Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
sadenje-drvja

Во Тетово акција за садење зеленило за почист воздух

Заменикот-министер за одбрана, Беким Максути, заедно со градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и припадници на Армијата денеска засадија 80 садници зимзелени дрва во близина на хидроцентралата на реката Пена како дел од акцијата на Министерството и Армијата за засадување на 315 садници, а во рамки на агендата на Владата за борбата против аеро загадувањето.Максути, кој активно учествуваше во засадувањето, рече дека реализацијата на оваа активност е уште еден показател за блиската цивилно воена соработка на Министерството за одбрана и Армијата со локалните власти.„Ние оваа акција ја спроведуваме заедно со локалните власти, конкретно денеска сме во Тетово. Идејата за зелено Тетово се вклопува во агендата на Владата од декември 2018 година кога е започната акција за засадување на нови садници на целата територија на државава. Ние продолжуваме кон реализација на овие активности и секогаш сме подготвени со нашите припадници да им помагаме на локалните власти, заеднички и во иднина да ги чуваме нашите места и нашата природа“, рече заменик министерот Максути.Градоначалничката Арифи се заблагодари на припадниците на Армијата и Министерството за реализација на оваа активност и за поддршката за почисто Тетово. Арифи упати порака до граѓаните на Тетово кои често одат на прошетки, да ја чуваат природата и животната средина.Акцијата на засадување нови садници продолжува во Општина Кичево каде ќе бидат засадени 85 садници. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
parno

Заев најави намалување на ДДВ – то за парното греење од 18% на 5%

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика, Марко Бислимоски, како и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска присуствуваа на состанокот на Интер-ресорската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот.На состанокот, се разговараше за мерките за намалување на загадувањето на воздухот, односно Планот за чист воздух, којшто е стратешки приоритет на Владата и прашање од врвен интерес на граѓаните. Исто така стана збор за мерките и активностите коишто се преземени досега, но и за идните планови на сите инволвирани чинители во насока на намалување на загадувањето на воздухот.По состанокот, во изјавата за медиумите, премиерот Заев изјави дека заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, со Министерството за финансии, со Регулаторната комисија за енергетика и со Градот Скопје, донесена е одлука да се намали данокот за додадена вредност за испорака на топлинска енергија, од 18% на дури 5%.Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за од прилика 220 денари месечно, што е годишна заштеда од скоро над 2600 денари. И добро знаеме дека тоа не е единствената придобивка. Системот на парно греење нуди и најголема енергетска ефикасност, односно има најмала емисија на јаглерод диоксид“, истакна Премиерот Заев.Оваа мерка, како што рече Премиерот Заев има други ефекти од интерес за граѓаните.„Ќе ги мотивира граѓаните да не се исклучуваат од системот на централно парно греење и ќе биде мотивација повторно да се вклучат околу 14.000 семејства кои од системот на централно парно греење се исклучени од 2012 година до сега. Во исто време очекуваме да се приклучат нови 10.000 домаќинства“, додаде Премиерот Заев.Од почетокот на новата грејна сезона, со намалување на ДДВ за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%, како што рече заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, се исполнува уште едно ветување коешто е инкорпорирано во Планот за чист воздух.„Оваа мерка оди во правец на директивите коишто постојат во Европската Комисија од 2006-тата година, бидејќи централните топловодни системи во земјите на ЕУ, во САД, се една од најдобрите алатки за справување со аерозагадувањето“, истакна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.Од регулаторната комисија за енергетика, пак, уште еднаш потсетија дека, од неодамна е укинат паушалот за граѓаните коишто се исклучени од системот на централно парно греење. „Ние се приклучивме на оваа иницијатива за намалување на ДДВ од 18 на 5% за потрошувачите коишто се приклучени на топлинска енергија, како и за сите останати потрошувачи коишто се приклучени на дистрибутивните системи за природен гас. Понатака, во однос на приклучените потрошувачи за топлинска енергија, во текот на месец јули ќе донесеме нов тарифен систем за продажба на топлинска енергија, којшто ќе биде многу поедноставен од сегашниот. Накратко кажано, трошокот за ангажирана моќност повеќе како таков нема да постои“, образложи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.„Со воведувањето повластената стапка на ДДВ очекуваме и ширење на топлификациската мрежа и приклучување на нови корисници кои во моментов користат други начини за затоплување“, истакна секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
vreme-1

Денеска сонце од утре дожд

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови засилен јужен и југоисточен ветер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Screenshot_1

Заев до охриѓани: Кренете веслата, очекувам Коста и Стево да победат

Премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид побара од охриѓани да ги кренат веслата и да гласаат за кандидатот од СДСМ, Константин Георгиевски за градоначалник. Според Заев, Георгиевски е аманет од покојниот градоначалник Јован Стојановски и затоа го предложиле, а охриѓаните треба да го излгасаат.„Го гледам Коста вика „мојот Охрид“. Ама и мој е Охрид. И на Димитров и на скопјаните. Охрид беше во бездна подлабока од милијарда и двеста евра долг. Но, исплива. Реконструкцијата на кејот не е поради Коста, тој е почнат и одобрен уште во време на Бакрачевски. Победивте во првиот круг за Костантин Георгиевски со 2.500 гласови. Малку е. Малку е еј. Кренете тоа веслата. Очекувам Охрид да победи и за Стево Пендаровски. Знам дека Охрид верува во тој концепт и тоа е концептот до успехот“, рече Заев.Заев рече дека верува во народот, а во недела ќе се слави победа на Стево Пендаровски и Костантин Георгиевски.„Еве и третиот противкандидат излезе и рече „Гласајте за ЕУ и НАТО“. Тоа беше апла кажано, гласајте за Стево Пендаровски. Овие другите не понудија ништо, нула, компир. Знам дека ќе изберете градоначалник со кој ќе се гордеете“, додаде Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev

Заев: Со мрчење не бива ништо, можат да пукнат но ќе има преговорите ќе почнат на лето

Премиерот Зоран Заев на трибината во Охрид, побара од граѓаните во сабота вечерта да размислат, што е најдобро за нивниот град. Според него, тоа е Костантин за градоначалник, а Стево за претседател. Заев верува дека охриѓани ќе донесат правилна одлука и нема да згрешат при изборот, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сакале само да дојдат на власт и ништо повеќе.„Ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту Силјановска не се оградија од настаните на 27 април во Собранието. Тоа се случи оти не им се даваше власт и мандат. Затоа што знаеа дека само така можат да се спасат од криминалите. Овие луѓе не може да бараат поддршка од својот народ. Треба да се оградиш од тоа што е лошо и да понудиш концепт. Ние презедовме сериозни одлуки. На овој плоштад, од 1991 година, ветувале и НАТО и ЕУ, но еве денеска, ги исполнуваме нашите цели. Не беше лесно“, рече премиерот Заев.Тој ги спомена Преспанскиот договор, дискусиите во Берлин, Меркел, Макрон и Могерини.„Може да пукнат ако сакаат. Ова лето имаме одлука за почеток на преговори. Конечно исчекоривме. За кој ќе носите одлука за Груевски, Мицкоски, Силјановска? Или за триото Макрон, Могерини, Меркел, кои стојат позади нас?. Оваа борба е за тоа кој ќе го весла кајчето, за побрзо да не донесе на брегот. Треба стабилност и просперитет, а не да мрчи секој ден, не бива така“, додаде Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dimitrov

Димитров: Криво ми е што се потрошија милиони на „Скопје 2014“, а цигла не се стави за Охрид да биде поубав

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на трибината во Охрид кажа дека му е криво што минатата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ потрошила милиони на „Скопје 2014“, а цигла не ставила за да го направи Охрид поубав.„Стево и Коста, за вас во недела, ќе се дотерам, ќе си ставиме една машна и со насмевка ќе гласам. Оваа држава ќе ја биде. Ќе не биде нас. Со ЕУ и НАТО ќе имаме стабилност, просперитет“, рече Димитров.Димитров, заедно со Заев и Пендаровски се на трибина во Охрид, пред да започне изборниот молк.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59157508_10215260048469220_7872377528298504192_n

ФОТО: „Југо“ поминало на црвено и прегазило девојче во Влае, кое го влечело 20 метри

Доцна попланево на раскрсницата помеѓу населбата Влае и Хром било прегазено девојче, од патничко моторно возило „југо“. Според очевидци, возачот на автомобилот поминал на црвено светло, го удрил девојчето и го влечел 20 метри.Очевидците додаваат дека ударот бил на пешачки премин, а автомобилот едвај застанал. Работите од прегазеното девојче, кои ги носела со себе, биле разлетни на сите страни.Според неофицијални информации, девојчето е во Клиничкиот центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.  

Скопје | пред 6 години

6 год.
pendarovski

Пендаровски: Казната за човекот кој го постави албанското знаме во Охрид можеби е превисока

Претседателскиот кандидат поддржан од владеачката коалиција, Стево Пендаровски по барање на новинарите да го коментира инцидентот со поставувањето на знамето на Република Албанија на источната страна на Самоиловата тврдина во Охрид, денеска апелираше до сите граѓаните да не подлегнуваат на какви било провокации од овој тип.Јас во тоа препознавам обид за кревање на меѓуетничките тензии во еден град кој досега немал историјат на такви меѓуетнички препукувања и тоа на неколку дена пред вториот круг на изборите. Немам докази, но мене ми е симптоматично што неколку дена пред вториот круг на избори се случува баш ваков настан. Се надевам дека ако има некаква организација зад тоа од било кого, не мора од државата, можеби и недвор од нашата држава и од регион, би апелирал до тие луѓе да не го прават тоа бидејќи Македонија има заземено добар курс и во сферата на меѓуетничките односи, изјави Пендаровски кој додаде дека е затворен последниот правен дел од Рамковниот договор и земјава оди на вистинскиот пат кон Европа.Според него, прилично е индикативно што настанот се случува на таков отворен начин.Не би сакал да верувам дека некои фактори, можеби надвор од нашата држава сакаат да се кренат меѓуетничките тензии, како што за жал имавме случаи години наназад кога имавме избори од каков било тип, кога на таа карта – кревање на меѓуетнички тензии, добиваат точно знаеме кои политички партии и оние кои го предводеа претходниот режим и искористуваа шанса да се претставуаа себе си за големи патриоти, а другите како предавници на сопствената татковина, рече Пендаровски.Како легалист, истакна, морате да почитувате процедури и санкции изречени од надлежни органи.Можеме да разговараме дали е превисока казната и во пари и околу забраната за влез на тоа лице од пет години. Можеме да се согласиме дека можеби е превисока. Но, во моментот тоа се законските граници од-до. Ако се превисоки, оние што одлучуваат, би требало тоа да го корегираат, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ и колицијата Стево Пендаровски.Извор: Република.мк

Македонија | пред 6 години

6 год.
50618251_613913649064187_1042656259460825088_n

Караница, па тепачка меѓу малолетници во автобус на ЈСП во Скопје

На 01.05.2019 година околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус, кој сообраќал од Транспортен Центар кон населба Ченто, бил нарушен јавниот ред и мир.Според пријавеното, неколку лица упатувала навреди кон А.П.(17), В.М.(16) и Ф.К.(17), сите од Скопје, по што физички ги нападнале А.П. и В.М..По преземени мерки, околу 20.30 часот, во врска со настанот биле приведени Р. А.(21), Е.А.(15), Ф.Б.(14) и Б.Р.(15), сите од Скопје.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
mkd-329127

Ограбен Турчин кој престојува во Македонија

На 02.05.2019 година околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Свети Климент Охридски“ неколку лица извршиле разбојништво над Б.О.(30) од Република Турција, кој привремено престојува во Скопје, при што му одзеле мобилен телефон и пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kisela-voda-ubistvo3-640x294

Детали за убиството во Кисела Вода каде жена го уби сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице.Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

Нападнат и натепан тетовчанец, од кого се украдени пари и телефон

На 01.05.2019 година околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Брсјачка Буна“ две непознати лица со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над Н.Б.(49) од Тетово, при што му одзеле пари и мобилен телефон.На Н.Б. му била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
slika-iskrsena-kola-678x381

Браќа од Скопје се искарале, а потоа едниот од нив му го искршил автомобилот

На 01.05.2019 година во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден, по претходна вербална расправија помеѓу С.С.(36) и неговиот брат Т.С.(36), двајцата од населба Илинден, Т.С. со секира оштетил патничко возило „Југо“, сопственост на С.С..Т.С. бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

6 год.
tepacka-1

Тепачка во Шутка

На 01.05.2019 година околу 11.30 часот во Полициската станица Чаир, С.Ј.(40) од село Трубарево, скопско, пријавил дека на 30.04.2019 година околу 13.20 часот во општина Шуто Оризари, К.Д. физички го нападнал.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kucinja-skitnici

Нови пријави од граѓани кои биле нападнати од кучиња

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Ф.Д.(65) од с.Милутинце пријавил  дека на 30.04.2019 година околу 09.30 часот на улица „Лазар Поп Трајков“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.Истиот ден,  околу 15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во паркот во близина на спортската сала во Гостивар, 7-годишно дете од гостиварското село Добридол било каснато од куче скитник во пределот на грбот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ubistvo

ХОРОР ВО КИСЕЛА ВОДА: Сопруга го убила сопругот со секира

На 01.05.2019 година во 14.52 часот во СВР Скопје, П.И.(45) од с.Драчевица, скопско, пријавил дека го пронашол неговиот братучед С.И.(54) усмртен со удари од секира.Според пријавеното, тој претходно ја видел Ф.И.(51)- сопруга на С.И., како со секира во рака излегува од куќата на нејзиниот сопруг. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата на нејзините родители ја пронашле Ф.И.. Таа била лишена од слобода и задржана во полициската станица Кисела Вода. По наредба на Јавен обвинител телото на С.И. е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
soobrakajka-1

Судар меѓу три возила, едно лице тешко повредено

На 01.05.2019 година околу 15.30 часот на регионалниот пат Волковија-Тетово, во близина на тетовското село Радиовце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила „Опел“ со тетовски регистарски ознаки што ги управувале Р.О.(18) од Милетино, Р.Д.(44) од Порој и Н.Д.(26) од Радиовце.Во несреќата, возачот Р.Д. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката од истото возило М.Д.(40) со телесни повреди.Двајцата со медицинско возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Автомобил удрил 70-годишна старица, возачот веднаш избегал

На 01.05.2019 година во 20.55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена З.Н.(70).Полициски службеници извршиле разговор со неа, при што појаснила дека на булевар „Борис Трајковски“ била удрена од непознато возило, кое го напуштило местото на настанот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
dokumenti

Му плаќале за визи, а тој им давал фалсификувани документи, уапсено лице од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(30) од село Урвич, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „измама“.Во периодот од декември 2017 година до мај 2018 година пријавениот, од четири лица од Дебар, за обезбедување на работни визи и договор за работа во Германија, примил вкупно 49.200 денари, по што истиот на три лица им доставил фалсификувани договори за работа, додека на едно од лицата не му доставил никаков документ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
svr-ohrid

24-годишен охриѓанец се сомничи дека продава дрога која ја добивал преку пошта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”,  СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против П.Д.(24) од Охрид.Нa П.Д. му е одредена мерка притвор од страна на надлежен судија.Пријавениот,на 30 април 2019 година, преку поштенска пратка која ја подигнал од Пошта-Охрид лоцирана на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, набавил амфетамини, со цел натамошна продажба во помали количини.Во момент на излегување од поштата, врз П.Д. е извршен преглед при што е пронајдена пратката со амфетамини и пари. Предметите се одземени за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања