Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Девојка се породила дома, но бебето починало

На 04.05.2019 година во 01,30 часот во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево било пријавено дека во куќата на Н.П.(29) биле повикани за укажување лекарска помош, откако таа во домашни услови се породила и по нејзино кажување, бебето се родило живо, но по кратко време починало. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обукција. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Civil

ЦИВИЛ бара максимално почитување на правото на глас, законите и демократските стандарди

Во пресрет на вториот изборен круг од претседателските избори и изборниот молк кој започнува на полноќ меѓу 3 и 4 мај,ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите учесници во изборниот процес максимално да ги почитуваат демократските стандарди и законските регулативи и да придонесат кон слободни, фер и демократски избори.Правото на глас е неприкосновено човеково права и мора максимално да се почитува!Бараме од политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Северна Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.Бараме од партиите, но и од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат паравата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии! За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата.Секој обид да се наруши изборниот молк и кршењето на законите и стандардите поврзани со изборниот процес, мора веднаш да бидат сопрени и санкционирани. Не смее да има толеранција за каков и да е притисок, закана или корупција (купување гласови).Бараме од Државната изборна комисија и ја охрабруваме да ги искористи сите свои законски ингеренции до максимум и да спроведе законит, слободен,фер и демократски изборен процес. Ингеренциите на ДИК се високи и таа се наоѓа на врвот на изборниот процес. ДИК не мора да чека приговори и жалби, туку може да дејствува, по допрен глас и според сопствени наоди и мислење. Очекуваме на овие избори тоа и да го стори.Бараме од членовите на избирачките одбори строго да се придржуваат до процедурите и Изборниот законик, да бидат љубезни, професионални и достоинствени во спроведувањето на своите задачи на изборниот ден. Ги охрабруваме да не подлегнуваат на евентуалните притисоци и коруптивно делување на одредени партиски структури. За секоја информација која им е потребна, треба да се јават на Општинската изборна комисија или на Државната изборна комисија. Секој обид за притисок врз нив да го пријават во полиција, но и ЦИВИЛ стои на располагање за пријавување на таквите случаи. Воедно, бараме од сите членови на избирачките одбори да ги почитуваат интегритетот и работата на набљудувачите и на новинарските екипи и под никакви услови да не ги попречуваат во нивната работа.Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување. Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Северна Македонија.Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани кои нема да се најдат на Избирачкиот список, тоа да ни го пријават. Доволно е да ни достават име, презиме и адреса на живеење. За жал, ДИК и другите институции не најдоа време и начин да го решат овој проблем, но важно е да ги имаме тие информации за да се реши проблемот во најскоро време, еднаш засекогаш, по изборите.Ги повикуваме медиумите да бидат непристрасни и професионални. Новинарките и новинарите во овој период имаат голема општествена одговорност. Ги охрабруваме да бидат на висина на својата задача и да манифестираат максимална професионална и морална одговорност. За секој проблем со кој се соочуваат, ние им стоиме на располагање.Ги повикуваме ситеграѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности од секаков вид. Притисоци, закани, уцени, корупција, поткуп, злоупотреба на јавните ресурси или службената положба, кршење на изборниот молк, незаконито работење на изборната администрација, агитација и пропаганда, говор на омраза, лажни вести, проблеми со Избирачкиот список, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.Пријавите може да поднесуваат деноноќно, на веб страницата Слободни избори, по електронска пошта (civil@civil.org.mk), во порака на Фејсбук или на телефоните 02 / 5209 176, 070 734 044.!

пред 6 години

6 год.
DSC_1583

116 годишнина од смртта на Гоце Делчев - Владина делегација положи цвеќе

Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, заедно со министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и со заменик министер за култура Владимир Лазовски, присуствуваа на панихидата посветена на 116 годишнина од смртта на Гоце Делчев.Делегацијата положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје и  оддаде почит на големиот македонски револуционер.Владината делегација вечерва ќе присуствува и на концертот „Гоце 116“ на камерниот оркестар на Националната установа Филхармонија на РепубликаСеверна Македонија и музичари од Филхармонија на Благоевград - Р. Бугарија, под диригентската палка на Христо Христов, кој ќе се одржи вечерва во Националната установа Филхармонија на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
avion-reka

(ВИДЕО) Авион на Боинг 737 паднал во река поради големо невреме на Флорида

Авион „боинг 737-800“ кој летал од Гвантанамо, Куба, до Мајами на Флорида, принудно слетал во река близу воената база во Џексонвил. Во инцидентот нема жртви, а повредено е 21 лице.Авионот не е потопен. Сите повредени се пренесени во болница и се во добра состојба. Американскиот претседател Доналд Трамп понудил помош, пишувал градоначалникот на Џексон Лени Кури на Твитер.Тој додаде дека нема пријавени смртни случаи. https://twitter.com/JSOPIO/status/1124506148256743424?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1124506148256743424%7Ctwgr%5E363937393b70726f64756374696f6e&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25bd-%25d1%2581%25d0%25be-143-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b2%2F 

Свет | пред 6 години

6 год.
ramazan

Започнуваат Рамазанските пости - честитка од претседателот на Собранието Џафери

Започнуваат Рамазанските пости - честитка од претседателот на Собранието Талат Џафери. Во леститката се вели:Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да упатам честитка до сите за кои од денес започнува светиот месец Рамазан, месецот во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор, месецот во кој се обединуваат семејствата, соседите, пријателите, се среќаваат и запознаваат познати и непознати, се споделуваат со нив желби за добро здравје, мир и спокој во умот и душата, среќа и благосостојба во домот и за сите луѓе. Нека духот на овој месец со сета негова солидарност биде драг гостин во секој дом, нека ги облагороди срцата со убави мисли на почит и љубов кон блиските и кон сите луѓе, знајни и незнајни. Бидејќи, не смееме да заборавиме дека сме сите пред сѐ луѓе, потребни сме си едни на други, за со заеднички  сили да градиме среќно, напредно и успешно демократско општество во кое секој ќе има достоинствен живот, ќе биде почитуван и вреден дел од мозаикот.Уште еднаш, Ви посакувам на сите добро здравје, благосостојба и духовен мир а бидејќи Рамазан е и месец на физичкото и менталното искушение, нека биде со лесно и со убаво за сите кои ќе постат а сите останати, да имаат разбирање кон сограѓаните.Честит почеток на Рамазанските пости, се вели во честитката од претседателот на собранието Талат Џафери.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still101

Полицијата демантира пукање, граѓаните слушале истрели, се прикирва ли случајот ? !

И покрај тоа што ноќеска во Полиција е пријавено дека е пукано на улицата Гоце Делчев во Охрид, а Полицијата од како примила повеќе телефонски повици од растревожени граѓани излезе на лице место и вршеше истрага притоа блокирајќи ја улицата за сообраќај, денес СВР Охрид преку портпаролот Стефан Димоски излезе со официјално соопштение со кое сака официјално да демантира дека имало пукање.Во соопштението стои:„До овој момент, во СВР Охрид нема официјална пријава за пукање од огнено оружје пред изборен штаб на политичка партија во Охрид. Ги демантираме написите за таков настан во Охрид и Ве информираме дека на 03-05-2019 година во 22 часот и 45 минути, М.К.(32) од Охрид пријави оштетување на неговото возило „Опел Зафира“ со охридски регистарски ознаки случено на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според пријавителот, управувајќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување. По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај.“ 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Малолетно девојче каснато од куче скитник

На 03.05.2019 година во 21,00 часот во Полициската станица Драчево В.М.(33) од Скопје пријавила дека на 02.05.2019 година околу 16,00 часот на улицата “Румена Хаџипанзова“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната рака.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Автомобил излетал од патот, удрил во знак па во дрво

На 03.05.2019 година во 11,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот “Александар Македонски“ патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.А.(25) од с.Арачиново-скопско, излетало од коловозот и удрило во сообраќаен знак, а потоа и во дрво. Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кумановец сакајќи да ја „излаже“ полицијата фрлил пакување со марихуана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.В.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.03.2019 година во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој фрлил пакување со марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
hasis

Кај гостиварец пронајден хашиш

На 03.05.2019 година во 12,00 часот во Гостивар на улицата “Гоце Делчев“ од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар, лишен од слобода бил Л.Ф.(32) од Гостивар поради тоа што при преглед кај него пронајдена била кеса во која имало хашиш. По документирање на случајот, против Л.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

6 год.
maraton-skopje-2

Се трча „Скопскиот маратон“ по 15-ти пат, годинава рекордни 12.500 учесници

Рекордна бројка од над 12.500 учесници од 58 земји ќе настапи на денешниот 15-ти „Скопски маратон“ во неколку категории: маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон (мажи и жени) и на ревијалната трка на пет километри. Наградниот фонд ќе изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.За разлика од минатите години, наместо од плоштадот и во правец кон Камени мост, стартот и целта на трката ќе бидат пред Собранието на Македонија. Потоа се трча кон Владата, лево по булеварот Илинден кон Ѓорче Петров, оттаму по булеварот Теодисиј Гологанов, кон Центар, населбата Јане Сандански и назад до Собранието.Елитни натпреварувачи од Етиопија и Кенија и денес ќе трчаат, а се очекуваат и нови рекорди .Рекордерите се од Кенија, кај мажите Кируи Кипротич (2:12,36 часа) од 2016-та, а кај жените Стела Барсосио (2:33,42) од 2017 година.Маратонската трка ќе се смета и како државен шампионат на Македонија и на неа ќе настапат најдобрите во моментов. Кај жените фаворитка е актуелната рекордерка Адријана Поп Арсова (2:59,46 часа), која лани беше трета.Кај мажите, титулата првак на Македонија од лани ќе ја брани Александар Кираџиев (време од 2:42,48 часа), а конкуренти ќе му бидат Кокан Ајановски, Марјан Бонев, Игор Јакимовски… Рекордот уште го држи Трпе Мартиноски (54) од 2000 година во Нови Сад (2:25,06), кој во повеќегодишната кариера има истрчано над 100 маратони.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zemjotres

Земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утринава во Скопјe.Земјотресот бил регистриран во 05 часот и 58 минути, со епицентар на 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје

Скопје | пред 6 години

6 год.
izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Заврши изборната кампања, утре се гласа

Заврши изборната кампања. Утре се гласа за претседател на држава и се избираат градоначлници во општините Охрид и Ново Село.Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 4.540 немоќни и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде што ја издржуваат мерката.Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП во странство се запишани 1.782 гласачи.извор: (МИА)

пред 6 години

6 год.
vreme

Облачно време со врнежи од дожд

Денеска во зeмјава ќе преовладува променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во источните делови засилен јужен и југоисточен ветер.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Македонија | пред 6 години

6 год.
izjava-zaev.Still101

Пукање кај штабот на ДУИ во Охрид

Синоќа околу 23 часот на улицата Гоце Делчев во населбата Воска пукано е со огнено оружје во близина на штабот на партијата ДУИ кој е лоциран на оваа улица.Според првите непотврдени ифнромации пукано е од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдени информации возилото било на случаен минувач и е подигнато за понатамошно вештачење.[caption id="attachment_39879" align="alignnone" width="850"] Фотографија од оштетувања внатре во автомобилот[/caption]Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини , кој е и прв човек на ДУИ во Охрид.Полицијата ја блокира улицата Гоце Делчев и вршеше увид на местото на настанот до раните утрински часови.ПРВАТА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА ( 23:18 часот 04,05,2019 )Предмалку се пукало со огнено оружје кај штабот на ДУИ, лоциран на ул. Гоце Делчев во Охрид. Дознаваме дека е блокиран овој дел од градот, затоа што во моментов се врши увид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
clipboard01-620x350-1

Антикорупциската комисија отвори предмет за хидроцентралите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ - Мицкоски

Членовите на Комисијата за спречување на корупција донесоа одлука да се испита како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стекнал државно земјиште од 33 илјади метри квадратни за изградба на хидроцентрали и како добил концесија за користење на води.Оваа фирма на Мицкоски, како основач, и на Димитар Димоски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за транспорт и врски ги изградила хидроцентралите, кои и денеска работат и се во нивна сопственост.Антикорупционерите денеска едногласно одлучија да отворат постапка за влијание и за злоупотреби, но истовремено и постапка за тоа дали Мицкоски можел да биде во исто време директор на ЕЛЕМ и да го советува Груевски за енергетика.

пред 6 години

6 год.
gatachka-dushko-mlekarot-960x649

Гатачката на градоначалничката на Битола вработена во РЕК ?!

Градоначалничката на Могила, Јасмина Гулевска, не само што си ги вработи роднините, туку си ја вработи и нејзината бајачка од село Прибилци, Демир Хисар, открива Душан Илиевски, најспознат како Душко Млекарот.Се работи за извесна Марина Ристевска, која е вработена во ФОД-РЕК Битола.Ако не ѝ даделе решение за работа, гатачката Марина ќе им направела црна магија. На кои други функционери од Битола им гата Марина?, прашува Душко Млекарот.Тој објавува и видеоснимка на која, како што вели, соговорник зборува со Марина и си ги бара парите назад.https://www.facebook.com/dushan.milk/videos/138140383992325/

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Со автомобил удрил во патарина и избегал кај Велес и избегал

На 03.05.2019 година во 03.05 часот на автопатот Градско-Велес, на наплатната рампа „Стоби“, патничко возило „Мазда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од за сега непознато лице, удрило во сензорска рампа на втората наплатна кабина, ја оштетило и го напуштило местото на настанот.Извршен бил увид од екипа од СВР Велес и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
gradinka-2

Деца се испотепале во градинка, еве ги деталите

На 02.05.2019 година во 12.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клинки „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено едногодишно дете. И.С.(34), татко на детето, пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите и според кажувањето на воспитувачката од градинката на детето повредите му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
gubre-vrv

Депонија на највисокиот врв на светот – под снегот тони ѓубре и човечки тела

Децениското искачување на највисокиот планински врв на светот, Монт Еверест го претвори во депонија со тони ѓубре, а екипите кои го чистат, освен отпад нашле и човечки тела. Во рамките на кампањата за чистење, највисокиот врв ќе собере околу 5 тони од базниот камп, пренесуваат бугарските медиуми.Ѓубрето ќе биде собрано на височина помеѓу 6 500 и 7 500 метри.Сето ова нема да биде евтино. Ќе бидат инвестирани околу 330 милиони долари, објави Министерството за туризам во Катманду.Монт Еверест е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања