Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

СДСМ: Сиљановска свесно направи груба злоупотреба на деца во политички цели

Соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО -ДПМНЕ Гордана Сиљановска, во очај грубо злоупотреби деца во политички цели и за изборна кампања, велат од СДСМ."Немајќи што конкретно да понуди пред граѓаните, Сиљановска злоупотреби деца без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село, каде трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи.Иако е јавно познато дека за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата, очајната Сиљановска се обиде да прикаже нереална слика за наводен недостиг на храна во детското и свесно ги злоупотреби децата заради политички маркетинг.Со таквото однесување, Сиљановска делува спротивно на Изборниот законик, како и на ратификуваната Конвенција за правата на детето.Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права. За таквиот потег очекуваме реакција од сите надлежни институции, вклучително и од Државната изборна комисија.Кандидатката на Мицкоски уште еднаш покажа дека не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира", се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Заев поднел оставка оставка од Советот за судски реформи

Премиерот Зоран Заев на синоќешната тринина во Куманово во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи. Овој одговор тој го даде на сгестија од посетител кој рече дека еден премиер не треба да предводи таква комисија.- Си дадов оставка од Советот за судски реформи, не сум веќе таму претседател. Морав да бидам на почетокот за тој да се раздвижи, а сега на чело е министерката за правда Рената Треневска Дескоска - рече Заев пред присутните граѓани.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev

Заев: Тие тројцата на „М“ што не е „мерцедесот“ на Груевски, ни се големи пријатели

Сакам да знаете, тие тројцата на „М“, што не е „мерцедесот“ на Грувски, не е ни нашата Македонија, Меркел, Макрон и Могерини тие се големи пријатели на нашата земја, порача лидерот на СДСМ од митингот во Куманово.– И тоа како добиваме почеток на преговори, и тоа како отвораме поглавја, стојат позад нас оти заслуживме, оти оддржавме европска лекција, оти не калкулираме политички- рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
paridenari1

Направена специјална апликација за повратот на ДДВ

Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со сликање на фискалната сметка и прикачување на посебна апликација.Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на трибина во Куманово во рамки на предизборната кампања за претседателските избори, заедно со заедничкиот кандидат Стево Пендаровски и минсистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.– Повратот на ДДВ има две важни цели. Првата е да ја отстраниме даночната евазија која официјално е 30 проценти на ДДВ. Граѓаните го плаќаат секаде но некој тоа не го уплаќа во државната каса. Каде и да мрднете има ДДВ. Целта е граѓаните да бидат инспектори. Тоа значи секој граѓанин да си побара фискална сметка, заради тоа што 15 проценти од ДДВ-то изразено во фискалната сметка ќе им се врати назад. Ако сметката е 1000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејство. Интересот ќе биде голем, бидејќи си враќаат парички. Тие нема да земаат од никој што нема да им даде фискална сметка, тие ќе ја завршат улогата на државата, а државата ќе им врати пари, рече премиерот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска: Се надевам ќе дојде денот кога ќе се гласа за личност, а не за партија

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на вчерашната трибина „Со гласање до одлука за нашата судбина“ во Ѓорче Петров рече дека се надева дека ќе дојде ден кога граѓаните индивидуално ќе го користат избирачкото право.-Јас сум неверојатно благодарна на граѓаните оти велам се надевам дека ќе дојде денот кога нема партиите да бидат тие кои што ќе тргуваат со граѓанските гласови, туку секој сам индивидуално ќе си го искористи своето избирачко право зад кутијата верувајќи дека гласа, особено на претседателските избори, не за партија или не само за партија, туку пред се за личност. Затоа јас сум една од оние кои се огромни противници за избор на претседател во Собранието. Граѓаните се помудри, граѓаните знаат да направат прав избор, рече Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-zaev-4-696x405

Заев ќе ги смени оние кои не си ја завршиле работата, но нема да ги остави „без леб“

Премиерот Зоран Заев на изборна трибина во Куманово порача дека „метлата“ што претходно ја најави за функционерите кои не покажале резултати „ќе замете и кај власта и кај опозицијата“.-Ред е и чесно е да се признае грешка. Не сме сјајни, ама сме отворени, чесни сме и транспаретни. Кога ќе не искритикуваат знаеме да се повлечеме и да прифатиме критика. На времето тоа не беше можно, рече премиерот и додаде дека целта со „метлата“ е секој  функционер, кој нема доволно трпение, кој се покажал дека не може да ги менаџира граѓаните, да се смени. Треба, истакна, сите да знаат дека секој оној кој не можел да ги слушне граѓаните,кој не си ја завршил својата работа и не испорачал резултати ќе го сменам. Оти ако не го направам тоа, ќе ме смени мене народот. И тоа е редот, но притоа никој на патот не го фрламе, никој нема да го оставам без леб.Тој потенцира дека истовремено како што се однесува таа метла за власта, од СДСМ и сите други, метлата ќе фати и на друга страна оти, посочи, Заев вети дека нема да ја брка јавната администрација, и не ја бркаме.– Договори каде завршија беа прекинати. Државната администрација 11 години беше полнета од ВМРО-ДПМНЕ. Не им фалеше влакно од главата. И сега Заев е добар, Заев е кроток, Заев е мирен, ама Заев со научен занает со метлата можам да им кажам дека ќе изметеме се и ќе сјае во Македонија. Ние сме добри луѓе, но не сме глупави и наивни. Почнаа списоци да прават како од времето на режимот, рече Заев.Тој истакна дека воделе политики со кои се воделе од тоа  никој да не губи работно место за да се вработи друг бидејќи нема среќа на туѓа несреќа, но оти од друга страна имало кочење на процесите во држвата и опструкции на секој чекор.– Треба да знаат дека нашата добрина ќе застане и оти секој мора да си ја завршува својата работа.Така што, метлата ќе замете тука кај власта, ама ќе замете и кај опозицијата затоа што пресериозни процеси се пред нас и ќе ги истераме, потенцира Заев.Посочи  дека  очекува Антикорупциската комисија, која излезе минатата недела со укажувања за претставници на власта, оваа недела да излезе и за опозицијата, бидејќи, како што рече, тие беа пример за непотизам.

Македонија | пред 6 години

6 год.
58673957_827373177620559_4961037691916386304_n

Сиљановска доби поддршка и од Бошњаците во Македонија

,,Благодарам на поддршката од Демократска Бошњачка Партија и г-н Салко Куч. И Бошњаците како и сите граѓани се свесни дека само со владеење на правото можеме да ја европеизираме Македонија“-пишува на еден од профилите на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, која помеѓу двата круга е во трка по гласовите на другите народи во Македонија, освен на Македонците.Таа се обиде да ги придобие Албанците со изјави дека има побратими меѓу нив, или дека можела да се омажи со Албанец во минатото и слично, но сѐ уште нема средби со граѓаните од овие етнички заедници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончев првомајски ден, попладне дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со локален дожд и грмежи.Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер.Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 23 степени.Во Скопје, слично време, сончево со умерена облачност, попладне можни се врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
12-‘Traitor-troops’-stage-coup-attempt-in-Venezuela-–-Vice-President-YouTube-Google-Chrome

Ранети над 50 луѓе во Венецуела: Оклопни возила газат цивили, ситуацијата тензична

Насилствата во Венецуела се разгореа, откако лидерот на опозицијата Хуан Гваидо ја повика војската да помогне во соборувањето на претседателот Николас Мадуро, а САД го зголемија притисокот за промена на власта. Илјадници Венецуелци денеска излегоа на улиците на главниот град Каракас за поддршка на она што Гваидо го нарече „завршна фаза“ во преземањето на власта, додека неговите поддржувачи се собраа пред воздухопловна база.Во судирите меѓу поддржувачите на Гваидо со безбедносните сили има 50-тина повредени.Претставници на владата на Мадуро ги осудија постапките на Гваидо, како обид за државен удар и рекоа дека ја задржуваат поддршката од војската. Министерот за одбрана Владимир Падрино во обраќање до јавноста во придружба на луѓе во униформи рече дека војската ќе продолжи да ја брани „легитимната власт“.Во меѓувреме, советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон рече дека администрацијата на Трамп очекува тројцата највисоки функционери, меѓу кои и министерот за одбрана и претседателот на Врховниот суд, да постапат според, како што рече, приватните ветувања дека Мадуро ќе биде отстранет од власт. Болтон не даде објаснвања за неговата изјава. Тој кажа дека Трамп ја следи ситуација од минута во минута и дека очекува мирно предавање на власта од Мадуро.Додека двајцата опозициски лидери ги координираа акциите од од коли паркирани на надвозник на автопатот, трупите лојални на Мадуро од соседната воена база спорадично пукаа со солзавец. Толпата од неколку илјади луѓе се растрча барајќи засолниште и подоцна се појави со Гуаидо на блискиот плоштад подалеку од пукотниците. Помала група млади луѓе остана на автопатот и фрлаше со камења и молотови коктели кон базата и запали неколку владини автобуси.Во хаосот, неколку воени оклопни возила со полна брзина се втурнаа во толпата, при што беа повредени двајца демонстранти.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Силјановска повика да се гласа за неа, оти во спротивност во Собрание ќе се избере претседател

Кандидатката за претседател на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, од митингот во Ѓорче Петров ги повика граѓаните да гласаат за личност, а не за партија, велејки дека е против изборот на гласање претседател во Собранието, верувајки дека граѓаните знаат да изберат што е најдобро за нив.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред граѓаните на митинг во Штип изјави дека е убеден во победа за нивната кандидатка и ги повика на 5 мај да излезат на гласање.Силјановска Давкова додаде дека е благодарна на сите граѓани кои и дале поддршка на 21 април и дека ќе може да го исполни она што го ветила пред граѓани, потенцирајќи дека на претседателските избори се гласа за човек кој ќе ја води нацијата и ќе работи во интерес за сите граѓани, додавајќи дека само со масовна поддршка за нејзе ќе се спречи гласањето на претседател на државата во Собранието.-Јас сум неверојатно благодарна на граѓаните оти велам се надевам дека ќе дојде денот кога нема партиите да бидат тие кои што ќе тргуваат со граѓанските гласови туку секој сам индивидуално ќе си го искористи своето избирачко право зад кутијата верувајќи дека гласа, особено на претседателските избори, не за партија или не само за партија туку пред се за личност. Затоа јас сум една од оние кои се огромни противници за избор на претседател во Собранието. Граѓаните се помудри, граѓаните знаат да направат прав избор, кажа Силјановска Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски од Диво Насење: Ставивме забрана Груевски да се врати назад

Кандидатот за претседател на владеачката коалиција, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Диво Насеље потсети на активностите на владеењето на Груевски во кое според него се внесувале поделби помеѓу граѓаните.Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции. Првата е нашата, ние што нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И, втората, предводна од противкандидатката, која вели дека сè што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација, рече Пендаровски.Тој истакна дека во недела се гласа за политика која не носи во Европа.-Ставаме дефинитивен печат на забрана Никола Груевски да се врати назад, рече Пендаровски и посочи дека претходната власт била најлоша во историјата на државата.Тој истакна дека тој ќе работи во интерес на граѓаните и ќе критикува за разлика од досегашниот претседател, за кого рече дека не ги потпишува указите за одредени закони значајани за граѓаните.Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев се заблагодари на кумановци кои во првиот круг му ја дадоа довербата на Пендаровски, но рече дека многу повеќе се очекува од овој град, бидејќи истакна дека Куманово ги храбрело во минатото сите градови.-Многу е важна одлуката дали одиме напред со современиот свет, рамо до рамо или да се вратиме назад, рече, меѓу другото Заев. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_20190430_220411_361-696x379

ВИДЕО: Вака се уништуваа македонските возила во Грција

Многу Македонци за продолжениот велигденски викенд заминаа во Грција, а некои од таму се вратија разочарани. Десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата, објави ФОКУС.Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил за кој никој не слушнал и видел ништо. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми биле сликата која ја затекнале, а пријавиле и во полиција.Имало и неколку џипови со целосно искршени стакла.На граничниот премин Богородица кај Гевгелија најмногу возила имаше во петокот наутро, иако многумина се упатија во Грција уште во четвртокот попладне, по завршувањето на работното време.Снимка направена од безбедносна камера, објавена на Фејсбук покажува три маскирани лица како почнуваат со уништување на македонските возила паркирани во Грција.[embed]https://www.facebook.com/martin.gavrilovski/videos/10219326321615933/[/embed] 

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-vi-maj

Внимавајте - ако сакате скара на излетничко место спремите 200 евра за казна

Се апелира за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и друго.Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Zoran-Krstevski

Зоран Крстевски: Вера

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Вербата во позитивните вибрации на Божјата енергија кај човекот буди внатрешен мир, спокојство и согледба дека ништо не е случајно и дека секоја болка, радост, страдање и искушение се случуваат за да научиме нешто повеќе за себе и за вистинските вредности на животот. Будистите сметаат дека човекот доаѓа на овој свет за да учи и од доброто и од лошото. Затоа бира ситуации кои ќе ја подигнат, зајакнат и исцелат неговата душа, со што го прекинува повторувањето на матриците (сансара) и се приближува кон остварување на идеалот – нирвана (вечен мир).Одредени луѓе го бираат патот кој води кон духовно просветлување, но многумина врват по патеката на неосознаеното и темно егзистирање. Во Новиот завет пишува дека доаѓа време кога ќе се водат духовни борби и секому ќе му биде дадено според делата негови. “Светиите уште повеќе ќе се осветат, а нечистите ќе станат уште понечисти”.(Откро. 22,11) Гревот, блудот и неморалот како се повеќе да стануваат мода. Според отец Пајсиј Светогорски: “Некои гревот го сметаат за напредок, а она што е морално го сметаат за назадно. На оној што постојано е во неморал, неморалот не му пречи, веќе се навикнал. Затоа, повеќе вредат оние што духовно се борат во светот, чувајќи ја чистотата на живеењето”.Чистотата на живеење и научената животна лекција создаваат увид за вредноста и водат кон повисокото еволуциско скалило на постоењето. Од друга страна, секоја неосознаена грешка создава предуслови за повторно соочување соискушенијатаи учење лекции, се додека целосно не платиме за тоа што и го правиме на душата.Во одредени општества, постојано се случува навидум спротивставените, но материјалистичкосродни и духовно неосвестени поединци и групации, да ја креираат колективната иднина и да влијаат врз напредокот на заедницата. Со слични нешта се соочуваме и во меѓучовечките односи, љубовта и работата. Се додека не станеме самокритични и духовно свесни дека проблемите не секогаш произлегуваат од другите, туку од вибрацијата со која ги привлекуваме таквите поединци и ситуации, тогаш можностите за напредок ќе бидат сведени на миниум. Понекогаш и судбината сака најзначајните животни лекции да ги добиеме токму од негативните и неморални лица. Со своето лошо однесување, тие не потсетуваат дека некаде сме забавиле со личниот развој и треба повеќе да работиме на духовното подигање на сопствената личност.Неубавите нешта се случуваат за да се освестиме, да полагаме духовни испити и да осознаеме многу нешта за напредокот на својата душа.На судбината не треба да гледаме со револт и огорченост. Таа ни е дадена од Бога, така што постои причина зашто се соочуваме со одредени животни проблеми и искушенија. Огорченост на судбината е директен протест против Божјата волја и одбивање на можноста за подобрување на состојбата во која се наоѓаме. Болката е симптом на животот. Илузорно е да очекуваме дека може да опстојуваме во овој свет исполнет со многу морални борби и неправди, без притоа да почувствуваме болка и доживееме разни разочарувања. Сепак, константните кризи и внатрешни немири се знак дека имаме проблеми со душата.Во овој свет сме дојдени поради еволуцијата на душата, подигнувањето на свеста и препознавањето и осмислувањето на својата животна мисија. Затоа, неретко и негативните случувања се дел од божјата промисла која сака да го тестира нашиот дух и испита во миговите кога нештата нема да се однесуваат како што посакуваме. Тоа не значи дека вечно ќе останеме во искушенијата и дека ќе потклекнеме во борбата со негативните влијанија.Кога ученикот е подготвен, духовниот учител се појавува. Тоа е основниот лозунг на духовноста. Секогаш кога духовно се будиме, искрено и посветено се покајуваме и почнуваме да чукаме на портата на позитивноста, тогаш и Бог ни помага во настојувањата и ни го отвора патот кој води кон смислата, мирот опуштеноста. За да ги оствариме овие благородни цели, неопходно е енергијата да ја водиме според начелата на трпението и смирението. Во корелација со верата, љубовта и надежта, тие се главните вредности за воспоставување на духовниот напредок и среќата.Кога сме под удар на судбината, неопходно е да направиме се што е потребноза да се извлечеме од проблемите, но откога ќе ги исцрпиме можностите, треба да се опуштиме и препуштиме на божествениот извор на моќ и енергија. Препуштањето на внатрешната тишина (молитвата) и отворањето на умот за закрепнувачката сила на Бога, создаваат чуда и имаат смирувачко влијание за душата. Посветените верници знаат дека креативната тишина и верата будат голема сила и мудрост, предизвикувајќи благотворно смирение во борбата со животните кризи и тешкотии.Кога со свесен чин на волјата ќе продреме длабоко во молитвите и постепено ја развиваме мислата за светлоста, тогаш нашето тело, ум и дух стануваат поопуштени и приемчиви за позитивните вибрации на животот.Библијата ни зборува дека во Исус Христос е животот, а тој живот за луѓето е светлост која создава духовна терапија, исцелува, трансформира и насочува кон мирот и спокојството на постоењето. За да се почувствуваат овие благодети, неопходно е да се верува, зашто верата е допирна точка со Божјата сила. Според Норман Винсент Пил: “Ако човек оди во духовен храм и се вклопи во атмосферата којашто владее таму и само за неколку минути тишина успее да се сврти од негативните и деструктивните мисли коишто го возбудуваат и ако, вистински релаксираното тело и душа ја потврдат верата во Бога, тој така се подготвува во себе за прифаќање на сила што ќе го оживее, а која непрекинато тече низ космосот”.Луѓето се склони да бараат брзи решенија и очекуваат дека нивните проблеми преку ноќ ќе исчезнат. Се е процес, согледба и соочување, така што мора да се размислува за излез од тешкотиите, но не треба да се претерува со силување на умот и да се создава притисок врз личноста. Континуирната ментална напнатост наместо да доведе до разјаснување, води кон непрекината збунетост. Затоа, потребно е да се прекине напнатоста и да се ослободи умот за идејата да се пробие. Кога се иницира молитва и мислите се насочуваат кон Бога, тогаш и се препуштаме на духовната сила и барем за миг се дистанцираме од проблемите со кои се соочуваме.“Дојдете кај мене сите кои сте уморни и оптоварени, и јас ќе ве одморам. Кој врви по Мене, нема да оди во темнина”. Тоа се зборови на спасителот Исус Христос, со кои тој не повикува да го следиме и подржуваме неговото поведение, ако сакаме да бидеме просветени и ослободени од немирот на душата и заслепеноста на умот. Луѓето што се далеку од Бога никогаш не наоѓаат утеха и двојно се мачат. Според зборовите на Светите оци: “Ако му служиш на црниот господар, уште овде животот ќе ти го направи црн. Ако му служиш на гревот, плата ќе добиеш од нечестивиот. Ако им служиш на добродетелите, плата ќе добиеш од Христа. И колку повеќе работиш за Христа, толку повеќе ќе блескаш, ќе се радуваш“.Бог непрестајно не повикува кон Себе, но ние, обично, сме оддалечени од Него, и дури кога ќе се појави некоја опасност, итаме кон духовните вредности. Да се сака Бог, значи да се отфрли каењето поради минатото, грижата поради сегашноста и стравот во врска со иднината.Спокојството многу тешко ќе го постигнеме ако проблемите постојано ги носиме со себе и не веруваме дека можат да бидат надминати. Кога ќе најдеме душевно олеснување, умот треба да го исполниме со корисни, позитивни идеи, полни со вера, надеж и визија.Заклучокот е да не гледаме зад себе, туку да се пробиваме напред, затоа што животот секогаш оди напред – никогаш назад. Тоа ќе го постигнеме доколку сфатиме дека трпението е духовна одбрана, а смирението најмоќно оружје против нечестивите сили на постоењето.

Коментари | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Поразителни резултати од теренската вакцинација - имунолозите најавуваат уште две нови задолжителни

Поразителни бројки од теренската вакцинација во училиштата за вакцината против морбили. Во училиштата во Скопје биле вакцинирани едвај 8 проценти од предвидените, или од 1490 невакцинирани ученици, МРП вакциа примиле само 119 деца. Во меѓувреме расте бројот на заболени со морбили. На Клиниката за детски болести имаат 13 хоспитализирани пациенти, од кои 11 месечното бебе веќе две недели е на апарати за дишење поради компликациите од малите сипаници. 34 заразени има и на Инфективна од кои 18 се возрасни и 16 деца.Инаку во финална фаза е промената на календарот за имунизација каде како задолжителни влегуваат и вакцините за рота вирус и пнеумокок. Педијатрите очекуваат да нема отпор кон двете нови вакцини како што е случајот со големиот број на невакцинирани против морбили.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski

Пендаровски: Гласот за Сиљановска е глас за нов Иванов

Кандидатот за претседател поддржан од власта, Стево Пендаровски, денеска на средба со жителите на Липково, порача дека на 5 мај Албанците ќе потврдат дека само заедништвото може да и донесе прогрес на државата.„Важно е да не се гласа за Сиљановска, бидејќи таа сака да уништи сè она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев „да“ за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев „за“ Законот за јазици, таа беше против. Во недела сите кои ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов“, рече Пендаровски.Тој вели дека Македонија е мултиетничка држава и дека во неа сите се исти и имаат исти права. Пендаровски вели дека неговата опција е за напред во НАТО и ЕУ, а, како што вели, Сиљановска и Мицкоски сакаат назад во изолација и не и мислат добро на државата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
venecuela-dimni-bombi-38g6y1m7sx1ueiqka1eiv4

Тензиите растат во Венецела, Гуаидо објавува – дел од армијата е со мене

Истрели, солзавец и чадни бомби во близина воената база во Каракас. Тензиите растат во Венецела откако самопрогласениот преоден претседател Хуан Гуаидо објави дека дел од војската му се прикониле и го ослободиле опозициониот лидер Леополд Лопез. Во видото објавено денеска на Твитер, во кое Гуаидо е опркружен со војници, тој објави дека ја започнал „завршната фаза“ го повика народот и армијата да и стават крај на „узурпацијата на Мадуро“.Веќе се многубројни војниците кои ни се придружија, нашето воено семејство го направи првиот чекор, сите кои слушаат ќе чујат следните неколку минути. Ова е моментот, моментот е сега, не само момент на смиреност и здрав разум , туку и на храброст и мудрост за да дојде мирот во Венецуела. Бог да ве благослови. Тргнуваме напред, ќе ја освоиме слободата и демократијата во Венецуела, рече Гуаидо.Социјалистичката влада на претседателот Николас Мадуро соопшти дека мала група „воени одметници“ поддржани од десничарските противници се обидуваат да извршат воен удар. На твитер Мадуро го повикува народот „да остане во состојба на максимален аларм“ и порача: „Ние ќе победиме“.Но од денеска со Гуаидо е и опозициониот лидер Леополд Лопез кој по четири години во притвор повика на обединување на армијата и жителите на Венцуела.За внатрешност на земјата би им кажал на Венецуелците дека треба да излезат на улица. Добивме информации дека војници од различни воени единици, и мажи и жени во униформи се свесни дека мора да дојде до промена на власта на Венецуела и сите нив ги повикуваме да се вклучат во овој процес на обединување на вооружените сили со жителите на Венецуела. Ви благодарам, рече Леополдо Лопез, лидер на опозицијата.Војската досега го поддржуваше Николас Мадуро и одбиваше да го поддржи Гуаидо.И вниманието на Брисел е насочено кон Каракас, оттаму бараат мирно решение.Имајќи в предвид дека информациите за развојот на случувањата се уште доаѓаат, навистина не би дала никаков коментар, но би ја повторила нашата позиција дека поддржуваме политичко и мирно решение на кризата во Венезуела, преку слободни и фер избори. Долгогодишен став на ЕУ со кој сте добро запознати. Во моментов ги следиме го следиме развојот на ситуацијата на терен и ако биде потребно било што конкретно да кажеме, ние сме тука, рече Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕУ.Претседателот на собранието и лидер на опозицијата Хуан Гуаидо ја повика војската да му даде поддржка уште во јануари кога тој се прогласи за привремен претседател. Тој тврди дека Никола Мадуро е „узурпатор“ кој е избран на лажирани избори.Прв поддршка за Гуаидо изрази американскиот сенатор Марко Рубио, кој на Твитер ја повика војската да му даде поддршка на претседателот на собранието.

Свет | пред 6 години

6 год.
vlada-tabla

Брифинг во Влада: Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година Северна Македонија мора да ги почне преговорите

Во ЕУ на сите им е јасно дека оваа година Северна Македонија мора да ги почне претпристапните преговори, мора да има одлука, а кога таа одлука ќе се донесе зависи од сплет на околности – од една страна продолжувањето на спроведувањето на домашните реформи, од друга страна случувањата во самата Унија, во чии земји членки почна кампања за изборите за Европскиот парламент. Извори од Владата денеска на брифинг, говорејќи за неформалниот самит за Западен Балкан, кој под водство на Ангела Меркел и Емануел Макрон се одржа во Берлин, изразуваат оптимизам дека земјава зелено светло за почеток на преговори ќе добие во јуни.Освен реформите и случувањата во самата Унија, суштинско во моментов е успешно завршување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката за почеток на преговорите ќе зависи и од одлуката на секој граѓанин да излезе на гласачкото место, бидејќи неуспешен втор круг ќе биде лоша порака до земјите-членки за демократската зрелост на државата, велат од Владата и додаваат дека тука е важна личната одговорност на секој граѓанин.На патот кон полноправно членство во Унијата, велат извори од Владата, има работи кои зависат од нас, како што е законот за Јавното обвинителство, каде се решава и статусот на СЈО и воопшто реформската агенда, но има работи кои зависат од европските избори и динамиката внатре во самата ЕК. Велат оваа година има кусо време меѓу објавувањето на извештаите и дискусијата, особено во тие земји каде таа мора да помине во парламентите, како што е случајот со Германија.Различни земји-членки имаат различен фокус – има земји во кои има повеќе фокус на реформите, има земји кои повеќе се фокусираат на геополитичката ситуација, но сепак велат од Владата во моментов во пресрет на европските избори и пред да го видат извештајот земјите-членки избегнуваат да дадат јасен став.  Таков е и случајот со Франција. Додека не поминат европските избори Париз нема да даде јасен и гласен став во однос на почетокот за преговорите.Повеќе прочитајте на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Во Скопје е пронајден труп кој почнал да се распаѓа

Човечки труп во фаза на распаѓање бил пронајден во атар на скопското село Љуботен, дознава 24 Инфо.Веста ја потврдија од МВР. Трупот бил пронајден кај местото викано Башанец.По обдукцијата ќе биде познато како починало лицето.

Скопје | пред 6 години

6 год.
image-31

ФОТО: Страшна сообраќајка во Скопје, повредени жена и две деца - крв насекаде

Тешка соообраќајна несреќа се случи пред половина час на скопската обиколница, пренесува 1ТВ.Возило излетало и се превртило на кров, најверојатно поради преголема брзина.Увид на лице место врши полицијата, а засега нема подетални информации од МВР.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања