие и 13-годишната Анила.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Берлускони заврши во болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е задржан в болница, објавија италијански медиуми.„Кориере дела сера“ наведува дека состојбата на 82-годишниот Берлускони засега не е позната, додека „Република“ се повикува на неименувани извори и пишува дека тој е префрлен во миланската болница „Сан Рафаеле“ поради болки во абдоменот.„Република“ претходно објави дека Берлускони е примен в болница поради болки во бубрезите.

Свет | пред 6 години

6 год.
6-2

Шекеринска вели дека не е највлијателна во СДСМ за кадровски прашања

Министерката за одбрана и потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, ги демантира шпекулациите кои ја следат, дека е највлијателна фигура во СДСМ кога се работи за кадровските прашања. Во интервју за 1тв Шекеринска вели кадровската политика и е најодбивнит дел од нејзината работа.-Ме прашуваат зошто тоа не сум го демантирала. Во претходната влада бев член на кадровска комисија, ми беше разбирливо кога луѓето по автоматизам мислат дека тоа е лична одлука. Не е така, сега не сум ни член на таа комисија, но маубетот си врви. Кога луѓето сакаат да пуштат лага најтешко е да ја демантираш лагата, дополнително ги охрабруваш дека тоа те боли и уште повеќе ќе го повторуваат. Јас пред себе сум чиста и јасна. Кадровската политика најмалку ја сакам, ни ја одзема енергијата која можеме да ја искористиме за поважните работи – вели Шекеринска.Таа додава интригите се редовна појава во партијата, но дека не им дава значење.-Луѓето во Македонија, а во СДСМ особено, се навикнати ако немаат што да понудат со работа и резултати, да компензираат со интриги. Во 2014 кога го избраа Заев за претседател, а мене заменик, од тој момент почнаа интригите. Добив инфо дека мој колега ме спомнал и рекол „тоа е едно од кадровските решенија на Радмила во културата“, му се јавив и го прашав кое е моето решение во културата, зошто јас не можам да се сетам. На што тој ми се извини – рече Шекеринска низ смеа.Таа вели дека е свесна за сликата што ја остава во јавноста дека на прв поглед делува строго и арогантно.

Македонија | пред 6 години

6 год.
58916927_655976871508690_8419739567933882368_n-696x522

Оние кои отидоа во Грција за Велигден, се вратија со уништени возила

Традиционално, секоја година илјадници македонски семејства го слават верскиот празник Велигден во соседна Грција. Годинава продолжениот викенд беше добар повод речиси да се испразнат нашите градови и граѓаните да се релаксираат покрај морето во Грција. Но, десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата.Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил. Истиот бил паркиран пред хотелот, на само дваесет метри од влезот, но никој ниту слушнал, ниту пак видел нешто.Утрината, кога станале, кавадарчаните затекнале ужасна слика. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми… Повикале полиција, бил направен записник, и за нив завршило велигденското празнување на неславен начин.Прочитај го целиот текст на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Трамп: САД ќе има директна корист од членството на Северна Македонија во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати за ратификација во Сенатот протоколот за присоединување на Северна Македонија во НАТО, соопшти Белата куќа.Во писмото на Трамп до Сенатот се наведува дека Северна Македонија е цврст партнер на САД во сферата на безбедноста, и нејзиното членство во НАТО ќе биде биде од значење за стратешките интереси на САД и Алијансата.„Северна Македонија е доверлив партнер на САД во сферата на безбедноста и од нејзиното членство во НАТО ќе имаат директна корист стратешките интереси на САД и НАТО Алијансата.“, стои во писмото на ТрампПротоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО беше потпишан до земјите членки на Алијансата на 6 февруари 2019 година во Брисел.

Свет | пред 6 години

6 год.
igor-janusev

СДСМ: Силјановска молчи за истрагите против Јанушев

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска молчи за тоа што шефот на нејзиниот штаб Игор Јанушев е дел од истрага на Специјалното јавно обвинителство наречена „Дизајн“ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ поврзан со сомнителна јавна набавка на автобуси, велат од СДСМ.„Молчи Сиљановска и за тоа што во време на владеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ таткото и сестрата на Јанушев се вработиле во ЦУК, односно МВР. Сиљановска молчи затоа што и самата е симбол на непотизам и транзициски политичар, бидејќи додека била министерка во првата политичка влада во независноста таа била министерка, а токму тогаш нејзниот сопруг добил бизнис со фри шоп. Гордана Сиљановска, која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, е поддржана токму од личности кои се правосилно осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок како Игор Југ и Јане Ченто. Покрај осудени насилници и криминалци, Сиљановска е поддржана и од воени злосторници како Јохан Тарчуловски. Исто како и Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска е на браникот на насилството, криминалот и злосторствата“, соопштија од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
49B87FB3-AD07-4247-84F3-9EEF14064391

Митаноски: Играорците од Косово-етно или ,,политички фолклористи“?

Новинарот и публицист, Веле Митаноски, кој живее во Охрид, вчера на неговиот ФБ профил, за оние кои добро го познаваат, се огласи со една, за него, можеби, преостра реакција, по повод велигденското украсување на цитаделата над Охрид, со мега- официјалното знаме на Република Албанија.Митаноски, во разговор со нас, вели дека бил иритиран не толку од знамињата со двоглавиот орел, колку од објаснувањата дека тоа била детска игра на фолклористи. Тој репостираше фотографии од пред точно две години, со коментарот:– Пред две години денес: Е,мои, драги пријатели Албанци (по професија и ситуација!) и други ценети и загрижени муслимани, ова е за сите вас, кои ме обвинивте за албанофобство и антимуслимански чувства, после мојот вчерашен пост.Е, ова се фолклористи, драги мои. А, не оние, кои вчера скришум и кукавички ја украсија цитаделата во Охрид! Велат тоа било “само наивна детска игра (перформанс!!!!”) и “фолклор”. Можеби, во право сте – АМА, само ако мислите на – ПОЛИТИЧКИ ФОЛКЛОР!!!А, еве, што Митаноски, напиша вчера, објавувајќи ги фотографиите од охридското кале:-Што е премногу, премногу е, или по народски – куте, куте за очи: Тие што ја испратија оваа неизживеана дечурлана да се изживува на крепоста на Самуила, нека дојдат,сега, минарето да го доизградат! Па, да видиме чија мајка ситно ќе преде!!!???-напиша Митаноски.Неговиот пост предизвика мноштво коментари. Од политичка, национална, верска, па дури и професионална природа.Загрижените политичари, кои не спорат со Митаноски дека е ова политички фолклор, побрзаа со оценките дека е ова ,,нарачка од бандата на Груевски”, дека е ,,нарачка од Будимпешта”, дека е ,,смут за гласачкото тело да не излегува на избори, за да дојде до дестабилизација и предвремени парламентарни избори”  и слично.Митаноски пишува дека тоа е секако нарачано, тој и самиот во постот се обраќа кон ,,тие што ги испратија младите да ја направат оваа провокација”, но бара да не се избрзува со заклучоци – за тоа од кого е нарачана?Делот од постот на Митаноски: “Тие што ја испратија оваа неизживеана дечурлана да се изживува на крепоста на Самуила, нека дојдат,сега, минарето да го доизградат! Па, да видиме чија мајка ситно ќе преде!!!???”, предизвика коментари од верска, национална и професионална природа. Се фатија за минарето (дивоградба), иако Митаноски јасно се обраќа кон инспираторите на ,,перформансот!”, односно  ,,наивната детска игра! “.Демек, што има врска сега ова со минарето!?Митаноски, пишува дека, тука, првата работа е превенција, а втората минарето. Превенцијата, во смисла: Што ќе се случеше ако децата горе ги нападнеа други деца, со ист акал како нивниот!? Среќа во несреќа е што најнапред пристигнала полицијата и оневозможила ,,поинаков близок контакт!”:– Минарето има врска и те каква. Ама гледајте го заедно со другата градба и металните столбови. Не случајно ја постирав таа фотка, пишува Митаноски, асоцирајќи на соседната дивоградба (ресторан веднаш над столетниот чинар), кој, исто така, е дивоградба, ама, ете, сосема, случајно, си ја гради за себе си истиот оној кој ја доградува и џамијата (дивоградба), се разбира – сосе минарето!Интересно и не без значење, во оваа полемика, пишува Митаноски, најразумните коментари дојдоа од Албанци и цитира еден, испратен од Виена:– Глупости и од едните и од другите. Првите требало да побараат дозвола, а другите да прекинат со омраза. И војна почнете!Митаноски пишува дека наполно се согласува со коментарот на ФБ пријателот од Виена, но бара, истото, да му го каже, како што напиша “на тој погоре – Албанец по професија и ситуација!”– Тој многу добро знае дека јас не сум првиот албанофил во оваа кутра земја, но дека сум последниот албанофоб!Му напишав: No coment! Цинично се поигрува: Е, оти така!Тоа му го напишав, за да му текне дека нема право да ми се обраќа со прво лице еднина -Веле.Тој пак, не разбира, е па – “тражили сте гледајте”, подолу ќе му објаснам, штом толку инсистира, пишува Митаноски и продолжува:– Е, па вака почитуван …: Бидејќи Вие дадовте многу разумен и оправдан коментар, веќе ви кажав дека наполно се согласувам со вас, побарав од Вас, тоа да му го кажете и на тој погоре – Албанец по професија и ситуација!Тој многу добро знае дека јас не сум првиот албанофил во оваа кутра земја, но дека сум последниот албанофоб!Му напишав: No coment, за да го поштедам.Но тој продолжува, цинично се поигрува: “Е, оти така!”.Го поштедив, за да му текне дека нема право да ми се обраќа со прво лице еднина – Веле. По негов избор, од 18.04.2012 (денот на мојот роденден), во 20 часот и 16 минути.По негов избор, го нема, во мојот живот, еве, веќе цели 7 години! Ете го наеднаш – со Веле, со поуки и навреди.Е, па “тражили сте гледајте”: Тој човек, не може да биде Албанец, освен по професија и ситуација! Вистинскиот Албанецот знае за беса и за побратимство – до крајот на векот.И не заборава. Овој заборави дека, го исмејува човекот, кој го направи првото комерцијално радио на албански јазик во Македонија.И дека воспитаник му е, денес, покрај драгата Арта, најдобриот новинар Албанец кај нас.За тоа “национално предавство”, овој човек знае дека Заштитниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, ме осуди – на знаете што! Не денеска, денеска е лесно да се биде “генерал после битка!”, зборувам за 1992/93 година.Овој заборави дека првото јавно појавување на Али Ахмети (на кој овој се шлепа по роднински функции), во Дебар, го организираше, од идеја – каде, до последната запирка – како, човекот кој тој денес го исмејува!Овој човек, заборави, дека по мој избор, беше дел од државна делегација во НР.Кина.Овој човек го заборави, денот, кога, како на брат, ми рече дека најголема желба во животот му е да појде на некоја Олимпијада. Овој човек, заборави, дека човекот кого денеска го исмејува, му рече: Брате, ако толку сакаш, повели, моите две покани (за мене и сопругата), искористи ги ти со сопругата – две недели во Пекинг, каде не само што нема да се фатишза џебот – за авионски карти, сместување и гостевање, туку ќе бидете третирани на ниво на државници, дури Кинезите ќе ве прашаат кој број патики и трењерки носите!? Е,па, драг…, еве вие и останатите мои Албанци (ги имам, сполај му на Бога, искрени и интимни се до членови на МАНУ), ценете самите, колку овој човек бил навистина човек и колку овој Албанец по “професија и ситуација” бил вистински беса – Албанец!?-пишува Веле Митаноски на својот Фб профил по повод истакнувањето на знамето на Република Албанија на Самоиловата тврдина и реакциите поврзани со овој немил настан на втор ден Велигден во Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IZBORI-GLASANJE-3

Кандидатите ги трчаат последните кругови

Мобилизација на гласачите со повици да го искористат гласот за иднината на државата, се пораките на двајцата претседателски кандидати во последните денови од кампањата пред вториот, финален изборен круг. Во нивните штабови се надеваат дека тесната разлика меѓу кандидатите ќе ги мотивира гласачите кои од разни причини не гласале во првиот круг, да излезат помасовно на гласање на 5-ти мај. Резервоарот на гласови на кои се надеваат и двајцата кандидати е и во кампусот на неопределените, но уште повеќе кај гласачите кои во првиот круг го дадоа гласот за кандидатот Блерим Река, поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса. Тие деновиве треба да одлучат дали ќе ги повикаат нивните поддржувачи да излезат на гласање.Ако нема цензусТокму тесната разлика го зголемува уверувањето дека ќе биде постигнат цензус во вториот круг. Премиерот Заев веќе изјави дека ако не се постигне цензусот или ако Пендаровски загуби, ќе се оди на предвремени парламентарни избори.Претседателот на Собранието Талат Џафери во настап на ТВ21, ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат. Доколку не биде постигнат цензус од 40 отсто, тогаш на 12-ти мај кога завршува мандатот на Ѓорге Иванов, тој ќе треба привремено да ја преземе функцијата на претседател на Република Северна Македонија. Според член 81 став 8 од Уставот „доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка“. Таму не се наведува во кој рок треба да се повтори постапката, но членот 14 став 2 од Изборниот законик прецизира дека „во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот“. Член 137 став 2 од Изборниот законик регулира дека претседателот на Собранието донесува акт за распишување избори за избор на претседател на Република во рок од 48 часа од објавувањето на актот на Уставниот суд, со кој се утврдува настанување на условите за престанок на функцијата. Но, со оглед дека и евентуално повторени избори би можеле повторно да бидат неуспешни, бидејќи според законскиот рок би се одржале во неповолен период - среде летни одмори, не се исклучува можноста за поведување постапка за намалување на цензусот или за избор на шефот на државата во парламентот.Извор: Дојче Веле

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски се надева на десет пати поголема разлика во вториот круг

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на трибина со жителите на Аеродром порачаа масовна излезност на гласање и избор на вистински претседател на државата на кој, како што велат, прва и последна задача ќе му биде да работи за својот народ, за доброто на сите без разлика на вера, етничка или партиска припадност, претседател кој нема друга агенда освен напредокот на државата.Пендаровски во Аеродром рече дека во вториот круг очекува десет пати поголема разлика отколку во првиот круг.„Со заокружување на бројот 3 даваме шанса на единствениот начин да се приклучиме на Европската Унија и НАТО. Другата понуда е враќање назад, изолација и уназадување. Гласот за Гордана е гласање за нов Иванов. Поддршката за Мицковски е глас за враќање на Груевски. Знам зошто голем дел од граѓаните не излегоа на гласање во првиот круг, но сега треба да излезат заради иднината на државата, да не дозволиме враќање на диктатура и режим“, рече Пендаровски.Шекеринска апелираше да не им се даде шанса на кандидатите кои на далечинска контрола се раководени од белата палата или од Будимпешта, да не им се даде шанса за да не се врати недемократското и недомаќинско живеење.„Кога на 5 мај ќе излеземе да гласаме да се потсетиме на 5 мај пред 4 години. Каде беше тогаш Гордана Сиљановска кога беше првиот напад на Груевски врз младите, врз студентите? Каде беше Гордана Сиљановска кога нејзините студенти ги тепаа, каде беше кога нејзините колеги ги уценуваа? Каде беше кога ги слушавме бомбите и кога се кршеше правната држава? Тогаш молчеше. Каде беше кога телевизии се затвораа? Тогаш не молчеше туку оправдуваше. Доцна е сега да се зборува за правна држава, кога 11 години ја одмолча најлошата власт и сите неправди“, рече Шекеринска.Во врска со состанокот во Берлин, каде синоќа учествуваше премиерот Зоран Заев, Шекеринска рече дека Северна Македонија е исклучок од лошите вести од Западен Балкан, бидејќи е земја која има реформска влада, земја која покажа дека знае да ги решава и најтешките прашања, земја која заслужува да ги почне преговорите со ЕУ.Само со масовна излезност и со гласот за Стево Пендаровски, посочи Шекеринска, ќе покажеме дека со режимот е завршено засекогаш и дека продолжуваме заедно напред кон ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

За два дена, 36 сообраќајки во Скопје: Три лица се во тешка состојба

Во текот на изминатите денови (26, 27, 28 и 29.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Исклучени од сообраќај се 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување.Во текот на изминатите денови издадени се 61 мандатен платен налог и три возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 36 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања