Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
siljanovska

Силјановска до бојкотирачите: Дома можев да останам и јас, но одлучив да се борам

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, ја побара поддршката од граѓаните што застапуваа бојкот на првиот круг од претседалските избори.-Дома можев да останам и јас, но одлучив да се борам. Никогаш нема да ве изневерам, го имате мојот збор! На 5ти мај заедно да се избориме за правото и правдата и да ја промениме Македонија на подобро – им порача таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
makraduli

Макрадули: Чекаме тендер за инвертери во институции и филтри за помали стопански објекти

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули во интервју за Радио Слободна Европа вели јасна е главната причина за аерозагадувањето, со оглед дека со завршувањето на грејната сезона воздухот повеќе не е загаден.– Активно работиме на мерките за следната сезона. На 5 мај чекаме тендер за инвертери кои ќе се постават во повеќе институции, како и филтри за помали стопански објекти и комбинати и заедно со универзитетите на Скопје и Штип преку научен пристап да создадеме мрежа за мониторинг на загадувањето. Ефектите ќе се видат во октомври – вели Макрадули.

Македонија | пред 6 години

6 год.
dzoksi

Џокси ја откри приказната за најслушаната Велигденска песна

Во деновите пред и за време на најголемиот христијански празник Џокси секогаш ја има најслушаната песна во македонскиот етер.Празничниот хит „На Велигден“ го препеа и Ламбе Алабаковски, Пепа Димитрова лани сними етно-џез верзија, низ годините беа направени и неколку техно-обработки, но ниту еден од овие проекти не го достигна успехот на оригиналот.Авторот Ѓорѓе Васиќ кој со оваа нумера успеа да испише историја во домашната музичка продукција во повеќе наврати зборувал за создавањето на „На Велигден“.Во еден момент од мене излегоа и музиката и текстот–раскажа вели Џина Папас Џокси за Женски магазин.Рефренот е инспириран од баба ми Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо Коста, ѝ ги враќал стројниците кои упорно доаѓале за Велигден. Се сеќавам кога со неа бегавме преку прозор да не нè види татко ми како одиме во црква. Редовно палевме свеќи, бакнувавме икони и кршевме јајца–откри Џокси за „Женски магазин“.Текстот во целост на: zenskimagazin.mk

Магазин | пред 6 години

6 год.
kiracoski

Кирацовски : Овој голем празник поттикнува на сплотување околу солидарноста и заедништвото

Велигденска честитка на генералниот секретар Кирацовски. Во неа се вели:Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, во чест на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.„Упатувам искрени и срдечни честитки до сите граѓани кои денеска го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.Денешниот празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво кај сите граѓани.Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека донесат лична и колективна благосостојба и нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит и разбирање.Ви посакувам убави празнични денови.Христос воскресна!Навистина воскресна!“

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Велигденска честитка од ОК ВМРО ДПМНЕ, Охрид

Велигденска честитка од ОК ВМРО ДПМНЕ. Во неа се вели:ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник, Воскресение Христово - Велигден. Христовото Воскресение е животворен ден, една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Велигден нѐ потсетува ако еден сон ни се чини дека умира, да веруваме дека со волјата Божја може повторно да воскресне и да се исполни.Овој празник е пример за тоа како единствено со чесност и достоинство можеме да создадеме поубаво утре за нашите деца и идните поколенија.Ви посакуваме убави празнични денови, многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и духовен мир во вашите домови, многу радост, успех и слога.Нека е честит и вековит празникот!ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Малолетник каснат од куче скитник во Центар

На 27.04.2019 година во 13,00 часот во Полициската станица Центар Д.Д.(43) од Скопје пријавила дека нејзиниот 16 годишен син додека се движел пеш на мостот Око бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
traktor-620x350

Го паркирал тракторот, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил

На 28.04.2019 година во 00,10 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив било донесено лице Г.Р.(37) од с.Умлена–Пехчево со повреди. Имено, според пријавеното, откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил.Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Судир на три автомобили, двајца повредени

На 27.04.2019 година во 22,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од К.Г. (24) од Скопје, патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Ч. (19) од Скопје и паркирано патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици паркирано од Ж.Т. (47) од Скопје.Со тешки телесни повреди се здобил Б.С. (20), а со телесни повреди се здобил А.М.Ч.(20) двајцата од Скопје, сопатници од возилото “Фолксваген Голф“, констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Моторциклист повреден во сообраќајна несреќа

На 27.04.2019 година во 14,30 часот било пријавено дека во Штип на булеварот “ЈНА“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха ФЗ-6“ управуван од 17 годишно лице од Штип и патничко моторно возило “БМВ Х-3“ со штипски регистерски таблици управувано од А.К.(27) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила А.К., констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Автомобил удрил во 70 годишна жена пешак, се здобил со тешки поведи

На 27.04.2019 година во 18,10 часот било пријавено дека во Битола на улицата “Охридска“ патничко моторно возило “Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од Т.Ц.(25) од Битола, удрило во пешакот Д.З.(70) од Битола.Во незгодата Д.З. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
marihuana2

Пронајдена марихуана кај 18 годишник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.В.(18) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 04.01.2019 година во Крива Паланка, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zemjodelci

МЗШВ: Во тек е подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, кои ќе бидат објавени по завршувањето на изборите за претседател на Република Северна Македонија и на локалните избори за избор на градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.Се работи за јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над 3 хектари, во повеќе региони во државата.На јавните огласи земјоделците ќе може да конкурираат за добивање на државно земјоделско земјиште за земјоделска обработка на едногодишни и повеќегодишни земјоделски култури.На огласите е планирано да се објави вкупна површина од над 15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево, Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани, Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Штип и други региони.Истовремено Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го објави и вториот јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари за вкупно земјоделско земјиште од над 1.500 хектари. Овој оглас ќе биде со намена реализација на проект за подигање на земјоделски насади и изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи во повеќе региони и тоа: Штип, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Свети Николе, Гази Баба, Валандово, Кавадарци, Прилеп и други региони.За правните и физичките лица сопственици на оранжериите и помошните објекти во функција на оранжеријата кои не го искористиле правото да го откупат земјоделското земјиште во државна сопственост Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го подготвува третиот јавен повик за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжериите на кој се дава можност сопствениците на оранжеријата и помошните објекти да го купат земјоделското земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ivanov-veligden-2

Семејство Иванови: Ви посакуваме добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов

Велигденска честитка од претседателот Ѓорге Иванов, во неа се вели:Ви посакуваме овие празнични мигови да ги поминете во добро здравје, духовен мир, многу радост и љубов.Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакуваме топлина во домот, хармонија и благосостојба.Честит ВелигденХристос воскресна!Семејство Иванови

Македонија | пред 6 години

6 год.
sinagoga-sad

(ВИДЕО) Пукање во САД -Тинејџер нападна синагога, едно лице загина

Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако вчера маж отвори оган во синагога во предградие на Сан Диего, Калифорнија. Инцидентот се случи на последниот ден од еврејскиот празник Пасха.Стрелецот беше идентификуван како 19-годишен Џон Ернест од Сан Диего. Момчето е уапсено по пукањето.Припадник на обезбедувањето пукал врз напаѓачот додека тој бегал, но го промашил и го погодил неговиот автомобил.Ернест нема криминално досие, но се испитуваат тврдењата од манифестот објавен на интернет, каде тврди дека тој минатиот месец подметнал пожар во џамија во близина на градот Ескондидо, при што беше причинета само материјална штета.

Свет | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Во сообраќајна несреќа на влезот од Тетово, загина 50 годишна жена

Жена на околу 50-тина години загина во сообраќајка на влезот на Тетово од правец на Скопје синоќа околу 20 часот. Според првичните информации, жената била сопатничка во автомобил марка „мерцедес”, а до несреќата дошло поради судир со друго возило марка „голф”.Во близина на првиот кружен тек при влез во Тетово дошло до судирот при што мерцедесот откако се судрил со голфот продолжил со неконтролирано движење и удрил во бандера. Во голфот имало две лица, едно машко и едно женско, кои при судирот се повредени и се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница.Двете возила биле со тетовски регистерски таблици.Екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-3

Премиерот Заев за Велигден во црквата „Св.Григориј Палама и Димитриј“

Премиерот Зоран Заев големиот христијански празник Велигден го дочека во Струмица во црквата „Свети Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.За Велигден тој беше заедно со сопругата Зорица, а го придружуваа и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски како и пратеници во Собранието.„Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта, ја дава силата за надежта за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваме сите ние граѓаните. Верувам дека овој празник ќе ни донесе мир на сите, благосостојба на сите, меѓусебно почитување“, рече Заев упатувајќи честитки по повод Христовото воскресение до сите христијани.https://www.facebook.com/RadioStrumicaNet/videos/329421044391638/?v=329421044391638

Македонија | пред 6 години

6 год.
referendum-hrvatska

Хрватските синдикати собираат потписи за референдум - тие се против пензионирање на 67 години

На главниот загрепски плоштад Синдикалната иницијатива „67 е премногу” почна со собирање потписи за референдум за измени на Законот за пензиско осигурување, со цел да се спречи подигнување на старосната граница за целосна пензија на 67 години.Собирањето на потписи ќе трае две недели, а за да мора да се покрене референдум за ова прашање потребно е синдикатите да соберат 380 илјади потписи, што е 10 проценти од вкупниот број на гласачи.Синдикатите бараат да се врати старата возрасна граница од 65 години за одење во пензија и дополнително правото за предвреме заминување во пензија да биде на старосната граница од 60 години при што казнените пенали би се намалиле од 0,3 на 0,2 проценти.Синдикалната иницијатива именувана како „67 е премногу“ смета дека во буџетот има доволно пари за пензии, само што тие пари не се праведно организирани.

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska-veligden

Силјановска Давкова за Велигден во „Св. Петка“ во населба Црниче

Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова вечерa вечер ја посети црквата „Св. Петка“ во населба Црниче.Христос воскресна! Навистина воскресна! – објави таа на нејзината фејсбук фан страница.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vreme-1

Сончево време за Велигденските празници

Денеска и утре и времето ќе биде стабилно и суво, односно, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и еверозапден правец.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pendarovski-veligden

Пендаровски со семејството за Велигден во Галичник

,,Вечерва го празнуваме животот и надежта за мир и подобро утре. Да се обединиме во заедничките вредности и желби, сите заедно да славиме и сите заедно да напредуваме. Христос воскресна, за многу години!“-напиша Пендаровски на својата Велигденска честитка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања