Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zaev-2-696x392

Заев пак се „фати“ за метлата: Ќе биде како што вели Цацко „дај ново дете“

Премиерот Зоран Заев вечерва од граѓанската трибина во Штип испрати неколку пораки до граѓаните. Тој повторно ја спомна метлата, за која најави дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години.-Има функционери кои спуштаат слушалка, кои немаат одговор на барањата на граѓаните. Овие луѓе немаа снага да му служат на народот, затоа по две години време е за чистка. Нив ќе ги поместиме, или како што би рекол Цацко, дај ново дете, порача премиерот Заев.Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ.-Ќе има големо чистење, ќе сјае, ќе заметеме. Ама ќе зачистиме и од другата страна. Има директори, вработени, кои се пикнале изминатите 11 години и сега опструираат, не работат, се кочница. Па дури и се закануваат, ќе се вратело ВМРО-ДПМНЕ, долга била раката на ВМРО, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
honorari-2-696x392

„Нетфликс“ дава поголеми плати: Колку заработуваат ѕвездите во Холивуд?

Холивудските ѕвезди му должат на „Нетфликс“ големо „благодарам“.Компанијата која овозможува гледање филмови онлајн ги зајакнува пакетите за најпознатите актери во филмскиот бизнис во време кога студијата стануваат сè поскржави во пишувањето дарежливи чекови. На пример, Рајан Рејнолдс доби 27 милиони долари за филмот „Шесто подземје“, филм на Мајкл Беј за милијардерски финансиран одбранбен тим, а Дензел Вашингтон побара 30 милиони долари за да го предводи акциониот филм за компанијата пред да реши да ја одбие улогата во корист на други проекти. Инсајдерски информации велат дека Вашингтон никогаш не побарал одредена плата. Вил Смит најверојатно ќе добие 35 милиони долари од „Нетфликс“ во замена за неговото повторно појавување во улога како полицаец во „Светли 2“.Наспроти тоа, тие суми се поголеми од она што повеќето традиционални филмски студија се подготвени да им платат на ѕвездите. Смит и Мартин Лоренс своевремено барале 20 милиони долари по филм, но и двајцата актери ги намалуваат побарувањата за да успеат да го снимат „Лоши момчиња засекогаш“. Исто така, Том Круз можеби заработувал 20 милиони долари во средината на 90-тите години, но за да ја повтори својата легендарна улога на Маверик, авијатичарот кој ги кршеше правилата во „Топ Ган: Маверик“, тој ќе заработи релативно скромни 12 милиони долари до 14 милиони долари. Дури и големите франшизи не плаќаат како некогаш.Платите во „Нетфликс“ доаѓаат со една голема забелешка. Ѕвездите немаат никаков удел во успешноста на филмот. Ако на потрошувачите им се допаѓа филмот, го гледаат често и ги охрабруваат своите пријатели да го гледаат, исто така, платата на актерите останува иста. За студискиот филм како што е неодамнешниот хорор-хит „Ние“, Лупита Нјонго можеби има договорено мала сума за нејзината улога, но тој износ ќе изнесува неколку милиони долари до времето кога филмот ќе ги заврши кино и домашните проекции, благодарение на дарежлив договор за добивање процент од заработувачката.За повеќето проекти, договорите на актерите предвидуваат дека ќе добијат процент од добивката. Во ретки случаи, главната ѕвезда ќе добие она што се нарекува бруто од прв долар, што е дел од приходите во студиото пред филмот да има долгови. Бидејќи филмовите на „Нетфликс“ немаат широка кинодистрибуција и компанијата добива најголем дел од приходите од претплати, а не од продажба за домашно гледање и лиценцирање, слична форма на споделување на профитот не е изводлива. Платите на „Нетфликс“ имаат тенденција да бидат поголеми како одраз на таа реалност.Понекогаш самите ѕвезди се тие што се подготвени да работат за помалку, а не само студијата што диктираат помали суми. Ансел Елгорт бара 5 милиони долари за комерцијални ангажмани, но тој заработува помалку од тоа за да добие шанса да работи со Стивен Спилберг на „Приказна од западната страна“. И Дикаприо и Бред Пит земаа околу половина од она што обично го бараат, или 10 милиони долари по човек, да се спојат за филмот на Квентин Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“. Во тие случаи, соработката со некои од најталентираните филмаџии во бизнисот е доволна награда.

Магазин | пред 6 години

6 год.
Asandz-696x435

Извинување на Асанж: Го направив единственото што можев да го направам

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера во суд во Лондон беше осуден на 50 недели затвор поради кршење на условната слобода, им се извини на сите кои сметаат дека не им покажал почитување, истакнувајќи дека тоа не била негова намера.Асанж во писмо, кое вчера беше прочитано пред судот, наведе дека во еден момент „се борел со тешки околности“, јави Би-би-си.– Го направив она за што во тој момент мислев дека е најдобро или можеби единствено што можев да го направам, наведе Асанж.Судот во Лондон за време на изрекувањето на пресудата наведе дека Асанж ја прекршил условната слобода пред околу седум години, по што се криел во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде му беше даден азил. Судијката Дебора Тејлор изјави дека Асанж ја искористил својата привилегирана состојба за да го прекрши законот и да го изрази својот презир кон британската правда.

Свет | пред 6 години

6 год.
282559-0.Basic-duel

Пендаровски заплашува со Груевски, Силјановска со „шлаканици“ од Брисел

Уште само 48 часа за промоција на сопствените политики им преостанаа на двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски,и на партиите што застана зад нив пред да влезат во целта со или без титула шеф на државата. Судирот меѓу двата блока добива на интензитет со извесно разгорување на страстите кај приврзаниците. Второто полувреме од предизборната кампања практично се претвори во битка за апстинентите, со оглед на слабата излезеност во првиот круг, но и за оние што се определија за Блерим Река, кандидатот зад кого застанаа албанските позициски партии Алијанса за Албанците и Беса.Во таа насока е и кокетирањето на Сиљановска со разочараните од СДСМ, како и оние од „Шарената револуција“, покрај дијалогот што го најави со претставници на движењето „Бојкотирам“. Впечаток е дека тој невешт обид да се анимира тој дел од гласачкото тело и донесе повеќе проблеми отколку корист. Силјановска ги побара гласовите на разочараните припадници на „Шарената револуција“, но одби да дебатира со дел од нив и да ги слушне нивните прашања и размислувања.Во изјавата, во која објаснуваше зашто не ја прифатила поканата, таа изрази чудење како „Шарената револуција“, по речиси три години отсуство, одеднаш се појавила на политичкиот хоризонт. Листата што ја видела не била репрезентативна бидејќи не чула пратеници, министри, членови на бордови да бидат револуционери. Ваквата изјава меѓу учесниците на „Шарената револуција“, кои во добар дел не излегоа на гласање, предизвика серија негативни реакции кои фрлија сенка на обидите на професорката по уставно право да се претстави како непоколеблив демократ кој е подготвен на разговор со секого.Забележливо е исто така дека во текот на кампањата Силјановска избегнува посети на средините со доминантно албанско население, за разлика од Пендаровски кој се чувствува природно во нив. Тој во финишот на кампањата оствари директни средби со населението во Липково и кумановското Диво Насеље, каде што пред три години во време на владеењето на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сега азилант Никола Груевски, се случи вооружен инцидент во кој загинаа 8 полицајци и повеќемина од вооружена косовска група.Затоа, пак, Силјановска од дистанца преку медиумските настапи порача дека секогаш се обраќа до сите граѓани и дека не ги дели отфрлајќи ги обвинувањата дека е „албанофоб“. Во тој правец е и нејзината последна изјава дека можела да се омажи за Албанец, со оглед на детството поминато меѓу Албанци.Со истакнување на проблемот со сиромаштијата, користејќи го притоа вчерашниот Први мај , и засилените говори против наводната распродажба на Македонија и криминалите на власта, се покажуваат претензиите на Силјановска и на најголемата опозициска партија да го надополнат гласачкиот потенцијал, кој во првиот круг од шестите претседателски избори не забележа раст, односно остана на исто рамниште како на последните локални избори, кога ВМРО-ДПМНЕ доживеа тежок пораз.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Нова страшна несреќа на местото каде изгоре автобусот во Србија: Се враќале од погреб па се судриле

По страшната несреќа која се случи во Србија на патот Куршумлија-Прокупље, кога изгоре автобус во директен судар при што возачот и на автобусот и на камионот изгореа заедно со три патници, се случи нова страшна несреќа.Двајца се тешко повредени при судар на две возила, несреќа која се случила вчера попладне во Куршумлија.Едниот автомобил бил со српски, другиот со странски регистарски таблички, а едниот се враќал од погреб.Повредени се неколку лица и итно биле пренесени во болница.

Свет | пред 6 години

6 год.
20190502071406

Најжестоките протести ќе ја тресат денеска Тирана

Блокади на патиштата ширум Тирана ќе се случуваат денеска.Според најавите на првиот албански опозиционер Луљзим Баша во 18 часот сите главни патни правци во Албанија, кои се поврзани со Тирана ќе бидат блокирани.Баша тврди дека земјата е во голема криза а опозицијата ќе продолжи со акции на секој план.За денеска во Албанија се најавени најжестоките протести а опозицијата ќе ги одреди задачите на преодната влада.На последните протести ситуацијата ескалираше при што имаше и повредени а полицијата со  солзавец и водени топови и реагираше на бесната толпа.ФОТО: The New York TimesТЕКСТ: Фактор

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента

ЈП Македонија Пат информира дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај с.Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот.Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
BUJAR-OSMANI

За Османи нема ништо спорно со поставувањето на албанското знаме во Охрид: Може да се постави насекаде

Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 рече дека албанското знаме може да се постави каде било и дека тоа е дозволено со закон.Инцидентот што се случил пред 3 дена со поставувањето на албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид предизвика голем број на рекации. Едно од лицата што го постави знамето беше казнето и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години. Тоа лице, Ѓерг Прекоцај потоа за албанска новинаска агенција изјави дека Охрид е албански град и дека тој од тоа нема никогаш да се откаже.Се јави и претседателот на Собранието Талат Џафери кој рече дека казната била престрога затоа што се работело за фолклорна група која снимала видео.Реагираше и Алијансата за Албанците кои соопштија дека се загрижени во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи-Охрид, бидејќи според нивни информации, двајца членови на фолклорна група од Косово, биле притворени од страна на полицијата поради поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.Се јавија и бугарски историчари кои го осудија овој чин затоа што се работело за тврдината на бугарскиот цар Самоил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59419446_10216393880412198_743326253297172480_n

Дац се огласи за метлата на Фејсбук

Драган Спасов Дац, актерот кој му ја даде „метлата" на премиерот Зоран Заев на митинг, се огласи вчера на социјалните мрежи и сподели фотографија со шега на своја сметка па напиша наскоро, со што се означува дека според него по 5 Мај метлата ќе заигра како што рече Заев.[embed]https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216393880332196&set=a.1845149481090&type=3&theater[/embed]Инаку, Дац му ја подари метлата на Заев среде митинг во Карпош кога тој најави дека по изборите ќе има чистка, а сето тоа предизвика лавина реакции.„Не беше ништо испланирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само:  Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави потоа  за САКАМДАКАЖАМ.МК актерот Драган Спасов-Дац. 

Коментари | пред 6 години

6 год.
zaev-za-kandidat

Заев: Ќе победиме со 100.000 гласа разлика

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во 24 Отворено вели дека е уверен во победа во вториот круг и смета дека тоа ќе биде убедлива победа изразена со 100 000 гласови разлика. Тој истакна дека голем дел од гласовите коишто беа поделени меѓу Пендаровски и Река во првиот круг, сега ќе се пренасочат кон нивниот претседателски кандидат.Исто така, тој очекува дека голем дел од гласачите кои не излегоа во првиот круг со намера да покажат одредено незадоволство од владеењето, сега по преземените чекори и најави за итни смени во владиниот прв, втор и трет ешалон, дека ќе излезат и дека ќе ја дадат поддршката за европска Северна Македонија, членка на НАТО.„Тоа е единствениот концепт што земјата ќе ја води напред и уверен сум дека гласачите тоа ќе го препознаат“ – изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
133474234-105843-207971

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента

ЈП Македонија Пат информира дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај с.Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот.Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во западните делови, каде повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 3 и 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Температурата од 8 до 22 степена.Преодно стабилизирање ќе има утре, кога времето ќе биде умерено облачно и потопло. Потоа, од сабота до вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_0500

Османи: Албанското знаме може да се постави каде било, тоа е дозволено со закон

Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 рече дека албанското знаме може да се постави каде било и дека тоа е дозволено со закон.Изминатите денови голем број на рекации се јавија за поставувањето на албанското знаме во Охрид при што беа изречени и мерки.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-4

Силјановска: Заев ветуваше почеток на преговори со ЕУ за гласови на изборите, а не поради реформи

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска Давкова, смета дека веројатно, разговорот за почетокот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде одложен за на есен.-На премиерот му требаше ветување за почеток на преговори во функција на изборите, а не во функција на градење независно судство во Република Македонија. Тоа е македонската реалност, но и сериозната порака да се зафатиме со реформи, рече Силјаноска-Давкова која денеска беше на средба со граѓаните во Прилеп.Според неа, одлуката на Заев да не биде повеќе претседател на Телото за судски реформи е задоцнета.Независното судство, порача, е клучно за демократска држава и битно за реформите за членство во ЕУ. Преспанскиот договор не е доволен за влез во Унијата.-Независното судство е клучен услов за демократска држава, но и еден од важните сегменти во рамки на очекуваните реформи. Членките, особено основачите на ЕУ, имаат лошо искуство со земји кои пред нас станале членки, но со сериозни проблеми во судството. Секако, секогаш не треба да учиме на сопствените грешки, туку треба да го помнеме искуството на Романија, на Бугарија. Премиерот и луѓето околу него беа уверени дека склучувањето на Преспанскиот договор е доволно да се употреби и да се злоупотреби како алиби во барањето почеток за преговори. Јас сум уверена дека тоа не е доволно, затоа јас, односно ние, се повикуваме на владеењето на правото и на правдата, оти без тој услов нема ниту почеток на преговори, ниту европеизација, истакна Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 6 години

6 год.
1-2-2

Пендаровски ги плаши граѓаните со Груевски, за да гласаат за него

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски денеска се сретна со рудари и жители од Македонска Каменица, по што замина на трибина со граѓани во Кочани.И од Македонска Каменица и од Кочани Пендаровски порача дека заокружувањето на бројот 3 во недела ќе значи подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО, но и ставање крај на „груевизмот”.-На гласачкото ливче само формално го пишува името на Гордана Силјановска-Давкова. Доколку се гласа за неа, се гласа за враќање на груевизмот. Во недела со гласот за број 3 сигурно одиме во Европа и вие ставате печат груевизмот веќе никогаш да не се врати. Груевизмот беше поразен на парламентарните избори во 2016, на локалните во 2017 година, и доколку и сега биде поразен на претседателските избори дефинитивно никогаш нема да има груевизам. Со глас за број 3 дефинитивно ќе имаме претседател, кој ќе го слуша гласот на народот, а не на елитите. Дел сум од народот, и секогаш ќе бидам, рече Пендаровски.Ако биде избран на функцијата, рече дека граѓаните кончено, по десет години ќе добијат претседател од кој нема да се срамат.-Ќе бидам претседател кој ќе знае позитивните политики да ги пофали и поддржи, тоа што не чини да го врати назад, да се доработи. Она што е во интерес на граѓаните да го поддржи, а она што во интерес на една фамилија или потесен круг луѓе да не добие поддршка. Мојата прва задача ќе биде она што го бараат граѓаните да им се даде, а не тоа што го бара партијата на власт, напомена Пендаровски.На трибината во Кочани пред граѓаните се обрати и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој се заблагодари на одличниот одзив токму на празникот на трудот.-Дајте ја поддршката за Пендаровски во вториот круг за да може трудот на секој работник да биде вреднуван, за да го спречиме врќањето назад во минатото, во времето на кавги и поделби. Нема да правиме калкулации за нашите функции и политички позиции, затоа што државата е во прашање, а конечно добиваме нешто што го чекавме 14 години. Во јуни отвораме ново поглавје во приближувањето кон ЕУ што ќе отвори нови перспективи за младите, за вработените, за влез на нови инвестиции, свеж капитал и нова финансиска поддршка од европските фондови, истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-veligden-1

Заев: Почнале да прават списоци со закани „ќе се вратело ВМРО, па раката на ВМРО ќе ги стигнела“

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, денеска на трибина во Штип, во рамки на претседателската кампања, повторно зборуваше за „метлата“ која ќе ја прави по изборите. Порача дека пораката од граѓаните кои не излегле во првиот круг е примена и оти е во ред по две години власт да се направат промени бидејќи некои функционери не си ја извршувале работата како што треба. Тоа, рече тој, ќе биде порака и за новите кои ќе дојдат да не се однесуваат така. Но, најави чистка и кај кадрите од времето на ВМРО-ДПМНЕ.– Видовме и други работи. Видовме дека таа наша кроткост, добронамерност на исполнувањето на зборот дека нема да има партиски чистки, дека нема да има бркање од работа, видовме дека некој ја злоупотребува. Еден куп директори кои не се сменети, раководители по сектори кои функционираат во јавните институции, партиските вработувања кои функционираа во сите 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, не само што чесно не си ја вршат работата, туку почнаа намерно да опструираат, да бидат кочница. И не само тоа, во некои градови, меѓу кои и Штип, почнале да прават и списоци со закани ќе се вратело ВМРО, па раката на ВМРО ќе ги стигнело… Е ќе има чистење и од другата страна. Ќе прочистиме и од таа страна, заради тоа што сите не плаќа нашиот народ и ако сме за јавна администрација тука сме да им служиме на сите оти платата на први е од даноците што ги плаќаат сите – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ФБ Статус кој ни ги отвора очите - „Животните се поблагодарни од луѓето“

ФБ Статус кој ни ги отвора очите и ни дава убава поука.„Вчера одејќи накај маркет забележав забраден човек просјак, кој стоеше во близина и проговори- ќе ве молам некој денар или нешто за јадење. Ајде, ќе му купам нешто, па ќе му донесам да си поразговараме. Малку подоле гледам кученце кое со очињата моли за малку храна. Ајде злато и за тебе ќе купам нешто.Се враќам назад со храна за двајцата, прво одам кај човекот и насмеана му подавам јадење. Тој се намршти... Храна? Каква храна, пари дај ми, мене пари ми требаат. Ама господине вие рековте дека сте гладен, а јас со картичка купував, бар колку можам да помогнам.- Не ми треба мене храна, еее наместо да ми дадеш пари, ти тука јадење ми даваш. И не го ни јадам ова што си ми го купила и зема го фрли насилнички на земја. Инаку здрав, прав способен за работа и од Скопје дојден до Охрид за празниците да питачи како што дознав подоцна...Додека уште на цел глас луто викаше навреден дека доби храна, наместо пари, се упатив накај кученцето. Почна весело да врти со опавчето, му ставив јадење, веднаш си го изеде и игриво се наведна да го погалам.Сите од околу кои беа сведоци на целата случка искоментираа дека некогаш животните се поблагодарни од луѓето...https://www.facebook.com/523421999/posts/10155858899327000?sfns=mo

Македонија | пред 6 години

6 год.
zooloska-2

Ограбена Скопската зоолошка градина - укрден алат и други предмети

Скопската зоолошка градина ноќеска била ограбена. Крадците влегле од службениот влез и украле алат и други предмети – објави Нова Македонија.Од зоолошка потврдија дека имале грабеж. Пријавиле во полиција и нивна екипа излегла на увид. Очекуваат со увидот да се утврди точната штета.Зоолошката градина за време на празниците работеше со полно работно време.

Скопје | пред 6 години

6 год.
brza-pomos

Тепачка во Стар Дојран- две лица повредени, а две уапсени

Синоќа било пријавено дека во периодот од 02:10 до 03 часот, пред хотел во Стар Дојран, дошло до физичка пресметка во која учествувале повеќе лица, а бил употребен и нож.З.М.(45) од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а И.С.(33) од Гевгелија сe здобил со повреди и им била укажана помош во Медицинскиот центар Гевгелија.Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица.Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kucinja-plostad

(ВИДЕО) Сите на нозе - кучиња нападнаа куче на плоштадот во Охрид, нема решение за скитниците

Попладнево охриѓани и гостите кои се затекнаа на градскиот плоштад имаа непријатна случка. Имено, група кучиња  нападнаа куче - домашен миленик кој со својот сопственик поминуваше по плоштадот. Момчето кое го водеше кучето среќа успеа да го задржи својот миленик со ремчето, а со тоа се избегна поголем инцидент.Инаку гостите кои ги имаше во голем број попладнево во Охрид овој инцидент го фотографираа и снимаа, но и уплашено се потргнуваа, дури и оние кои седеа во кафулињата се повлекоа во внатрешноста на објектите.Лоша слика за туристички Охрид.Денешниот инцидент не наведува по којзнае кој пат да го отвориме прашањето за згружувањето на кучињата скитници. Општина Охрид неодамна се пофали дека го изгради долгоочекуваниот стационар за кучиња скитници, и дека се набавени се две возила за транспорт на животните, вработен е и шинтер во ЈП „Охридски комуналец“.Стационарот е со капацитет за третман на 30 кучиња дневно.Но, и покрај овој стационар, на плоштадот сеуште има голем број на кучиња скитници кои често знаат да ги вознемират шетачите. Последниот инцидент на ова место беше пред два месеци кога куче касна малолетно девојче на плоштадот во Охрид.Видеото ни го испрати редовен читател на Скопје1.мк 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања