Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
mickoski-veligden-3

Мицковски: Нека е за многуја лета. Спокој, мир и бериќет во домовите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Моцкоски заедно со неговата сопруга и граѓаните вечерва ја дочека радосната вест за восхресението христово во Храмот Св. Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров. Мицкоски упати честитка до верниците на најголемиот христојански празник:На мое огромно задоволство вечерва сум во храмот Св. Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров славејќи го Христовото Воскресение Велигден.Нека е за многуја лета. Спокој, мир и бериќет во домовите.Христос Воскрена. Навистина Воскресна!

Македонија | пред 6 години

6 год.
780877A4-20C8-4C6F-91AF-1F041C1F911E

За среќа и љубов цела година: Ноќва спроти Велигден направете го ова

Старите Македонци верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата. На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот.Дете кое се родило во Страсната седмица и особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој потфат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.Младите жени кои сè уште не добиле понуда за брак, неколку минути пред доаѓањето на Велигден треба да ги кажат следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!Младите жени кои сè уште не добиле понуда за брак, неколку минути пред доаѓањето на Велигден треба да ги кажат следниве зборови: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна!Се смета дека во ноќта спроти Велигден не треба да се крева бучава во домот. Во спротивно тоа ќе ги привлече сите зли и негативни енергии кон вашиот дом.Цели четириесет дена по Велигден православните христијани се поздравуваат меѓусебно со поздравот Христос воскресна! А, одговорот е Навистина воскресна!Се смета дека на Велигден се остваруваат сите љубовни верувања.Ако во чинијата со храна Ви падне инсект, ќе ви се јави стар пријател за средба, која ќе промени многу работи во вашиот живот. Ако ви чеша долната усна, очекувајте нова љубов.Самиот Велигден се слави цели седум дена, односно на целата недела и затоа таа се нарекува Светла Велигденска Недела.Дури и да не го сакате некој човек, ако точно на Велигден ви побара услуга или ваш стар пријател со кого сте скарани, Ви побара да му простите, тогаш мора да се ослободите од предрасудите и бидете добри христијани.

Магазин | пред 6 години

6 год.
DEC7F482-EE48-4595-842D-3822E1D43A23

(ФОТО) Велигден на Плаошник: Христос воскресна, Христијани радувајте се

Христос воскресе, навистина воскресе е поздравот со кој Христијаните во наредните три денови ќе се отпоздравуваат меѓу себе ширејќи ја веста за победата на Спасителот на животот над смртта.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Голем број верници, Христовото воскресение го дочекаа на Плаошник во Охрид.Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв.Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе.Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Македонија | пред 6 години

6 год.
albanijagrabez

Уапсен Косовец за грабежот на векот на аеродромот во Тирана

Албанската полиција уапси Косовец поради вмешаност во „грабежот на векот“ што се случи на 9 април на аеродромот во Тирана, кога беа украдени повеќе милиони евра. Станува збор за Рагип Хајдини (50), познат како Даја (вујко). Хајдини е шесто уапсено лице вмешано во грабежот, а според министерот за внатрешн работи на Албанија, Сандер Леши, апсењата ќе продолжат.Претходно уапсениот Алконд Бенгаси (34), еден од членовите на криминалната група, кој се согласи да соработува со Обвинителството, како учесници во грабежот посочи двајца Косовци кои ги знаел под псеводнмот Даја и Тани.Бенгаси беше уапсен на 23 овој месец на аеродромот во Тирана при обид да ја напушти земјата и да замине за Бугарија.Тој исто така потврдил дека групата ја сочинувале девет лица, меѓу нив и една жена, Е.Бици (31), која го запали возилото со кој побегнаа ограбувачите и во друг правец ја насочи полицијата, за која подоцна беше утврдено дека е поранешна албанска полицајка.Засега нема трага од украдените пари, кои според медиумите се од пет до 10 милиони евра и припаѓаат на три банки во Тирана.

Свет | пред 6 години

6 год.
1-6

Новинар на ФАЗ до Пендаровски: Груевски ме натера да ја поддржам промената на името

Новинарот на водечкиот германски дневен весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, Маркус Мартенс, на неговиот твитер профил саркастично му одговори на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.Имено, во дебатата која се одржа на МРТ завчера, Пендаровски обвини дека текстовите кои ги објавува ФАЗ, се пишувани од Никола Груевски.„Вусшност, господинот Пендаровски е во право. Секое утро во 9 часот (во недела во 9 и 30), Никола ме бара за да ми ги наметне неговите идеи кои јас потоа ги објавувам како мои. Токму поради тоа јас го поддржав договорот за промена на името без размислување. Тоа беше диктирано од Будимпешта“ – саркастично одговори Мартенс на неговиот Твитер профил.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pretepal-do-smrt

Нападнат вработен кој работел како обезбедување во ноќен клуб

На 27.04.2019 година во 01.20 часот Б.С (38) од Битола, вработен како обезбедување во ноќен клуб, пријавил дека околу 01,00 ч. по претходно недоразбирање од страна на непознато лице бил физички нападнат и удрен со предмет во десната нога од страна на К. С (21) од Битола. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

6 год.
nevreme

Невреме со град кај нас и во регионот

Град го зафати скопски Карпош денеска во попладневните часови, а огромни зрна од град со големина на орев направи хаос во околината на Кривогаштани.Најавената промена во времето пристигна на Балканот, температурите нагло опаднаа а во поединечни градови побелеа од град. Во Хрватска паѓало град со големина на лежник, а паѓал околу 15 минути.Промена на времето го опадна и температурите за десетина степени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во пожар изгорела гаража во која имало автомобил со камп приколка и разновиден алат

На 27.04.2019 година во с.Стајковци-Скопје во гаража сопственост на М.С. (39) настанал пожар, кој зафатил и гаража сопственост на С. С. (57), во кои имало патничко моторно возило „Форд мондео“, камп приколка и разновиден алат. Повредени лица нема. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кај кичевец пронајдени 16 саксии со растение канабис

На 25.04.2019 во времето од 16,00 до 19,30 часот во с.Лисичани- Кичево, од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи -Кичево и униформирани полициски службеници од Полициската станица Кичево по наредба на Основен суд Кичево извршен бил претрес во домот на Б. Д. (40) од с.Лисичани, при што пронајдени и одземени се марихуана, 16 саксии со растение канабис, девет пластични шишиња со непозната течност, како и други предмети. На 26.04.2019 година по дадени насоки од Јавен обвинител од Гостивар, Б.Д. со кривична пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.255 ст.1 од КЗ на РСМ е предаден во ОЈО-Гостивар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
lisici

ВИН бројот бил бришен, албански државјанин приведен на граничен премин

На 26.04.2019 во 11,45 часот на ГП-Долно Блаце на влез во Р.С.Македонија при контрола на патничко моторно возило „Мерцедес 200D“ со албански национални ознаки, сопственост и управувано од албанскиот државјанин С. Ѓ. (57), било забележано дека е делувано на ВИН бројот, со што истиот отстапува од оригиналот. Поради сомнение дека С.Ѓ. извршил фалсификување на ВИН бројот, возилото и лицето во 13,10 часот се предадени на инспектори од ОИДМД Чаир, за понатамошна постапка.  

Македонија | пред 6 години

6 год.
alijansa-za-albancite

АА: Каде е ветувањето на Џафери и зошто не е поставен камен на влезот на Собранието, кој ќе не потсетува на 27 април 2017

Тука сме денеска пред Собранието на Република Северна Македонија за да се потсетиме на 27 април 2017 година, денот кога беше соборен “10 годишниот режим Груевски-Ахмети", се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Пред една година во оваа држава, на влезот на Собранието, поставивме камен со натпис "27 Април 2017" кој го симболизира денот кога се случи историскиот пресврт и беше соборен режимот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше избран токму на овој ден, вети дека ќе биде поставен камен на влезот на Собранието за да не потсетува на тој ден, камен кој го симболизира жртвувањето, но, исто така, и бегањето на Али Ахмети во историскиот момент кога се одлучуваше за иднината на нашата држава.27 април беше ден кога се одлучуваше за судбината на државата, во кој правец ќе се движиме, дали во правец кон НАТО или кон Русија. И токму на тој ден, Али Ахмети избега.  И по една година не се знае каде заврши тој камен, затоа денес поставуваме прашања: Каде е ветувањето на Талат Џафери и зошто не е поставен камен на влезот на Собранието, прашуваат преку соопштение од Алијанса за Албанците.    

Македонија | пред 6 години

6 год.
eko

Доаѓањето на Папата, ќе го блокира Скопје, еве кои улици ќе бидат затворени

Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија, информира дека за време на Апостолската посета на Папата, на територијата на град Скопје и правецот од Меѓународниот аеродром Скопје до центарот на градот, ќе важат посебни сообраќајни правила за движење на автомобили, како и посебни правила за движење на пешаците низ центарот на Скопје.Посебни сообраќајни правила на движење на автомобили во централното градско подрачје во Скопје на ден 07.05.2019 Во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06:00 часот до 19:00 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.Поточно, во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски”(адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”.Министерството за внатрешни работи го задржува правото за стационирање (стопирање) на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на Папата Франциск низ Скопје.Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: бул. ,,Кочо Рацин”, ул. ,,11-ти Октовмри” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со бул. ,,Борис Трајковски”, ул.,,Св.Кирил и Методиј”, бул. ,,Св. Климент Охридски”, бул. ,,Партизански Одреди”, ул. ,,Самоилова” и бул. ,,Гоце Делчев”.Aпелираме до граѓаните на стрпливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и наредбите што ги издаваат полициските службеници.Граѓаните коишто живеат во централното градско подрачје, во зоната Голем ринг, доколку сакаат да ги користат своите возила на ден 07.05.2019 (вторник), апелираме истите да ги извадат надвор од Рестриктивната зона на 06.05.2019 година (понеделник), во спротивно истите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим од 06:00 до 19:00 часот на 07.05.2019.Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 06.05.2019 година после 17 часот, како и на 07.05.2019 во текот на целиот ден.Понатаму, апелираме до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 07.05.2019 да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места и да избегнуваат користење на автомобили. Користењето на автобусите на ЈСП на територија на Град Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Посебниот автобуски возен ред за 07.05.2019 наскоро ќе биде објавен на веб-страната на ЈСП www.jsp.com.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.Посебени сообраќајни правила на движење на автомобили на трасата од Меѓународниот аеродром Скопје до централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019 годинаВо временските интервали од 07:30 часот до 09:00 часот, како и од 17:00 часот до 18.30 часот, сообраќајот по бул. Александар Македонски од излезот на Скопје во Автокоманда, кон аеродромот, ќе биде затворен во двете ленти на булеварот и истиот ќе биде пренасочен по споредни сообраќајници.На трасaта Велес – Скопје, во овој временски интервал, сообраќајот за влез и излез во Скопје ќе се одвива преку трасата Миладиновци- Идризово - Маџари.На трасата Куманово – Скопје, на клучката Миладиновци [кај Рафинеријата], сообраќајот ќе се пренасочува кон Обиколницата на Скопје, на која прв дозволен влез во градот Скопје ќе биде на клучката кај Радишани.На трасата Куманово-Велес ќе има кратко стационирање (застој на сообраќајот), во двата посочени временски интервали.Апелираме до сите граѓани кои планираат да поминуваат на овие три правци, да излезат од своите домови еден час порано од претходно планираното, со оглед што движењето по споредните сообраќајници може да трае подолго од планираното. Истото важи и за сите граѓани кои на 07.05.2019 имаат лет преку Меѓународниот аеродром Скопје.Апелираме сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз. На 07.05.2019 железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатен за сите граѓани. Посебен возен ред на возови за 07.05.2019 ќе биде објавен на сајтот на Железници на Република Северна Македонија www.mzt.mk, Град Скопје www.skopje.gov.mk , како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.Посебени правила за движење на пешаци во централното градско подрачје на Скопје на ден 07.05.2019За време на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија движењето во централното градско подрачје (познато како Мал ринг), за сите граѓани ќе биде непречено, но забавено, бидејќи овој појас ќе биде строго обезбедена зона. Тоа значи дека сите граѓани кои ќе пристапат во оваа зона во периодот од 6:00ч до 19:00ч на 07.05.2019, ќе мора да се идентификуваат со важечки документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки.Поради тоа, апелираме сите граѓани кои работат во оваа зона, да ги напуштат своите домови половина час порано од вообичаено на патот кон работното место, со цел да стигнат навреме.Во зоната Мал ринг ќе се пристапува преку осум влезови на кои МВР ќе врши безбедносна проверка на сите граѓани, како и проверка на лична карти или пасош. Ова се единствените влезови во кои ќе се пропуштаат граѓаните кои ќе се упатуваат кон Плоштадот Македонија.Влез кај Управен суд на ул. ,,Орце Николов”Влез кај хотел Мериот на ул. ,,Максим Горки”Влез кај кафе Тренд на ул. ,,Димитрие Чуповски”Влез кај Министерство за финансии на ул.,,Даме Груев”Влез кај Завод за статистика на ул. ,,Даме Груев”Влез кај Пелагонија на ул.,,Димитрие Чуповски”Влез кај Порта Македонија на ул. ,,11 Октомври”Влез на предната страна од ГТЦ кон ПлоштадАпелираме до сите граѓани кои ќе се упатат кон Плоштадот Македонија за учество на литургијата на Папата Франциск, да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот потребно е да се чува со себе се до крајот на литургијата.Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката.Сите граѓани кои живеат или работат околу Плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона Мал ринг.7 мај е работен ден при што за сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени потребните услови за работа.

Скопје | пред 6 години

6 год.
g.g.stefan-1024x576

Г.г. Стефан: Како народ да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.– Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило и навестувањето за Неговото воскресение, кое Самиот го прорекол, кога рекол: урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам. И навистина: по лажните обвиненија, по неправедната пресуда и по распетието на Голгота, Синот Божји бил погребан и на третиот ден – воскреснал. Затоа, денот на Христовото Воскресение е ден за радост, и тоа радост за вечниот живот. Но, за да го разбереме и да му се радуваме на тој спасоносен ден, потребно е да живееме со настанот што ги донесе новото време и новата ера. Со Неговото воскресение се оправда и сета наша вера и доби смисла животот. Од тоа чудо над чудата извира и надежта во сопственото воскресение, зашто ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера.Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, како чеда на нашата мајка Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Без разлика каде сме, да живееме богоугодно и во мир со сите луѓе, чувајќи ги националните и духовните посебности како народ, покажувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, грижа за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Како народ конечно да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението. Тоа нам, како христијани, ни е света должност, зашто кој не го љуби својот брат – како може да Го љуби Бога?!Прославувајќи го Христовото Воскресение со сите христијани во светот, да се радуваме и веселиме поради победата над смртта, поради верата во сеопштото воскресение и надежта во вечниот живот во Царството небесно. Да се радуваме заради Воскресението Христово и воскресението наше, поздравувајќи се со торжествениот поздрав: Христос Воскресе!, стои во велигденската порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

Македонија | пред 6 години

6 год.
Muhamed-Zekiri

Зекири: Сетете се каде бевме пред две години и каде сме денес

Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, се огласи на својот Фејсбук профил по повод две години од „крвавиот четврток“ во Собранието на Република Македонија.„Ова ЗЛО никогаш да не се повтори !!!Вредеше да се жртвуваме за светлата иднина на нашата земја и иднината на нашите деца и идните генерации!!!Сетете се каде бевме пред две години и каде сме денеска, по само две години.Вие решавате дали сакате да ни се вратат повторно ваквите сцени и слики, или пак сакате ЗАЕДНО да одиме НАПРЕД таму каде што припаѓаме, во НАТО И ЕУ!!!“, стои во објавата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Gjorge-Ivanov1

Иванов: Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија:„Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, да упатам искрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Ова е, воедно, и мојата последна велигденска честитка за време на мојот мандат како Претседател на Република Македонија.Преку Господ Исус Христос, Бог се стави на наше место. Со својата физичка смрт на крстот, Тој нè помири со себе и нè ослободи од последиците на нашите гревови и промашувања. Со своето физичко воскресение од гробот, Тој ја воскресна надежта кај луѓето за подобар свет и подобра иднина.Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон луѓето од Велигден. Речиси два милениума оваа порака им помагала на христијаните во Македонија да ги издржат и најстрашните прогонства, да им одолеат и на најсилните искушенија и да ги пребродат и најголемите премрежија. Велигденската порака создаде духовно променети луѓе кои го менувале духот на нашето општество и преку простување, солидарност и почитување се вклучувале во она што Св. Климент Охридски го нарекува престигнување во добрина.Овој Велигден за нас е посебен бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. Длабоко верувам дека оваа посета е важен поттик за духовна обнова на Македонија, македонскиот народ и македонските граѓани.Во оваа пригода и на овој Велигден сакам да ги повикам сите луѓе со чисти срца и со добра волја, независно од тоа дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството или, пак, на сосема различна верска традиција или светоглед, да се вклучат во духовната обнова на Македонија. Ова е поттик да се вклучиме во изградба на хумано, праведно и слободно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество втемелено врз трајните етички и морални вредности.Честитајќи Ви го најголемиот празник, Велигден, Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, мир и спокој.“ наиша Иванов во својата честитка за Велигден.

Македонија | пред 6 години

6 год.
36963485283_527d51a418_o-1

Мира „дизел“ од имот пријавила само кредит во банка

Пратеничката Мира Стојчевска која се најде на мета на големо медиумско внимание со вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ, во Комисијата за спречување корупција пријавила дека има кредит кој го отплаќа до 2024 и депозит, пренесе Емагазин.На име на сопругот има две куќи во Делчево и стан во Скопје.Има и автомобили Пежо и Поло на име на сопругот и децата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Зекири: Слабата излезност на Албанците е порака до ДУИ

Граѓаните во првиот круг од претседателските избори ни пратија порака за отрезнување, бидејќи некои функционери летнаа во облаци, вели потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во интервју за МКД.-Мислам секако на функционери од партијата – директори, министри и градоначалници. Граѓаните се причината што сите ние сме дел од извршната, законодавната и локалната власт. Некои, за жал, тоа го заборавија и се поставија над граѓаните, кои во првиот круг од претседателските избори ни пратија јасна порака да се отрезниме. Граѓаните се тие што секогаш знаат да наградат, а богами и да казнат. Власта легитимитетот го црпи од граѓаните и од никого друг – вели Зекири.Според него, на изборите немало бојкот од ДУИ туку на виделина всушност излегла реалната слика за тоа колку во моментов тежи партијата.-Малиот одзив кај Албанците е поради нивната разочараност од нивните политичари. Тоа не е порака само до ДУИ, туку и до албанската опозиција. 80 илјади гласови за Блерим Река не се гласови на опозициските Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Беса на Билал Касами. Добар дел од тие гласачи ја дале поддршката водејќи се од етничката припадност на кандидатот, или гласале за да пратат порака на партиите на Албанците што се дел од извршната власт, пред се на ДУИ – вели потпретседателот на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-2

Седнал во кафеана, завршил со повреда од оружје

На 26.04.2019 година во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски“ била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.Повредениот бил донесен во Градска општа болница од страна на Е. М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул.„Цветан Димов“ во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.Од страна на полициски службеници било  разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

6 год.
zemjodelci

3.000 земјоделци поднеле барањe за субвенции за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги потсетува земјоделците корисници на земјоделски субвенции дека рокот за аплицирање за користење на финансиска поддршка во земјоделството е отпочнат. До денеска, во системот за е- барање се пријавиле околу 3.000 земјоделски стопанства.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира корисниците на финансиската поддршка, по пополнување на барањата да ги проверат податоците, онаму каде имаат одредени отстапувања потребно е во рок од 30 дена да извршат корекции. Рокот за поднесување на барања е до 30-ти мај 2019 година.Ги  потсетуваме земјоделците дека во овој период ќе се поднесуваат единствените  барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, тековно, соглсно Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и согласно календарот и во наредниот период ќе продолжи со исплата на субвенциите на сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на средства од оваа програма.Ги информираме земјоделците дека во наредниот период ќе следат исплатите за „директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство, директни плаќања за производство на домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, индустриски, градинарски култури и компир, директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети,  а ќе следат и исплатите за сите дополнителни мерки како што се мерката селекција за производство на пчелни матици, дополнителни директни плаќања од подмерка  за уматичено грло маторица, дополнителни директни плаќања од подмерка  за задржано женско јагне,женско јаре, дополнително плажање за основни стада за производство на говедско месо, за откупена пченица од родот 2018- та година од домашно производство, дополнителни директни плаќања од подмерка  за обработлива земјоделска површина со сончоглед, ориз и афион, дополнителни директни плаќања  за овошни култури предадени во преработувачки капацитет.Праксата за навремена и неселектива исплата на земјоделските субвенции продолжува. Средствата ги исплаќаме тогаш кога на земјоделците им се најпотребни, односно, во време кога се вршат агротехнички мерки за заштита на растенијата а парите на земјоделците им се повеќе од добредојдени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Кривична за тројца кумановци за фалсификување на документи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово, Ф.К.(25) и З.К.(59), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено по едно кривично дело „фалсификување исправа“.На почеток на 2015 година, пријавените изготвиле фалсификуван „купопродажен договор“ на бугарски јазик за мотоцикл „Suzuki Intruder“, по што на 30.06.2015 година второпријавениот извршил заверка на ваквиот фалсификуван договор заедно со превод на македонски јазик од овластен судски преведувач.По ова, првопријавениот договорот го употребил како вистински во постапката за царинење пред Царинската управа во Куманово и постапката за идентификација на мотоциклот пред Министерството за економија, односно Бирото за метрологија, по што документите биле употребени и во прилог на барањето за единечно одобрување на возило доставено до АМ Церт ДООЕЛ Скопје.На 07.07.2015 година првопријавениот, ваквата документација со невистинита содржина ја доставил како доказ во прилог на барањето за регистрација, по што врз основа на истата била извршена регистрација на мотоциклот.По ова, на 29.02.2016 година првопријавениот склучил фиктивен договор за негова купопродажба на третопријавениот, по што, откако го завериле кај нотар, бил употребен во постапката за регистрација и пренос на сопственоста.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања