Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Лица од Косово и Албанија измамиле тетовци и им зеле над 900.000 денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С.(30) од Косово и С.С.(23) од Р.Албанија  поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „измама’’.Во мај 2017 година пријавените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда четири лица од тетовското подрачје, на кои им се претставувале како лица на кои им се потребни парични средства за лекување, посредување за добивање на работни виза или продажба на возила.Од лицата тие одземале пари и не им ги враќале. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 984.000 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski

Мицкоски: Овој голем ден нека биде пример дека светлината е можна и кога црнилата се најприсутни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка по повод христијанскиот празник Велигден, посакувајќи многу здравје, благодет, среќа и љубов.„Дозволете ми во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници да им го честитам празникот Воскресение Христово, Велигден. На најголемиот христијански празник посакувам многу здравје, благодет, среќа и љубов.Овој голем ден, кога доброто го победи злото, кога љубовта ја победи омразата, а животот смртта нека биде пример за тоа дека правдата и правдината секогаш победува, дека можна е светлина дури и тогаш кога црнилата се најприсутни. Овој празник е пример за тоа како единствено со чесност и достоинство, пожртвуваност, љубов и взаемно почитување можеме да создадеме подобро утре за нашите деца и идните поколенија.Потребно ни е обединување во моментите кога граѓаните живеат во неизвесност, несигурност и поделби, потребна е надеж во овие тешки моменти на разочараност, апатија и неизвесност. А тоа можеме да го постигнеме доколку бидеме гласни и се бориме за нашите ставови и заедничка иднина.Овој празник испраќа пораки на сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност. Христос Спасителот пострада за нашето спасение, и овој ден и сите останати да ги минуваме со добра мисла, заедништво и подадена рака.Ви посакувам прекрасни празнични денови, проследени со многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и мир во вашите домови, на вам и на вашите ближни. Нека е за многу години Велигден.Христос Воскресна!Навистина Воскресна!“, наведе Мицкоски во честитката..

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-2-1

Сообраќајка во близина на наплатната станица Петровец

На 26.04.2019 година околу 21,10 часот во Скопје, на клучка „Аеродром-Скопје“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило  „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А. Д. (25) од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З. С. (58) од Куманово.Во незгодата возачот од возилото „Фолксваген Голф“ , А.Д. и  совозачот Т.М. (26) - се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница Скопје.Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Со автомобил удрил во малолетничка и избегал

На 26.04.2019 година околу 17,00 часот на локалниот пат за с.Пласница-  Македонски Брод кај м.в.„Курикамења“ се случила сообраќајна  незгода во која возач во возило со засега непознати регистарски ознаки удрил во С.Џ. (12), која управувала велосипед, и го напуштил местото на настанот.На С.Џ. и е укажана помош во Медицински центар Кичево,а потоа и во Медицински центар Битола, каде и се констатирани тешки телесни повреди.Увид на лице место извршила екипа Полициската станица Македонски Брод и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Автомобил излетал од патот, сопатничката со тешки телесни повреди

На 26.04.2019 година во 13,35 часот на регионалниот пат с.Пршовце - с.Јегуновце-Тетово, пред сепарацијата за бетон, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ. Н. (33) од с.Копанце-Тетово, излетало од патот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.О.,  додека Ќ.Н. и сопатничката А.О.  се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во КЦ-Тетово се пуштени на домашно лекување. Увид извршила екипа од ПС за БПС-Тетово.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Албанец се обидел нелегално да влезе во Македонија

На 26.04.2019 година во 13,30 часот, од страна на патролен тим од Полициската станица за Гранична контрола и граничен надзор  Стар Дојран, во реонот на с.Николиќ, на ГК 26/1, поради нелегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Македонија, приведен е албанскиот државјанин  А. Х. (26).По извршениот разговор со лицето и извршените проверки во оперативните евиденции  во  15,30 часот бил предаден на инспектор  во Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
5-2

На „Богородица“се чека до половина час за излез од Македонија

На граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија се чека до половина час за излез од Македонија кон Грција. Продолжениот викенд, вчера и денеска е причината за зголемениот интерес кај граѓаните за посета на нашиот јужен сосед.На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
rezim-soobrakaj

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Велигденските празници

Во текот на викендов, а по повод празникот Велигден, сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници како во централното градско подрачје на Град Скопје, така и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Денеска во периодот од 18 часот па сѐ до завршувањето на настаните поврзани со празникот, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: булеварот “Партизански Одреди” – од крстосницата со ул.„Аминта Трети” до крстосницата со булеварот „ВМРО”, и булеварот „Свети Климент Охридски” – од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. Покрај ова, на возилата од јавниот градски сообраќај кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев” им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул. „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул. „Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул. „М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.Во општината Ѓорче Петров по потреба ќе бидат затворени за сообраќај сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански Одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и сообраќајот од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул.„Демир Трајко“ и лево по ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром, пак, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 6 години

6 год.
mkd-419294

Владиката Јаков: За Македонија ќе биде чест да ја посети патријархот Неофит

Македонскиот владика Јаков, кој лета заедно со бугарската делегација до Светата земја за земање на Благодатниот оган, вели дека за Македонија ќе биде исклучително пријатно да биде посетена од бугарскиот патријарх Неофит.„Она што се случува во последните години е доказ за една нелицемерна, за една братска љубов и покажува дека Христос навистина воскресна”, изјавил владиката Јаков за БГНЕС.Тој, од името на Македонската православна црква-Охридска архиепископија се заблагодарил на Бугарската православна црква за братската љубов.На прашањето дали можеме да се очекува скора посета на бугарскиот патријарх Неофит во Република Северна Македонија како дел од напорите за продлабочување на врските, епископ Јаков изјави:„Патријархот и Светиот синод би требало да знаат. Нам ќе ни биде драго и тоа ќе биде огромен благослов за нашата Црква и нашиот народ”.Инаку, за прв пат претставник на МПЦ-ОА ќе замине заедно со бугарска делегација во Ерусалим.

Македонија | пред 6 години

6 год.
58375955_1212313772267263_4666432068173955072_n

(ФОТО) Македонското знаме е симнато од јарболот на врвот на Водно

Македонското знаме е симнато од јарболот на врвот на Водно над Скопје. Во врска со тоа, професорот д-р Љубомир Цуцуловски иронично коментира на Фејсбук:„Откако го симнаа/отстранија државното знаме од врвот на Водно (Крстовар) не можам да видам од каде дува ветрот. Можеби тоа е целта?“– прашува Цуцуловски.https://www.facebook.com/LjubomirCuculovski/photos/a.708280512670594/1212313768933930/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

6 год.
mickovski

Мицкоски за Заев: Не може политичар кој има куп обвиненија да реформира судство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто дадено за Независен весник вели дека не е можно политичар кој има куп обвиненија во минатото денес да го реформира судството.-Ама нели викаа дека имаме „сваровски-судство“ и дека имаат решение за тоа. И народот ги изгласа. Се сеќавате дека Заев предводникот бојадисуваше и мачкаше згради – немало правда, немало мир… Две и пол години потоа судството не само што не е реформирано туку е отворено како пупка. Како ќе ги убедите граѓаните дека е навистина реформирано судството кога во Советот за реформи во правосудството, кој имал еден или два состанока, претседава премиерот на државата. Не може политичар кој има куп обвиненија во минатото денес да го реформира судството. Точно е дека тој го отвори судството како пупка, ама прашање е како сега ќе го затвориме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20170524092354

Две години од „крвавиот четврток“ во Собранието

На денешен ден, во приквечерните часови, пред точно две години, се случи упад во македонското Собрание од страна на протестирачите од движењето „За заедничка Македонија“, кој резултираше со крв, агресија и дивеење на протестирачите кои ги нападнаа и тогаш веќе пратениците од владејачката гарнитура.Обидот за државен удар во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, го изведоа околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ кои упаднаа во Собранието , за да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собрание на РМ.Упадот се случи во 19 часот, кога маскирани лица беа пропуштени од собраниското обезбедување и упаднаа во салата за новинари. Насилниците физички ги нападна пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобија Зоран Заев и Зијадин Села, како и Радмила Шекеринска.Случајот за настаните во Собранието на 27 април 2017 година почна на 22 август 2018 година против вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.Во рамки на доказната постапка беа сослушани околу 50 сведоци, како и еден загрозен сведок, на чие сведочење беше исклучена јавноста.Судечкиот совет во Кривичниот суд во Скопје предводен од судијката Добрила Кацарска на 15 март годинава им одреди вкупна затворска казна од 211 година на 16 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, а Игор Дурловски го ослободи од обвинение.Митко Чавков доби најголема казна од 18 години, Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски – Леви – 15 години, Оливер Поповски – 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мунир Пепиќ –  15 години, Абдулфета Алими – седум години, Младен Додевски – 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанче Ангеловски – 12 години, Игор Југ – 12, Влатко Трајковски – 15 години, Вилијам Михајловски – 14 години, Николо Митровски – Кољо -15 години и Александар Василевски Нинџа – осум години.Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција преку соопштение во февруари годинава информира дека под истрага се пет лица кои се сомничат дека се организатори на настаните од 27 април.Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
20190427002344

Денеска е Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во кичевско пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на канабис

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на наркотична дрога марихуана. Притоа биле пронајдени 15 откорнати растенија со висина од околу еден метар и две млади растенија со висина од околу шест сантиметри засадени во саксија. Во домот на осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 0.14 грама во рачно направени цигари со мешавина со тутун.Лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
27-april

СДСМ: Гласот за Силјановска е глас за насилството и насилниците од 27 април

На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари, велат од СДСМ.Дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта.Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спорведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди.На овие избори, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, туку дополнително ќе ја потврдат предноста на Стево Пендаровски, идниот претседател на државата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
c3

Пендаровски: Оваа влада ја стабилизираше економијата и финансиите

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски од Велес ги повика граѓаните на масовна излезност и поддршка на опцијата Заедно Напред во име на економскиот развој на државата, правдата и евро-атлантските интеграции на државата. „Тие најавуваат ревизија на сите добри потези што оваа влада ги направи, за коишто добивме пофалби од целиот свет. Кој се не дојде за да ни стегне рака и да ни каже дека “ова не верувавме дека ќе го направите“. Заради тоа добивме и покана за во НАТО и за тоа ќе добиеме датум за ЕУ во јуни, два месеца од сега.Ги стабилизиравме финансиите, ја стабилизиравме економијата, имаме редовна исплата на плати и на пензии, сите економски индикатори одат нагоре, меѓутоа за тоа требаше време, енергија, трпение, визија, храброст и знаење. Тоа го направивме“, изјави Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Biljana-Ivanovska

Ивановска: Од 73 лица да се вработи сестрата на Бектеши е пречекорување на дискреционото право

Според Антикорупциска комисија директорот  на АД МЕПСО го злоупотребил дискреционото право кога ја вработил сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши, на оглас на кој се пријавиле дури 73 кандидати за тоа работно место. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека ова дискреционо право кое го овозможува Законот за работни односи, треба да биде исклучок, кога се појавуваат двајца или тројца кандиадти кои се исто бодувани и рангирани, а не во овој случај.-Дискреционото право треба да биде ограничено, тоа може да се употреби кога од двајца или тројца кандидати одговорното лице треба да одбере еден со приближно еднакви резултати. Но од 73 лица да ја одбере токму сестрата е пречекорување на дискреционото право. Освен тоа интервју е основна алатка за спроведување на изборот, но тука нема никакви критериуми, нема рангирање на кандидати, а тоа законот не го бара изричито – вели Ивановска за Телма.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sela

Села: До четврток Алијанса за Албанците ќе одлучи дали ќе поддржи некој од кандидатите

Граѓаните се слободни сами да одлучуваат за кого ќе гласаат во вториот круг, вели претседателот на Алијанса на Албанците, Зијдин Села во интервју за 360 степени.За додворувањата што сега ги упатува Силјановска кон гласачите на Река, Села вели дека тоа е нејзино мислење.-Но изгледа дека политичарите не ја сфатиле пораката, не треба да се обраќаат на партиите туку граѓаните. Ние не паѓаме под влијание на убавите зборови кои некој ги кажува за нас – додава тој.Села не одговара конкретно на прашањето дали ќе излезе на гласање на 5- ти мај и вели дека тоа ќе се види на денот на гласањето.-Граѓаните треба да одлучат дали ќе гласаат и за кого. Ние имавме само еден кандидат. Конечниот став ќе го имаме по седница на централното претседателство следната недела. Но лично јас како претседател на Алијансата, пораките што ги имав за пренесување, а бев многу јасен, ги дадов во кампањата додека имавме кандидат за претседател. Нашата изборна кампања заврши во неделата на 21 април кога ги дознавме резултатите. Кој ќе биде ставот на Алијансата ќе се дознае по седницата на претседателството на партијата. Но нашиот принцип е дека се уште не е дојдено време албанските гласови да одат за македонските политички партии – вели Села и додава дека седницата на претседателството ќе се одржи во среда или четврток следната недела, односно само неколку дена пред одржување на вториот круг.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vreme

Денеска променливо облачно, утре сончево

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови.Утринската температура ќе се движи од девет до 25 степени, а дневната температура од 14 до 24 степени.Во Скопје променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 24 степени.Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.

Македонија | пред 6 години

6 год.
spasovski

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Спасовски и во црква оди преку ред

За Спасовски нема ниту духовни, ниту световни закони. Дури и во црква оди преку ред. Но треба да знае дека како што пред законите сите треба да бидат исти, уште повеќе пред Бога се сите исти. Трчањето преку ред, не ја чисти совеста, туку делата кои се оставаат зад себе, пишува на својот Фејсбук профил Орце Ѓорѓиевски, членот на ВМРО-ДПМНЕ.[embed]https://www.facebook.com/1492262604426519/posts/2373627382956699/[/embed]

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања