Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
oruzje-17

Во Матејче, во нива пронајдени гранати, куршуми и две рачни бомби

На 23.04.2019 година во 09.30 часот на место викано „Матејачки штали“ во село Матејче, во нива биле пронајдени гранати РРФ 40 мм, куршуми калибар 7,62x56мм, две рачни бомби со запалка кинеско производство, еден рачен ракетен фрлач(РРФ) со цевка кородиран, постоље за истиот, една дигитална нишанска справа со метална кутија и едно постоље за неа.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предметите биле безбедно подигнати. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
crkva

Тешка кражба од храмот „Свети Архангел Михаил“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.На 17/18.02.2019 во Скопје, во храмот „Свети Архангел Михаил“ на улица „Архимедова“ пријавениот со употреба на физичка сила влегол внатре и одзел каса со пари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Жител од Боговиње се заканувал на 20 годишна девојка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(22) од село Боговиње,тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена’’. Во декември 2018 година, пријавениот и се заканувал на 20 годишна девојка од тетовско село дека, доколку не му исплати 300 евра, на социјалните мрежи ќе објавел фотографии со копромитирачка содржина.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Prskanje-zaprasivanje

Терестирично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25.04.2019 година (четврток), во периодот од 8 до 17 часот.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

6 год.
pistol-vo-kola

Поднесено обвинение за неовластено држење пиштол во автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот жител на селото Грчец на 07.04.2019 година, на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Лептокарија“, во својот автомобил, неовластено држел полуавтоматско огнено оружје – пиштол марка „Црвена застава 99“ со калибар 9 мм, како и пет куршуми муниција за тој пиштол. При преглед на возилото од страна на овластени полициски службеници, оружјето било пронајдено и одземено.Против истото лице, во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е уште една кривична постапка за исто кривично дело, по кривична пријава поднесена во октомври 2018 година. Согласно оваа кривична пријава, на 20.09.2018 година, во автомобилот на ова лице, под предното совозачко седиште, бил пронајден и одземен пиштол марка „Застава“ М57 со калибар од 7,62мм и рамка со девет куршуми за истиот пиштол. Постапката и за ова дело е во тек.Имајќи го предвид овој факт, надлежниот јавен обвинител ценеше дека и натаму е оправдан стравот дека обвинетиот би можел да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Лицата се осомничени дека како соизвршители на 15.04.2019 година одзеле околу 500.000 денари од казино во Дебар. Притоа, еден од осомничените маскиран и вооружен со пиштол влегол во казиното преку помошна врата, им се заканил на вработените и ги одзел парите од дневниот промет. Другиот осомничен, инаку вработен во казиното како управител, ги дал сите информации за дневниот промет, со автомобил го превезол до казиното и го чекал првиот осомничен да го изврши разбојништвото, по што двајцата заедно го напуштиле местото.Осомничените биле идентификувани преку обезбедените снимки од видео надзорот на казиното и на околните објекти. Едното лице е лишено од слобода, додека по другото се трага.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за двајцата осомничени, која за лицето лишено од слобода би била ефективна веднаш, додека за неговиот соизвршител би се спровела по неговото лишување од слобода.

пред 6 години

6 год.
soobrakajka1-1

ОЈО:Возач од Куманово осомничен дека предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое е осомничено дека сторило кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик.На 21.04.2019 година, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко моторно возило управувано од осомничениот удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал, а другиот се здобил со телесни повреди. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и осомничениот се здобил со телесни повреди.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

пред 6 години

6 год.
ASNOM-pocetok-na-izgradba-na-nov-most-4

Започна реализацијата на проектот за изградба на нов мост на Вардар во Аеродром

Започна капиталниот проект на Град Скопје за поврзувањето на Аеродром со Ќерамидница со изградбата на булевар АСНОМ и изградбата на мост на реката Вардар.Ова е првата од вкупно три фази на изградба на овој булевар, каде што во наредните фази ќе биде изграден мост на реката Вардар и негово спојувањето со бул. Гоце Делчев. Со целосната реализација на овој капитален проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.- Градот Скопје ги заврши сите постапки и очекувам првата фаза од овој капитален проект да биде готова до крајот на оваа година, по што ќе продолжи реализацијата на втората фаза и изградбата на мостот на реката Вардар. Ова е само еден од многуте инфраструктурни проекти кои ќе ги реализираме годинава за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Скопје. Во текот на оваа година целосно ќе го реконструираме бул. Партизански одреди од крстосницата со бул. 8 Септември до мостот Обединети нации во Влае и целосно ќе го реконструираме бул. Кочо Рацин од крстосницата кај Веро Центар до ул. 11 Октомври (Црвен крст). Паралелно со нив продолжува и изградбата на двата нови булевари Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина – кажа градоначалникот Шилегов.Во првата фаза од овој проект се врши проширување на булеварот АСНОМ, што се одвива на потегот од крстосницата со бул. Србија до крстосницата со бул. Васко Карангелески. Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, каде што новиот булевар АСНОМ ќе добие по 3 коловозни ленти од двете страни, средишно булеварско зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот, како и тактилни патеки за лицата со оштетен вид по целата должина на пешачките патеки.Новиот булевар ќе биде осветлен со енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, а ќе бидат поставени и нови сливници кои ќе бидат поврзани со постојната атмосферска канализација.Првата фаза од изградбата на бул. АСНОМ е предвидена да заврши во рок од 6 месеци, а за истата Град Скопје ќе потроши околу 50,6 милиони денари.

Скопје | пред 6 години

6 год.
IMG_1019

Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со дел од општинската администрација, со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од членовите на Советот, Јасна Саздовска, Зоран Ацевски, Тодор Костадиновски, Весна Петковска и Марина Чорбеска учествуваше во спроведување на акција за чистење на територијата на локалната самоуправа.На оваа голема еколошка акција која се спроведе во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ се приклучија голем број вработени во јавното скопско комунално претпријатие, граѓани, ученици од средното економско - правно училиште „Васил Антевски - Дрен“, студенти и членови на спортските клубови: карате клуб „Маваши“ и на боксерскиот клуб „Чигра“. Отпадоците од јавните површини ги расчистуваше и тренерот на БК „Чигра“, поранешниот познат боксер, Блажо Василев.-Денеска заедно со јавното скопско претпријатие „Комунална хигиена“ имаме акција за расчистување на територијата на Општина Кисела Вода. Заедно со вработените на Општината, вработените на јавното комунално претпријатие, со спортските клубови и граѓаните ја правиме оваа акција преку која сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за животната средина, свеста за комуналниот неред и да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани – изјави градоначалникот, Филип Темелковски.-Во име на менаџерскиот тим на ЈП „Комунална хигиена“ можам да Ве информирам дека вакви акции во координација со градот и општинската администрација се извршуваат на одредени микро локации, се во интерес на граѓаните за да се избориме конечено да имаме чиста урбана средина. Менаџерскиот тим развива и вонредени оперативни активности во интерес на градот и граѓаните. Ова е уште една дополнителна акција за сите да се избориме за чиста средина – кажа, Исмет Душки раководител на еко патрола.Овој голем еколошки настан насловен „Биди дел од чиста иднина“ се одржа во организација на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Целта на неговото одржување е подигнување на свеста кај граѓаните за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии кои ја уништуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на луѓето.

Скопје | пред 6 години

6 год.
dete-polov-napad

Обвинителен акт за тројцата кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Поднесениот Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар опфаќа три лица кои во месеците март и јули во 2018 година извршија обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.Првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото. Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок.Второобвинетиот во јули 2018 година му понудил пари на детето – жртва, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа. Во текот на следните месеци второобвинетиот го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел остварување на сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го  известува. Поради стореното, второобвинетиот освен за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се товари и за сторено кривично дело Посредување во вршење проституција од член 191 став 1 од Кривичниот законик.Третообвинетиот  кој се гони за продолжено вршење на кривичното дело, извршил обљуба врз детето – жртва повеќепати, искористувајќи ист траен однос и иста прилика. Во Обвинителниот акт ова лице се товари за сторено продолжено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од Член 188 став 1, а во врска со член 45 од кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите. 

пред 6 години

6 год.
Janusev

Јанушев: Граѓаните им кажаа НЕ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот

СДСМ за две години со своето погубно владеење, неправдите, криминалот и корупцијата загуби околу 300.000 гласови. Заев и Пендаровски ја уназадуваат Република Македонија и граѓаните тоа го казнија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Наместо голи флоскули како СДСМ ќе презентираме бројки и факти. СДСМ тоне и за тоа нема спас. Коалицијата која ја предводеше СДСМ во 2016 година броеше 14 партии, во 2017 година броеше 24 партии, додека сега бројат над 30. Но. Додека бројот на партии расте, бројот на гласови вртоглаво опаѓа.Коалицијата предводена од СДСМ, во која се партиите ДУИ, ДПА, ДОМ, ЛДС, ДП, ВМРО НП, Обединети за Македонија уште 20  други партии овие избори освои само 323 илјади гласа, ова е пад од речиси 200.000 гласови на истата оваа гарнитура од политички партии кои заедно во 2017 година освоија над 523 илјади гласови.Граѓаните им кажаа НЕ на негативните политики, криминалот, корупцијата и непотизмот. А Заев и Пендаровски за само една  година паднаа за околу 200.000 гласа.Падот на гласови на власта е уште поголем доколку се погледнат резултатите од парламентарните избори во 2016 година, кога коалицијата која ја предводеше власта освои околу 608 илјади гласови.  Падот на гласови на власта од 2016 до денес повторувам изнесува скоро 300.000 гласа.Заев и Пендаровски изгубија 300.000 гласа. Заев и Пендаровски изгубија и во Скопје и во Битола, во Штип, во Прилеп, Велес односно во над 60 општини во државата, од кои во 47 општини со директно соочување со ВМРО-ДПМНЕ.На  5-ти мај граѓаните ќе го поразат Заев и Пендаровски. Поразот на Пендаровски е крај за Заев и сета деструктивна и криминогена политика во изминативе две години.ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се за право и правдина за Македонија и во Македонија. Ние се залагаме за подобра  иднина, посилна економија, чиста животна средина, зголемена безбедност, депаритизирана администрација, независно судство и буквално ама буквално почитување на принципите и вредностите на кои се темелат модерните демократии, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

6 год.
IMG_2174-24-04-19-12-40

Милошевски најави реформи во јавната администрација

Охрид е посебно место и тој заслужува повеќе. Охрид заслужува напредок и резултати. Локална самоуправа со одлики на работа, чесност, отчетност и одговорност треба да биде лицето на градот. Потребни се структурни, а не инцидентни реформи. Без силна политичка волја, нема професионална администрација, истакна  Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.Со програмата За Убав град во рамките на надлежностите на Локалната самоуправа предвидуваме реформа во јавната админстрација со проектот Е-Охрид преку надоградување на електронскиот систем со цел обезбедување лесна контрола во давањето на услуги за сите граѓани, но и ставање крај на чекање редици и давање мито; Професионализација како натпревар на знаења и искуство; Развивање на стандардите за административен и карактерен квалитет; Изградба на Модел на административна одржливост, одговорно и отчетно однесување.Во Локалната самоуправа има квалитетни кадри кои совесно си ја вршат својата работа, но треба уште повеќе да ги мотивираме за да се залагаат што повеќе во своето работење, а со тоа граѓаните да можат да ја добијат соодветната услуга која им е потребна.За да има непречено функционирање на Локалната самоуправа потребна е стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација. Затоа најквалитетен стручен тим ќе ми помага да менаџирам со заложба да се помогне на секој граѓанин во остварување на своите права. Мојата канцеларија ќе биде отворена за секој граѓанин, преку отворен ден со граѓаните, каде што ќе ги сослушам нивните идеи, предлози, мислења, критики.Нема да дозволам никакво користење на општинските добра за приватни цели, туку средствата ќе бидат наменети во интерес на граѓаните. Администрацијата мора да се врати на професионалните стандарди и институциите да се ослободат од духот на политиканството. Општина која ќе се ослободи од партиските спреги и ќе се посвети на решавање на проблемите на граѓаните.Мора да има деполитизацијата на администрацијата и затоа уште еднаш апелирам да престанат притисоците во јавната администрација.Охриѓани се ослободија од стравот и сакаат промени.Докажаа дека го прифаќаат концептот За убав град.За убав град преку модерни форми на менаџирање со Општината.За убав град и ефикасна Локална самоуправа за граѓаните.За убав град. Охрид повикува, истакна  Д-р Митре Милошевски, кандидат за градоначалник на Охрид.https://www.facebook.com/mitremilosevskimd/videos/384412805743789?sfns=mo

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Масовна акција за расчистување на дивите депонии во Скопје

Неколку илјади граѓани, вработени во градската администрација, општините и јавните претпријатија, студенти од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор и од дипломатските претставништва, како и ученици во средните и од основните училишта се вклучија во масовната акција за расчистување диви депонии на територијата на Скопје, која се одвива денеска во сите 10 скопски општини. Во акцијата за чистење на локацијата пред хотелот „Вип“ се вклучија градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.- Со масовноста на оваа акција сакаме да го привлечеме вниманието на граѓаните и да укажеме на штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии. Депониите не само што ја загрозуваат животната средина туку претставуваат и директна закана за здравјето на граѓаните. Државниот завод за статистика неодамна објави податок дека eден жител во земјава во текот на минатата година создал 412 килограми отпад, што е за 8,6 натсто повеќе од 2017 година. Токму поради тоа, Град Скопје годинава почна процедура за набавка на 540 статични контејнери за одлагање комунален отпад со капацитет од 3.200 литри – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој додаде дека овој тип контејнери за прв пат се набавува во Град Скопје, а нивната најголема предност покрај многубројните унапредени функции е тоа што собираат три пати повеќе отпад од класичните контејнери што во моментов се користат во градот.- Ќе ја искористам оваа можност да упатам апел до моите сограѓани одговорно да постапуваме со отпадот и да го оставаме исклучиво на местата што се предвидени за тоа. Чистотата на нашиот град зависи пред се од одговорноста на секој од нас поединечно. Скопје може и мора да биде чист град, а тоа се постигнува само со одговорно однесување со ѓубрето што го создаваме. Само заедно можеме да си ја обезбедиме чистата иднина, заради нашето здравје, заради здравјето на нашите деца – нагласи Шилегов.Акцијата со мото „Биди дел од чиста иднина“ е во организација на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. На активностите за чистење се придружија и вицепремиерот Бујар Османи, заменик-амбасадорката на САД, Микаела Швајцер Блум и амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.Акцијата денеска се одвива истовремено на следниве локации:Општина Гази Баба: Улица 808, од ресторанот „Дојрана“ кон „Фершпед“;Општина Аеродром: Транспортен центар, кон ФПИОМ и кејот;Општина Кисела Вода: Сала „Расадник“;Општина Центар: Пред хотел „Вип“, наспроти МТВ и потегот кон МКЦ и кон МАНУ;Општина Карпош: Семафорите пред Момин поток, потегот кон Амбасадата на САД;Општина Ѓорче Петров: Игралиштата кај насипот, лево по семафорите кај „Тинекс“;Општина Сарај: Паркот во близина на општината;Општина Чаир: Топаана, раскрсницата меѓу улицата Џон Кенеди и булеваротМакедонско-косовска бригада;Општина Бутел: Серава, потегот кон Домот „25 Мај“Општина Шуто Оризари: Последна станица на автобусот со број 19.

Скопје | пред 6 години

6 год.
grubi

За пратениците Груби и Алими пресудата за убијците на Саздо е скандалозна

Пратениците на ДУИ, Артан Груби и Ејуп Алими, ја нарекоа скандалозна судската пресуда против осудените за убиството на Никола Саздовски Саздо, кои вчера беа осудени на по 18 години затвор. Од собраниската говорница Груби и Алими обвинуваа за селективна правда и корумпирано судство.-Ова го вклучи алармот за интервенирање во судството и потребата од длабоки реформи во целиот судски систем.  Со скандалозната судска пресуда се докажа селективната правда, било на етничка основа, верска, или партиска припадност. Се осудуваат дваца млади лица со по 19 години затвор, односно вкупно 38 години затвор, а убиецот на малиот Алмир во Куманово се осуди на само 6 години затвор и му се овозможи одбрана од слобода. Ако ова не е селективна правда, не знам што е – рече пратеникот Артан Груби.Поради ова и поради настаните вчера во ИВЗ, Груби побара промена на дневниот ред на денешната седница.Ејуп Алими, пак, побара половина час пауза за пратениците да се координираат.Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прифати барањето за пауза од половина час.

Македонија | пред 6 години

6 год.
10-2

Македонската единицата за специјални задачи прво место на меѓународен натпревар

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својот кабинет имаше средба со припадниците на Единицата за специјални задачи кои учествуваа на 11-от Меѓународен натпревар на специјални единици  - KASOTC, во периодот   14 до 20 април во Аман, Јордан.Министерот Спасовски упати честитки до тимот од ЕСЗ  за одличниот успех постигнат во рамки на овој меѓународен петдневен натпревар што беше спроведен во пет дисциплини каде во една од најсложените  дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_9479

Костадинов: Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и симбол на непотизам. За време на нејзиниот мандат како министерка во првата влада во независноста, нејзиниот сопруг добива бизнис со фри-шоп, во тоа време е еден од најдоходовните бизниси, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.Таквиот чин на непотизам, судир на интереси и злоупотреба на функцијата, во тоа време наидува на жестока критика токму од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.Собраниските архиви говорат дека Силјановска за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не била „симбол на правото и правдата“, туку узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година токму од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски. Дури и самата Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел, но невешто се обиде да се изземе од одговорност.Единствениот кој го игнорира доделениот фришоп и очигледниот конфликт на интереси на Сињаановска како министерка во транзициската влада како што вели ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски.Јасно е лицемерието на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа загубија во првиот круг и затоа ќе загубат уште поубедливо во вториот круг. Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам, залутани во политиката да застанат на чело на државата.На петти мај, поддршката за Стево Пендаровски дополнително ќе се зголеми, граѓаните ќе изберат вистински претседател, чесен и искрен,кој ќе води напред кон ЕУ и НАТО, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

пред 6 години

6 год.
IMG_4238

„Охридско лето“ со православна духовна музика во катедралата „Света Софија“

 Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, фестивалот „Охридско лето“ синоќа во  црквата „Света Софија“ организира  голем велигденски концерт  на кој настапи вокалниот ансамбл „Ноктурно“ од Белград, Република Србија.Програма беше составена според значењето на Великата Седмица во која се наоѓа православниот христијански свет, со духовна музика од српски и руски композитори. Црковната акустика даде дополнителен амбиент и измами бурни  овации и бисеви за ансамблот со кој диригираше маестро Ѓорѓе Станковиќ.-Првата половина од програмата со која настапивме беше заснована  на страдањето на Исус  Христос до Велики Петок, а потоа следуваше и голема литургиска радост  за Христовото Воскресение. Навистина се потрудивме, таа енергија и радост за најголемиот христијански празник, однапред да ја споделиме со публиката на „Охридско лето“, вели диригентот Станковиќ.Овој исклучително вреден и професионален музички состав  воспостави блиска врска со публиката уште со воведната композиција „Оче наш “  од православниот композитор и руски оперски пејач Николај Николаевич Кедров која траеше се’ до последната композиција „Радујте сја људије“ од Џузепе Сарти и Захарија Мјасњиков. На репертоарот беа и дела од Дмитриј Дворецки, Александар Андреевич Архангелски, од српскиот композитор и диригент Александар Гавански, потоа од Петр Иванович Турчанинов, од Артемиј Лукијанович Ведељ, од Георгиј Максимовиќ, Димитриј Бортањски, како и од композиторот Леонид Дмитриевич Малашкин.-Огромна е честа што сме поканети да учествуваме  на овој голем фестивал, но сме и многу радосни што токму овде добивме голема инспирација од амбиентот на самата црква и од публиката која не’ пречека со чисто срце, истакна Станковиќ.Вокалниот ансамбл „Ноктурно“ е формиран кон крајот на 2005 година, а членовите на овој состав, пред се’,  се професионални членови на хорот во Операта на Народниот театар во Белград.Ансамблот во зависност од потребите настапува како октет, двоен октет, проширен хор или како поединечен машки или женски состав.- Членовите  учествуваат во сите оперски претстави што се на нашиот репертоар,но ги негуваме и духовните композиции. Од една страна, ваквите црковни композиции можат да се изведуваат во амбиент каков што е „Света Софија“, па дури некогаш да се побара и благослов од свештенството.Од друга страна, изведуваме и композиции што имаат целосно духовен карактер, но ги прилагодуваме на концертните подиуми каде што настапуваме, додава Станковиќ.Концертот на кој настапи машкиот ансамбл  „Ноктурно“  се организира во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ надвор од стандардниот фестивалски термин во лето.

Македонија | пред 6 години

6 год.
kosta-flaer

Во програмата на Георгиески,предвидена Катна гаража во близина на Градскиот пазар

Материјал за објава во медиуми-Дел од Предизборна програма Нови Катни Гаражи Долги години наназад Охрид се соочува со недостиг на соодветен број на слободни паркинг места во шпицот на туристичката сезона, но и со недостиг на паркинг простор во урбаната зона, во текот на целата година. Оттука се наметнува потребата од  изградба на современи Катни гаражи, се вели во Предизборната програма на Д-р Константин Георгиески, Кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата.Во тек е подготовка Физибилити студија за изградба на Катна гаража на предвидената локација во близина на Градскиот пазар. Исто така во согласност со урбнистичките планирања предвидена е и изградба на Катна гаража и на просторот во близина на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори“ на улицата АСНОМ.Доколку има интерес кај одредени инвеститори, постојат можности овие две катни гаражи да се изградат по пат на договор за Јавно приватно партнерство. Ние како Локална самоуправа ќе ја дадеме потребната поддршка во однос на целокупната документација за градба и обезбедување на комуналната инфраструктура на просторот.Според планираното, катните гаражи би биле изградена по сите современи стандарди кои се предвидени за ваков вид на објекти, со солиден капацитет за паркирање на моторни возила. Тие ќе претставуваат безбедни места за паркирање со прифатливи цени. Освен вообичаените паркинг места за патнички возила, во гаражите ќе има предвидено и паркинг места за лица со посебни потреби како и паркинг места за велосипеди.Паркирањето во објектите ќе биде организирано по модерна електронска технологија со влезно излезни терминали, наплатен терминал и информативен систем за следење на слободните паркинг места.Мојата  Предизборна програма е базирана на реални основи и проекции за остварливи проекти кои се од големо значење за охриѓани, но и за туристите кои секојдневно го посетуваат нашиот најголем туристички центар.Затоа на 5-ти мај, ајде уште еднаш заедно да ги поддржиме идеите за подобар Охрид!Мораме уште еднаш да ја искористиме дадената шанса за подобро утре, за подобри услови за живот за нас и за нашите деца.Ајде да се одлучиме за уште една Голема победа во Охрид! Заедно, Напред, се вели во Предизборната програма на Д-р Константин Георгиески, Кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата.  

пред 6 години

6 год.
komisija

Комисија за однос со верски заедници и религиозни групи: Не сме вмешани во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во денешното соопштение демантира каква било нивна вмешаност во последните случувања и превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ).Од Комисијата посочуваат дека при настапот пред медиумите сношти, по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди, како што велат оттаму, беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази.-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
milososki-antonijo

Милошоски: Заев требаше да го прифати предлогот на ВМРО ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, па народот да каже кој е за метла

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека резултатите од првата pyндa се цpвeн картон за власта.Според него власта требаше да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни заедно со претседателските избори, па народот да каже кој е за мeтла, а кој за мaндат, истакна Милошоски во “Топ тема” на ТВ Телма.–Резултатите од гласовите за Гордана Силјановска Давкова се одраз на волјата на народот. Ако ги споредиме резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од локалните избори кои изнесуваат 335 илјади гласови, но тогаш заедно со турската партија и партијата на Амди Бајрам и други, кои денес се со владеачката коалиција, значи ако ги одземеме нивните гласови, реално сме имале некаде околу 325 илјади гласови, а професорката Силјановска има 320 илјади што цениме дека е добар резулатат. Особено што нacпpoти неа имате една коалиција од 31 партија. Драго ми е да изјавам дека на ниво на Скопје, професорката Сиљановска имаше подобар резултат од Стево Пендаровски, како и во некои бacтиони на СДСМ како што е Куманово, вели Милошоски. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања