Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Засадени 150 садници кај воениот стадион на кејот на Вардар

Сто и педесет садници беа засадени во близина на воениот стадион во Градскиот парк, во денешната акција за зазеленување на кејот на реката Вардар. Во акцијата за засадување учествуваа припадници на Армијата на Република Северна Македонија, градоначалникот Петре Шилегов, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и заменикот-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.- Градот Скопје во изминатата година и половина засади над 18.000 садници на јавните зелени површини. На почетокот на годинава, имајќи ги предвид насоките што министрите ги добија од Владата, заедно со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска решивме заедно со армијата и со Министерството за одбрана да засадиме дрворед токму на оваа локација.Овие дрвја ќе бидат именувани во чест на војниците што учествуваа во оваа акција за засадување, што ќе го искоординираме во рамки на акцијата „Дрво за секое дете“. Сакам да се заблагодарам на припадниците на армијата и на министерството за денешната акција – рече Шилегов.Обновата на зеленилото е приоритет за Градот Скопје, а во текот на изминатата година во Скопје се подигнати и обновени рекордни 129.000 квадратни метри зеленило.- Наесен, само преку ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје ќе се засадат повеќе од 5.000 садници. Веќе е почната и постапката за ревитализација и пошумување на Водно, онаму каде што поминува трасата на гасоводот.Градот Скопје нема друга алтернатива освен да се грижи за здрава животна средина – нагласи Шилегов.Со денешното засадување дрвја Министерството и Армијата се вклучуваат во акцијата за борба против загадувањето на воздухот и покажуваат висока свест за заштита на најважниот ресурс на граѓаните – животната средина. Акцијата продолжува на 2 мај во Тетово каде што ќе бидат засадени 80 садници, како и на 8 мај во Кичево каде што ќе бидат засадени 85 дрвја. Вкупно ќе бидат засадени 315 садници.

Скопје | пред 6 години

6 год.
kiro-zdravev

Врховниот судија Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Врховниот судија Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет. Со 12 гласа, едногласно беше избран на позицијата. Во духот на претседателските избори, членовите на оваа тело гласаа тајно, зад параван, а ливчињата ги ставаа во изборна кутија. Заменик  на здравев ќе биде Селим Адеми. За него гласаа 11 членови на Судскиот совет, и имаше едно неважечко ливче.Киро Здравев, кој е судија во Врховниот суд, за член на Судскиот совет е избран во  2018 година. Дипломирал во 1981 година на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а правосудниот испит го положил во 1982 година.Во 1983 година е избран за судија во Општинскиот суд во Штип – Граѓански оддел. Во 1988 година е избран за претседател на Општинскиот суд Штип – Кривичен оддел. Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип – Граѓански оддел.Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија, каде што е распореден во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во советот за граѓански дела.Како судија во Врховниот суд на Република Македонија бил претседател на Одделот за граѓански дела и претседател на совет во овој оддел.Од 1994 до 2002 година е член на Управниот одбор на Здружението на судиите.Преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ги има поминато обуките за стручно усовршување во областа во која работи. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Георгиевски во својата програма најавува подобри услови во градинките и училиштата

Децата треба да бидат наша најголема грижа, затоа посветено и одговорно работиме на проекти за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата во градинките и подобрување на условите за настава во сите општински училишта, се вели во Дел од Предизборната програма на Д-р Константин Георгиески, Кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата..Веќе се преземени конкретни активности за подобрување на  условите во објектите на градинката „Јасна Ристеска”. Вложуваме максимални напори и работиме на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна градинка” со што ќе се зголеми капацитетот на градинката и ќе се реши долгогодишпниот проблем со преголемиот број на деца во групите и долгите листи на чекање за упис. Исто така во наредниот период се предвидува и Реконструкција на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица”, а планирано е и подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката. Со цел да се подобрат условите за рекреација на најмладите во општината, планирана е реконструкција на детските игралишта во дворовите на сите објекти од градинката и веќе постоечките детски игралишта во сите населби.Имаме план образованието во Охрид да го издигнеме на нивото кое го заслужува и токму затоа, за прв пат во историјата на нашата општина во Програмата за образование издвоивме повеќе од 52 милиони денари или околу 850.000 евра за 2019 година.Предвидена е замена на кровни конструкции, нови фасади, реконструкција на подови, надворешна столарија во сите основни училишта во градот, како и во сите подрачни училишни објекти кои се лоцирани во населбите и селските средини. Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, големи  инфраструктурни инвестиции се предвидени и во сите средни училишта во Охрид.

пред 6 години

6 год.
kondovo

Неофицијално - Во Кондово престрелка со огненео оружје, еден убиен

Во престрелка во близина на скоското село Кондово која што се случила денеска попладне убиен е возрасен маж. Неофицијално убиството се случило во престрелка во која учествувале повеќемина.МВР е веќе на терен.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DIK-komisija

ДИК поништи гласањето на седум од 14 избирачки места за колку имаше поднесено приговори

Државната изборна комисија на денешната седница го поништи гласањето на седум од 14 избирачки места за колку имаше поднесено приговори. Поништени се гласањата на две избирачки места во Кавадарци, и по едно во Центар, Куманово, Охрид и Аеродром и Зајас. Причина за најголем дел од поништувањата е тоа што во гласачките кутии имало повеќе ливчиња од бројот на запишани избирачи кои гласале и се потпишале во избирачките списоци. На овие избирачки места нема да се прегласува, бидејќи резултатот од избирачките места не влијае на конечниот резултат.Сите 14 приговори беа поднесени од овластени претставници на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска Давкова.

пред 6 години

6 год.
hojt-ji

Брајан Хојт Ји: Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени

Проширувањето на ЕУ до 2025 година не е реално и штетно е што Западниот Балкан се преправа дека спроведува реформи, а ЕУ дека тие се спроведени, изјави поранешниот заменик на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји.–Нема потреба да се откажува од евроинтеграциите, но важно е да се биде искрен какви се изгледите на тој пат. Затоа што преправањето дека тоа е извесно и оти некои земји можат да станат членки до 2025 година, не само што им одмага на оние кои треба да спроведуваат реформи, туку ги охрабрува и клептократите, корумпираните функционери да им велат на луѓето дека членството ќе се случи за две, три, пет години и им дава повеќе кислород отколку што заслужуваат, рече Ји на собирот „Решавање на нерешливото на Западен Балкан“ во Вашингтон.Текстот во целост на: fokus.mk

Свет | пред 6 години

6 год.
jajce-plaosnik

(ФОТО) Велигденска порака испишана на 12 јазици и големо јајце на Плаошник

Велигденско јајце, високо над 2 метри ќе биде вистински украс во дворот на црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.Јајцето е направено од арматура и стиропор и е обоено со посебна, водоотпорна боја. Околу него е поставена дрвена ограда, но и табли на кои, на 12 светски јазици е испишана Велигденската порака.Традиционално, Плаошник е една од најпосетуваните дестинации за Велигденските празници. извор и фото: ohridpress.com.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajna-nesreka

Во сообраќајни несреќи повредени пешачи и возачи

На 24.04.2019 година во 16.00 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(34) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во пешакот Р.С.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.А., додека со телесни повреди се здобил Р.С.. Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.На 24.04.2019 година во 16.30 часот во с.Стајковци, скопско, патничко возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(37) од Скопје, удрило во пешакот Б.Р.(71) од с.Стајковци. Б.Р. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
0000traktor

Во кочанско се превртел трактор, жена починала на лице место

На 24.04.2019 година околу 16.55 часот во с.Спанчево, кочанско, трактор, управуван од Ж.З.(61) од с.Спанчево, се превртел, при што Ж.З. починал на местото. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
stop-policija

Секојдневно се откриваат возачи кои возат без возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (24.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи и тоа: 17 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило, 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило и тројца возачи поради тоа што не носеле заштитен шлем при управувaње на мотоцикли.Во текот на изминатите денови издадени се 61 мандатни платни налози и 44 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Исто така, преземени се мерки против 22 двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и против седум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди и две лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

44 годишен скопјанец уапсен на аеродром

На 25.04.2019 година во 04.00 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека М.М.К.(44) од Скопје се наоѓа на листата со мерка ,, А“(апси) по барање на СВР Скопје. М.М.К. била приведена.

Македонија | пред 6 години

6 год.
departmentofstate

Скандал: Поранешна вработена во Стејт департментот издавала американски тајни на Кина

Американката Кендис Клејборн, која порано работела во американскиот Стејт департмент, призна дека е виновна за заговор за соработка со кинески агенти, соопшти Министерството за правда на САД.Како што наведе Министерството, Клејборн е обвинета дека ги лажела полициските службеници и ги криела контактите со кинеските агенти и подароците што ги добивала од нив, а на кои за возврат им доставувала интерни документи од Стејт департментот.Меѓу подароците кои ги добивала биле пари, одмори во странство, чланарина за кинеско модно училиште, целосно опремен стан и месечна стипендија, се вели во соопштението во кое се истакнува дека дел од подароците ѝ биле лично давани на Клејборн, а другиот дел на близок член на нејзиното семејство, кој не е именуван.Во замена за подароците, Клејборн обезбедувала копии од интерни документи за голем број теми – од економски стратегии до посети на високи претставници, додава Министерството за правда.На Клејборн ѝ се закануваат до пет години затвор. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Putin-Kim-Jong-Un

Ким Џонг Ун: Дојдов во Русија со добри чувства, се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и корисна

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржаа тет а тет средба во Владивосток по што следуваа разговори на поширокоите делагации меѓу двете страни.Оваа средба е светска тема број еден денеска Аналитичрите ја споредувааат средбата со онаа меѓу Ким и американскиот претседател, Доналд Трамп.Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изрази надеж дека неговата прва лична средба со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде „успешна и корисна. Во почетокот на разговорите двајцата лидери се согласија дека Русија и Северна Кореја имаат, како што изјавија,„многу да направат“ за да ги зајакнат економските врски.Путин, исто така, ги поздрави напорите на Ким за нормализирање на односите на Пјонгјанг со Соединетите држави.„Дојдов во Русија со добри чувства, се надевам дека оваа посета ќе биде успешна и корисна. Се надевам дека преку преговорите со драгиот претседател Путин ќе можам да разговарам за одредени прашања за помирување на Корејскиот полуостров и за развојот на односите меѓу нашите земји. Мој срдечен поздрав до целиот руски народ“, истакна Ким Џонг Ун . 

Свет | пред 6 години

6 год.
siljanovska-jajca

(ФОТО) Силјановска Давкова ги бојадиса првите јајца пред изгрејсонце

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук  профил постави бојадисани јајца. Таа се пофали дека дека ја испочитувала традицијата според која домаќинките ги бојадисуваат првите три велигденски јајца на Велики четврток пред изгрејсонце.„За многу години“, порача Силјановска.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=139987863805854&set=a.103069104164397&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Власта е делегитимирана и мора да си замине

Зоран Заев и Стево Пендаровски заедно со нивните партнери од власта ДУИ, освоија само 42,84% од гласовите на граѓаните на Република Македонија. Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на опозицијата во албанскиот блок ја освоија довербата на преку 53% од граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тоа е најдобар доказ дека граѓаните чувствуваат дека државата назадува. Одиме надолу и на економски и на демократски план. Одиме надолу и на листите за корупција и во здравството и во образованието и на полето на безбедноста.Македонија оди напред само во однос на бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Тоа се фактите кога три пати аболициран политичар ја води државата по принципот „едно евро за вицето”.Бизнисите на граѓаните тонат, но затоа фирмите на функционерите од власта добиваат тендери во 4 очи и испумпуваат милиони од буџетот. Немаме 500 евра просечна плата, немаме 100.000 денари плата за лекарите, немаме 600 километри автопат, но затоа имаме криминал, корупција и непотизам.Граѓаните живеат во тешка мака, земјоделците сечат дрва, болните не можат да најдат лек, младите се иселуваат како никогаш до сега.Република Македонија тоне. Со Стево Пендаровски уште повеќе ќе тоне. Затоа е потребно граѓаните масовно да излезат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. За право и правдина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
za-25.04

Сончево претпладне, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Македонија | пред 6 години

6 год.
veligdenski-jajca

Денеска е Велики Четврток – се вапцуваат јајца, првото има моќ

Велики Четврток е ден од страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шестиот ден од страсната Седмица, односно пет дена по Лазарова Сабота и четири по Цветници. А според западното христијанство, тој е петтиот ден од страсната седмица, односно четири дена по Цветници. На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничка наатприродна молитва и самото предавство на Христос.Денеска уште пред изгрејсонце се вапцуваат првите 3 јајца според верувањата, не се расипуваат со годин.Која е нивната моќ: Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: “црвено, бело, дебело“!Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
avtobus-krov

Возачот и сопственикот на „Дурмо турс“ одат во домашен притвор

Од затворски во домашен притвор одат првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот. Одлука е донесена пред два дена од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. На решението, вчера жалба поднесе скопското обвинителство, до која дојде 1ТВ. Обвинителството аргументира на цели шест страници дека одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор.Обвинитеството ги појаснува надлежностите за притворите на судот – судија на претходна постапка во првите 30 дена, кривичниот совет може да носи одлуки за мерки за уште 60 дена, повискиот суд, пак најмногу до 90 дена. Во жалбата е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки. Оваа праска за Обвинителството е апсурдна ситуација.„Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим „судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, наведува Основното јавно обвинителство Скопје во жалбата испратена до судот.Од кривичниот суд велат дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на скопска „единица“, до каде ОЈО се жали.Истрагата на скопското обвинителство е за кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога во февруари кај Ласкарци излета автобусот на „Дурмо Турс“. Од тешките повреди загинаа 16 патници. Обвноителството гони шестмина за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а еден за несовесно работење.Извор: 1tv.mk

Македонија | пред 6 години

6 год.
reis

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Обвинителството отвора истрага за говорот на омраза за поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи – Реис. По вчерашната негова изјава за судијката Сузана Дончевска која донела решение со кое во судскиот регистар се запишува Скендер Бузаку за нов Реисул Улема на ИВЗ, обвинителството соопшти дека Реџепи ќе биде повикан на распит и ќе се постапува во рамките на веќе претходно отворениот предмет за говор на омраза.„Ја слушам дека има проблеми со здравјето, али не го жалам, таквите нека починат што побргу“ - изјави Сулејман Реџепи – Реис.Реџепи не штедеше зборови ниту за претседателот на комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, ниту пак за неговиот заменик. Ги обвини дека и тие се дел од сценарото за негова смена.- „Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава.“ - се вели во соопштението на СЈО.Осуда за говорот на омразата на поглаварот Реџепи стигна и од Владата.- „Ова не е прва скандалозна изјава на поглаварот. Претходно Реџепи доби кривична пријава исто за говор на омраза, откако Македонците ги нарече дивјаци и луѓе без идентитет.“ - изјави Миле Бошњаковски – Портпарол на Влада на РСМ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
antikorupciska-komisija

Антикорупциската комисија откри сомнителни вработувања на роднини на функционери, прекршочна за министерот Бектеши

Сомнителни вработувања на роднини на функционери откри антикорупциската комисија. На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е посочено дека комисијата ќе контактира со надлежните министерства за да предложи анализа на законите за регулација во јавниот сектор, за да се утврди дали постои злоупотреба и има влијанија врз процесите на вработување во администрцијата, при што потоа ќе ги извести Владата и Собранието.Од ДКСК се анализирани 18 случаи за непотизам при вработување, а откриено е дека во државните и јавните институции се вработувани роднини на повеќе пратеници и функционери. Дополнително, утвредно е дека кај шест од вработувањата на блиски роднини на функционери имало измени на актите за вработување и тие не одговарале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен.КСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор.Според Антикорупциска, сестрата на министерот Бектеши ја добила работата во МЕПСО од 73 кандидати.За потсетување, Бектеши тврдеше дека не живее заедно со сестра му, но Антикорупциска утврдила во пријавата на неговата сестра на огласот дека како место на живеење стои истата адреса на која живее министерот.Сомнителни вработувања на свои роднини има и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. И вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, и сестрата Мирјана Јосифовска во централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за ДКСК се со индиции за непотизам.Покрај Бектеши и Кирацовски, сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При Вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања