Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
dimitrov

Димитров за билбордите на Силјановска: Слоганот всушност е „Неказнивост за партијата”

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го прокоментира слоганот на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, која ја бара довербата на граѓаните ветувајќи им правда. Според Димитров контрадикторно е по објавувањето на „бомбите“ правда да ветува кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.„Возам кон состанок сабајлево и ги гледам билбордите “Правда за Македонија”. Навидум, ова изгледа многу контрадикторно. Кандидатката на групата чија основна цел од денот кога ја слушнавме првата бомба до денес е да се избега од лична одговорност, па макар тоа да значи напад на Собранието или закопување на сопствената држава, стокмиле ваков слоган. За да се разбере, треба да се употреби нивниот специјален речник. Правда значи неказнивост, а Македонија значи партијата. Слоганот всушност е “Неказнивост за партијата”. Или уште попрецизно, за тесниот круг луѓе на врвот на партијата. Татковината тука за жал е само заложник и ништо повеќе“, напиша Димитров.

Коментари | пред 6 години

6 год.
policija-2-1

Кон убиениот во Рашче било пукано од возило

Кон шеесет и деветгодишниот Ш.Џ кој беше убиен вчера во селото Рашче, било пукано од возило, соопшти МВР.Кога Ш.Џ бил погоден од истрелите, тој исто така бил во автомобил, пришто починал на лице место.Полицијата јави дека убиениот е од Сарај.Убиството се случи вчера околу 15 часот на влез во селото Рашче. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

6 год.
rekord-asfaltiranje-za-papata

На Рекорд се поставува нов асфалт за папата Фрањо

На улицата Димитрие Чуповски во Скопје кај „Рекорд“ се поставува нов асфалт за папата Фрањо, кој на 7 мај ќе биде во еднодневна посета на Скопје, пишува СДК.Екипите на ЈП „Улици и патишта“ го гребат стариот слој и ќе поставуваат нов асфалт за да нема дупки и нерамнини кога Папата во спацијалното возило „папамобил“ од улицата Македонија ќе се движи кон Плоштадот Македонија каде што ќе одржи света литургија.„Се санира асфалтот кај „Рекорд“ поради посетата на папата Фрањо“, ни рекоа кусо од ЈП „Улици и патишта“.Целиот текст можете да го прочитате тукафото: СДК

Скопје | пред 6 години

6 год.
slovenija-policija

Сериски убиец во Кипар убил 5 жени и 2 девојчиња

Маж од Кипар призна дека убил седум жени и девојчиња. Локалните медиуми објавија дека станува збор за првиот сериски убиец на тој остров.Две тела се откриени во рударско окно претходно овој месец, додека третото е пронајдено вчера. Сите тие се државјанки на Филипините. Главниот осомничен е 35-годишен војник кој ги признал убиствата, а неговото име се уште не е објавено.Жртвата која е пронајдена вчера, осомничениот ја запознал на сајт за запознавање партнери. Тој вчера ги однел истражните органи на место во близина на главниот град Никозија и им покажал каде е закопано телото.Мажот признал дека убил уште жени и девојчиња, вкупно седум, па по нивните тела се трага.Меѓу убиените е една жена од Индија или Непал и една жена од Романија и нејзината осум годишна ќерка. Како исчезнато се води и едно шест годишно девојче, ќерка на една од убиените жени.На полицијата на Кипар во истрагата и помага британската полиција.

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Тачи за поглаварот на ИВЗ: Овој криминалец излегува пред камери и вели „јас сум босот“

Моето мислење е дека на претседателските избори, граѓаните на Македонија гласаа на совршен начин, иако ве уверувам дека со овој резултат сите политички сили се незадоволни, истакна претседателот на ДПА во синоќешното интервју на телевизија „Клан“ која беше посветана на резултатите од првиот круг од претседателските избори.– Владата излезе лошо со гласовите, најлошо од сите. Во рамките на Владата најлошо помина СДСМ. На парламентарните избори СДСМ имаше 70.000 албански гласови, а сега со ДУИ, ДПА и другите албански партии, доби 35.000-40.000 гласови, рече претседателот на ДПА.Тачи го коментираше и придонесот кој ДУИ го имаше на контото на Пендаровски, за што вели дека тие дале збор да придонесат за него но сепак толку им била силата.– Моето мислење за ДУИ е дека не можеле повеќе. Не можеле. И ДУИ дале збор но толку им е силата. Да бидеме коректни, констатираше Тачи.Тачи изнесе и критики за поглаварот на ИВЗ.-Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба биде доживотен поглавар. Институциите треба да интервенираат. Овој криминалец излегува пред камери и вели – јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба отчет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу друго – изјави Тачи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Нова цена на бензинот и дизелот во Македонија

На 29 април, вообичаено како и секој втор понеделник во месецот ќе се утврдат новите цени на горивата.Цените на горивата се креираат согласно движењата на нафтата на Светските берзи, која е во постојан пораст изминатата година.Според последната корекција малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапија за 3,00 денари/литар, односно за 2,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 денари/литар.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пред недела и пол се зголемија за 1,50 денари/литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 денар/литар.

Македонија | пред 6 години

6 год.
F4F_Internacionalen-den-na-Fudbal-i-Prijatelstvo_2019-4

Интернационалниот ден на Фудбалот и Пријателството одбележан во повеќе од 50 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија

Во одбележувањето на Интернационалниот ден на Фудбал и Пријателство се приклучија повеќе од 40.000 учесници во рамки на над 200 настани. Во дел од земјите учеснички во проектот се одржаа едукативни сесии и отворени предавања со цел поттикнување на позитивни човекови вредности кај младата популација преку фудбалот и спортските активности. Во Русија, овој интернационален ден беше одбележан во училиштата, фудбалските академии и клубови во единаесетте градови – домаќини на ФИФА Светското Првенство кое се одржа во Русија лани. Активностите кои се реализираат по повод овој ден вклучуваат средби, тренинзи и пријателски фудбалски натпревари во кои учество заземаат Младите Амбасадори – учесници во интернационалната општествено-одговорна програма на компанијата “Газпром“ наменета за деца - “Фудбал за Пријателство“.Во Македонија, Младите Амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски и Калина Василевска разговараа со децата од Младинската Фудбалска Школа на ФК “Вардар“ за мисијата и деветте вредности кои ги промовира проектот – пријателство, еднаквост, фер-плеј, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Воедно, на средбата присуствуваше и легендата на фудбалскиот клуб “Вардар“ и сегашен тренер на голманите во младинските категории на овој клуб, г-дин Слободан Мутибариќ. Тренерот со Младите Амбасадори и присутните деца го сподели своето лично искуство од теренот напоменувајќи дека спортувањето од рана возраст е важно, но покрај негувањето на талентот и физичката подготовка за професионално развивање како фудбалер, подеднакво важни се и суштинските вредности кои се пренесуваат преку фудбалот. Дополнително, г-дин Мутибариќ разговараше со децата за улогата на тренерите преку пренесувањето на вештини за развој на добри спортисти и квалитетни фудбалери, истовремено поттикнувајќи ги да бидат подобри луѓе, тимски играчи, да ги почитуваат останатите без разлика на различностите и да бидат пример за останатите. Како потсетник за секојдневна примена на клучните вредности на овој проект, Младите Амбасадори им подарија на присутните деца Алки на Фудбалот и Пријателството - симбол на проектот и вредностите кои ги поттикнува. Покрај нив, на фудбалскиот терен, во знак на поддршка на проектот, присуствуваа и минатогодишните учесници - Ева Јакимовска и Максим Цониќ. “Одбележувањето на овој Интернационален ден на Фудбалот и Пријателството е потврда за континуираната потреба на развивање и надоградување на младинскиот спорт, а воедно и можност за потсетување на најважните вредности кои сите ние треба да ги применуваме – на теренот и пошироко. Зачувувањето на традициите, создавањето нови, пренесувањето на искуството и знаењето на новите генерации се само дел од суштинските елементи за професионален развој и успех во секое животно поле.“ – изјави г-дин Слободан Мутибариќ.“За нас, како Млади Амбасадори – учесници во овогодинешната сезона на проектот ‘Фудбал за Пријателство’ е навистина важно да ја пренесеме клучната порака на проектот помеѓу нашите другари, пријатели и познаници. Ни претставува вистинско задоволство да сме вклучени во ваква меѓународна програма, во чии рамки, се надеваме дека ќе допринесеме за поттикнувањето и негувањето на позитивни вредности кај новите генерации во нашата земја.“ – изјави Калина Василевска, Млад Новинар, во име на Младите Амбасадори.Интернационалниот Ден на Фудбал и Пријателство (25. Април) за прв пат бил одбележан во 2014 година од страна на младите амбасадори на Интернационалната Детска Општествено-одговорна програма на компанијата Газпром - „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“. Во текот на овој ден сите кои ги поддржуваат клучните вредности презентирани и поддржани од оваа програма, како: еднаквост, почит за другите култури и мир, одржуваат пријателски натпревари, работилници, средби со познати фудбалери и најразлични активности. Дополнително, учесниците во активностите разменуваат сино-зелена Алка на Пријателството, чија сина нишка го симболизира мирното небо, а зелената - фудбалскиот терен, пристапен за секого.

Спорт | пред 6 години

6 год.
Aerodrom-1

Сириски државјанин се обидел да се качи на авион за Виена

Граничната полиција на аеродромот во Сараево, денес, при редовна контрола, откри сириски државјанин, кој без дозвола за движење и задржување во рестриктивната зона на аеродромот се обидел да се качи на авион за Виена поради што е ставен под надзор.Според граничната полиција, авионот што летал за Виена бил евакуиран и била извршена контрадиверзантска проверка на авионот по што било утврдено дека нема пречки за полетување на авионот, објави „Фена“.Пилотот им потврди на патниците дека одредени лица ги заобиколиле безбедносните бариери и дека поради тоа, летот доцни.Авионот полета по два часа задоцнување.

Свет | пред 6 години

6 год.
c3

Пендаровски: Ја прифаќам поканaта за соочување со „шарените револуционери“

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски вчера во Велес истакна дека граѓаните треба да гласаат за број три, бидејќи тоа е гаранција дека режимот на Груевски нема да се врати, оти ќе се поддржи политичката опција што ја внесува Северна Македонија во Европската Унија и НАТО, оти на тој начин земјата ќе добие претседател од кој нема да се срами.– Има точно три години како почна „шарената револуција“, километри поминавме изиритирани од тогашната одлука на Иванов да аместира педесетина „супер криминалци“ од тогашниот режим на фамилијата. Чув дека постои иницијатива од некогашните „шарени револуционери“, кои доведоа до пад на режимот, заедно со сите нас, двајцата против кандидати од вториот круг да се соочиме со тие луѓе за тие да ни кажат кои се нивните замерки за изминатите три години, зошто дел од нив се разочарани, што можеме да направиме за да се обврземе пред нив, оваа држава конечно да биде уредена според клучниот принцип на шарената револуција – „нема правда, нема мир“. Ја прифаќам таа покана во време и место кое тие ќе го определат и подготвен сум да одговорам на сите нивни барања, нагласи Пендаровски.Наведе дека, доколку другата опција добие мнозинство на вториот круг од претседателските избори, тоа ќе значи враќање на Груевски, и како што рече негово управување од Скопје.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-6

Сиљановска: Во Уставниот суд ќе седнат врвни правници и професори, а не како сега партиски послушници

Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова при дуелот со опонентот посочи дека кога таа ќе стане претседател на државата, во Уставниот суд ќе седнат експерти, а не како сега партиски послушници.„100% сум сигурна дека ќе останам своја, а не 102% сигурна со ставовите на некој друг, држете ме до збор. Стручноста , компетентноста, меритократијата се мојот живот. Не само што го предавам тоа и пишувам, туку секогаш го бранам. Значи држете ме до збор биографиите нема да бидат скриени како оние на амбасадорите. Ќе можат сите да видат што значат луѓе со биографија, компетентност и стручност. И на факултет и секаде каде што сум работела сум се држела до тој принцип. Значи во Уставниот суд ќе седнат врвни правници, судии од највисок ранг, професори“, појасни Сиљановска.Сиљановска додаде дека сега наградени луѓе добиваат функции, дури се чуди како нејзиниот опонент не станал судија во Уставен суд бидејќи тоа обично е награда за добро завршена работа во ДИК, бивши министри, бивши пратеници итн.„Јас немам намера кога ги споменуваме законите да ги поништувам и да ги укинувам, тоа е надлежност на Уставниот суд, ама ние Уставен суд во моментот немаме“, нагласи Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

Силјановска: Помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на правото во политиката

Гордана Силјановска Давкова се огласи на својот Фејсбук профил.- Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род.Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.Јас во моментов се чуствувам како да го носам најтешкиот крст.По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на парвото.Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!, напиша таа.

Македонија | пред 6 години

6 год.
g.g.stefan-1024x576

г.г. Стефан: Како народ да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.„Сè што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и судењето и распнувањето… Се исполнило и навестувањето за Неговото воскресение, кое Самиот го прорекол, кога рекол: урнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам. И навистина: по лажните обвиненија, по неправедната пресуда и по распетието на Голгота, Синот Божји бил погребан и на третиот ден – воскреснал. Затоа, денот на Христовото Воскресение е ден за радост, и тоа радост за вечниот живот. Но, за да го разбереме и да му се радуваме на тој спасоносен ден, потребно е да живееме со настанот што ги донесе новото време и новата ера. Со Неговото воскресение се оправда и сета наша вера и доби смисла животот. Од тоа чудо над чудата извира и надежта во сопственото воскресение, зашто ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера.Велигденската радост треба да нè зближува и да нè обединува сите, како чеда на нашата мајка Црква, и нас во Татковината, и сите вас што живеете раселени по светот. Без разлика каде сме, да живееме богоугодно и во мир со сите луѓе, чувајќи ги националните и духовните посебности како народ, покажувајќи потребна грижа за светоста на бракот и семејството, грижа за повозрасните, изнемоштените и сиромасите, а особено за младите и нивното воспитување во духот на верата православна и на нашите прадедовски традиции. Како народ конечно да најдеме начин за меѓусебно помирување, па да простиме сè со Воскресението. Тоа нам, како христијани, ни е света должност, зашто кој не го љуби својот брат – како може да Го љуби Бога?!Прославувајќи го Христовото Воскресение со сите христијани во светот, да се радуваме и веселиме поради победата над смртта, поради верата во сеопштото воскресение и надежта во вечниот живот во Царството небесно. Да се радуваме заради Воскресението Христово и воскресението наше, поздравувајќи се со торжествениот поздрав: Христос Воскресе!“, стои во велигденската порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-zaev-4-696x405

Заев: Kадровски смени по изборите

Премиерот Зоран Заев вчера побара политичка и професионална одговорност од функционерите по укажувањата од Антикорупциската комисија за влијание на непотизам при одредени вработувања.„Во Антокорупциска има конкретни коментари каде нема непотизам, а имаме и конкретни коментари каде имало влијание за непотизам. Оттука барам повлекување и директно, како претседател на Владата, давам наредба до владините институции на лицата кои се вработени на тој начин веднаш да им се прекинат работните односи и да се повлечат назад. Барам професионална и политичка одговорност од сите нив“ - рече Заев.Премиерот нагласи дека до 5 мај не може да разрешува министри затоа што има законска забрана.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Capture-3

Силјановска: Никогаш не сум била советник на Иванов

Кандидатите за претседател на државата Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска-Давкова на соочување на Македонската радио-телевзија на која ги спротивставија своите аргументи, синоќа кажаа зошто сметаат дека треба да ја добијат довербата на гласачите во вториот круг.Силјановска рече дека држи до зборот, зашто и е најважен и дека нејзината филозофија не е „кажувам-заборавам-негирам, туку кажувам-помнам и остварувам“.–Европски стандарди – тоа е и филозофијата на мојата програма, Ќе сторам сè за да станеме демократска, пристојна, досадна држава во која ќе владее правото, а не поединци и групи. Затоа што сум жена и изборот на жена претседателка е доказ за деморкатски капацитет за оваа земја. Затоа што постојано ќе го убедувам народот дека сум таму за нив, а не за мојата кариера. Ако сум успеала во кариерата, сигурно мојот збор ќе тежи и во политиката. Ќе направам се она што го збрувам да го реализирам, рече Силјановска.Таа го негираше тврдењето на Пендаровски дека му била советник на претседателот Ѓорге Иванов.– Никогаш не сум била советник на Иванов, беше Шкариќ. Откако е избран Иванов само еднаш го видов во врска со Професорскиот пленум и Законот за високо образование, кога го замоливме да стави вето на Законот, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

6 год.
siljanovska-pendarovski

Пендаровски на анкетите води со 7% пред Силјановска

Анкетите пред вториот круг од претседателските избори покажуваат поголемо водство на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Ако пред првиот круг разликата беше во рамки на статистичката грешка, анктетата на агенцијата „Маркет вижн“ овој пат покажува 7% разлика во корист на Пендаровски, објави МКД.мк.Ова истражување на јавното мислење покажува дека повеќето испитаници (22%) се изјасниле дека во вториот круг од изборите ќе гласаат за Стево Пендаровски наспроти 15,9% кои се изјасниле дека ќе го дадат својот глас за Гордана Силјановска-Давкова.Но речиси половина (47,7%) од испитаниците одбиваат да кажат за кој кандидат ќе гласаат, додека 14,3% се изјасниле дека нема да излезат на гласање. Ова значи дека исполнувањето на потребниот цензус за вториот круг од 40% излезност од запишаните гласачи е неизвесно.По однос на националноста на гласачите, 0,2 отсто од испитаниците со албанско етничко потекло рекле дека ќе гласаат за Силјановска, додека 8,1 отсто за Пендаровски.Во однос на рејтингот на партиите, власта и опозицијата се речиси изедначени. Анкетата покажа дека рејтингот на партијата на Зијадин Села е повисок од оној на партијата на Али Ахмети. Кај македонскиот блок во мало водство е ВМРО-ДПМНЕ со 0,6% во однос на СДСМ, додека во албанскиот блок во предност е Алијансата за Албанците со исто така 0,6 отсто предност во однос на ДУИ.Анкетирањето беше спроведено од 22 до 24 април со CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници.

Македонија | пред 6 години

6 год.
parking-oh

Бесплатен паркинг за Велигден во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на 28 април, недела, користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите.-Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник. – информира ЈП „Билјанини Извори“, кое на граѓаните од православна вероисповед им го честита Велигден.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

На „Богородица“за влез и излез од државава се чека околу 45 минути

Продолжениот викенд ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Богородица“. Утрово на граничниот премин Богородица за влез и излез од државава се чека околу 45 минути.Инаку според АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини низ целата држава е зголемен.

Македонија | пред 6 години

6 год.
silegov-1

Шилегов се обидува да и` ги одземе надлежностите на општина Сарај?

Од општина Сарај информираат дека општинските служби, поточно општинскиот инспекторат, забележал дека на локалниот пат Свиларе-Рашче кој се наоѓа на територија на нивната опшина се изведуваат работни активности, кои се преземени без никаква правна основа и без да се информира општината Сарај, иако овој пат се наоѓа во оваа општина и е под нејзина надлежност. Според информациите на општината, овие активности ги презел градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пренесува порталот Медиал.мк.-Целата активност е незаконска и за ова општината презема и ќе презема формални законски активности во насока на информирање на надлежните органи и институции во земјата што се занимаваат со овој случај, како што е Комисијата за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи и други институции, велат од општина Сарај.Оттаму велат дека ова не е прв обид на првиот човек на Град Скопје да навлегува во надлежностите на оваа општина и дека самата општина ќе ги преземе сите законски активности во поглед на заштита на своите права.

Скопје | пред 6 години

6 год.
vreme-1

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Утре ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
veliki-petok

Велики петок или „Распет петок“, најтешкиот ден за Христијаните

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок. Овој ден е посветен на спомнувањето на осудувањето на с**т, Крстните страдања и заминувањето на Спасителот.Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.Овој ден е строг пост, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир… Поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук и овошје.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања