Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Capture-6

Арсовски: Заев и Пендаровски, полнењето кутии е она што најдобро го прават и најдобро го знаат кога немаат поддршка

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја изгубија поддршката од граѓаните. Полнењето кутии е она што најдобро го прават и најдобро го знаат кога немаат поддршка. Вчера поднесовме кривична пријава против 10 лица за нерегуларности, односно полнење кутии на избирачко место 0816 во Зајас, каде што според извештајот на ДИК во периодот од 15 до 17 часот во првиот круг вкупно гласале 297 лица, односно три пати повеќе од бројот на лица кои гласале до 15 часот, исткна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е доказ дека се полнети кутии на ова избирачко место и тоа на секои 24 секунди по 1 гласачко ливче ставано во гласачка кутија. Дополнително по завршувањето на гласањето е утврдено дека во посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место се потпишани 412 лица, односно 4 помалку отколку што имало ливчиња во гласачката кутија.За сторено кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл. 161 од Кривичен Законик, Јавното обвинителство молчи или можеби Заев обвинителите ги пуштил да одмараат по дома додека трае кампањата за да може да прави што сака.Одговорност треба да сносат сите. И оние што го извршиле ова, и оние што го овозможиле ова, но најважно, оние кои што го наредиле да се реализира ова.Ова е начин кој му е веќе проверен на Зоран Заев уште од референдумот. Но и тогаш и сега и со полнење кутии не може да ја изигра волјата на граѓаните никој.Да потсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ до Основното Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште пред половина година поднесе кривичната пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње и Сарај за основано сомнение дека референдум над 50.000 гласови биле злоупотребени, но и заради грубо полнење на кутии како и сега.Тогаш верувале или не се гласаше на секои 4 секунди во одредени избирачки места.И тогаш и сега, Јавното обвинителство не презема ништо. СДСМ забораваат, а ние уште еднаш да ги потсетиме. По промената на власта сите ќе одговараат без разлика кога го сториле кривичното дело. Ќе одговараат и за полнењето кутии на Претседателските избори и за полнењето кутии на референдумот. Затоа, не се обидувајте да ја изиграте волјата на граѓаните, тогаш Јавното обвинителство ќе биде ослободено од канџите на Заев и тогаш ќе го нема Заев да ве лаже дека ве штити преку обвинителството.Граѓаните веќе јасно одбраа, иден Претседател е Гордана Сиљановска Давкова, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања

Стево Пендаровски сака да биде претседател на држава, а бега од ТВ соочувања со граѓаните, бега од прашањата од опозицијата, бега од јавноста. Сака да биде претседател кој се појавува само на фингирани трибини, со нарачани прашања, а ако некој дури и добие шанса за вистинско прашање - му го исклучува микрофонот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е Пендаровски, тоа е второто лице на Заев, тоа е кандидатот кој треба да аминува и амнестира криминал.Пендаровски како претставник на транзициските тајкуни не може да биде претседател ако не одговори на прашањата кои ја мачат јавноста:Зошто тој не го осуди и не се огради од криминалната приватизација?Каква е неговата улога како Шеф на аналитика за време на гостиварските настани 1997 година и дали тоа беше осмислено за да се прикрие најголемата девалвација на денарот во однос на тогашната германска марка, што се случи во истиот ден - 12 јули 1997?Зошто како прв човек на ДИК ги легитимираше најкриминалните избори во историјата на Македонија, кога ги одби приговорите во кои имаше документирани случаи на насилства, влечења за коси, оружени инциденти, репетирани пиштоли, калашникови, детонирани бомби во штаб на ВМРО-ДПМНЕ?Дали ги оправдува и за него се неважни актуелните брзи прсти и полнења на кутии, констатирани од ДИК и поништени гласачки места?Каква е неговата улога при аболицијата на Зоран Заев за криминалот од 8 милиони евра за случајот „Глобал“ и дали е тоа принципот, принципот за неказнивост за СДСМ, заради кој што по втор пат криминалниот клан го турка за претседател на државата?Дали Пендаровски не го виде видеото од случајот „Поткуп“ каде неговото второ јас – Зоран Заев - бара мито, бара поткуп од 200.000 евра? Дали повторно би го амнестирал Заев за овој пат за случајот наречен „кај Мирчо бишкарникот“?Зошто Пендаровски не се огради и не го осуди непотизмот и најгрубата партизација на администрацијата нарачана и спроведувана од врвот на СДСМ?Или Пендаровски ќе продолжи да го брани Заев дека не го знаел што прави генералниот му секретар Кирацовски или пак Мира Стојчевска-Дизел, кои вработија се што им е род?Ќе го осуди ли Пендаровски барем еднаш кратењето на пензиите, криминогеноста и девастацијата во здравството, злоупотребите на репресивниот апарат, на буџетот за изборни нерегуларности.Ќе се осуди ли Пендаровски барем еднаш јавно да го праша Заев, Зошто нема дата за преговори? Нели лани добивме датум за преговори? До каде се судските реформи? До каде се економските реформи? Зошто нема инвестиции? Каде се парите за капиталните инвестиции? Тука се надоврзува уште едно прашање дали Пендаровски аминува поткуп за изборни цели врз работници, со што се крши нивното основно демократско право, поткуп кој што го спроведува и поттикнува Зоран Заев? На крајот ќе признае ли Пендаровски каде живее и зошто при сите функции како имот има наведено само два автомобила - едно на сопругата и неговото Југо?Почитувани ова се прашањата од кои што Пендаровски бега од дебата од соочувања, Пендаровски бега од одговори пред јавноста. Пендаровски не нуди ништо освен лажни ветувања и амнестирање на криминалот на власта!Македонија со Пендаровски ќе продолжи да тоне по сите параметри, на сите меѓународни мерења. Јасно е и зошто - без почитување на правото, државата тоне во неказнивост и беззаконие. На Македонија и е потребно почитување на правото. А, Пендаровски соочен со прашања за почитување на правото, се губи! Затоа бега од дебати, затоа бега од соочувања!Тоа се случи и во 2014-та, тоа се случува и сега, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
t

Пендаровски : „Скопје 2014“ е злоупотреба на архитектурата и историјата

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска разговараше со претставници на независниот синдикат од културата и од независната културна сцена, пред кои истакна дека иако претседателот нема директни ингеренции во овие области, сепак со интегритетот и угледот, како и со желбата работите да се подобрат, ќе укажува на аномалиите и проблемите и ќе поттикнува на унапредување на културната дејност.„ Досегашниот претседател немаше свое јас, јас не сум таков човек, мора да се говори отворено бидејќи културата е богатството и лицето на државата. Јас немам ингеренции и во други области и случувања, како што е непотизмот, па сепак не премолчувам. Секој од нас вклучително и претседателот мора да биде коректор на општествените процеси“, рече Пендаровски.Во разговорите, Пендаровски посочи дека ќе предупредува да не се поставуваат како во претходната власт културни аташеа и коректори на културни центри само затоа што се партиски послушници и истакна дека проектот “Скопје 2014“ беше еден од двигателите граѓаните да излезат на улица и да бараат заминување на претходната власт.„Тоа  не е проект, туку злоупотреба на архитектурата, историјата. Затоа не треба да се гледа само од финансиски аспект да се гледа кој колку земал и колку е потрошено. Тој проект беше насаден во главата на еден човек и нема никаква врска со нашата историја, тоа е крадење на историјата. Проблемот е и морален, бидејќи многу луѓе влегоа во ова за пари и ја погазија професијата. Сега и противкандидатка, иако е професор, говори на националистичка основа, таа е дел од таа матрица“, рече Пендаровски.

пред 6 години

6 год.
LDP

Предлог на ЛДП - неделите и празниците да се неработни и за вработените во трговијата

Либерално Демократската Партија се залага за целосно изедначување на статусот на работниците во приватниот сектор, со статусот на вработените во државните институции.Согласно Законот за трговија, денеска, останатите празници, но и во неделите голем дел од трговските објекти работат, вели пратеничката Јулиана Николова.За да се спречи ваквиот нееднаков третман ЛДП подготвува измени на Законот за трговија, кој ќе обезбеди неделите и празниците да бидат неработни за сите вработени во трговијата на мало, како што се продавниците, дуќаните и големите трговски центри, но и за вработените во трговијата на големо.,,Сметаме дека поминувањето на повеќе време со семејствата е од големо значење за квалитетот на животот на поединецот, како и за целото општество.Измените што ги предлагаме ќе придонесат за подобрување на условите за работа во приватниот сектор, за сметка на атрактивноста на државната администрација.Нa овој начин ќе се зголеми продуктивноста на работниците, ќе се намалат обврските и трошоците на работодавачите, но и ќе се оневозможи нелојалната конкуренција.Предлогот доаѓа од Форумот на жени на ЛДП, бидејќи морам да нагласам дека, најголем дел од вработените во трговија се жени, за кои, со оглед на семејните обврски, слободната недела и празниците се од исклучително значење“-изјави Николова.Со оваа предлог измена се следи трендот на развиените европски земји, кои одат чекор подалеку и гарантираат соодветна рамнотежа помеѓу работните обврски и семејството. Овој принцип веќе го имаат воведено Германија, Австрија, Швајцарија и многу други земји членки на Европската унија.Либерално демократската партија за овој законски предлог, кој наскоро ќе влезе во собраниска процедура, очекува поддршка од колегите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vencavka

Венчавка без чипки, тантели и гламур - кажаа „Да“ во духот на македонската традиција

Вчера во црквата св. Никола во Охрид, се одржа венчавка - специфична што наместо вообичаениот гламур навикнати да гледаме на вакви свечености, овој пат младнците се одлучија судбоносното „ДА“ да го кажат облечени во традиционална носија.Екипата на Скопје1 на младите им посакува успех во задничкот живот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-novo-selo

Мицкоски: Без работникот нема економија - честит Меѓународ ден на трудот 1 мај

Дозволете ми да го честитам Меѓународниот ден на трудот 1 мај на сите кои со својот труд, ангажман, лична заложба и сила обезбедуваат егзистенција за себе и за своите семејства, на сите работни луѓе кои  со своите раце креираат додадена вредност за себе и за нашата држава.Без работникот нема економија. Затоа работникот треба да биде почитуван, вреднуван. Но тоа сега не е така. Работникот во Македонија е потиштен, тој трпи неправди, притисоци, закани. Неговиот труд најчесто не е платен, а маката и неправдите стануваат се поголеми. Ги нема ниту 500-те евра плата кои Власта ги ветуваше, ниту 100.000 денари плата за лекарите, ниту повратот на ДДВ кој требаше да оствари заштеда за 13-та плата. Нема ништо од тоа што ветуваа, а ветуваа многу. Оваа состојба мора да се смени. Мора да се избориме за подобри услови за работниците, за поголеми плати, за враќање на почитта за работникот во општеството. За вистинска пазарна економија која ќе креира повисоки плати, работа за невработените.Промените почнуваат од нас самите. Да бидеме промената која што сакаме да ја видиме во земјата. Да се спротивставиме на сите лоши политики и да се избориме за подобро.Достоинствено да се избориме за она што не следува. Работникот мора да биде вреднуван како што му прилега и како што заслужува, се вели во честитката од лидерот н ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев: Преговараме за ново зголемување на минималната плата на 13 илјади денари

Ја покачивме миниминалната плата но не застануваме. Преговараме за ново зголемување. Минималната плата да биде 13.000 денари, за повеќе пари да завршат кај граѓаните и да се забрза порастот на платите. Водиме политики со кои ја зголемуваме и просечната плата -порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина во Куманово.Претседателот на СДСМ зборуваше и за подготовките за стапувањето на сила на електронскот систем на поврат на ДДВ кој пробно ќе биде тестиран во наредните месеци, за потоа да стане редовна постапка од која бенефит ќе имаат и граѓаните и државата.–Каде и да мрднете има ДДВ. Ако сметката е 1000 денари, 180 денари е ДДВ и од тие 180 денари 15 отсто се враќа назад кај граѓаните. Од сите сметки меѓу 20 и 30 илјади денари ќе враќа семејството годишно, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во Куманово.Сите економски параметри се во нагорна линија, напредокот го дава резултатот и покажува дека земјава и економијата се движат во вистинска насока, додаде Заев.-624 милиони евра странски дирекни инвестиции , раст на економијата, раст на БДП од 3.7%, раст на индустриското производство само за првиот квартал од 8.8%, зголемен извоз и увоз од ИРЗ за 27.5% се потврда за вистинската насока по која се движи економијата ,односно државата.Уште една потврда за добриот правец по кој се движиме е и ратификацијата на потоколот веќе од 12 земји . А на крајот на годината на декемврискиот самит ќе го добиеме полноправното членство во НАТО. - рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_20190430-161004-800x445-696x387

Исповед: Работата на празници растура бракови и семејства

Ми стаса порака од вработена од скопски мол, не е битно кој, сакаше да остане анонимна и тоа е најбитно. Сакаше да знае зошто сите не сме исти.Затоа битно е да споделите, да се ставиме сите на нивно место, да се обидеме да направиме заедно нешто. Да бараме недела и празник да важи за сите подеднакво. Нека е петиција, нека е било што. Да се слушне кај оние кои носат закони.Капиталот и алчноста на неколкумина, не е вреден повеќе од овие луѓе и нивните фамилии. Бидејќи и обичните работници заслужуваат одмор, споени денови и државни празници.Бидејќи заслужуваат повеќе од било кој. Еве го во целост;28.04.2019 ВЕЛИГДЕН -Едвај стојам на нозе, се прибрав од црква во 3 часот по полноќ. Станав, спремам јадење, брзам. На маж ми му викам, гледај јадењето оти ќе ми избега автобусот. 11 и 30 е часот, на постојка чекам автобус на ЈСП, празнично каснат. Се нервирам, мониторинг ќе не пријават, морам да отворам, од 12 часот сме на работа. Среќен празник и на мене и сите нас кои работат во моловите.Дали ние не сме работници, верници, дали ние немаме деца, партнери, дома фамилијарно да славиме. Веќе долги години работам во мол, не само јас, илјадници не има. Ајде бе, ве плаќаат, што мрчите? Па газдата не плаќа, да, ама дали молот одговара пред некоја институција за работење на Велигден…. Божиќ….Стигнав, празно, никој нема, ние вработените, обезбедување и случајни минувачи. Услужуваш, се смееш, ама душата ти трепери. Децата ме чекаат дома да се кршиме со јајце. Отварам телефон, слики, сите во природа или дома, среќни. А кај сум јас, што сум јас? Дали размисливте кога ставивте работно време од 12 до 20 часот?Да, истите вие кои уплативте за Грчка , Малта, Будимпешта, Рим, да, вие, администрацијата на молот. Јас не барам карта авионска да ми платите, дома сакам, ми фали да сум за Велигден дома. Барем овој ден затворете ги моловите, веќе кога Божиќ и сите други ги работиме до еден. Веќе ако се спремаме за европска држава, а назад сме со децении. Газдарицата звони на вибер, како сте девојки , што правите, како е денес, знам, ништо нема, што е до мене затварајте, ама знаете, ќе не казнат, не смееме….16 и 10, каснат втора смена. Едната со дечкото се кара пред влез , до кога вака, батали работа, цело друштво е заедно. Другата вели, маж ми ми вети да не се брзам , ќе ме донесе со кола… Се напи алкохол, па морав со такси да дојдам и празнично ми зема 300 денари.Сите напнати, сите нервозни. А влегува муштерија , мора да се смееш.Ми замина автобусот во 16 и 30, уфф…Ми се плаче, ми се вика. Си ја сакам работата, ме исполнува. Но ми се гади од капиталистите кои ги диригираат условите.500 денари плус на плата нема да ја врати семејната хармонија, ниту ќе ми го врати тој ден кој требаше да го минам со децата.А слушаш на вести, утре неработен ден за сите граѓани…. А ние, од кај сме, јас, од кај сум , од Марс?Помина Велигден, еве го Први мај. Денот на трудот, ама за чиј труд, за државните институции. Само тие се работници.01.05.2019 – Работно време на моловите, известување ќе се работинормално, нема скратено работно време. Ајде ќе врне, па нема да одат во природа, ќе биде полно.А вие си споивте 25, 26, 27, 28, 29, 30, 1. Па секако, не сте продавачи, келнери, хостеси, промотери. Вие сте од “горе “, администрацијата на молот.Газдите на дуќаните и штандовите немаат допирна точка со работното време на моловите за празници. Ако затворат, веднаш санкции. Промет нема доволно, ама мора да плати празнично. А ние не го бараме тоа. Сакаме ден празничен со семејствата.Барем така е во другите нормални држави. Не работи ништо освен болница, полиција, дежурна бензиска и аптека.Поздрав до сите драги колеги од моловите. Нека ни е среќен 1ви мај , Денот на трудот.Фејсбук статус на Кристина Ампева

Коментари | пред 6 години

6 год.
krsenje-696x391

(Видео) И тоа го има по светов: Вака почна фудбалски натпревар за Велигден во Бугарија

Во фудбалот, судијата со вртење паричка одлучува на кој ќе му пропадне топката и кој на која половина ќе игра.Но во комшии тоа правило овие денови не важеше, а бугарите на креативен и по малку луд начин покажаа дека без проблем можат да ги променат стандардните правила.Овој натпревар се падна да се игра томку за Велигден, а од фудбалската федерација на Бугарија решија наместо со фрлање паричка, одлуката за кој да го изведе почетниот удар да ја донесат со кршење со јајца.Така капитените на двата клуба добија по едно јајце кое беше во клупските бои и со кршење решаваа кој ќе биде тимот што прв ќе тргне од центарот.Погледнете го урнебесното видео.[embed]https://streamable.com/txqwc[/embed]

Спорт | пред 6 години

6 год.
venko-gligorov-web

Венко Глигоров: Сопругот на кандидатката ми должи пари

Статус на Венко Глигоров, сопственик на Логин:,,НИТУ ПРАВДА НИ ЕКОНОМИЈА ЌЕ ВИДИМЕ СО КАНДИДАТ(КАТА)Прво за економијата. Во време на нејзиното министерување, нејзиниот сопруг држеше фришоп на најпрометното место – Табановци. Онака, сосема случајно го доби, поштно нели чесна и е по правдата!!!!??? Тогаш Србија беше под меѓународна блокада. Бевме опоменувани од меѓународната заради прекршување на блокадата. Имаше секаков промет во тоа време – во кеш.Бидејќи видоа дека фришоповите носат екстра огромни профити, а посебно тој на Табановце, се појавија разни аспирации кај пријатели на тогашната Влада. Бидејќи не можеше да се процени кој најмногу „заслужува“ падна Владината одлука да се прекинат фришоповите во цела земја – на штета на цела Македонија. Во тоа време наместо странците да пазаруваат во наши фришопови, сите преминаа на шопинг во грчките. И така повеќе од 20 години. Наместо наши производи, странците пазаруваа грчки производи. Наместо Ракија и Мастика, странците купуваа Узо и Ципуро.А сега и за правдата. Крајот на 90тите години, сопругот на кандидатката остана должен на фирмата што ја водам. По неколку јавувања, опомени и слично, случајно го сретнав дотичниот. Ми кажа: „Не ги добиваш парите. Тужи ме. Знаеш кога ќе ги добиеш?“. Алудираше дека судовите се на негова страна. Му реков: „Кога тогаш ќе ги добијам“. Досега не ги добив парите, чисто информативно.Но може да заклучам дека за време на „министерувањето“ на кандидатката не беше погодно за економијата во Македонија. И судството не беше ни оддалеку ефикасно и беше скроено за такви како „сопругот“ да може да се изживуваат.Па да прашам, за која правда сега зборува кандидатката? За правда на лоповите или за правда на чесните граѓани и стопанственици? Дали од тогаш нешто покренала за подобрување на состојбата, пошто нели, она универзитетски професор во делот на правото? Само се фалат со титули и она „универзитетски“, а немаат ништо реално направено добро за државата. Не верувам дека оваа кандидатка мисли и може нешто добро да направи за Македонија. Да си го кажам моето мислење зошто ми стоеше како грутка во градите“, пишува Венко Глигоров.

Коментари | пред 6 години

6 год.
mickoski-novo-selo

Мицкоски: Добивам информации дека Заев бил во Берлин за да ги моли да не објавуваат дека државата нема датум за преговори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за порталот „ Република“ истакна дека по она фијаско, по оној ладен туш од Берлин добил информација дека тоа последно патување на Заев имало друга цел, а тоа е да не се објавува дека Македонија нема да добие датум за преговори.-Да ги замоли европските политичари да не објават дека нема да добие Македонија датум за преговори, за да можат, веднаш по изборите на 5 мај, да обвинат дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно за тоа. Тоа е една по малку комична и театрална епизода која што ја имал таму, вели Мицкоски.Тој порача дека додека сите политичари се борат за иднината на нивната земја, Заев се бори да го обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Циклонот Ален се поблиску до Македонија - очекувајте голема промена на времето

Од петок Балканот ќе започне да го зафаќа најавениот циклон Ален кој најпрво ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд додека локално се очекуваат и поинтензивни атмосфераски процеси во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења како и појава на град.Во текот на ноќта пак сабота кон недела ќе дојде до спуштање на значителено постуден воздух од север со што во регионот повторно се очекуваат нови врнежи од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, снежната граница дури има услови да се спушти понекаде и на помала надморска височина и тоа особено во Словенија и во Босна а температурите значително ќе опаднат со што на самиот почеток од следната недела на балканот има опасност од појава на мраз кој многу лошо ќе влијае врз земјоделието и земјоделските култури.Исто така за време на овој циклон ширум регионот се очекува и позначително количество на воден талог со што понекаде може да дојде и до локални поплавувања.Во Македонија пак Ален ќе стигне исто така за време на викендот и ќе услови врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи а ќе започне да дува и јужен ветер. Во текот на ноќта понеделник кон вторник поради продор на значително постуден воздух од север ќе дојде до значителен пад на температурите а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец, поради падот на температурите на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Удрил во заштитните бетонски огради, повредени возачот и 7 годишно дете

На 30.04.2019 година во 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, кај Волково, патничко моторно возило “Форд Ка“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.З.(38) од Скопје удрило во заштитните бетонски огради. Во незгодата со телесни повреди се здобиле Б.З. и едно дете сопатник на возраст од седум години, додека другото дете сопатник на иста возраст се здобило со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tornado-1

(ВИДЕО+ФОТО) Торнадо преврте автобус во Романија

Драматично видео се појави на социјалните мрежи на кое се гледа како вчера торнадо погоди делови од Романија.[embed]https://www.facebook.com/oscar.stanciu/posts/2269019673141449[/embed]Најкритично било во областа Калараши во источниот дел на земјата, каде што, според локалните медиуми, биле уништени 10 куќи.Во полициските извештаи се наведува дека ветрот превртел и автобус со 40 патници. Нема информации за евентуални жртви или повредени. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сообраќајна несреќа, едно лице повредено

На 30.04.2019 година во 14,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Лазо Трповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шкода октавија“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.С.(44) од Скопје, патничко моторно возило “Мерцедес Е210“ со скопски регистерски таблици, управувано од Т.Н.(53) од Скопје и патничко моторно возило “Фолсваген Бора“ со скопски регистерски таблици, управувано од Р.Љ.(50) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.С. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosovo-1

На Косово биле силувани 20.000 жени

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одржа јавни сведочења за силување на Албанка за време на конфликтот на Косово.Поранешната косовска претседателка Атифета Јахјага, која воедно е и организатор на јавното сведочење, изнесе податок дека наводно на Косово и Метохија биле силувани 20.000 жени, иако за тоа нема сигурни податоци, вели Б2.Јавно сведочеше и Васфија Красниќи Гудман, која тврди дека преживеала сексуално насилство.Јахјага рече дека целта на јавното сослушување е да се прикажат приказните за жртвите и нивните семејства, со цел конечно да се добие правда по 20 години.„Ние секогаш ќе им бидеме благодарни на САД за запирањето на војната и вртењето нов лист за Косово“.Како што тврди таа, човечноста и хуманоста биле уништени пред дваесет години на Косово, а повеќето Албанци тогаш биле „систематски етнички чистени“. Јахјага, исто така, тврди дека режимот на Милошевиќ во тој период убивал мажи и жени без оглед на нивната возраст, „во операции од куќа до куќа“, и ги обвини српските сили дека вршеле насилство разделувајќи семејства.

Свет | пред 6 години

6 год.
venecuela-dimni-bombi-38g6y1m7sx1ueiqka1eiv4

Венецуела: Се случи бунт во делови од армијата, но не и преврат како што се надева опозицијата

По вчерашните насилни судири со војниците кои ѝ се верни на владата на Николас Мадуро, опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ги повика своите приврзаници на најмасовни демонстрации денеска со цел да се собори власта. Мадуро „нема контрола над воените сили и нема контрола врз венецуелскиот народ“, изјави Гуаидо вчеравечер во видео порака. „Продолжуваме со Операција Слобода. Остануваме на улица сѐ додека не ставиме крај на незаконското владеење“, рече тој.Вчера се случи бунт во делови од армијата, но не и преврат како што се надева опозицијата.Венецуелскиот претседател Мадуро во телевизиско обраќање рече дека се работи за „мала група“ која сака „насилство во Венецуела“. Безбедносните сили успешно му ставиле крај на обидот за пуч, рече Мадуро, додавајќи дека армијата му е лојална.Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Мадуро бил подготвен да ја напушти Венецуела. „Авионот му беше на писта. Сфативме дека е подготвен да си замине денеска изутрина. Но, Русите му рекле дека треба да остане“, рече Помпео, додавајќи дека Мадуро наводно сакал да замине за Хавана.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кумановец загубил контрола и излетал од патот со мопед- починал на лице место

На 30.04.2019 година во 23,55 часот било пријавено дека во Куманово на паркингот од улицата “Пиринска Македонија“ пред градскиот базен, Р.Г.(46) од Куманово управувајќи мопед „Лингбен“ со кумановски регистерски таблици, изгубил контрола и удрил во рабник од острово со зелена површина, по што паднал на коловозот. Р.Г. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ojo

Поднесен обвинителен акт за тројното убиство во Дебар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар.По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца обвинети за помагање при извршување на истото кривично дело.На 26.08.2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, првообвинетата телефонски контактирала со второобвинетиот и се сретнала со него во Гостивар. Второобвинетиот изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.По извршувањето на кривичното дело, обвинетата се упатила во Струга, каде се сретнала со второобвинетиот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар. Обвинетата со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите лица.

пред 6 години

6 год.
Slika-Kiracovski-25-01

Кирацовски: Напредок е можен со почитувани работници

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот.„Денешниот ден е симбол на храброста и одлучноста, признание за решителноста во борбата за унапредување на правата на работниците.Напредокот, развојот е возможен само со соодветно вреднувани, мотивирани и почитувани работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места и токму кон тоа се стремиме.Како одговорна, социјалдемократска партија целосно сме посветени на обезбедување услови за развој, напредок и еднакви можности за сите, цврсто сме определени за заштита и унапредување на правата на работниците.Само со мотивирани, заштитени и задоволни работници, претпријатијата ќе ја движат економијата напред и затоа како владејачка партија остануваме целосно посветени на тој процес.Продолжуваме, рамо до рамо со вас и вашата поддршка да ги решаваме проблемите, да ги надминуваме предизвиците во обезбедување на квалитетни услови за живот и работа за сите граѓани.Нека е честит 1 мај - Меѓународниот ден на трудот!“

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања