Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Повторно напад од кучиња скитници во „Центар“

На 23.04.2019 година во 19.45 часот во Полициската станица Центар, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на 22.04.2019 година околу 23.00 часот на булевар „Илинден“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.На 23.04.2019 година во 11.30 часот Полициската станица Центар, Т.Д.(57) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на двете нозе.

Скопје | пред 6 години

6 год.
bomba-1

Во домот на ресенченац пронајдена рачна бомба од италијанско потекло

На 23.04.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен, во домот на Ј.Н. била пронајдена една рачна бомба од италијанско потекло со производство од 1944 година.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Ресен, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

6 год.
UaYct-

Во дом на Тетовчанец пронајдени повеќе пакувања со марихуана

На 23.04.2019 година во периодот од 11.30 до 12.20 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Б.Л.(33) од Тетово. При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана. Б.Л. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
utre_sreda

Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предал Исус

Денес е Голема среда, на овој ден Јуда го предава Исус. Голема среда е тајната вечера на Божјиот син со апостолите, кога Исус вели дека еден од нив ќе го предаде.По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат. Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници. Ова предавство ќе биде вовед во страданијата Христови.Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Братот на кумановецот кој предизвика две несреќи се заканува на „Фејсбук“ - Брате, зошто не ги утепа сите

„Брате зошто не ги утепа сите“ напиша на „Фејсбук“ братот на лицето кое прегази полициски службеници и заработи кривична пријава за поттикнување омраза и нетрпеливост, дознава „Либертас“. МВР утврдило дека се работи за братот на пијаниот возач, кој во несреќата усмрти еден полициски службеник, а полициски практикант се бори за живот. Возачот исто така е во болница.Инаку од основното јавно обвинителство Куманово соопштија дека повеле постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.Како што соопштија од ЈОРМ, осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа „Фејсбук“, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
seks-banka

(ВИДЕО + 18) Секс во објект на позната банкарска екпозитура

И тоа се случи. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека вработени имаат секс по работно време во објект на позната банкарска екпозитура.Во продолжение видеото...https://www.facebook.com/184366815395706/videos/2213718495350272/?v=2213718495350272 

Магазин | пред 6 години

6 год.
reis

Реџепи за судијката: Слушнав дека имала здравствени проблеми, нека почине, не ја жалам

Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека одлуката е против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1033029327085715/„Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Нека почине, не ја жалам“, истакна Реџепи по што доби и поддршка од тие што беа до него.

Македонија | пред 6 години

6 год.
soobrakajka

Изминатото деноноќие 11 сообраќајки во Скопје

Девет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.Санкционирани се 31 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај 24 лица пред да се стекнат со право на возење, како и 13 нерегистрирани возила.Изречени се 75 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 63 возила.Четворица возачи поминале крстосница на црвено светло, 16 не носеле сигурносен појас, 20 зборувале на мобилен, седум се престроиле неправилно.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Slika-Frosina-18-12

Ременски: Најголемите проблеми на граѓаните се од локален карактер

Фросина Ременски од СДСМ во вечерашното гостување на Телма на прашањето во кој дел од власта треба да има „чистка“, одговори дека проблемите на граѓаните главно се од локален карактер.-Верувам дека метлата ќе биде реализирана, зашто сите ние добивме чест, но и одговорност да ја подобриме ситуацијата. Првичните извештаи на ОБСЕ покажуваат дека демократската атмосфера им дала на граѓаните да изберат дали ќе излезат на изборите или не. Веруваме дека граѓаните се доволно зрели и политички прецизни да проценат што ќе значат пропаднати избори. Реалните проблеми на граѓаните покажуваат дека главно тие потекнуваат од локален карактер, иако имаше и доста критики за централната власт, рече Ременски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
grubi

Груби: Задоволен сум од работата на министрите и градоначалниците на ДУИ

Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на Телма на прашањето дали некој од функционерите на ДУИ треба да сменет, рече дека тој е задоволен од сите министри, градоначалници и пратеници од ДУИ.-Јас сум задоволен од работата на министрите на ДУИ, особено сум задоволен од пратеничката група, а задоволен сум и од градоначалниците. Во моментов во ДУИ воопшто нема отворена дебата за разрешувања, ние сме фокусирани на вториот круг на изборите, каде очекуваме победа, рече Груби.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zoran-zaev-4-696x405

Заев: Граѓаните се незадоволни од оние функционери кои не знаат ни добар ден да кажат

Премиерот Зоран Заев на вечерашниот митинг во Тетово рече дека знае од кого граѓаните не се задоволни и зошто изгубиле дел од гласовите.-Дел од граѓаните не се незадоволни од централната политика и од договорите со Грција и Бугарија или рамковниот договор, туку од оние функционери кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката е примена и ќе има промени, рече Заев.Тој се осврна и на резулатот на опозицијата и рече дека ако опозицијата беше добра ќе напредуваше во бројот на гласови, но тие паднаа надолу.

Македонија | пред 6 години

6 год.
sazdo-696x424

Комити: Нема да сме мирни додека и третиот џелат не биде фатен

По објавувањето на пресудата за убијците на Никола Саздовски - Саздо, на Фејсбук се огласи навивачката група Комити.„Брату наш, ти кој си на небеса нека твојата душа почива во мир, Правдата изгледа како да доаѓа, но нема да сме мирни се додека не ја истераме до крај!Се додека и третиот џелат не биде фатен, казнет и заедно со другите двајца не го минат секој ден во наредните 19 години во страдање и покајание, барајќи прошка за тоа што си дозволија да одземат нешто што само Бог одлучува кога ќе одземе.Но и потоа ќе бидеме тука за будно да следиме од првиот до последниот момент сите 6935 денови, 166400 часови, десетина милиони минути и шестотини милиони секунди.Во време сме кога се кажува она што многумина сакаат да чујат, кога ветувањата се секојдневие, кога се можни секакви нешта, па токму затоа ќе почекаме да поминат најавените жалби и пресудата стане правосилна.Не постои никаква утеха, не постојат завршни зборови кои може да ги заменат моментите минати со тебе, дружбите на трибина и надвор од неа, прегратките со твоите најблиски, не постои оправдување поради кое иднината е заменета со црна судбина која човек со такво срце и душа не ја заслужува...Тага која ниту еден родител не треба да ја доживее.Но доколку ова е најава дека во оваа наша земја Македонска ваквите подмолни нешта ќе бидат соодветно санкционирани, со цел никогаш да не се повторат, барем за момент ќе си дозволиме да земеме длабоко здив, потоа да го испуштиме, испуштајки го низ него ќе излезе мало, ситно задоволство, низ очите повторно ќе протечат солзи а низ солзите ќе излезе мало олеснување...Почивај во Мир јунаку !!!Тука сме, тука си и ти, засекогаш дел од нас !!!“, стои во објавата на навивачката група Комити.

Коментари | пред 6 години

6 год.
AJ_SeOdbiramSebe_Photo4

(ВИДЕО) „Се одбирам себе“ - нова песна на Александра Јанева

По подолго време поп-пејачката Александра Јанева се врати на баладите. Новиот сингл со наслов „Се одбирам себе“ е емотивна љубовна приказна и второ по ред авторско дело на тандемот Јанева-Стојановски.Аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Дел од екипата која работеше на проектот е и Јана Бурче, во улога на текстописец на баладата. „Не верував дека „Се одбирам себе“ ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана. На крај, целосната приказна позади песната одлично ја екранизираа моите соработници од Pinestel продукција со кои одлично се познаваме“, раскажува пејачката. Видеото за песната е снимено на повеќе локации во Отешево и Преспа. Иако реткост, на овој видео-запис Александра се појавува во друштво на Андреј Пајмакоски од студиото „Models In“. За нивниот изглед се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.Изминатиот период, Александра Јанева објавуваше песни на секои три-четири недели. „Се одбирам себе“ е третиот сингл во низа по неодамна објавените „Срце отвори“ и „Одговор“.

Магазин | пред 6 години

6 год.
alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: ИВЗ да не се инструментализира од политичките партии

„Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница.ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува да ги пика рацете во оваа институција и да има влијание врз оваа Заедница.Поглаварот на ИВЗ  со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност. Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса, отвора сомнежи дека повторно целта е инструментализацијата на оваа институција за политички цели.Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.Многу се надеваме дека оваа институција ќе смогне сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на темна стратегија на  било која политичка партија која се обидува да го “командува и Бога”!“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-5

МВР: Немаше нарушување на јавниот ред и мир пред ИВЗ

Министерството за внатрешни работи информира дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир.Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувањa.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Сончево со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На места ќе има услови за краткотрајна појава на дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Дневните температури ќе се движат од 18 до 24 Целзиусови степени.Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.Од утре следува период на топло време со значителен пораст на температурата. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.

Македонија | пред 6 години

6 год.
reis

ИВЗ со сериозни закани кон Владата – „Повеќе не сме на иста страна“, велат тие

Се уште актуелниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи, на пресс конференција вечерва истакна дека тој и Заедницата ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори. Претходно Реџепи рече дека соработката е нула и дека не се повеќе на иста страна со оваа Влада.„Од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада. Зошто Владата, државата и нејзините институции се насочени против ИВЗ, а не ја следат работата и на другите верски заедници“, изјави поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.Додека се одржуваше состанокот на ИВЗ по повод случувањата во ИВЗ, упаднала финансиска полиција која го проверувала работењето на исламската верска заедница.„Ова лошо нема никогаш да им го заборавиме“, истакна Реџепи.-Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот, изјави тој.-Нема да бидам послушен. Али пашина џамија, никој да не чепка таму. Ќе се прелие чашата. Политиката сади мразење меѓу верските заедници. Го замолија и дедо Стефан да ми напише писмо. Бузаку е отпадник, дури и од Исламската вера. Судот се впушти во невидена авантура. ИВЗ нема да постои кога тој би бил реис, порача Реџепи.Вечерва ријасетот на седницата на факултетот за исламски науки во Кондово расправаше за разрешување и именување на претставници во заедницата.Инаку , Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата. Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница.И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.      

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_6055

Зголемено е учеството во Фондот за Западен Балкан за реализација на крупните проекти

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за  зголемување на учеството на државите-членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности, и донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан да ја потврди подготвеноста на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од шеесет илјади евра (60.000 евра) годишно односно 3.690.000 денари во денарска противвредност. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_6098

Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

На оваа своја 131 седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Планирање и проценка (PARP), согласно редовната обврска за планирање на одбранбените капацитети на Република Северна Македонија за 2019 година, и го задолжува Министерството за одбрана да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019 на Република Северна Македонија до 30 јуни 2019 година, до кога овој документ треба да биде доставен во Главниот Штаб на алијансата во Брисел.За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата на РСМ најдоцна до 31 јули 2019 година. На седницата одржана денеска, Владата донесе Решение за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување  на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија или предлог за поништување на постапка. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_6058

Формиран Надзорен одбор за системот за итни повици Е-112

Владата на Република Северна Македонија на денешната 131 седница ја разгледа и усвои Информацијата од одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, и ги задолжи Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања во рок од десет дена да номинираат свои претставници во Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 и да ги достават до Центарот за управување со кризи.Како дополнителен заклучок на седницата Владата на РСМ го задолжи Генералниот секретаријат редовно да ја информира Владата за напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 кој произлегува како обврска од усогласувањата со праксата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствениот европски број за итни повици во сите земји на унијата.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања