Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Siljanovska-Pendarovski-696x371

Силјановска ќе го тужи Пендаровски: Срам да ви е, мојот татко никогаш не бил дел од УДБА!

Стево Пендаровски во емисијата „Отворено“ спомена дека таткото на Гордана Силјановска бил соработник на УДБА, по што кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ се налути и категорично ја негираше оваа информација.„Срам да ви е. Срамота. Како можете да измислувате вакви лаги? Како си дозволувате? Мојот татко никогаш не бил дел од УДБА! За ова, ќе добиете тужба!“, рече Силјановска.Пендаровски додаде дека куќни пријатели на Силјановска се поранешни вработени во УДБА.

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka1

Малолетници натепани од 35-годишен маж во Скопје

На 02.05.2019 година во 16.00 часот во СВР Скопје, С.Р.(50) и М.В.(46) од Скопје пријавиле дека истиот ден околу 15.00 часот нивните малолетни деца во кафе бар на улица „Скоевска“ во населбата Радишани биле физички нападнати од лицето В.Т.(35) од Скопје.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pazar

Кривична пријава против поранешниот директор на „Градски пазар“ Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.Т.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело ,,помагање“ во врска со ,,злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 16.02.2013 година до 08.11.2017 година пријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Градски пазар“ Охрид, во 44 наврати подигал парични средства за гориво и дневници за службено патување, по што не приложил соодветна документација за оправданост на истите.Притоа, во периодот од 2014 година до 2017 година, второпријавената, како сметководител во наведеното јавно претпријатие,  подигнатите парични средства од првопријавениот ги оправдувала со патни налози од истиот, со што пријавените нанеле штета од 313.020 денари на јавното прептријатие.

Македонија | пред 6 години

6 год.
klinicki

Тепачка на Клинички во Скопје

На 02.05.2019 година во СВР Скопје во 11.30 часот, В.Л.(30) од Битола пријавил дека истиот ден околу 10.50 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од негов колега Б.Ш.(42) од с.Градец, гостиварско.Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир .

Скопје | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Полицијата пишала 1500 казни во Тетово

Во текот на април годинава, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на тетовското подрачје вкупно откриле и соодветно санкционирале 1506 сообраќајни прекршоци од контролираните 4586 учесници во сообраќајот.Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќaјот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 123 возила.Најмногу од исклучените возила (100) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 22 утврдена е техничка неисправност и кај 1 претовар.Oд сообраќај се исклучени и 230 возачи, од кои 126 кои управувале без возачка дозвола, 16 со несоодветна категорија, 6 со важечка забрана, 79 возачи-почетници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
svr-ohrid

Двајца охриѓани извршиле 14 кражби, МВР со детали

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.(29) и С.Ѓ.(34), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени 14 кривични дела „тешка кражба“ и пет кривични дела „кражба“.Во периодот од октомври минатата до април оваа година, пријавените на различни локации во Охрид и во неколку села, со употреба на подесен алат и физичка сила, влегувале во куќи и станови и одземале разновидни предмети.Одземените предмети веднаш ги продавале со што се стекнале со значителна противправна имотна корист.

Македонија | пред 6 години

6 год.
bebe

10 и пол месечно бебе почина од мали сипаници

Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.Во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Георгиески: Клучното прашање кое треба да си го одговориме сите заедно во недела, во чии раце сакаме да го препуштиме градот?

Со денешниот ден завршува кампањата.  Имавте можност да слушнете, но уште поважно... и да видите, што ви се нуди за во следните две и пол години.  Кои се програмите, но уште поважно... која програма е базирана на потреби и со  реални планови за унапредување во сите сфери а кој ви нуди од-збор-до-збор препишани  текстови, истакна на завршната пресс конференција кандидатот за градоначалник Д-р Константин Георгиески.Клучното прашање кое треба да си го одговориме сите заедно во недела, во чии раце сакаме да го препуштиме градот? Сите заедно треба да го избереме најдоброто решение за нас и нашите  семејства.Јас и мојот тим стоиме гордо исправени пред охриѓани. За охридските потреби и проблеми  нудиме автентични охридски решенија... а не сувопарни текстови напишани во Белата Палата во  Скопје. За спроведување на тие решенија нудиме соодветни знаење и капацитети... а не партиски  или „Штапски решенија“ како што јавно нуди противкандидатот.На охриѓани нудиме целосна транспарентност и отчетност во работењето. Но  поменав, битно е  кој нуди. Јас за време на целата кампањата целосно транспарентно одговарам на сите лични навреди и црна кампања која противкандидатот ја води во недостиг на основни познавања за функционирањето на локалната самоуправа како и во недостиг на идеи. Од друга страна, ви се колне на транспарентност, човек кој четврти ден не одговара на единственото прашање кое јас му го поставив за време на оваа кампања.Драги мои охриѓани, пред вас стои човек таков како што е. Со сите свои доблести и мани. Тоа што го гледате, тоа го добивате. Јас не се кријам зад партиски колеги и зад партиски диригирани портали и медиуми како што тоа го прави противкандидатот. Не само што го прави туку и ми сугерира и јас тоа да го правам... Не колега Митре, јас  не се кријам зад лажни профили и наменски креирани мегафони. Јас стојам зад се што кажувам, зад се во мојата програма и зад секоја моја изјава. Јас стојам зад секој свој збор! Јас не функционирам на далечински управувач.Одлуките кои јас ги носам се за Охрид и се носат во Охрид. Јас народните пари ги користам за раздолжувања и инвестиции во Охрид а не за бели палати во Скопје.Во недела, охриѓани ќе го направат својот избор. Но, почитувани мои охриѓани, ништо не се случува само од себе. Подобрувањето и среќата треба да си ги заслужиме и одработиме. Затоа Ве повикувам во недела, во што поголем број да излеземе на гласачките места и како во првиот круг да испратиме порака дека враќање назад нема!Охрид избира да оди заедно напред. Охрид избира охридски, истакна Георгиески.  

пред 6 години

6 год.
anita-bezovskaF

Тереза Кочовска првонаградена од НБРМ за млад истражувач

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2019 година. Нејзин добитник е м-р Тереза Кочовска, наградена со прва награда за трудот „Меѓусебното дејство на условната (најниско прифатливата) плата и траењето на невработеноста: Емпириски докази од Македонија“.Денес во Народната банка се одржа свечена средба со Кочовска, на којашто гувернерката, д-р Анита Ангеловска-Бежоска ѝ ја врачи наградата. Притоа таа изрази задоволство што на конкурсот за оваа година пристигнаа најголем број трудови, во споредба со изминатите неколку години. „Но кога е во прашање науката, мораме да имаме предвид дека не е важен само квантитетот, туку пред сѐ квалитетот на трудовите. Ме радува што според заклучокот на Одборот за стручно оценување на пристигнатите трудови, тие се одликуваат со солиден квалитет. Тоа е уште една потврда дека во нашата средина има не мал број млади кадри коишто поседуваат знаења и способности со коишто во времето што е пред нас, може и треба да бидат двигатели на научната мисла во сферата на економија. Млади истражувачи коишто треба да ги поддржиме во нивните потфати, за својот потенцијал да го вложат во унапредување на нашата наука. Народната банка катадневно се обидува преку различни форми да им даде што поголема поддршка. Годишната награда е само една од тие форми, преку кои настојуваме да дадеме придонес не само во поттикнувањето на истражувачката активност, туку и за подигнување на квалитетот на макроекономските истражувања во земјава.“ – истакна Ангеловска-Бежоска.На средбата, членовите на Одборот за стручно оценување на пристигнатите трудови, меѓу другото нагласија дека трудот на Тереза Кочовска се одликува со конзистентност, релевантност и актуелност, како и дека е оценет со највисока просечна оценка и од сите нив одделно. Истовремено, тие потсетија дека оценувањето на трудовите беше спроведено анонимно, без сознание кои се нивните автори, со придржување до однапред утврдените критериуми со кои се гарантира сеопфатен и темелен пристап при анализирањето на секој пристигнат труд.Со цел стимулирање на развојот на научната мисла во земјава, како и заради афирмација на младите стручни кадри, Народната банка ја доделува Годишната награда веќе тринаесет години, во рамки на чествувањето на годишната од монетарното осамостојување на земјава. Конкурсот за годинешната Награда беше објавен кон средината на минатата, а трудовите се доставуваа до 1 февруари оваа година. Право на учество имаа авторите од земјава на возраст до триесет и пет години, при што секој автор можеше да конкурира само со еден труд, којшто задолжително требаше да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема.Наградениот труд „Меѓусебното дејство на условната (најниско прифатливата) плата и траењето на невработеноста: Емпириски докази од Македонија“ ќе биде презентиран и на сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-davkova

Бошњаците застанаа зад Силјановска Давкова

Интегрален текст од соопштението на Демократско Бошњачката партијаПочитувани граѓани на Македонија се ближи 5 мај, денот кога секој од нас по свое лично убедување треба да донесе многу значајна и важна одлука, одлука по кој пат ќе се движи нашата држава. Сите ние треба да го дадеме својот глас за еден од двајцата кандидати Стево Пендаровски или Гордана Силјановска Давкова.Почитувани граѓани, иако од СДСМ на големо се славеше веста дека добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, која вест за жал беше невистинита и беше само обична манипулација со граѓаните заради партиски интереси.Втора година по ред нема дата за почеток на преговори (иако на митинзите го лажат народот дека ова лето ќе го добиеме) бидејќи земјите од Европската унија јасно и недвосмислено му кажаа на Заев дека без суштински реформи, во економијата, образованието, владеењето на правото, здравството, корупцијата, непотизмот и обемната и неефикасна администрација нема добивање на дата за почеток за преговори со ЕУ.Да се вратиме малку наназад и да се присетиме на кој начин се изгласа капитуланскиот Преспански Договор со Грција, на кој начин и со какви невидени уцени, притисоци и поткуп на пратениците за да гласаат за отворање и промена на уставот на Р.Македонија.Владата на СДСМ не донесе ниту една реформа, не изгради ниту еден метар пат, не донесе ниту една странска инвестиција, а граѓаните мака мачат да преживеат од први до први, се е повеќе сиромаштија и се повеќе граѓани ја напуштаат нашата татковина. Бесправна држава нема ниту реформи ниту добра економија ниту просперитет за сите граѓани.Многу пати сум кажал и сега ќе повторам: Се што започнува со лага, со лага и завршува, а невистината е лајт мотивот на врхушката на СДС, кои го молат бога да не се добие дата за преговори како би можеле и понатаму да се богатат на грбот и маката на сите граѓани на Македонија. Глумат некоиси реформатори и душегрижници на својот народ, а главна цел им е нивното незаконско богатење и распрачување на сето она што е стекнато пред нивното доаѓање на власт.Почитувани граѓани на Р.М знам дека секој од вас ќе гласа по свое лично убедување и дека секој од Вас кој глуми патриот лажејќи го својот народ. Време е државата да тргне по правиот пат, вистинскиот пат, пат кој ќе води за доброто на сите нас без разлика на верската, етничката или политичката припадност, пат проткаен со право и правна држава, пат до кој секој од нас ќе биде горд, пат на вистината а не на лагата и пат за подобро утре за секој од нас и нашите поколенија, затоа треба на 5 мај масовно, сите ние (Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Власи, Роми, Торбеши, Египјани и останати) да излеземе и да гласаме будејќи се работи за нашата единствена татковина Македонија.Почитувани граѓани сите ние знаеме дека со гласањето за Гордана Силјановска-Давкова својот глас го даваме за владеење на правото и правната држава. Со заокружување на бројот 2 го враќаме владеењето на правото во Р.Македонија.На крај би сакал да ја искористам можноста на сите граѓани од муслиманска вероисповест да им посакам со леснотија да го испостат светиот месец Рамазан, месец кој ги чисти нашите гревови и во кој месец со нашите молитви и нашиот пост сме му најблиски на нашиот створител. 

пред 6 години

6 год.
sarac

Партијата на Ердоган Сарач со подршка за Силјановска Давкова

Претседателот на Движењето за Национално Единсктво на Труците во Македонија, Ердоган Сарач во денешното соопштение испрати јасна порака, дека тие цврсто застануваат позади Гордана Силјановска Давкова.-Ако сакаме сите да има право и правна држава, треба сите нашиот глас да го усмериме и да гласаме за проф. Гордана Силјановска Давкова, се вели во соопштението од партијата.https://www.facebook.com/TMBHMakedonya/photos/pcb.2242293915885109/2242293832551784/?type=3&theater

пред 6 години

6 год.
Nastava

Во ООУ „Рајко Жинзифов“ - Драчево во тек се уписи за вечерна настава

Општина Кисела Вода во соработка со основното училиште за возрасни „Антон Семјонович Макаренко“ - Скопје четврта година по ред во ООУ „Рајко Жинзифов“ организира вечерна настава за возрасни лица.Пријавувањата кои се во тек до 31 мај ќе се вршат во просториите на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населба Драчево секој работен ден од 14:00 часот. Заинтересираните информации за потребната документација можат да добијат во училиштето или на телефонскиот број: 02/2 622 478.За лица постари од 14 години што немаат завршено основно образование школувањето трае 4 години. Додека, дооформувањето на основно образование трае од 1 до 2 години. 

Скопје | пред 6 години

6 год.
Zoran-Krstevski

Зоран Крстевски: Нарцис

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Доколку сакаме да негуваме позитивен однос кон сопствената личност, корисно е да имаме умерена доза на самољубје. Илузорно е да се надеваме дека ќе бидеме заинтересирани да ги сакаме и прифатиме другите, ако не сме способни да се сакаме и прифатиме самите себеси.Сепак, пренагласеното себевоздигнување, себеистакнување и преувеличување на сопствените способности, многу лесно може да не одведе кон нарцизмот. Корисно е да се сакаме, цениме и почитуваме себеси, манифестирајќи здрава доза на нарцизам. Тоа е потполно нормално и добро за менталното здравје. Меѓутоа, според одредени научни истражувања, претераното самољубие претставува психопатолошка карактеристика на личноста. Здравиот нарцизам можеме да го дефинираме како способност за добра самопроцена и самољубие, независно од мислењето на околината. Патолошкиот нарцизам се карактеризира со пренагласена ароганција, суета и егоистички восхит од сопствените физички и ментални атрибути и способности.Концептот на нарцизмот го воведува Сигмунд Фројд, опишувајќи го како оска на растројство во личноста, изразена низ социјални и психопатолошки проблеми. Според него, нарцисот е вљубен во идеалната слика на самиот себе – сака да биде во љубов со своето лажно јас. Фројд бил инспириран од легендата за Нарцис, митолошки јунак познат по својата убавина и вљубеност во самиот себе, но и по големата гордост, суета и определба да ги омаловажува, повредува и игнорира сите кои вистински го сакале. Неговото самољубие го соочило со трагичен крај, бидејќи откако сфатил дека се вљубил во својот одраз во водата и дека таа љубов не може да биде остварена, според една од верзиите, извршил самоубиство, а на местото каде што починал, изникнало цвеќето нарцис.Во широката употреба поимите нарцис, нарцисоиден, нарцисоидност подразбираат една апсурдна вообразеност и се применуваат на луѓе чии амбиции и аспирации се многу поголеми од нивните видливи способности или таленти. Некои нарциси бомбастично се фалат и воздигнуваат себеси, меѓутоа многу од нив се неупадливи во јавноста, штедејќи ја суетата и автократското однесување за своите најблиски.Лицата кои страдаат од нарцистичко растројство на личноста не се свесни дека се исклучително токсични за околината. Со својата ароганција, крутост и импулсивност, тие мошне сурово се однесуваат дури и кон поединците кои искрено ги даруваат со љубов и внимание. Наместо да уживаат во љубовта што ја добиваат, нарцисите бараат уште повеќе, па доколку не го добијат тоа што го сакаат, почнуваат да ги омаловажуваат и обезвреднуваат туѓите добрини. Со таквото свое однесување, создаваат дисхармонична семејна заедница и предизвикуваат сериозни проблеми во врската.Клучната карактеристика на нарцисите е во опсесивната потреба да се докажат пред другите како посебни и исклучително значајни личности. Одредени невропсихијатри сметаат дека нарцистичкото пореметување на личноста го карактеризираат проблеми со идентитетот и емоционалната регулација. Според нив, нарцисите манифестираат нестабилно и променливо самопочитување, имаат ниско ниво на емпатија и се неспособни за подолготрајна емоционална приврзаност и посветеност.Нарцисите знаат да бидат мошне нервозни, агресивни и конфликтни, посебно ако некој им ја повреди суетата и пред јавноста изнесе докази за нивната дволичност, лажливост или неверност. За нив е најстрашно да им биде нарушена лажната слика која ја градат пред другите и да се обзнани дека се духовно празни, со ниски морални критериуми и површни. Тие сакаат да се претставуваат како исклучително паметни, убави, способни и грижливи. Но, едно е како сакаат да бидат видени, а сосема друго е со какви вредносни норми се карактеризираат. Главни карактерни облежја на нарцисите се нечесност, манипулативност и лажливост. Во суштината на нивната личност е да лажат и да ги омаловажуваат другите.Обично ако немаат лична корист, нарцисите многу ретко ги извршуваат своите ветувања и должности. Значење има само тоа што им оди во прилог, сето останато е беспредметно и неважно. Честопати немаат јасна претстава за состојбата во која се наоѓаат, градат идеализирана слика за себеси и не умеат реално да ги согледаат нештата. Откога ќе почувствуваат дека им е нарушена сликата што ја претставуваат пред другите, нарцисите реагираат мошне гневно, иритирано и осветољубиво. Тие никогаш не ги забораваат навредите и знаат да бидат исклучително сурови, обидувајќи се емоционално да ги повредат лицата кои ги сметаат за свои непријатели.Погрешно се мисли дека нарцисоидните личности единствено се сакаат самите себе, напротив  човекот кој не е во состојба да ги сака и почитува другите, тој не умее да се засака и прифати ниту самиот себе.  Нарцисот не сфаќа дека за да бидеш сакан, неопходно е да сакаш. Љубовното партнерство со овие лица може да биде исклучително тешко, бидејќи тие не разбираат дека и блискиот има потреба од внимание и нежност и дека љубовта бара интерактивна поврзаност помеѓу двајца.Некои нарцисоидни личности одговорноста за сопствените блудни, прељубнички и неморални постапки ја префрлаат врз партнерот, обвинувајќи го дека ги принудил на такви дела, бидејќи се чувствувале осамено и не добивале соодветно внимание. Кај многу од нив недостасува свест за високо моралнивредности, имаат слаба духовност, а најекстремните нарциси покажуваат садистичко однесување во отфрлањето на другите.На нарцисите им недостасува етички определена совест, а единствено што ги ограничува и кочи е стравот од казна и губење на својата репутација. Нивната емоционална интелигенција е мошне ниска.Нарцисоидното пореметување произлегува од длабокиот несвесен конфликт внатре во личноста, која често се соочува со невротични реакции, придружени со гнев, нервоза и анксиозност. Општата дефиниција за нарцистичко растројство на личноста (НРЛ) гласи: Силно чувство на грандиозност, недостаток на емпатија за другите луѓе и потреба за восхит. Луѓето со дијагноза НРЛ често се дефинираат како арогантни, манипулативни, фокусирани само на себеси и како лица кои бараат премногу внимание од другите.Карактеристично за нарцисоидните личности е што целиот нивен живот е театар. Повеќе години може да живееме со нив и на крај да заклучиме дека воопшто не сме ги познавале, односно дека сме биле во врска со подвоена личност, која едно се претставува во јавноста, а сосема друго прави во интимната афмосфера. Разочарувањето е уште поголемо, откога ќе откриеме дека сме биле во брачен, односно љубовен однос со единка која константно им се препуштала на ниските страсти и прељубничките активности со најразлични партнери.Во речникот на нарцисите не постои ние, бидејќи се саможиви и максимално недоверливи. Емпатијата е предуслов (како што се верноста и довербата) за создавање здрава и стабилна љубовна врска. Повеќето експерименти што ја проучувале корелацијата на нарцисоидноста и љубовта, покажале дека нарцисите се неспособни да гледаат на врската во множина, бидејќи не умеат да ги почувствуваат туѓите емоционални желби и потреби.Нарцисоидната личност се карактеризира со следните навики: екстремно ги привелигира сопствените желби и потреби; покажува нетолеранција за туѓото мислење и поглед на свет; манифестира љубомора, емоционална отуѓеност и грандиозност – ги преувеличува сопствените вредности;се исклучува кога другите луѓе зборуваат за своите проблеми; бара автоматска согласност за своите постапки; има недостаток на свесност и одговорност за последиците од своето однесување; не се идентификува со чувствата на другите луѓе; има очајничка потреба за восхит, одобрување и признание.Решение за односот со лицата кои страдаат од нарцисоидно пореметување на личноста е навреме да ги забележиме нивните деструктивни пориви и да бидеме што помалку зависни од нивното влијание. Спас за духовната состојба на нашата личност е со овие лица воопшто да не влегуваме во интимен однос, да не споделуваме емоции и да не градиме заедничка иднина.  

Коментари | пред 6 години

6 год.
cubaka

Почина Питер Мејхју - глумецот што го одигра Чубака во „Војна на ѕвездите“

Питер Мејхју, актерот што го играше Чубака во филмовите „Ѕвездени војни“, почина на 74 години, соопшти неговото семејство. Тој починал во својот дом во Тексас на 30 април, опкружен со своето семејство, се вели во соопштението.Креаторот на „Ѕвездени војни“, Џорџ Лукас, сакал висок актер да го игра Чубака - но првично за улогата го сметал Дејвид Проус, висок 1,98 м. Меѓутоа, Проус сакал да го игра Дарт Вејдер, па Лукас се свртел кон Мејхју, кој со своите 2,18 м бил избран чисто поради неговата висина. Неговото лице никогаш не беше видено во филмовите „Ѕвездени војни“.Семејството на Мејхју вели дека „семејството на Ѕвездени војни му значеше многу повеќе отколку една улога во филм“.Во соопштението  од семејството уште се доадава дека  актерот бил „во голема мера ангажиран“ со непрофитните организации и покренал своја сопствена фондација, која, велат, им помагала „на сите, од поединци и семејства во кризни ситуации, до храна и други потребни работи за децата во Венецуела“.Семејството на Мејхју не кажа што е причината за неговата смрт.На 29 јуни ќе се одржи меморијална служба за пријателите и семејството, а во декември ќе се одржи посебен меморијал за обожавателите, се вели во соопштението. 

Магазин | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски: Со резултатот од првиот круг покажавте дека сакате заедништво и напредок

Со резултатот од првиот круг покажавте дека сакате заедништво и напредок. Вие добро знаете што е разликата меѓу мојот концепт кој води НАПРЕД и поделбите и изолацијата на Силјановска и Мицкоски кои водат НАЗАД. Овие избори се пред сѐ битка во која мораме да обезбедиме државата да продолжи напред. На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.За оваа одлука секој човек е важен, сечив глас е важен. Важен е гласот во кутијата, но и гласот што во првиот круг остана дома. И едниот и другиот глас праќаат јасна порака и таа порака е примена. Ве уверувам дека гласно ќе ја критикувам секоја власт која нема да ги слуша потребите на граѓаните, ќе го осудувам секој кој ќе посегне по нивните права, кој ќе работи против демократијата и правдата и ќе се обиде да поттикне поделби и конфликти. Јас силно верувам дека само обединети и заедно можеме да одиме напред.Кристално е јасно дека најголем дел од граѓаните, и од тие што гласаа и од тие што останаа дома се определени за европската иднина на нашата земја, за членство во НАТО и ЕУ, за пријателство со соседите, за да бидеме почитувани во светот, да имаме странски инвестиции, добро платени работни места и реформи според европски стандарди.Во име на овие заеднички вредности и цели ве повикувам во недела на 5 мај да излеземе масовно и да го заокружиме бројот 3. Од седење дома единствено корист ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска, Мицкоски и Груевски. Режимот не смее повторно да добие шанса.Драги сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сите етнички заедници,Нам ни треба општество кое им гарантира еднакви права на сите, а не поделби и дискриминација. Ни треба вистинска правда, а не партиски привилегии. Сакаме развој и напредок, обединета и сигурна држава, повеќе перспективи за нашите млади дома. Затоа, ве повикувам никој да не остане дома на 5 мај. Да излеземе и еднаш засекогаш да ја запечатиме нашата европска иднина. Да одиме заедно напред, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ поднесе пријава за Сиљановска поради злоупотреба на деца во изборна кампања

Овластен претставник на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска поднесе пријава за недозволени активности во тек на изборна камапња до надлежните институции, поврзана со злоупотребата на деца во изборна кампања од страна на Гордана Сиљановска и штабот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМПријавата е поднесена до Државната Комисија за спречување на корупцијата бидејќи од страна на Гордана Сиљановска Давкова, нејзиниот изборен тим и изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ прекршени се одредбите од член 8-в од Изборниот Законик, Кодексот за фер и демократски избори потпишан во ДИК на 31.03.2019г., членот 36 од меѓународната Конвенција за заштита на правата на децата ратификувана од Република Северна Македонија, член 12 став 4 од законот за заштита на правата децата.Во паника од извесниот пораз во вториот круг и слабата поддршка од граѓаните, Гордана Сиљановска во очај злоупотреби деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за политички цели.Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, заради ситни политички поени се обидоа да ја манипулираат јавноста дека децата без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село се соочуваат со недостиг на храна, иако за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата.Очекуваме надлежните институции веднаш да постапат по ова прекршување, се вели во соопштението од СДСМ.

пред 6 години

6 год.
Pres-konferencija-Skopski-Wiz-air-maraton-2019-3

Се е подготвено за скопскиот маратон – пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот

Неколку илјади маратонци, полумаратонци и рекреативци утре ќе истрчаат на градските улици и ќе учествуваат во 15. Виз Ер Скопски маратон, најмасовната и најатрактивната спортска манифестација во земјава. Деталите поврзани со годинешната трка на денешната прес-конференција ги соопштија градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Александар Кираџиев.- Градот Скопје, заедно со Канцеларијата на Европската унија, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортови на Скопје во соработка со Атлетската федерација, атлетските клубови и огромниот број волонтери, успеа да направи меѓународно афирмиран настан на кој секоја година се пријавуваат се повеќе професионалци, рекреативци, ученици од основните и од средните училишта, пријатели на спортот и на позитивната енергија. Виз Ер Скопски маратон прерасна во еден од најпознатите маратони на Балканот. За угледот и за реномето на маратонот говори и податокот дека тој е важен и за исполнување на норми за учество на сите најзначајни европски и светски шампионати, како и за Олимписките игри. Ме радува што оваа година се пријавени рекордни 12.500 учесници од 58 земји во светот. Во трките ќе учествуваат и 60-тина вработени во градската администрација – рече Шилегов.На учесниците во трките Шилегов им пожела добро време и добра забава и нагласи дека се создадени сите услови за годинава да имаме најдобро издание на маратонот досега.- Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери што се грижат трките да поминат во најдобар ред и ја користам оваа можност да се заблагодарам за нивниот ангажман кој е од исклучителна важност за успешноста на оваа манифестација. И годинава, за оваа манифестација Градот Скопје од својот буџет издвои 1.500.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија – додаде Шилегов.Директорот на маратонот, Синадиновски, ги повика граѓаните во што поголем број да излезат на градските улици и да ги бодрат натпреварувачите со аплаузи, но и со интересни транспаренти.- Оваа година, на неколку локации по должината на патеката натпреварувачите и гледачите ќе ги забавуваат бендови и диџеи. Ме радува интересот што го покажаа граѓаните за четирите трки и што од година во година бројот на пријавени учесници се зголемува. Очекуваме и нови рекорди на патеката. Наградниот фонд на маратонот изнесува 18.000 евра – рече Синадиновски.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кежаровски: На вистинскиот пат сме да изградиме здрава демократија и слободно општество, да продолжиме напред

Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на слободата на медиумите за да потсетиме на важноста од слободното изразување на новинарите и медиумите. На овој значаен ден, сакам да потсетам на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога гласот на новинарите беше стишуван, спречуван и цензуриран, освен за оние кои беа блиски до тогашните структури на власта, истакна новинарот Томислав Кежаровски.Јас лично бев жртва на линчот кој го спроведуваше таа власт кон сите оние кои  укажуваа на недостатоците во нивното работење.Не успеав да ја избегнам казната, напротив, и покрај мојата невиност, поминав низ долга, тешка и агонична животна епизода.Јас бев колатерална штета на партизираното новинарство, партизираните институции и судство и „лекција“ која требаше да ја научат сите оние кои размислуваа и зборуваа отворено без цензура, а против режимот.Денес, конечно, сум слободен човек. Слободно и без притисоци пишувам и зборувам и отворено критикувам.Новинарите се и треба да бидат коректив на власта во една држава, а новинарското перо најсилното оружје против оние кои ќе заборават дека ја имаат власта за да ги застапуваат интересите на својот народ, а не своите лични интереси.Изодевме долг пат до ова на што сме денес. Не велам дека нема недостатоци. И натаму треба посветено да работиме во интерес на слободното изразување на медиумските работници и целосна независност на медиумите.Конечно, ние сме на добар пат да изградиме општество со независни и слободни медиуми, да поставиме камен-темелник на вистинска демократија и систем на здраво владеење, истакна Кежаровски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
http___com.ft_.imagepublish.upp-prod-us.s3.amazonaws

Управата за храна и лекови на САД (FDA) ја одобри продажбата на IQOS уредите на Филип Морис

Одлуката ќе ја зајакне позицијата на компанијата во намерата за промоција на производите со „намален ризик“, бидејќи цигарите полека излегуваат од модаРегулаторите му дадоа на Philip Morris International зелено светло за продажба во САД на нивните уреди кои го загреваат тутунот, отворајќи го патот за тутунскиот гигант да се натпреварува со старт – ап компанијата за електронски цигари Juul за дел од брзорастечкиот пазар за алтернативи на тутун.Во долгоочекуваната пресуда, американската Управа за храна и лекови (ФДА) во вторникот објави дека дала зелено светло на IQOS уредите откако компанијата ги уверила службениците дека нивоата на токсини навистина се пониски отколку кај традиционалните цигари.Одобрението ќе помогне да се изгради доверба кај инвеститорите дека тутунскиот гигант може да изгради профитабилен нов бизнис, бидејќи потрошувачите кои се свесни за здравјето, сѐ повеќе ги отфрлаат традиционалните цигари. Индустријата вложува големи средства во електронските цигари и други уреди за да ги замени цигарите.IQOS се уреди кои наликуваат на цигари и кои го затоплуваат тутунот, а не го горат. Уредите беа лансирани пред три години во Јапонија и тие го сочинуваат главниот столб на движењето на PMI кон т.н. производи со „намален ризик“.Андре Каланцопулос, главен извршен директор на PMI, рече дека одлуката е  важен чекор напред за околу 40 милиони американски мажи и жени кои пушат.Тој рече: Некои ќе се откажат. Повеќето нема, а за нив IQOS нуди алтернатива „без чад“ за продолжување на пушењето.Управата за храна и лекови допрва треба да дозволи IQOS да биде обележан како побезбеден од традиционалните цигари, меѓутоа тие се оптимисти кога е во прашање пресудата на Вол Стрит. Засега, производот мора да се придржува до истите строги регулаторни стандарди како и цигарите.„Одобрувањето на нови производи од тутун не значи дека тие се безбедни“, рече Мич Зелер, директор на Центарот за тутунски производи на Управата за храна и лекови. Тој додаде дека агенцијата внимателно ќе ги следи IQOS уредите, вклучувајќи го и интензитетот на користење кај младите луѓе.IQOS ќе бидат продавани и дистрибуирани во САД од страна на Altria, американскиот производител на цигари, од кој PMI се одвои пред повеќе од една деценија.Продажбата ќе започне првично во Атланта, Џорџија, бидејќи компаниите сакаат да „научат колку што е можно повеќе, што е можно побрзо“, рече Хауард Вилард, главен извршен директор на Altria. Производите ќе бидат дистрибуирани на околу 500 трговци во градот, вклучувајќи и посебна IQOS продавница во трговскиот центар Lenox.Одобрувањето дојде порано од очекуваното, изјави Крис Грау, аналитичар во Stifel. Тој очекува уредот да се продава за околу 70 долари, што би требало да се покаже како превисока цена за тинејџерите.Под раководството на поранешниот шеф Скот Готлиб, Управата за храна и лекови воведе ограничувања за е-цигари во борба против порастот на нивната популарност меѓу младите. Претходно овој месец, Управата соопшти дека испитува дали употребата на е-цигари го зголемува ризикот од напади.Сепак, г-динот Зелер во вторникот го призна потенцијалот на новата технологија за „целосно да ги оддалечи возрасните пушачи од употребата на согорливите цигари“Акциите на PMI на американската берзата во вторникот се зголемија за 2 отсто, а оние на Altria се зголемиja за 1,5 отсто.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ЦИВИЛ и ЦИВИЛ Медиа го креваат гласот за одбрана на медиумските слободи

ЦИВИЛ – Центар за слобода и ЦИВИЛ Медиа, како гласни застапници на слободата на изразувањето и медиумските слободи, на Светскиот ден на слободата на медиумите, уште еднаш го креваат гласот во заштита на слободата на информирање. ЦИВИЛ ги потсетува сите институции и општеството во целост, дека мораат да работат заедно, за таа слобода никогаш повеќе да не биде загрозена.Како организација за човекови права, ЦИВИЛ секогаш е на страната на новинарките и новинарите и ги повикува да ја продолжат комуникацијата со организацијата и секој обид за притисок врз нив да го пријават. Медиумските работнички и работници не смеат да бидат попречувани во вршењето на својата работа! Тие не смеат да бидат предмет на вербални и физички напади и закани!Оваа година, Светскиот ден на слобода на медиумите, 3 мај, Северна Македонија бележи значителен пад на бројот на напади врз новинар(к)ите, но, за жал, нападите и попречувањето на работата на новинарите и медиумските работници сѐ уште се реалност. Свеж пример е нападот на телевизиската екипа на ТВ 21 од страна на роднини на градоначалничката на општина Арачиново, Миликије Халими, додека тие снимале прилог за проблемите на граѓаните во општината. На денот на гласањето во првиот круг на претседателските избори, мониторингот на ЦИВИЛ бележи пет случаи на попречување на медиумските екипи да ја вршат својата работа и тоа од изборната администрација!ЦИВИЛ бара итно спроведување на реформите во јавниот сервис (МРТ), измени и дополнувања во Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Изборниот законик.ЦИВИЛ бара од институциите да стават крај на неказнивоста за повредата на слободата на медиумите и правата на медиумските работнички и работници. Неказнивоста на кршењето на правата на новинарите и медиумските работници создава плодно тло за оние кои сакаат да ѝ застанат на патот на вистината и кои не бираат средства за да ја попречат нивната работа.  Државата е таа која мора да им обезбеди услови за професионално и непристрасно работење на медиумите.Република Северна Македонија бележи скок од 14 места на последниот индекс на слобода на медиумите, според Репортери без граници и моментално се наоѓа на 95 место од вкупно 180 земји во светот. Но, прогресот не значи дека Владата, правосудните органи како и самите медиуми треба да застанат тука. Позицијата на ранг листата е далеку од задоволителна.Мора да се создаде амбиент кој ќе биде поволен за работа на сите новинарки и новинари, односно на сите медиумски работнички и работници.Долгогодишното сеење на страв вовлекувањето во криминални зделки, закани за отпуштања на новинари, лажните вести продуцирани и објавувани од најголемите медиумски куќи во служба на авторитарниот режим, манипулациите со јавноста и говорот на омразата, укажуваат на неминовноста од итно враќање на критичкото новинарство.ЦИВИЛ ги повикува новинар(к)ите и медиумите да се обединат во заедничките заложби и во борбата за медиумски слободи и да придонесат кон креирање на демократско општество каде новинарството ќе биде пример за почит и заштита на човековите права и слободи. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања