Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
reka

Река потајно бара глас за Пендаровски: Излезете масовно на гласање, за да го спасите Евро-Атланскиот процес

Кандидатот за претседал, Блерим Река, кој нема да учествува во вториот круг, повика на масовна излезност и гласање. Тој се заблагодари на поддршката која ја добил.„Во пресрет на вторито круг на гласањето за Председател, дозволете ми уште ендаш да ви се заблагодарам за вашите гласови за мојот концепт за “Една Република за сите, со законот над сите”: како члeнка на НАТО и ЕУ. Близу 80,000 гласови, за само 3 недели во полииката и не се малку, oсобено дадени на председателски избори со досега најниска излезеност (42%) и највисок број на незажечки гласачки ливчиња (33,000!) Почитувајќи ги вашите гласови, уште ендаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате на вториот круг“, вели Река„Ќе го повторам истото што го реков на почетокот на мојата председателска кампања: јас, не сум трговец со вашите гласови и нема да ве убедувам за кого ќе гласате оваа недела. Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партијските лидери како обични трговци со гласовите на народот? Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите Еуро-Атланскиот процес“, додава Река

Македонија | пред 6 години

6 год.
–-.-Google-Chrome

Убиениот бизнисмен од Бања Лука бил во тајна љубовна врска со пејачка

Поради професионална ликвидација полицијата ги приведе двајцата браќа Армин и Нермин Ќулума, но после сослушувањето беа пуштени на слобода.Бизнисменот Славиша Круниќ од Бања Лука кој е изрешетан во понеделникот минатата недела, важел за голем заводник во регионот, а некогаш бил во врска и со пејачката Емина Јаховиќ, но и со манекенката Тијана Стајшиќ.Круниќ и Јаховиќ биле во врска уште во 2008 година, пред таа да го запознае пејачот Мустафа Сандал, за кој се омажила.Во врска биле неколку месеци. Тоа била голема љубов, која тие се обидувале да ја сокријат од јавноста, иако таа тогаш живеела во Бања Лука. После раскинувањето останале во добри односи, а набрзо потоа Славиша започнал врска со некогашната мис на Југославија Тијана Стајшиќ, која подоцна беше крунисана со веридба.Нивната љубов траела три години.Убиениот Круниќ поради својата агенција за обезбедување постојано бил во контакт со бројни јавни личности кои престојувале во Бања Лука, посебно додека во тој град се одржувале Оскарите на популарноста.

Свет | пред 6 години

6 год.
mrtov

Морничава глетка во Венеција: Пронајден скелет со лична карта од исчезнатиот Иван

Делумно облечен скелет од чија облека наѕирал паричник со хрватска лична карта на име на 23-годишниот Иван Љ. е пронајден во саботата во зафрлено поле во околината Маргхере во Венеција.Стравичната глетка прв ја воочил работник на локалната компанија која изведува работа на објект во изградба.Пронајдените остатоци се префрлено во мртовечница, со цел да се одреди приближниот час на смртта, но и вистинскиот идентитет на жртвата.Дека навистина во Хрватска постои лице со тоа име и презиме родено во ноември 1995 година, потврдило хрватското МВР.

Свет | пред 6 години

6 год.
ubistvo

Убиство среде улица во Србија - незапаметена трагедија утринава

Во местото Ночај покрај Сремска Митровица утринава се случило незапаметено убиство среде улица.76-годишниот Милорад И. со нож го прободел 56-годишниот Миодраг И., а набрзо бил уапсен како осомничен за ова убиство. Тој убиениот Милорад го нападнал со нож и му го исекол вратот.Ранетиот Милорад им подлегнал на повредите и починал во болница.

Свет | пред 6 години

6 год.
420204204

Улиците блокирани - Посебни правила за возачите и пешаците за доаѓањето на Папата

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на државата, информира дека за време на Апостолската посета на Папата, на територијата на град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром Скопје до центарот на градот, ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, но и пешаци.Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06:00 часот до 19:00 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.Поточно, во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски” (адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”.Министерството за внатрешни работи го задржува правото за стационирање (стопирање) на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на Папата Франциск низ Скопје.Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: бул. ,,Кочо Рацин”, ул. ,,11-ти Октовмри” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со бул. ,,Борис Трајковски”, ул. ,,Св.Кирил и Методиј”, бул. ,,Св. Климент Охридски”, бул. ,,Партизански Одреди”, ул. ,,Самоилова” и бул. ,,Гоце Делчев”.Aпелираме до граѓаните на стрпливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и наредбите што ги издаваат полициските службеници.Граѓаните коишто живеат во централното градско подрачје, во зоната Голем ринг, доколку сакаат да ги користат своите возила на ден 07.05.2019 (вторник), апелираме истите да ги извадат надвор од Рестриктивната зона на 06.05.2019 година (понеделник), во спротивно истите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим од 06:00 до 19:00 часот на 07.05.2019.Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 06.05.2019 година после 17 часот, како и на 07.05.2019 во текот на целиот ден.Понатаму, апелираме до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 07.05.2019 да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места и да избегнуваат користење на автомобили. Користењето на автобусите на ЈСП на територија на Град Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Посебниот автобуски возен ред за 07.05.2019 наскоро ќе биде објавен на веб-страната на ЈСП www.jsp.com.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.Посебени сообраќајни правила на движење на автомобили на трасата од Меѓународниот аеродром Скопје до централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019 годинаВо временските интервали од 07:30 часот до 09:00 часот, како и од 17:00 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул. Александар Македонски од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и истиот ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.На трасата Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци- Идризово – Маџари.На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци [кај Рафинеријата], сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.На трасата Куманово-Велес ќе има кратко стационирање (застој на сообраќајот), во двата посочени временски интервали.Апелираме до сите граѓани кои планираат да поминуваат на овие три правци, да излезат од своите домови еден час порано од претходно планираното, со оглед што движењето по споредните сообраќајници може да трае подолго од планираното. Истото важи и за сите граѓани кои на 07.05.2019 имаат лет преку Меѓународниот аеродром Скопје.Апелираме сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз. На 07.05.2019 железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатен за сите граѓани. Посебен возен ред на возови за 07.05.2019 ќе биде објавен на сајтот на Железници на Република Северна Македонија www.mzt.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk , како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.Посебени правила за движење на пешаци во централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019За време на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје (познато како Мал ринг), за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Тоа значи дека сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.Поради тоа, апелираме сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови половина час порано од вообичаено на патот кон работното место, со цел да стигнат навреме.Во зоната Мал ринг ќе се пристапува преку осум влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот Македонија.Влез кај Управен суд на ул. ,,Орце Николов”Влез кај хотел Мериот на ул. ,,Максим Горки”Влез кај кафе Тренд на ул. ,,Димитрие Чуповски”Влез кај Министерство за финансии на ул.,,Даме Груев”Влез кај Завод за статистика на ул. ,,Даме Груев”Влез кај Пелагонија на ул.,,Димитрие Чуповски”Влез кај Порта Македонија на ул. ,,11 Октомври”Влез на предната страна од ГТЦ кон ПлоштадАпелираме до сите граѓани кои ќе се упатат кон Плоштадот Македонија за учество на литургијата на Папата Франциск, да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот потребно е да се чува со себе се до крајот на литургијата.Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.Сите граѓани кои живеат или работат околу Плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона Мал ринг.7 мај е работен ден при што за сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени потребните услови за работа.

Скопје | пред 6 години

6 год.
micotakis

Мицотакис: Договорот од Преспа признава „македонски јазик и националност“ и е штетен

Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, во интервју за белгискиот весник “Ле Соар“ вели дека доколку неговата партија дојде на власт во Грција ќе се бори за “ублажување“ на последиците од Преспанскиот договор, кој го смета за штетен за неговата земја, јави дописничката на МИА од Брисел.Лидерот на најголемата грчка опозициска партија смета дека договорот со Северна Македонија е “екстремно проблематичен за Грција“ затоа што “меѓу другото тој признава македонски јазик и македонска националност“.-Со тоа се потхранува иредентизмот и национализмот во чувствителниот балкански регион, објаснува Мицотакис во интервјуто.Поради тоа, вели шефот на Нова Демократија, “тој е проблематичен и токму поради тоа во Нова Демократија сметаме дека е многу лош договор за Грција“ и додава дека “огромното мнозинство Грци се против“ договорот.-Ќе се бориме мирно и одговорно за да ги ублажиме последиците, кои се сериозно негативни, од овој договор и да ја заштитиме нашата земја од опасности кои ги носи, затоа и нема да се откажеме од нашето право на вето за пристапувањето на соседната држава во Европската Унија, вели Мицотакис на прашање за неговиот став за договорот со кој се реши долгогодишниот спор меѓу двете земји.Во интервјуто, Мицотакис вели дека има целосна доверба во кандидатот на Европската Народна Партија, Манфред Вебер, да ја води идната Европска Комисија.Повеќе прочитајте тука.

Свет | пред 6 години

6 год.
pendarovski465465513

Пендаровски: По 5 мај ќе ги потпишам сите закони кои ги кочи Иванов

На 5-ти мај имаме шанса да спречиме враќање кон темното минато, поделбите, омразата, криминалот и масовната корупција. Ова е историска можност да изградиме држава во која ќе владее правото, еднаквоста, солидарноста, општество кое ќе се темели на човечност и еднакви права за сите.Ова го изјави денеска претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и вети дека како претседател посветено ќе работи на заштита на правата и интересите на сите граѓани и ќе ја поддржи секоја иницијатива која ќе биде во корист на граѓаните.Веднаш по 5-ти мај, најави Пендаровски, ќе ги потпишам сите над 20 закони кои ги кочи Ѓорге Иванов, а ги овозможуваат основните права за голем дел од нашите граѓани. На новинарско прашање дали со оваа изјава не ги мотивира гласачите на претседателскиот кандидат Блерим Река да го дадат нивниот глас за него, одговори дека меѓу тие закони, освен неколку кои ги тангираат меѓуетничките односи, останатите се однесуваат на сите граѓани и немаат никаква врска со меѓуетничката сфера. Најголем дел, рече, се за најранливите категории лица, како што е Законот за социјална заштита.– Го поддржувам Преспанскиот договор, новото уставно име на државата, бев координатор за НАТО, ги добив преговорите за влез во име на државата Република Северна Македонија и имам намера до крај да останам консеквентен и да кажам дека новото уставно име во ништо не ни одзема од тоа што сме биле и досега Македонци, со сите идентитски обележја што сме ги имале. Сега имаме плус гаранција на меѓународно ниво што е препознаено и признаено, појасни Пендаровски.Како претседател, нагласи, ќе зборува против секоја власт која ги загрозува интересите на граѓаните без разлика на која политичка партија или колаиција и припаѓа.– Секоја неправда ќе биде моја грижа. Силно ќе ги осудам сите постапки кои ја рушат деморкатијата и правната држава, изјави Пендадорвски.На новинарско прашање дали очекува да биде исполнет потребниот цензус в недела и како ги мотивира граѓаните да излезат да гласаат, Пендаровски посочи дека прават се да ги мобилизираат сите оние кои во првиот круг од различни причини не излегле на гласање.– Ако успеавме да направиме скоро 42 проценти излезност сите тројца кандидати во првиот круг, мислам дека неколку проценти над тоа ќе бидеме во вториот, бидејќи граѓаните овој пат знаат што е влог. Не се работи за нечија лична политичка кариера, туку станува збор за концепти од кои едниот ја носи државата напред кон членство во НАТО и во ЕУ и гарантира меѓуетничка стабилност и внатрешна кохезија и другиот концепт кој сака да не врати 10-15 години назад, кога Македонија беше заробена држава внатре и немавме ниту еден позитивен исчекор кон евроатлантските интеграции. Бевме најизолирана држава на овој дел од Балканот, појасни меѓу другото Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Gjorge-Ivanov1

Претседателот Иванов слави роденден

Денеска му е роденден на Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Република Македонија, кој полни 59. години.Роден е во Валандово, а во 1988 година почнала неговата седумгодишна новинарска кариера во Македонската радио релевизија, каде што напредувал до позицијата уредник на третата програма во Македонското радио.Беше избран за претседател во 2009. година, а на функција стапи на 12. мај. Претходно бил професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје.На неговата прва инаугурација присуствувале претседателите на Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора.Вториот мандат го освои во 2014. година. Не бил признат од СДСМ поради обвинувања за изборен фалсификат и од ДУИ поради немање поддршка од Албанците во Македонија.Во недела е вториот круг од претседателските избори, а Иванов ќе го заменат Гордана Силјановска Давкова или Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВИДЕО: Николоски очекува победа на Силјановска-Давкова со 30 илјади гласови повеќе од Пендаровски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната прес-конференција ги истакна своите очекувања од вториот круг на претседателските избори.Како што истакна тој, очекува победа на Гордана Силјановска-Давкова, со 30 илјади гласа разлика.[embed] 

Македонија | пред 6 години

6 год.
iskluceni-pratenici-696x343

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска ги прифаќа предностите на Договорот од Преспа

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија испрати соопштение до јавноста во кое ја коментира поддршката што претседателот на Европската народна партија и ја даде на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска.Според овие пратеници, кои беа исклучени од членството во ВМРО-ДПМНЕ откако гласаа за Договорот од Преспа, поддршката од Дол значи дека и Силјановска го прифаќа Договорот.„Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Жозеф Дол кон кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ. ЕНП беше силен поддржувач на Преспанскиот договор и со ова се покажува дека истиот е прифатен како реалност од Силјановска Давкова и ВМРО ДПМНЕ.Фактот дека поддршката на Жозеф Дол значи дека Гордана ги прифаќа предностите на договорот од Преспа, е позитивна промена.Им посакуваме успех на кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова и се надеваме дека ќе имаме мирен и успешен изборен ден. Тоа е многу важен аспект за понатамошните евроатлантски интеграции“, порачаа од пратеничката група.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siti-mol

Новинарска екипа на ТВ Алфа избркана од пред влезот на „Сити Мол“

На 1-ви мај 2019 година, пред влезот на трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ снимател и новинар од Алфа ТВ биле грубо попречени во вршење на своите работни задачи. Припадници на приватната агенција за обезбедување „ОСА“ им пристапила на снимателот и новинарот на тротоарот пред влезот на трговскиот центар Скопје Сити Мол и наредиле да не снимаат и да го напуштат просторот.По пријавата од страна на екипата на АЛФА ТВ до ЗНМ, остварен е контакт со менаџерите на оваа агенција за обезбедување. Од таму велат дека ќе го преиспитаат настанот и ќе преземат мерки за утврдување одговорност кон лицата од нивната агенција кои евентуално ги пречекориле своите овластувања. Освен тоа, од „ОСА“ додаваат дека се извинуваат на снимателот и новинарката доколку на било кој начин ја попречиле нивната работа.ЗНМ ќе достави и барање за испитување на овој случај до Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија со цел расчистување на овој инцидент. Потребно е да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на снимателите и новинарите кои известуваат, особено од јавен простор.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Заев за Османи и албанското знаме во Охрид: Треба да научиме да ги почитуваме законите

Законите во нашата земја се јасни и прецизни и тие треба да се почитуваат. Се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности, со кои димензии една третина, две третини и си има обележје како тоа се користи. Постојат закони и толку години зборуваме како се користи знамето и треба да се научиме дека треба да се почитуваат законите комплетно, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање како ја коментира изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека законот дозволува поставување албанско знаме насекаде по поставувањето на истото на Самоиловата тврдина во Охрид од страна на граѓанин на Косово.На прашањето зошто не се доволно искористени средствата што ги дава државата за поддршка на мали и средни претпријатија, премиерот одговори дека има повеќе причини за тоа.-Еден дел е неверувањето и стравот на луѓето дека тоа е само политика и е комплицирано и доколку аплицираат нема да им дадат и не аплицираат. Вториот дел е дека ќе дојде некоја контрола и ќе направи контрола на фирмата и не може да се добијат. Денес разјаснивме некои работи:кога се аплицира не доаѓа контрола, не треба да се плашат и парите се 70 милиони евра и жално е да останат неискористени. Неуспешна е Владата во реализацијата на тие пари, а државата останува и помалку за одредени индустриски капацитети кои треба да бидат искористени, одговори Заев.Додаде дека лани од Струмичкиот регион такви средства добиле 10 компании, но тоа не било доволно и ги повика компаниите да аплицираат повеќе.Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ одговори на понудата на Министерството за правда во врска со забелешките за СЈО, претседателот на Владата одговори дека опозициската партија чека да поминат изборите и оти Парламентот нема кога да заседава.-Јас веќе сум подготвен од 6 мај натаму и јас да се вклучам, но верувам дека прво министерката за правда ќе ги допрецизира сите овие детаљи околу разговорите. Целта е ако можеме да завршиме до 10-15 мај би било добро, заради тоа што извештајот на Европската комисија се затвора, одговори Заев.Во врска со одлуката да не се запишуваат во градинка и училиште децата кои не се вакцинирани против мали сипаници, премиерот Заев истакна дека останува таа одлуката, бидејќи стравот од епидемија бил огромен.-Гледате дека и претседателот Трамп апелираше за Америка и во многу други земји. Сериозна е работата. Не е некој да прави свој интерес, односно чисто од суета или каприц воведува вакви мерки. Уште еднаш апелирам да се почитуваат укажувањата на институциите, бидејќи имаат своја потреба и суштина, а за детаљите ќе мора да го прашате министерот за здравство. Јас колку што знам мерката е јасна и прецизна и не е дозволен упис во детските градинки и основните училишта без потврда за вакцинација, рече на крајот премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања во Струмица, каде заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев беше на средба со стопанственици. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да биде исклучено од образование, без оглед вакцинален статус

Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагира на најавите на Министерството за здравство дека невакцинирани деца не смеат да се запишуваат во школо и градинка.Соопштението го споделуваме интегрално:„Поттикнати од прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, реакции на родители чии што деца не се вакцинирани и како резултат на тоа овие деца не можат да посетуваат градинка, а воедно највено е и дека децата кои не се имунизирани нема да бидат примени во образовниот систем, Првата детска амбасада во светот Меѓаши укажува дека ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус. Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца.Препорачуваме и сметаме дека родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините. Во насока на погоре кажаното, државата треба да преземе одговорност ако има негативни реакции врз здравјето на децата како резултат на вакцинација, воедно да гарантира квалитет што нема да биде проследен со најразлични афери (на пр. вакцини со изминат рок или сомнителен квалитет). Дополнителна конфузија кај родителите/старателите околу важноста или опасноста од имунизацијата создава и неусогласениот став меѓу педијатрите, лекарите и здравствените работници.Затоа, сметаме дека е важно ставовите околку имунизацијата да бидат услогласени од страна на сите релевантни чинители (педијатри, лекари и здравствени работници) и да се земе сериозно предвид стравот на родителите, односно да се разгледаат нивните причини кои ги водат во донесувањето на одлука за вакцининирање или невакцинирање на децата. Игнорирањето на случаи каде деца имаа одредени здравствени потешкотии како резултат на вакцинација нема да го зголеми бројот на имунизирани деца, напротив ќе предизвика уште поголем отпор како резултат на нејаснотии и условување на родителите да ги вакцинираат децата доколку сакаат да го остварат правото на образование кое им е загаранрано со закон и со Конвенцијата за правата на детето.Наместо рутинска контрола пред вакцинацијата на децата, треба да биде пракса целосен, соодветен и темелен преглед на детето и да ги опфати сите деца без оглед на социјалниот, економскиот и образовениот статус на родителите/старателите. Затоа во прилог со ова соопштение доставуваме и соодветни јавно достапни документи со цел јавноста и родителите да бидат инфромирани за вакцината ММР, како и позитивните и негативните аспекти од имунизацијата на децата, но и потребата за дополнителни здравствени прегледи и проверки пред децата да примат вакцина.Во основа сите одлуки кои се носат од страна на родителите и надлежните институции се со една заедничка цел тоа е заштита на децата и нивното здравје и живот. Но, потребно е да се искреира конструктивно решение кое ќе ги надмине сите недоразбирања и ќе се води од принципот на најдобриот интерес на детето.Нашиот став се заснова на принципите на Конвенцијата на правата на детето.Македонија ја има ратификувана Конвенцијата за правата на детето и има обврска истата да ја применува во сите одлуки кои се носат и се донесуваат на децата во нашата земја. Во членовите од 2, 24, и 28 од Конвенцијата за правата на детето каде се наведува:Член 2:Државите членки на овааа Конвенција ги почитуваат и ги обезбедуваат првавата содржани во Конвенцијата за секое дете под нивна јурисдикција без било каква дискриминација и без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното,етничкото и социјалното потекло, имотната состојба,онеспособеноста, потеклото или друг статус на детето или неговиот родител или законски старател.Државите членки ги превземаат сите потребни мерки за да се обезбедии заштита на детето од сите облици на дикриминација или казни засновани врз статусот, активностите, изразеното мислење или убедување на родителите, законските старатели или членовите на семејството на детето.Член 24:Државите членки му го признаваат на детето правото на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и рехабилитација: Државите членки ќе настојуваат ниедно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита.Член 28:Државите членки му го признаваа правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основа на еднакви можности посебно:а) Го прогласуваат основното образование задолжително и бесплатно за ситеСпоред јавно достапните информации, имунизација на децата генерално се заснова на следниве две гледишта:Вакцините претставуваа придобивка на современата медицина и истите спасиле многу детски животи,Второто гледиште се донесува на негативните последици по здравјето и животот на децата и како резултат на истиот родителите одлучуваат да не ги вакцинираат своите деца.“ 

Македонија | пред 6 години

6 год.
uploads_thumbs_resize_800x420_374746

Поради посетата на папата навреме да се испланира движењето во Скопје

Доаѓањето на папата Франциск во Скопје го светна градот. Бината каде ќе се обраќа папата веќе се подготвува, се чисти фонтаната, а плоштадот од црно бела комбинација од денеска го разубавија и засадените дрвја фотинија.Се чистат улиците, се мора да свети до вторник. Освен естетиката на плоштадот, во голема мера е подигната и безбедноста. Граѓаните кои живеат во центарот на градот нема да можат да ги користат своите автомобили, движењето низ овој дел од градот ќе биде дозволено само со лична карта или пасош во период од 6 до 19 часот.  МВР ќе врши безбедносна контрола,  а на овие влезови ќе се пропуштаат граѓаните:  кај Управен суд, влез кај хотелот „Мериот“, влез кај кафе „Тренд“, влез кај министерство за финансии, влез кај завод за статистика, влез кај Порта Македонија и влез предна страна од ГТЦ кон плоштадот. За возилата има целосен прекин во центарот на градот.Булевари каде ќе се дозволи движењето с е Кочо Рацин, улица 11 Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, и св. Кирил и Методиј, булеварите Св. Климент Охридски, Партизанска, Гоце Делчев и Самуилова.Повеќе на Канал5.мк 

Скопје | пред 6 години

6 год.
asanz

Асанж одби да биде екстрадиран во САД, се очекува долга правна битка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска пред судот во Лондон изјави дека нема да се согласи да биде екстрадиран во САД, каде што е обвинет за заговор за пробивање во компјутер на Пентагон.Асанж, кој се појави преку видеолинк од затворот во Лондон, рече дека нема да се „предаде себеси за екстрадиција за вршење новинарство што освои многу награди и заштити многу луѓе“.Облечен во фармерки и спортска јакна, Асанж се чинеше смирен за време на кратката расправа во лондонскиот магистрален суд Вестминстер.Судијата Мајкл Сноу изјави дека најверојатно ќе поминат „многу месеци“ пред да се одржи целосна расправа за суштината на случајот на екстрадиција на САД. Судијата закажа процедурално сослушување за 30 мај, а главното сослушување ќе се одржи на 12 јуни.47-годишниот Австралиец во средата беше осуден на 50 недели затвор во Британија поради прекршување на условите за условна слобода пред речиси седум години и затворање во еквадорската амбасада во Лондон. Во тоа време за него се бараше екстрадиција во Шведска заради сослушување во врска со силувањата и наводите за сексуален напад поднесени од две жени.Асанж рече дека побарал азил бидејќи се плашел дека ќе биде испратен во САД за да се соочи со обвиненија поврзани со објавувањето доверливи американски воени документи на Викиликс.Бен Брендон, адвокатот што ја претставува американската влада, во четвртокот изјави дека американските иследници добиле детали за комуникациите во врска со разговор меѓу „свиркачот“ Челзи Менинг и Асанж во 2010 година.Тој рече дека документите, наводно, симнати од доверлив американски компјутер, содржеле 90.000 извештаи за активностите од војната во Авганистан, 400.000 извештаи поврзани со војната во Ирак, 800 процени за затвореници од Гвантанамо и 250.000 телеграми од Стејт департментот.Американското обвинение против Асанж носи максимум пет години затворска казна, но тој е загрижен дека САД би можеле да додадат дополнителни, посериозни наводи против него.Главниот уредник на Викиликс, Кристин Храфсон, во средата изјави дека битката за екстрадиција е „прашање на живот и смрт“ за Асанж.Џулијан Асанж беше уапсен минатиот месец во Лондон откако се влоши неговиот однос со амбасадата-домаќин и Еквадор го укина својот политички азил.

Свет | пред 6 години

6 год.
IMG_8756

Почнаа уписите во прво одделение – невакцинираните ќе си седат дома

Почнаа уписите во прво одделение, но не и за децата што не ја примиле МРП вакцината. Владата уште еднаш потсети – дечињата кои не ја примиле вакцината против мали сипаници не ќе може да седнат во училишните клупи. Владиниот портпарол вели дека ова е јасно прецизирано во Законот, во кој исто така стои и дека основното образование е задолжително. Прашан на кој начин не вакцинираните деца ќе се стекнат со знаење, тој со контрадикторен одговор.Според Законот за основно образование, за упис во училиште родителите, покрај другите документи мора да приложат и Потврда за примени задолжителни вакцини. Од Министерството за здравство велат дека вакви потврди се издаваат само на вакциналните пунктови.„Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, информираат од Министерството.Од стартот на годинава, во земјава биле вакцинирани над 21.000 деца на возраст до 14 години. Само во Скопје, МРП вакцина примиле речиси 13.000 од вкупно 16.360 кои биле заведени како невакцинирани. Во другите градови статистиката покажала полоши резултати, МРП вакцина примиле само 8.300 деца.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivanov-veligden-1

Еве што ќе добие Иванов по завршувањето на претседателскиот мандат

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов побарале информација од Службата за општи и заеднички работи колкав е буџетот што му следува на Кабинетот на претседателот по завршување на мандатот и во  рамки на тој буџет кои се спецификите за формирање на кабинет на поранешен претседател, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.„СОЗР има одговорено повратно на информацијата дека тој Буџет е во висина од осум проценти од годишниот Буџет предвиден за институцијата Претседател на Република Северна Македонија и оти во рамки на тој буџет Кабинетот на претседателот треба да поднесе барање до СОЗР за деловни простории итн.  До вчера вакво барање не  е поднесено“ рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.Според Законот за претседател, претседателите на кои им завршил мандатот имаат право:– на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на Република Македонија,– на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица,– на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.– да учествувана државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на Уставниот суд на Република Македонија.– на материјални трошоци за потребите при остварувањето на неговите активности.Парите се обезбедуваат од Буџетот. Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот,  пензијата  намалена за 30% ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца  до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок кој е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот и ова право брачниот другар го користи трајно.Претседателските кандидати во текот на кампањата ветија дека ќе ги редуцираат законските привилегии на претседателите.„Ние имаме закон за привилегии на претседател. Имам разбирање за привилегиите на семејството на Трајковски, но ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот“ кажа претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ  Силјановска.Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски вети дека ќе ги редуцира привилегиите на претседателот кои не одговораат со скромните ресурси на државата, како што е обезбедувањето.Од поранешните претседатели,  Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет, а по 12 мај кога му истекува мандатот, право на пензија ќе има и Ѓорѓе Иванов.Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Стоилковски: Недозволиво е во претседателска кампања да учествуваат градоначалник и министер

„Продолжуваат злоупотребите на СДСМ во оваа изборна кампања за избор за претседател за 2019-та година. Продолжуваат злоупотребите и на функциите и на државните ресурси Стево Пендаровски затоа секако нема ниеден збор.СДСМ ги злоупотребува позициите на државата како министри и како градоначалници кои што се појавуваат на средби со граѓани среде Изборна кампања, среде Претседателски избори 2019 во насока на поддршка на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Ова е класична злоупотреба на државните ресурси.На средба со граѓани од улиците 150, 151 и 152 во Куманово, Максим Димитриевски и Оливер Спасовски настапуваат како Градоначалник и како Министер за внатрешни работи, така се и најавени во име на тие функции настапуваат на средбите со граѓани. На видеото објавено на македонските медиуми но и на интернет се слуша како Димитриевски и Спасовски ветуваат правење на улицата, асфалтирање на улица 150, како и градинки и останата инфраструктура, атмосферска канализација и дека сега сето тоа ќе го стави во програма за следната година. Среде кампања, Димитриевски ветува асфалтирање за догодина.„Јас давам збор, ако го избереме Стево, ќе имам финансиска поддршка од Владата за да ги изработам проектите. Ако се врати ВМРО на власт, јас ќе дојдам тука и ќе кажам другари извинете јас не можам да ја направам цела улица затоа што немам пари. Ако е СДСМ на власт ќе ми овозможи финансиски средства“, вели Максим Димитриевски, градоначалник од позиција на градоначалник на Куманово среде изборна кампања, барајќи ги гласовите на Кумановчани за поддршка на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, па потоа го повикува и министерот Спасовски да потврди.Почитувани ова е недозволиво, градоначалник и министер пред граѓани ветуваат проекти и улици и канализации за да се гласа за нивниот кандидат!И јасно е зошто го прават ова. СДСМ соочени со поразот на 5-ти мај, немаат друга опција освен да продолжи со притисоци и со лаги, со ветувања и поткупи да го ублажи поразот. Правото и правдата е на дофат. Правдата и правото ќе победат во  Република Македонија!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
drimkol

Годишен концерт на КУД „Дримкол“- Вевчани

Со наслов „Не си играј со телефонот мамо, играј со мене“, Културно уметничкото друштво „Дримкол“ утре во Домот на културата во Вевчани ќе го одржи својот годишен концерт.Традиционално секоја година концертот се одржува меѓу велигденските и ѓурѓовденските празници, а учество ќе земат сите фолклорни ансамбли на друштвото, изворниот и народниот оркестар, пејачката група „Каданка“ и нејзини солисти, како и членови на патувачкиот театар од Вевчани.На програмата, според организаторот, ќе бидат застапени песни и ора од сите играорни подрачја во нашата држава, а темата ќе биде „Не си играј со телефонот мамо, играј со мене“.– Примената на техниката и технологијата во денешно време се наметнува како начин и култура на живеење. Но, прашање е како таа култура на живеење влијае врз развојот на младите и врз нивниот однос кон градењето и почитувањето на сопствениот идентитет, како и врз негувањето и развојот на своето културно наследство, вели Наташа Кукоска, етнолог, дел од уметничкиот совет на друштвото.Според неа, преку актерска детска игра, песна и оро ќе дадат одговор на ова прашање, а во исто време отвораат за размислување и други прашања.– Годишниот концерт за нас претставува многу значаен настан бидејќи имаме прилика да презентираме целовечерна програма пред нашите вевчанци, кои секогаш со восхит не следат и поддржуваат. Нашата вевчанска публика има изострен вкус кога е во прашање културата и уметноста, а нивните очекувања од нас секоја година се поголеми, па токму затоа годишниот концерт на „Дримкол“ е и голема одговорност, изјави Кукоска.Поради големиот интерес кај публиката КУД „Дримкол“ најави два концерти со почеток во 18 и во 20 часот. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
upraven-sud

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, македонски државјанин, судија на Управен суд. Осомничениот, во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, ја злоупотребил својата службена положба и овластувањe и ги пречекорил границите на своето службено овластување преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи дејствија што бил должен да ги преземе, со што сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомниченото лице, претходно како адвокат преземал дејствија и ги застапувал интересите по Барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, осомничениот бил избран за судија на Управниот суд. Во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена Тужба, а тој ја земал во работа. Злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, осомничениот не ја прекинал работата врз предметот и не го известил Претседателот на Управниот Суд. Постапувајќи по предметот, иако поднесената тужба била неуредна, не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил, туку продолжил да постапува и притоа оневозможил Државното правобранителство на Р.С.М. како заинтересирано лице да се вклучи во управниот спор и да презема мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на Р.С.М.Како Претседател на совет, осомничениот, учествувал во донесување на Пресуда со која спротивно на одредбите од „Законот за води“, „Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро“, „Законот за денационализација“ и „Законот за Управните Спорови“, недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите. Воедно за недвижен имот со површина од 171 м2 што претставува јавно добро – крајбрежен појас и што не смее да биде вратенo во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700,00 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на Р.С.М., примерок од Пресудата, иако е задолжително заради право на жалба, не бил доставен до Државното правобранителство на Р.С.М. и со својот потпис, осомничениот, овозможил правосилност на пресудата. Со ваквите дејствија на барателите им било овозможено преку упис на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности, противправно да се стекнат со имотна корист – површина од 1958.49 м2 со усвоена пазарна вредност од 12.044.713,00 денари и противправна имотна корист во вид на обврзници во вредност од 119.700,00 денари, односно вкупна противправна имотна корист во износ од 12.164.413,00 денари на штета на имотот и интересите на Р.С.Македонија.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.Спорниот имот во моментов е обезбеден со Решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка – забрана за отуѓување. 

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања