Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
zaev-metla

Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструкираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим“, рече претседателот Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/369033943701187/

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Тетовчанец нападнал полициски службеници

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(39) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 14.02.2019 година во кругот на угостителски објект и бензиската пумпа на автопатот Тетово- Скопје, полициски службеници забележале паркирано возило од кое излегол пријавениот и започнал да ги навредува полициските службеници, а во еден момент и физички ги нападнал.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pozar-struga

На нива запалил сува трска и трње, по што пожарот се проширил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лицето З.М.(70) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност“.На 20.03.2019 година во с.Мороишта, струшко, пријавениот на нива запалил сува трска и трње, по што пожарот се проширил и на имотите на Г.Ј.(38), Ј.Ј.(43), В.Р.(47), Р.М.(33), В.Л. и Л.П.(55). Притоа, биле опожарени три плевни, бали со сено, штала со домашни животни, кровна констукција на куќа, огревни дрва, покуќнинаи други предмети, со што била причинета материјална штета од околу 900.000 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Со автомобил влегол в куќа, се срушиле поголем број на тули

На 24.04.2019 година во 23.20 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, непознато возило удрило во sид од куќа, сопственост на Н.А.(88). Од ударот се срушиле поголем број на тули внатре во куќата и ја повредиле Н.А., по што возачот го напуштил местото на настанот. Н.А. била пренесена во Клиничка болница Штип каде и била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Приведен дрвокрадец од Џепчиште

На 24.04.2019 година околу 19.10 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце, на локалниот пат кој води за село Сетоле, запреле патничко возило „Ланд ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот С.И. од село Џепчиште, кое било натоварено со огревно дрво.При извршена контрола било констатирано дека С.И. за возилото и дрвата не поседувал никакви документи, а на предната страна на возилото била поставена регистарска таблица од друго возило. Лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Во Тетово пешаци направиле 43 прекршоци, контроли и во другите градови во земјава

На 24.04.2019 година во периодот од 10.00 до 15.00 часот на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи Тетово реализирана е контрола на прекршоци направенио до страна на пешаците. Притоа, констатирани се 43 прекршоци што ги направиле пешаци (ТЕ-35 и ГВ-8), а најмногу се однесуваат на поминување коловоз надвор од пешачки премин или поминување на црвено светло.Исто така, во текот на оваа контрола констатирани се и други 21 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-4) и тоа поголемиот број е за непрописно паркирање, возачи почетници, возачи без положен возачки испит.На 24.04.2019 година од 10.00 до 15.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на пешаците кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле регистрирани 30 прекршоци, од кои 14 во Велес, 11 во Кавадарци и пет во Неготино.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

Излетал од патот и удрил во бандера

На 25.04.2019 година во 03.00 часот на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од Делчево, излетало од коловозот и удрило во бандера.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
debarski-ezeo

Фатени рибокрадци на Дебарско езеро со 42 килограми риба и мрежи

На 23.04.2019 година во 12.30 часот, во близина на угостителски објект на Дебарското езеро, во незаконит риболов, затекнати се Ќ.Л. (50), Е.Л.( 32) и С.Л.(39), сите од Дебар. Притоа, кај нив пронајдени се и одземени 42 килограми разновидна риба, пет рибарски мрежи во должина од околу 500 метри како и опрема за риболов. Лицата се приведени и против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Кривична пријава за пијаниот возач кој усмрти полицаец во Куманово

СВР Куманово, до Oсновното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против С.Ј.(40) од с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово- Свети Николе, во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, удрило во В.Ц.(37-год.-полициски службеник) и А.М.(25 год. - кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе удрил во патничко возило „Шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(34).Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј.(52) со телесни повреди, при што Д.Ј. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово. С.Ј., исто така, бил пренесен во болницата во Куманово. Од страна на судија на претходна постапка на С.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vakcini-novi

Сите невакцинирани задолжително да примат две дози МРП - за една недела 95 нови случаи на морбили

Д-р Владимир Микиќ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, денеска, по одржување на состанокот на комисијата информираше дека заклучно со денешниот ден до Институтот за јавно здравје се пристигнати 95 пријави за нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број заболени изнесува 1.175 во епидемијата која е прогласена на цела Република Северна Македонија.-Оваа недела најголем дел од заболените се од Скопје - 60 лица, додека останатите се од другите градови. Најголем број од заболените се на возраст од 4 години и лица над 30 години. Во однос на дистрибуцијата по возраст, најголема стапка за заболување има кај децата под 1 година. Досега во епидемијата се регистрирани 200 деца, кои се на возраст под 1 година, следните се на возраст од 1 до 4 години, а релативно висока стапка на заболување има и кај лицата од 30 до 39 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените кои се пријавени оваа недела –тие не се вакцинирани. Кај децата на возраст од 4 години, повеќе од 90% од заболените се невакцинирани. Вкупно минатата недела беа вакцинирани 920 деца на возраст од 1 до 14 години, од нив 160 деца се во училишна, додека останатите се од предучилишна возраст, информираше д-р Микиќ.Во Скопје од почетокот на епидемијата, вкупно се вакцинирани 12.848 деца до 14–годишна возраст, а во другите градови, вкупно вакцинирани  8.320 деца до 14-годишна возраст со прва или втора доза.Инаку, вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 21.168 лица.Д-р Микиќ истакна дека е потребно да се засили мерката за вакцинација кај предучилишните деца, посебно надвор од Скопје зашто таму се уште има деца кои се подлежни на вакцинација, а не се вакцинирани. Во Скопје со прогласувањето на епидемијата, и засилените мерки од децата кои не беа вакцинирани, сега се вакцинирани.За потсетување, Комисијата за заразни болести на 16 април 2019 година донесе заклучок да се прогласи епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела Република Северна Македонија и за таа цел беа донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата и тоа:- Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава;- Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава;- Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интрахоспитално ширење на инфекцијата;- Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози МРП;- На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани;- Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC1212

Средба Мицкоски - Тимоние

Денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет Игор Николов оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.Соговорниците разговараа за изборниот процес во Република Македонија и за претстојниот втор круг на гласање. Мицкоски го информираше својот соговорник за сите притисоци и заплашувања во процесот на кампања од страна на власта, злоупотребите на институциите и состојбите со полициски службеници кои активно земаат учество на партиски митинзи.Изборниот ден беше оценет како мирен, а беше изразена надеж дека истото ќе биде и со вториот круг на гласање. Мицкоски посочи дека врвен приоритет се демократските избори, кои се клуч за напредокот на земјата. Дополнително беше кажано дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст.ВМРО-ДПМНЕ останува силен мотор за зачленување на државата во ЕУ, што е стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сиљановска Давкова: Се надевам дека ќе го постигнеме цензусот од 40%, со сиот респект за причините и дилемите кои ги имаат граѓаните во Македонија кога не гласаат

Апстиненцијата е модерна болест, укажува на болеста на демократијата. Луѓето се разочарани од носителите на политичката власт. Зошто најчесто тие ги адресираат сопствените интереси наместо интересите на граѓаните. Значи таа е синоним на криза на претставничката демократија,  истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.Зачукај на македонска врата, инаку Венецијанската комисија во три наврати во извештаите и препорачуваше на Македонија да го тргне цензусот од вториот изборен круг зошто е невообичаено решение. Меѓутоа етнопартиските договори не доведоа до тоа.Јас сепак се надевам дека ќе го постигнеме цензусот од 40%, во таа функција со сиот респект за причините и дилемите кои ги имаат граѓаните во Македонија кога не гласаат еве отворен повик им упатив на сите кои имаат дилеми. За заедно да ги разрешиме.Се разбира, претпоставувам дека колку што има граѓани кои не излегоа, толку има и причини но кај некои причините се слични и мислам дека тие заслужуваат одговор на дилемите.Се надевам дека моите аргументи ќе премислат многу од нив, зошто мислам дека она што го нудам и она што го правам е гаранција дека нема да ги заборавам како граѓани, ,  истакна кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.  

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пендаровски: Ѓорге Иванов свесно ги кочи процесите кои се од витален интерес за граѓаните

Ѓорге Иванов свесно ги кочи процесите кои се од витален интерес за граѓаните. Иванов, неосновано одбива да потпише укази за десеттина закони и со тоа нанесува директна штета на стотици илјади граѓани во нашата земја, истакна заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.Додека јас зборувам за тоа како да ги задржиме младите дома и да им обезбедиме услови да основаат дом и семејство во својата татковина, Иванов одбива да го ратификува Законот за субвенционирање на станбените кредити, на јавноста познат како “Купи куќа, купи стан“ и со тоа на младите им ја ускратува можноста да ги користат  новите, исклучително поволни кредити и дополнителни субвенции за купување на сопствен дом.Додека јас зборувам за родова еднаквост и право на сопствен избор, Иванов ја враќа жената назад. Тој одбива да го потпише указот на Законот за прекин на бременоста, и со тоа им го ускратува правото на жените за безбеден прекин на бременоста и слободниот избор на жената самостојно да одлучува за сопственото тело и живот.Додека јас повикувам на обединување, еднакви права и можности и достоинствен живот за сите, Иванов поддржува дискриминација. Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација кој Иванов одбива да го потпише за прв пат со закон се заштитуваат лицата со попреченост, различен полов идентитет, различна сексуална ориентација.Ако зборуваме за судството, Иванов е главниот кочничар и најголемиот виновник за неспроведување на реформите во судството во земјава. Тој не го потпишува Законот за судовите и Законот за управни спорови и со тоа не дозволува да се утврдат јасни и прецизни постапки за разрешување на судии, дисциплинска одговорност, како и именување и унапредување на судии.Бидејќи Иванов не го потпишува Законот за прекршоци, граѓаните сѐ уште плаќаат повисоки казни. Новиот Закон за прекршоци директно влијае на буџетот на граѓаните бидејќи истиот предвидува опомена пред казна, но и намалување на казните за високи 75%.И економскиот напредок на земјата е блокиран од Иванов, затоа што не го ратификува Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Новиот закон значително би ги олеснил процедурите, но и би го зголемил бројот на компаниите кои можат да аплицираат и добијат државна поддршка за развој на бизнисот.Новиот Закон за енергетика кој Иванов исто така одбива да го потпише, предвидува замена на фосилни горива со енергија добиена од обновливи извори. Со тоа, Иванов ги занемарува едни од најгорливите прашања во нашето општество, заштита на животна средина и здравјето на луѓето.Иванов не го потпишува ниту Законот за тутун. Со тоа, на повеќе од 150.000 членови на над 40.000 семејства кои живеат од тутунот, им го ускратува правото да ги искористат придобивките од новиот Закон за тутун, а ги има многу.Врховниот командант на вооружените сили на нашата земја одбива да го потпише и Законот за измена и дополна на Законот за служба во армијата. Новиот Закон овзоможува, јавната администрација директно и без оглас да превземе лица кои до својата 45 година и служеле на армијата, а поседуваат потребни квалификации за одредено работно место.Иванов го блокира и: Законот за практиканство, Законот за измена и дополнување на Законот за јавен долг, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, Закон за електронско управување и електронски услуги, Закон за централен регистар на население....Почитувани граѓани, гласот за Силјановска е глас за новиот Иванов. Нив ги интересираат само партиските интереси, а со тоа директно ги оневозможуваат основните човекови права на нашите граѓани.Ако ја добијам вашата доверба, првиот ден од мојот претседтелски мандат ќе ги потпишам овие закони но и сите други кои се од највисок интерес за граѓаните, истакна заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски.

пред 6 години

6 год.
policija-4

Убиство во Рашче, убиен 65 годишен маж

Од бел џип со бугарски регистарски ознаки денеска било пукано кон 65 годишен маж од селото Рашче, Скопско. Биле истрелани неколку куршуми од огнено оружје, при шро бил повреден 65 годишниот маж. Мажот им подлегнал на повредите.Неофицијално причина за убиството била крва одмазда.Веднаш по инцидентот слини полициски екипи се упатиле на местото на настанот и вршат увид.  Повеке детали се најавуваат за подоцна.Слично убиство пред неколку дена се случи во Куманово кога во вкрстена рафална стрелба од заседа беа убиени жител на Опае и неговиот девтгодишен син.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Обвинение за убиството во угостителски објект во Кичево

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесен Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 29.12.2018 година околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот. Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.Истовремено со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице. 

пред 6 години

6 год.
krazba

Внук ја ограбил сопствената баба, а негов другар ја истепал откако ги фатила Поднесено обвинение за разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство во Велес по сеопфатна постапка до Основниот суд Велес поднесе Обвинителен акт против  едно лице  на возраст од 23 години за кривично дело – Разбојничка кражба од чл.238 од Кривичниот законик.Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на  09.11.2018 година околу 07.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во куќата на  бабата на обвинетиот. Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000,00 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не зебележи што се случува.  Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика,  детето почнало да ја удира.  По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата по што одземените пари ги поделиле меѓусебно. 

пред 6 години

6 год.
58378220_2225069974251699_5131215377199529984_n

Трендафилов: Се чувствувам како морален победник, морален богаташ наспроти тендерските богаташи

Почитувани сограѓани, вистината сите ја сакаат, но повеќе и веруваат на лагата. Сметам дека сѐ е кажано. Првиот круг на локалните избори заврши. На Запад ништо ново, сѐ е веќе видено. Но види чудо пред војска од испиени, истоштени, исплашени, светнуваат 1700 кристално чисти охридски бисери. Гласови- богатство. Бисери кои ми даваат за право да мислам дека во Охрид конечно се раѓа нешто ново, ново семе, дека изгрева зората на слободата. Се чувствувам како морален победник, морален богаташ наспроти тендерските богаташи. Друга приказна е што денес моралот се доживува како маана, истакна Михаил Трендафилов-Нанче, кој беше кандидат за градоначалник од ГДУ.Воедно горд сум со тоа, што во оваа трка влегов со ГДУ. Партија која си ги покажа туку што изникнатите запчиња на една година. Партија- авангарда од млади луѓе полни со љубов, вистина, ентузијазам, без никакви хипотеки.Партија која ја следи идеологијата на ЦДУ на Ангела Меркел, ако тоа нешто ви значи. Партија со претседател од модерен европски ков. За крај ги повикувам моите 1700 охридски бисери, достоинствени и горди какви што се, да гласаат како што им налага нивната душа, срце и разум.Ние од ГДУ нема да се пазариме со вашата доверба! Ви се заблагодаруваме и ве уверуваме дека ќе ја зголемиме и оправдаме со нашата работа.До некои подобри времиња. Голем поздрав.

пред 6 години

6 год.
naum

Стоилковски: Пендаровски се надева на контингенти гласови од партизирана администрација

Стево Пендаровски е олицетворение на транзицијата, лице од службите, заштитник на криминогеноста, 102,5% заштитник на владеење на заевизмот! Стево Пендаровски гаси микрофони кога меѓу нарачани говорници ќе се спомене бандитизмот на власта, го видовме тоа видовме во Прилеп, само и само да го заштити криминалот за кој што се обиде да зборува прелажаниот граѓанин, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стево Пендаровски нема ни К за криминалот на власта! Тоа е демократот Пендаровски, тоа е заевизмот во него, тоа е 102,5% Заев! Не треба повеќе за да се докаже заштитата на криминалот, на корупцијата, на непотизмот. Гласот за Стево е глас за поддршка на криминалот од власта!Стево Пендаровски е транзициски профитер од непотизмот спроведуван од СДСМ аминуван од Зоран Заев. Ниту збор нема за партизацијата на државата, на администрацијата. Кандидат за претседател збор нема за партизацијата, местените огласи кои сега се и докажани. Се знае и зошто. Стево Пендаровски профитира токму од непотизмот и од партизацијата, Пендаровски се надева токму на контингенти гласовите од партизирана администрација. Поинаку не знае, поинаку не умее. Ниту тој, ниту Заев!Затоа нема критика од Стево ни за криминалот, ни за партизацијата, ни за злоупотребите на државната администрација во кампањата. Глас нема од него за вработувањата и местените огласи од Кирацовски, од Костадинов, од Мира Дизел, од цело СДСМ! Збор немаше и нема да има за полнењето на администрацијата со 3.000 нови партиски војници, деца, внуци, роднини, мајки и дедовци на партиски функционери на СДСМ! Тоа и нема да го слушнете! Се знае и зошто, бидејќи смета токму на тие гласови!Лага е се што ќе каже! И тој и Заев! Не залудно се 102,5% исти. Човекот кој ги легитимираше најкриминалните избори во Република Македонија, не може и не знае ништо повеќе од расфрлање на празни флоскули во заштита на криминалот корупцијата, во заштита на трговијата со влијание! Пендаровски е наследник на истата политика која во 90тите години на минатиот век ја опустоши Македонија. Тоа е истото пустошење го гледаме и денеска!Време е да се стави крај на транзицијата. Македонија не смее да се претвори во приватен пашалак, безимена територија на картелот на власт, на опашката на светот. Време е да се стави крај на транзицислите ликови! Време е да се стави крај на луѓето од службите, луѓето кои тргуваат со правдата, луѓето кои  легализираа крвави избори, луѓето кои ја минуваат аболиција за криминал од 8 милиони евра.Македонија нема време за повторно преживување на транзицијата!Македонија мора да биде држава во која владее правото, Граѓаните да веруваат во правото и правдата. Правдата е на дофат, правдата победува во Македонија. На 5ти мај ќе го зададе последниот удар врз транзицијата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
Capture-6

Арсовски: СДСМ откако ја загуби поддршката на изборите, продолжува да врши жестоки притисоци и да се заканува на вработените во јавната администрација

Скопјани им свртеа грб на Зоран Заев и Стево Пендаровски. Скопје му даде црвен картон и на неработникот Петре Шилегов за криминалното водење на градот и лагите за чист воздух. На изборите СДСМ со нивниот кандидат освои 55 000 гласа помалку во однос на локалните избори кој што беа само пред година дена. Зоран Заев знае дека скопјани веќе се определија опозициски и својата поддршка ја дадоа на кандидатот и професорката на ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ откако ја загуби поддршката на изборите, продолжува да врши жестоки притисоци и да се заканува на вработените во јавната администрација.Зоран Заев посегна по јавната администрација во Град Скопје. Заев во моментов преку неговите перјаници во Град Скопје и раководни лица се заканува дека ќе брка луѓе од работа. Луѓе кои се вработени со години и децении во градот Скопје.Според информациите кои стигнаа до нас од загрижени вработени во администрацијата на Град Скопје, раководни лица од градот повикувале вработени кои не се членови на СДСМ и им упатувале закани да не се вклучуваат во кампањата и надвор од работно време како што е и впрочем дозволено, а потоа се заканувале и да не излегуваат на гласање на денот на избори односно 5-ти мај односно вториот круг. Доколку го прават едното или другото пораката била јасна ќе бидат избркани од работното место каде што работат со години и децении.Ваквите состаноци се држени со претходно предупредување, вработените да ги остават мобилните телефони надвор од канцеларијата на функционерот во град Скопје кој што ги повикувал да им го соопшти истото.Ова е тежок криминал и овој криминал ќе се докаже и ќе биде санкциониран откако правдата ќе се врати во Македонија и откако ќе профункционира правната држава.Почитувани господа од СДСМ,Ви дојде крајот. Граѓаните повеќе не ви се плашат. Ниту една закана со отказ на работното место нема да ја смени вољата на граѓаните која што беше јасно изразена во првиот круг од изборите. Граѓаните знаат дека зад параванот за гласање никој не може да знае дали го заокружиле името на идниот претседател проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова. Затоа сакаме да ги предупредиме извршителите на сценариото на Заев и Шилегов дека доаѓа денот кога ќе одговараат пред надлежните институции за овој криминал кој што го прават.За крај верувајте дека проф. Сиљановска ќе победи и никој нема ниту со уцени, закани и притисоци да ја смени волјата на граѓаните, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
IMG_1147

Општина Кисела Вода собра 30 тони кабаст отпад и електронска опрема

Со активностите за собирање на кабаст отпад и електронска опрема кои во текот на овој месец Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ ги спроведе на својата територија собрани се 30 тони отпад.Локалната самоуправа во рамки на истата акција во сите месни и урбани заедници спроведе активности за расчистување на сметот на јавните површини, за средување на парковите и омилените игралишта на најмладите, а извршено е и кастрење на сувите гранки на дрвјата и грмушките.Општина Кисела Вода, ЈП „Комунална хигиена“  и Градот Скопје вчера со големата  еколошка акција „Биди дел од чиста иднина“ на територијата на општината собраа 8 тони смет. На истата отпадоци собираа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, дел од членовите на Советот и општинската администрација, голем број граѓани, вработени на јавното комунално претпријатие, ученици и членови на спортски клубови.Општина Кисела Вода продолжува со редовни активности за одржување на чистотата на својата територија. Општината апелира до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените контејнери и корпи за отпадоци, како би придонеле за зачувување на животната средина. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања