Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Скопјанец обвинет за недозволено држење оружје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 11.04.2019 година, при претрес во домот во кој престојувало лицето на улица „Лазар Трпков“ во Скопје, било пронајдено огнено оружје – два пиштоли со калибар од 7,62 X 25 мм, како и една рамка со девет куршуми со ист калибар.До Основниот суд Скопје 1 Скопје надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасноста лицето да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. 

пред 6 години

6 год.
aaaaa

Левица на Апасиев повикува да гласате за Силјановска, за да Џафери не биде в.д. претседател

Президиумот на Левица, на синоќешната вонредна седница (2 мај 2019), одлучи да ја поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова како кандидат за претседател на Република Македонија.Силјановска ја сметаме за атипичен претседателски кандидат. И покрај нашите несогласувања по одредени прашања, знаеме дека таа е изградена личност со неспорен кредибилитет, која што ефикасно ќе се спротивстави на политиката на коалиционата двојка СДСМ-ДУИ, личност која ќе се води по принципите на правото, правдата и етиката и нема да дозволи компромитација на својот интегритет.Нашата поддршка за Силјановска да стане првата жена претседател на Републиката е строго персонална, а никако про-вмровска! Дотолку повеќе што повмровски кандидат во случајов е токму Стево Пендаровски кој беше портпарол во првата вмровска влада на Љубчо Георгиевски, а потоа и советник во кабинетот на Борис Трајковски.Нашата соработка со професорката датира уште од времето на Професорскиот пленум, па оттука оваа наша поддршка ја сметаме за принципиелна и критична. Секој гласач на проф. Силјановска мора да ја држи за збор, будно да го следи секој нејзин чекор и да ѝ помогне да не потпадне под влијанието на големите партии СДСМ - ДУИ - ДПМНЕ. Нам сега ни треба реализирана и принципиелна личност за претседател, која нема да биде обична марионета, туку мудро ќе ги користи своите уставни овластувања со цел да не дозволи тотална власт на само една партија.Во очи на вториот решавачки круг од Претседателските избори, разбираме дека е тешко да се партиципира во политичките збиднувања инструментализирани од власта, но токму сега мораме да ги смириме страстите и да размислуваме со ладна глава. Колку и да се чини оправдан гневот против корумпирани елити, сепак на овие избори - каде бираме личност, а не партија - бојкотирањето ќе биде само во корист на властодршците и ќе овозможи актуелниот собраниски спикер да биде ВД претседател.Груевизмот, како стадиум на изедначување на партијата со државата, е на раб да се повтори во заевизам – како автократски модел на владеење. Наша задача, како автентична левичарска партија, е да застанеме на патот на оваа забегана влада во нејзините намери да го доуништат и онака климавиот суверенитет на Републиката и да ја престорат во слуга на империјалните интереси.

Македонија | пред 6 години

6 год.
maraton-skopje

Посебен сообраќаен режи од денес до утре до 18:00 за „Виз Ер Скопски Маратон 2019“

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денес (03.05.) во 19 часот, до утре (04.05.) до 18 часот, поради утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ со почеток во 08,30 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.Така, за трката од 5.000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул.„Димитрие Чуповски“ право по ул.„11-ти Октомври“ во правец кон Градска Болница, право кон “Црвен Крст“, кај Тутунски комбинат лево по бул.„Крушевска Република“, па десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, право по бул.„3-та Македонска Бригада“ до крстосница со ул.„Црвена Вода 7“ каде што се врти полукружно па право по бул.„3-та Македонска Бригада“, десно по ул.„Фрањо Клуз“, лево по спротивната насока на движење на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, лево по бул.„Кочо Рацин“ десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта - Собрание на Р. Северна Македонија;Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на ул.„Иљо Војвода“, лево по мост Гоце Делчев, право по бул.„Илинден“ лево по ул.„Љубљанска“, право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со бул.„Србија“ се врти назад по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право до пред Собрание на Р. Северна Македонија каде што е и целта;И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на Р. Северна Македонија продолжуваат уште еден круг право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по бул.„Св. Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ и се трча истата рута како од првиот круг.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија

Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија. Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори на јуни, тоа е така затоа што нема реформи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Доколку во изминативе десетина година главна пречка за не отпочнување  на преговори беше ветото од Грција, сега главен проблем се недостатокот на реформи.Заев и Пендаровски добија насока за спроведување на сет на реформи меѓу кои: Правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Ништо од ова не е исполнето.Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните, и наместо да направат нешто, тие ја вратија државата назад.Со Заев и Пендаровски во Република Македонија цвета само криминалот. Државата тоне, а луѓето се заглавени во безнадежност.Време е да се промени лошата пракса и државата да почне да ниже успеси. Гласот за Гордана Сиљановска е глас за реформи, за просперитет, за право и правдина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
papata

Како и каде да се движите за време на посетата на папата во Скопје?

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП „Градски паркинг“ и АДСПС во Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај по 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.За време на посетата на папата Франциск, на 6 и 7 мај, во Скопје ќе има посебни правила за движење на автомобили и пешаци. Низ централното градско подрачје ќе може да поминете само со лична карта или пасош, некои улици и булевари ќе бидат затворени, а центарци нема да може да ги користат своите возила во зоната „Голем ринг“, објави fakulteti.mk...Како што информираа од координативното тело за организирање на посетата на папата, на територијата на Град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром - Скопје до центарот на градот ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје.Рестриктивна зона ...Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, во вторник, 7 мај, од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. Сите возила ќе бидат пренасочени на сообраќајниците околу центарот во Скопје за да може непречено да се движат.Во овој временски период ќе се формира „рестриктивна зона“ на движење. За автомобили целосно ќе бидат затворени следните улици: 11 Октомври од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улиците Димитрие Чуповски, Даме Груев, Македонија, Васил Главинов, Филип 2 Македонски, Св. Климент Охридски (адвокатска) и Иљо Војвода.Жителите на Центар да ги остават автомобилите дома Каде и да одите, тргнете порано... Како ќе се движат пешаците?  Текстот во целост на: www.fakulteti.mk  

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Плаќање на заостанати сметки за вода и смет без камата до 28 јуни

Заостанатите сметки за вода и за собирање и транспортирање комунален отпад граѓаните на Скопје ќе можат без камата да ги платат во периодот од 13 мај до 28 јуни 2019 година.Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека корисниците што имаат заостанат долг за потрошена вода и за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен) ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнетоплаќање.Можноста корисниците да го платат долгот без пресметана камата е со определено времетраење во предвидениот рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Фејсбук трајно укина профили на влијателни ултрадесничари

„Фејсбук“ го забрани профилот на Алекс Џонес основач на сајтот „ИнфоВорс“ (Infowars),  и некои други контроверзни лица од крајната американска десница, поради кршење на правилата на оваа социјална мрежа за опасни поединци и организации.Меѓу луѓето што се забранети на Фејсбук и Инстаграм покрај  Џонес, се и лидерот на организацијата „Нација на исламот“ Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос. Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Фејсбук во август, но до сега останаа на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.Во пишана изјава до ДПА Фејсбук информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации“. – Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија, се додава во изјавата.

Свет | пред 6 години

6 год.
Cistenje-divi-deponii-Kisela-Voda-02.05-3

Исчистени диви депонии во Аеродром и Кисела Вода

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“, по налог на Град Скопје, денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии во населбата Горно Лисиче, на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.Во оваа акција беа подигнати и транспортирани речиси 150 кубни метри комунален, градежен и кабаст отпад, а активностите за расчистување на теренот ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Скопје: Фатени 9 возачи без возачка дозвола, а казнети се осум поради поминување на црвено светло

Во текот на изминатиот ден (02.05.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и тројца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 10 мандатни платни налози и осум возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а девет лица поминале со телесни повреди. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
oblozuvalnica-1

Испечатила тикети од 100 илјади во обложувалницата кај што работи, но не ги платила

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(23) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.На 13.12.2018 година во спортската обложувалница во Тетово, пријавената, додека била на работно место, испечатила тикети за игра во износ од 119.280 денари, без да уплати парични средства за истите.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG-edd981a1e12cc4216065a25e0009914a-V

Фатен дилер на дрога, откако негови клиенти го издале дека е купена од него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х.(39) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 28.08.2017 година во Тетово, на ул.„Браќа Миладинови“, во напуштена куќа полициски службеници ги затекнале У.Ф. и Б.А.,  двајцата од Тетово, како конзумираат хероин, кој претходно го набавиле од пријавениот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Маж и жена каснати од кучиња на левата рака и десната потколеница

На 02.05.2019 година во 12.20 часот во Полициската станица Центар, С.С.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.15 часот на Плоштад „Македонија“ била касната од  куче скитник во пределот на десната потколеница.На 02.05.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ш.Л.(42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08.00 часот на булевар „АВНОЈ“ била касната од куче скитник во пределот на левата рака.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

На граница уапсено лице кое било на „стоп листа“

На 02.05.2019 година на Граничниот премин „Долно Блаце“ бил приведен С.М.(27) од с.Орланци, скопско, затоа што при проверка било утврдено дека се наоѓа на Стоп листата со мерка „Апси“ по барање од СВР Скопје.Во 17.10 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
59157508_10215260048469220_7872377528298504192_n

Девојчето кое беше прегазено во Влае е со тешки повреди, велат од МВР

На 02.05.2019 година во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“  и  „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pretepa

Син на полицаец со нож прободел момче, вели Филиповски

Повторно е прободено момче со нож, а сторител повторно е син на полициски функционер. Пак како во случајот со син ми Филип Филиповски ќе го спасат од притвор, напиша на Фејсбук, Гоце Филиповски, син на Филип кој беше прободен пред ноќен клуб.[embed]https://www.facebook.com/goce.filipovski.3/posts/3208444392514926[/embed]„За жал судииве судат по тоа колку пари ќе им се плати, многумина ми кажуваат да не очекувам синовите на Ѕвонко Цвековски дека ќе ја добијат заслужената казна и дека „има доволно пари“ да си плати судија што ќе донесе ослободителна пресуда оти тоа бил законот по кој суделе некои судии. Колку пари ќе им платиш, најмногу влијаело на донесувањето на пресуда“, пишува Филиповски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3e95f65e6f9d90d9f8b834f96656714f_w790

Поради Виз Ер Маратонот: Утре изменет режим на сообраќај на автобусите

Утре, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.Како што соопшти ЈСП „Скопје“, туристичката линија „City tour“ нема да сообраќа цел ден. Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот.Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.Од 7 до 14 часот по вообичаената траса ќе сообраќаат: 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Џафери: Изборот е јасен, на 5 мај изборот е за Западот

Претседателот на Собранието Талат Џафери потенцираше дека првпат се огласува за време на претседателската кампања поради неговата функција.– Граѓаните на Северна Македонија одлучија да бидат ориентирани кон ЕУ, никој не сака да се враќа назад. Нашиот избор треба да биде јасен. Колку и да сакам да бидам неутрален, како граѓанин се определувам за Западот. Да излеземе на 5 мај и да го поддржиме кандидатот што е ориентиран кон ЕУ и НАТО, рече Џафери.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека на 5 мај треба да се гласа за консензуален кандидат, посочувајќи дека тој нема да гласа за себе, туку за младите.Наведе дека доколку нема цензус тоа не значи дека претседателот на Собранието Талат Џафери ќе биде претседател на државата, туку дека за 75 дена повторно ќе се распишат избори.Изет Меџити, шеф на изборниот штаб на ДУИ, истакна дека силно го поддржуваат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.– Мора да поддржиме проевропски кандидат. Не смееме да поддржиме кандидат кој не познава двојазичност. Да се излезе на 5 мај и да се гласа. Апстиненцијата и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ги ризикува НАТО и Европската Унија. Како ДУИ и како Албанци немаме дилеми, порача Меџити.Градоначалничката на Тетово Теута Арифи нагласи дека идејата на Европа е идеја на консензуланост.– Не го правиме ова за послушност на некој, ова го правиме за нашата земја, за себеси. За рамноправноста на сите граѓани, истакна Арифи, посочувајќи дека Албанците уште еднаш треба да докажат дека се фактор без кој земјата нема да биде во НАТО и во ЕУ.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
krsto-mukoski-960x528

И без Мукоски да ја отвореше вратата на 27 април, тие ќе влезеа, вели Пендаровски

Амнестијата на дел од обвинетите за случувањата од 27 април во Собранието, е направена поради перспективите, од политичка смисла, за државата што се отвараат во насока на реализација на стратешките цели, истакна денеска кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инцијативата „На мегдан“.– Промената на Уставот што требаше да произлезе од Преспанскиот договор за новото име да важи и во внатрешниот правен поредок бараше две третини, во тој момент ние се соочивме со барањето на две добра. Чиста правда и отворање на евроатлантските врати. Кога ја видов содржината на законот за амнестија, ми олесна. Мислам дека кога ќе го ставите на страна фактот дали да му дадеме 15 години робија на Крсто Мукоски кој отварал врата во Собранието, а демонстрантите секако ќе влезеа и да не беше тоа отворање на врата. Од друга страна имате потреба да направите две третини за да го промените Уставот, со што дефинитивно на сите нас и сегашни и идни генерации ни се отвараат вратите на развиениот свет, за мене беше јасно како човек кој беше еден од нападнатите дека е подобро тоа да го направиме отколку да одиме со неселективно казнување и на луѓе кои не употребиле насилство ниту имале намера да организираат употреба на насилство, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska

Јас сум реформатор и се што сум допрела сум реформирала, вели Силјановска

Во вечерашниот дуел на Канал 5, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова ги повика граѓаните да гласаат за личност и рече дека таа е роден реформатор и се што допрела реформирала. Дополни дека така ќе биде и овојпат.Што се однесува до Договорот од Преспа рече дека таа има право на самоопределување.Во Уставот оваа држава е наречена Република Северна Македонија. За мене беше и  ќе остане Република Македонија. Може да стои на актите, на законите, може да стои и пред мене кадешто ќе седам, јас нема да кршам, но имам право на самоопределување. рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Gruevski-Ahmeti-696x371

Ахмети ќе пишува книга со мемоари за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во „Отвореното студио“ на 1ТВ на прашањето, како е да се соработува со ВМРО ДПМНЕ, а како со СДСМ, избегна да одговори, велејќи дека за да даде одоговр на тоа прашање ќе треба да ја отвори неговата душа.– Никогаш не сум сметал дали ќе победам на следните избори. Секогаш сум правел анализа со сите мои соработници, што да направиме подобро за да ги привижиме работите напред. И секако дека ова резултираше со успех. Никогаш не сум ја напуштил комуникацијата со опозицијата, и во тоа време кога СДСМ беше опозиција ние имавме состаноци со Заев, и тие состаноци не сум ги правел тајно за да работам зад грбот на тогашниот партнер ВМРО ДПМНЕ, туку било објавувано во медиумите. Интересите на граѓаните секогаш ми биле на прво место, потоа партиските, а дури потоа моите лични. Јас сум голтнал и работи што не се голтаат – рече Ахмети.Деталите за тоа какво е чувството да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ, а како со СДСМ најави дека  ќе ги објави во неговите мемоари.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања