Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
36963485283_527d51a418_o-1

Синот на Мира „дизел“ дал отказ од ЕЛЕМ: Го направив ова од морални причини

Синот на пратеничката Мира Стојчевска, Виктор преку својот Фејсбук профил најави дека ќе си даде отказ, како што вели, од морални причини.Ова следува после одлуката на Антикорупциската комисија која потврди дека неговото вработување во ЕЛЕМ е спорно.„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера.Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста.Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на вчерашната седница на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“, напиша Стојчевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
morbili

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД МОРБИЛИ: 7 бебиња празниците ќе ги поминат во болница

Седум бебиња и деца со морбили, велигденските празници ќе ги поминат во болницата во Козле. Сите се хоспитализирани во посебен изолиран оддел наменет за оваа патологија и немаат контакт со останатите болнички одделенија. Оваа здравствена установа е во договор со Детска клиника од каде им препраќаат пациенти со полесна клиничка слика на заразната болест, пишува Сител ТВ.- Ги почитуваме протоколите, одделот е изолиран и се трудиме максимално да немаат контакт и со останатите пациенти, иако понекогаш тоа е невозможно. Но се надеваме дека со мерките кои се преземаат ќе има ефект и ова брзо ќе заврши, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на детската болница во Козле.Педијатрите предупредуваат дека сите новороденчиња со мали сипаници кои не подлежат на вакцинација, мора да бидат на болничко лекување. Најмладиот пациент со морбили во болницата во Козле е тримесечно бебе.-Зависи од зафатеноста на белодробието, бидејќи морбилите предиззвикуваат компликации на белите дробови. Може да биде брзо решено, но може да дојде и до компликации и подолго да трае лекувањето, а некои завршија и летално. Но во секој случај, во просек престојот во болница е околу 7 дена, вели Андоновски.Од болницата во Козле велат дека засега имаат доволно простор и за заболените со морбили, иако дневно имаат по 100 прегледи за белодробни заболувања и алергии кај децата.-Имајќи ја во предвид епидемијата со морбили и големиот број на заболени бебиња и деца, за време на празниците во болницата во Козле ќе има засилени дежурни екипи.Освен во болницата во Козле, за велигденските рпазници засилени екипи ќе има и во Клиниката за детски болести каде во моментот имаат 6 пациенти со компликации од морбили.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Возач на автобус натепал постаро лице на автобуска

Вчера во 22.00 часот М. Ш (55) пријавил дека околу 17.10 часот на бул.Партизански одреди, на автобуска станица, бил физички нападнат од возач на „приватен“ автобус, што се движел во правец од Центар кон Ѓорче Петров.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski-izjava

Мицкоски ги советува новинарите да не му веруваат на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со совет до новинарите, своите перцепции да не ги темелат на изјавите на премиерот, Зоран Заев. Според него, Заев се „коцка со вистината“.-Јас би ви дал еден совет – овој тип политичари, кои често знаат да се коцкаат со вистината и најчесто не ја говорат, да не ви бидат поткрепа во градењето на ставовите и во перцепцијата на реалноста – вели Мицкоски во интервју за „Независен“.Тој е убеден дека ќе биде постигнат цензусот на вториот круг од претседателските избори.-Што доколку нема доволен број излезени гласачи, ќе треба да седнеме и да видиме како понатаму. Јас сум убеден дека ќе има доволно гласачи, дека ќе има цензус и дека професорката Силјановска-Давкова е идниот претседател – вели тој.Мицкоски порачува дека Заев требало да прифати предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Резултатите од првиот круг, според него, би му донеле на ВМРО-ДПМНЕ 47 градоначалници да беа локални избори, наместо петте што ги имаат сега.Мицкоски додава дека најавите за чистка на Заев по изборите, се само евтин меркетиншки трик.-Еве сега ќе зборуваме и за метлата, затоа што тоа не е некој оригинален трик, туку бледа копија. Сега се создава една друга теза дека после метлата на Заев ќе му се придружат луѓе што имаат капацитет. Тоа е комплетна лага, проверен рецепт, кога не ти оди, да си го поткренеш рејтингот кај луѓето. Но, граѓаните знаат колку му тежи зборот на Заев. Овој истиот човек пред неколку месеци нè убедуваше дека ако ги смени тие луѓе ќе нема со кого да работи, а сега вели дека ќе игра метлата – вели лидерот на вмровците.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-2

Силјановска: Се чувствувам како да го носам натешкиот крст

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил во чест на Велики петок, објави дека денес е најтешкиот ден во годината, а таа во моментот се чувствува како да го носи најтешкиот крст.Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род.Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.Јас во моментов се чувствувам како да го носам најтешкиот крст.Силјановска напиша дека по патот по кој чекори во моментов, во трката за претседател дека е постојано навредувана и ги повикува граѓаните да и помогнат да го однесе македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на правото. Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото! За многу години,напиша Силјановска на Фејсбук.Таа додаде дека во деновите кога треба да сме посветени на духовното, кликата на власт која наводно се бори против лажните вести самата лиферува лажни информации.Во најновата црна кампања премиерот и кандидатот за претседател со кој имаат 102,5 % исто мислење, шират лажна вест дека сум била советник на претседателот Иванов. Кога веќе сами се вплеткаа во лажните вести очекувам веднаш пред јавноста да дадат докази за нивното тврдење.Очекувам докази или извинување до целата јавност која најдобро знае кој манипулира, а кој стои на зборот изјави Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Запалени „БМВ“, „Ауди“ и „Шаран“ во Скопје

На 26.04.2019 пријавено е дека во с.Батинци настанал пожар во возило „БМВ“, сопственост на Х.К. од с.Батинци, а делумно биле зафатени и возило „Шаран“ и ,,Ауди“. Извршен е увид. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
tepacka-1

Ученици се степале во училиште, таткото пријавил во полиција

На 25.04.2019 година Т.С (38) од Струмица пријавил дека на 24.04.2019 година околу 10.45 часот, неговиот малолетен син во ОУ Видое Подгорец физички бил нападнат од страна соученик.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
isceznato

Исчезна малолетно девојче од Скопје

На 25.04.2019 година во 16 часот во Полициската станица Карпош, вработена од Центар за социјални работи-Јавна организациона единица Козле пријавила дека од установата се оддалечила нивната штитеничка А.Е. (17), која неколку пати претходно се оддалечувала и е враќана.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Скопјанец нападнал полицаец на натпревар

Вчера околу 20 часот, С.Т. (34) од Скопје физички нападнал полициски службеник  додека вршел физичко обезбедување на ракометен натпревар во Спортски центар Јане Сандански во Скопје.С.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-2-1

Деветнаесет годишно момче нападното од две лица пред ноќен клуб

Утрово во 05.30 часот Ф.С. (19) од  Скопје пријавил дека во 04.30 часот во ноќен клуб лоциран на ул. Анастас Митрев од страна на две лица бил физички нападнат.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski

Пендаровски со порака за толеранција, Сиљановска за почитување на законите

Кандидатите за претседател на државата кои влегоа во вториот круг на претседателскит избори кој ќе се одржи на 5 мај, Гордана Сиљановска – Давкова и Стево Пендаровски, денеска остварија средби со граѓани и упатија честитки за велигденските празници.Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова го посети село Бањица, каде со жителите разговараше за проблемите со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот.„Ги слушнав денес и Турците и Албанците од Долна Бањица. Нивните проблеми се слични со соседите Македонци и со Србите, Бошњаците, Ромите, Власите, Египјаните и другите. Со владеењето на правото да ги решиме“, рече Сиљановска.Таа додаде дека граѓаните ги споделуваат истите проблеми, како непочитувањето на законите кои треба да се исти за сите граѓани.Кандидатот на СДСМ и ДУИ по повод Велигден денеска го посети Марков манастир во населеното место Маркова сушица. Тој упати порака за помирување, заедништво и благососотојба за велигденските празници.„Во овие денови сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака за толеранција, пријателство, меѓусебно почитување и помагање, не се само христијански, туку и универзални вредности“, рече Пендаровски.Тој додаде дека само со почитување на овие вредности, денска и секој ден во годината, може да создадеме општество шти обезбедува мир, и благосостојба за сите.Извор: Радио Слободна Европа

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski

Власта го чека Мицкоски да каже кои функционери на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спасува?

Власта го чека црно на бело предлогот на Христијан Мицкоски истрагите од СЈО кои за нив се спорни. Од министерството за правда велат дека ќе има приближување на ставовите ако опозицијата и писмено потпише- истрагите кои тимот на Катица Јанева ги отвори по 30 јуни 2017-та да бидат предадени на Љубомир Јовевски и неговите колеги и таму да одлучат кои докази ќе ги користат и кои постапки ќе продолжат.– Последната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дава надеж дека е прифатливо тоа што го разговараме и предлагавме а тоа е надлежните обвинители кои ќе ги добијат започнатите предмети ќе си одлучат за иднината на тие предмети, а н ние политичарите да одлучуваме за тоа. За да може да зборуваме за приближување на ставовите треба да не се бара од нас затворање на сите постапки по првите 18 месеци и уништување на сите материјални докази собрани во нив оти тоа ќе значи скриена амнестија. - се вели во соопштението на Министерство за правда.Опозицијата најавува дека забелешките ќе ги достават од понеделник, а лидерот Мицкоски во интервју за тв24 пред два дена кажа дека неговиот преговарачки тим последно бара обвинителите кои ќе ги преземат предметите од СЈО да си одлучат како ќе ги водат. Со Заев се договорија преку медиумите. Но дополнително Мицкоски бара одговорност од специјалните обвинители.Повеќе прочитајте на 24ТВ

Македонија | пред 6 години

6 год.
57882635_338201316701680_6014262285344702464_n

По пучот ви ИВЗ, кој е поглавар?

Загрозена ли е секуларноста на државата со судското решение за нов поглавар? Откако Скендер Бузаку се прогласи за прв човек на Исламската верска заедница во државата, се отворија и прашања дали случајно или не, превирањата започнаа помеѓу двата изборни круга од претседателските избори.Според познавачите на религиските прашања, ова е гласна порака до реисот Реџепи бидејќи не ги повика албанските гласачи да излезат на избори.- „Ќе потсетам само дека пред неколку недели имаше ултиматум на реисот Реџепи дека ако не се вратат имотите на ИВЗ во 700 македонски џамии ќе се зборува против власта за наводна дискриминација. Ниската излезност на албанските гласачи во првиот круг од претседателските избори очигледно некој поттикнал дека навистина на петочните молитви во џамиите било зборувано пред верниците и била упатена порака да не се гласа за кандидатот на власта.“ - изјави Бранко Ѓорѓески.Наспроти реакциите од функционерите на ДУИ дека државните органи треба да ги тргнат рацете од ИВЗ, лидерот на ДПА Мендух Тачи со обвинувања до Реџепи дека работи криминално.- „Тој е еден обичен криминалец, кој треба што побргу да се острани од таму. Лаже, нема никакви гласови. Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба биде доживотен поглавар. Институците треба да интервенират, овој криминалец излегува пред камери и вика јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба очет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу други работи.“ - изјави Мендух Тачи – претседател на ДПА.Извор: 24 ТВ

Македонија | пред 6 години

6 год.
D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски со љубовен статус на фејсбук

Поранешен премиер Никола Груевски, на својата Фејсбук страница објави линк, од статија со наслов „Кога маж прегрнува жена“, а на статијата споделена со срциња пишува и дека „Ништо не е поважно од едноставна прегратка од саканите“.Речиси еден час по објавата на емотивниот пост истиот беше избришан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Jane-Cento-696x371

Јане Ченто од затвор ги повикува бојкотирачите да гласаат за Силјановска

Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, од затвор каде ја одлежува казната, агитира за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Тој испрати порака до оние што го бојкотираа првиот круг од изборите велејќи дека поради нив излезноста беше само 42 отсто од гласачите.„Од Вас зависи дали Силјановска ќе биде новиот претседател и дали ќе има предвремени парламентарни избори на есен кога конечно ќе ја испратиме оваа криминална банда во историјата или ќе одлучите да го бојкотирате и вториот круг за да можат Заев и неговата криминална банда да владеат уште најмалку 2 години каде што ќе се обидат да ја зацврстат власта со сите можни средства. Знам дека бројката за бојкот е голема но доколку гласате за Силјановска таа ќе биде новиот претседател и оваа криминална власт ќе биде на колена и ќе мора да си оди. Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот „Северна“, вели ЧентоСпоред него СДСМ е во слободен пат, а разочарани од владејачката гарнитура се и Албанците, вели Ченто, кои исто така, според него, сакаат да промена на власта.„Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за Проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада. Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници. Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени. Промената започна на 21ви Април а на 5ти Мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија“, порачува Ченто.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Изгоре барака во Битола

На 25.04.2019 година околу 02.45 часот во СВР Битола било пријавено дека  на ул.„Девеани“ во Битола настанал пожар во барака сопственост на М.Р.(60).Во пожарот бараката целосно изгорела. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-4

Бркотница на полицијата со возило во кое биле превезувани Авганистанци

Четири лица од Авганистан биле затекнати во возило кое претходно ја зголемило брзината и излетало од коловозот при бркотница со полицијата.МВР јави дека кај селото Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, забележале патничко моторно возило управувано од И.Е. (20) од населбата Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти.Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината и излетал од коловозот.Возачот и совозачот, исто на возраст од 20-години, од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници биле приведени.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mickoski

Мицкоски: Цензус ќе има, а Гордана е идниот претседател

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Независен вели дека е убеден дека ќе биде исполнет цензусот во вториот круг на претседателските избори и дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата.-Jас лично не можам да му верувам на Зоран Заев, затоа што тој досега брутално се коцка со вистината, а можам да кажам и дека ретко кога ја говори. Не би можел да се потпрам на тоа што тој го изјавува. Но, доколку вие сега претпоставувате некое сценарио, што доколку нема доволен број излезени гласачи, ќе треба да седнеме и да видиме како понатаму. Јас сум убеден дека ќе има доволно гласачи, дека ќе има цензус и дека професорката Силјановска-Давкова е идниот претседател- вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додава:-Јас би ви дал еден совет – овој тип политичари, кои често знаат да се коцкаат со вистината и најчесто не ја говорат, да не ви бидат поткрепа во градењето на ставовите и во перцепцијата на реалноста. Премиерот требаше да нè послуша и да распише предвремени избори. Се сеќавате на неговата театрална изјава дека ќе нè смачкал на избори, сега гледаме дека некој друг е згазен на овие избори. И тоа е вистината зошто не се охрабри заедно со претседателските да распише парламентарни избори, како што беше случај во 2009 со локалните избори и во 2014 година со парламентарните. Тогаш, претпоставувам, немаше денес да разговараме на оваа тема", вели Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-2-1

Холандски моторџија загина во сообраќајка кај Довлеџик

58-годишен државјанин на Холандија, со иницијали Р.В. загина вчера откако управувајќи на мотоцикл се судрил со автомобил „алфа ромео“ управувано од 19-годишен ресенчанец.„На 25.04.2019 во 16:30 часот на крстосницата од ул.„Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Алфа ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.З. (19) од Ресен  и мотоцикл „Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака  управуван од холандскиот државјанин Р.В. (58). Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со  тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде  починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, информираа од полицијата.

Македонија | пред 6 години

6 год.
georgiev

Георгиев до Заев: Откачи ги ДУИ и преговарај со албанската опозиција за нова Влада

Поранешниот потпретседател на СДСМ и универзитетски професор, Гордан Георгиев, му порача на премиерот Зора Заев да ги откачи ДУИ и да преговара со албанската опозиција за формирање на ново владејачко мнозинство. Гласовите за Блерим Река, според Георгиев, покажаа дека албанската опозиција има поголем изборен легитимитет од ДУИ.-Јас веднаш по вториот круг би му се заблагодарил на ДУИ за услугите во Владата и би дал оставка или би ја ставил Владата на доверба. Тајно би преговарал со албанската опозиција која има  легитимитет. Со 80.000 гласови на Блерим Река тие партии имаат и дополнителен изборен легитимитет и чукааат на врата на Владата. Велат, ‘тука сме, имаме капцитет’. ДУИ само паѓаат. Би си го проверил бројот на пратеници кои ме поддржуваат за премиер. Доколку се согласат албанските опозициски партии да влезат во таа влада – добро, доколку не – ќе одиме на брзи предвремени избори. Таквото откачување на ДУИ може да откочи некои процеси – изјави вчера Георгиев во емисијата „24 анализа“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања