Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Korica-Nizvodno

Излезе романот „Низводно“ на Ѓорѓе Д. Сибиновиќ

Деновиве во издание на издавачката куќа „Восток“ излезе романот „Низводно“ на познатиот и наградуван српски романописец, поет и есеист Ѓорѓе Д. Сибиновиќ.Како што вели во рецензијата Елена Богдановска, Низводно е роман за текот на свеста на поединецотнаспроти текот на епохата. Двете светски војни, Југославија во создавањето на новиот човек и новите вредности, студентскиот протест и распаѓањето на епохата, прикажани низ призмата на семејството, членовите на семејството и поединецот Стеван Церовиќ. Во таквата трипартитна структура авторот истражува зошто пропадна таа епоха чии темели беа удрени на искреноста, трудот, пожтрвуваноста, колективот и заедницата. „Низводно“ е автобиографија за секој Балканец во дваесетиот век. За опстанокот после југословенскиот бродолом, симболично прикажан во пластичното шише од две литри кока-кола полно со валкан бензин.Авторот се јавува како човек кој ја сведочи големата вистина преку малите вистини слушнати, доживеани и лично искусени. Токму тој дел ја сочинува автентичноста и неповторливоста на текстот.

Магазин | пред 6 години

6 год.
53245259_1681223482176943_4489936812415909888_n-1

НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен е Митко Чавков

Предмалк уе уапсен Митко Чавков - дознава Скопје1.мк .Како што дознаваме причина за апсењето е тоа што Чавков планирал да избега од државата.Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор према М.Ч. согласно чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка.Имено, по добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор. Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
nikola-srbov-640x360_201761816152

Член на извршен на ВМРО-ДПМНЕ: Само Чавков спречуваше да не дојде до поголемо насилство

Никола Србов кој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на својот Фејсбук профил во врска со апсењето на Чавков.„Го апсат единствениот човек кој на 27 април презема нешто за да се спречи поголемо насилство. Не чепкаат ниту еден од оние кои ништо не преземале, најверојатно нивното непреземање акција им одговара на сегашната власт“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

6 год.
CAVKO0VA

Ќерката на Чавков по апсењето: Заев бегај подалеку додека можеш!

“Заев арамијо една. Бегај подалеку дури имаш странски пријатели. Канибалец”. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
48386635_519827275169320_4504456550655459328_n

Забрана за товарни моторни возила на патен правец Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТМВ: Во 16.30 ч на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Во 17.50 ч воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,додека во Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато има остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни служби. Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Ѓавато и во Маврово.ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

6 год.
4-1-1

Премиерот Заев ќе претседава со следниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ

На денешната седница, Владата на РСМ ја разгледа Информацијата за влијанието на БРЕГЗИТ на македонската економија и донесе заклучоци со кои го задолжи Министерството за економија, во соработка со Министерството за финансии и Царинската управа, до Владата на Република Северна Македонија да достават предлог на Одлука за воведување на автономни мерки, со условна примена од 30.3.2019 година.Исто така, Владата ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за економија до Владата на Република Северна Македонија да достават информација за третманот на македонските стоки при извоз во Обединетото Кралство во случај на „тврд Брегзит“ и за изнаоѓање на решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло.На предлог на Министерството за финансии, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор, со Акциски план за периодот од 2019-2021“ и го задолжи предлагачот, Министерството за финансии, во рок од еден месец да формира Комитет за мониторинг на спроведувањето на Политиката за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор.Документот „Политика за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор со Акциски план за перидот од 2019-2021“ е стратешки документ за понатамошен развој на системот за внатрешна контрола во јавниот сектор во Република Северна Македонија. Целта на овој документ е да ја дефинира рамката на современиот, соодветен и ефективен систем за јавна внатрешна финансиска контрола, вклучувајќи го и финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија, централната координација и хармонизација и финансиска инспекција во јавниот сектор, како и да помогне за добро финансиско управување со јавните средства во Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

6 год.
ojo-1

Косовски државјанин под истрага за криумчарење на мигранти

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело Криумчарење мигранти од чл. 418-б ст.4 во врска со ст.2 од Кривичниот законик.Имено, вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на „клучка Прдејци“ кај с.Прдејци, осомничениот управувајќи ТМВ марка „ИВЕКО“ не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и се дал во бегство во правец кон Скопје. По кратко време возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е лишен од слобода и денеска ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот обвинител до Судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка – Притвор за осомничениот.

пред 6 години

6 год.
karate

„Маваши“ од Кисела Вода освои 7 медали на Меѓународен турнир во карате

На Меѓународниот турнир во карате „Фунакоши Гичин опен“ кој изминатиов викенд се одржа во Кисела Вода каратистите на клубот „Маваши“ освоија 7 медали.Во следните категории со медали се закитија: Ана Љубевска до 32 кг. второ место, Атила Зекири до 36 кг. второ место, Адријан Зекири до 36 кг. прво место, Борјан Стојчевски до 48 кг. трето место, Ива Тасевска – кадет до 54 кг. трето место, Билал Чолович кадет 70 кг. трето место и Марта Димковска 54 кг. второ место.

Спорт | пред 6 години

6 год.
kosarka

Кошаркарите на „Ангели“ го победија „Тетекс“

КК „Ангели“ од Кисела Вода на домашен терен забележа убедлива победа над екипата на Тетекс од Тетово, со резултат 95:66.Со оваа победа кошаркарите на „Ангели“ се задржаа на првото место на табелата во Втората сениорска лига. Следниот натпревар „Ангели“ ќе играат на домашен терен против екипата на „Црн Дрим“ од Струга.

Спорт | пред 6 години

6 год.
migranti_kola

Во камион пронајдени 43мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан

На 11.03.2019 во 14.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, кај клучката „Прдејци“, полициски службеници запреле товарно возило „Ивеко деили“, управувано од Ш.Е.(21) од Косово, а сопственост на А.Ќ.(28) од село Арачиново, скопско. При преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти од Пакистан, Индија, Кашмир и Авганистан.Мигрантите биле приведени во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“, а возачот бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

6 год.
pistol-vperen

Во болницата во Тетово донесени две лица со повреди од пиштол

На 11.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека воКлиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повреди од пиштол. Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Веднаш се преземени мерки и активности од страна на пполициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв.Во 23.40 часот во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.. Н.Х. е задржан во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Штитеничка од СОС Детско Село заминала од комплексот

На 12.03.2019 во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечила М.С., нивна 16 годишна штитеничка која повеќе пати се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

6 год.
siluvanje

Кавадарчанец ја силувал поранешната сопруга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.А.(31) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 09.03.2019 околу 05.00 часот во Кавадарци пријавениот со употреба на сила извршил обљуба над неговата поранешна сопруга.

Македонија | пред 6 години

6 год.
mvr1

По семејна кавга 20 годишен скопјанец заминал од дома

На 11.03.2019 во 21.30 часот во Полициската станица Чаир, Ј.Д.(46) од Скопје пријавил дека по семејни недоразбирања, од домот се оддалечил неговиот син Б.Д.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

6 год.
drva-1

Кривична пријава за бесправна сеча на дрва во Струшко

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(35) од село Франгово, Ш.А.(27), П.Б.(51) и С.Х.(24), сите од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.На 07.03.2019 во атар на село Франгово, струшко, на место викано „Гропа“, полициски службеници и вработени од шумска полиција ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дрва. По извршен увид на местото било констатирано дека тие извршиле бесправна сеча на огревни дрва, со што на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“ нанеле материјална штета од 70.000 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
UaYct-

Пронајдени четири торби со 49 килограми марихуана во близина на Св Наум

На 11.03.2019 во 11.30 часот во близина на регионалниот пат Охрид– Свети Наум, кај место викано „Колиби 2“, полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана, а во нивна близина бил затекнат A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија. А.Џ. е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи Запад против него поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Македонија | пред 6 години

6 год.
IMG_20190312_124403

Нови предизвици за младите истражувачи

Претставник на Фондот за иновации и технолошки развој, во салата на Советот на Општина Битола, пред директорите и професорите на битолските основни и средни училишта го презентираше годинешниот повик за награди под наслов „Предизвик за млади истражувачи“.До 31 март, сите основни и средни училишта можат да аплицираат на отворениот повик од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и да учествуваат на Предизвикот за млади истражувачи и истражувачки.Натреварувачкот тим треба да биде составен од 1-2 наставника во улога на ментори на проектот и 3-7 ученици, учесници во проектот. Иновацискиот натпревар има за цел да креира истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки.Неда Икономова Гавриловска, од Фондот за иновации и технолошки развој на промотивната средба истакна дека процесот на истражување треба да се основа на научен метод, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда на хипотеза по пат на експеримент и набљудување. Таа го појасни и начинот на аплицирање, можностите и придобивките од учеството на училиштата во проектот.Дел од присутните претставници на училиштата дадоа и свои предлози за подобрување и поуспешно реализирање на проектите.Ова е втор повик до училиштата за аплицирање за млади истражувачи. Минатата година, три битолски училишта беа во наградените и добија средства за нивните проекти. ОУ „Стив Наумов“ доби 229.000 денари за проектот „Квалитетот на воздухот во мојата училница“, кој го работеа двајца ментори и десет ученици. СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, со тројца ментори и тројца ученици, го работеа проектот „3Д технологиите, предизвик на денешницата и неопходност на иднината“ и за него добија 250.000 денари. Меѓу наградените беше и проектот на СОУ „Јосип Броз Тито“, под наслов „Присуство на тешки метали во почвата на потег Битола-РЕК Битола“. Него го изработија двајца ментори и шест ученици, со средства во висина од 287.500 денари.

Македонија | пред 6 години

6 год.
DSC_01-1

Мицкоски од Кавадарци: Нашите приоритети се развој на економијата, нови работни места - Македонија да биде технолошки тигар на Балканот

Мицкоски ја посети Ми Комерц компанија која се занимава со трговија и производство на алуминиумска браварија. Тој на средбата со сопствениците истакна дека развојот на компаниите е тесно поврзан со економските политики кои ги спроведува државата, но за жал во Република Македонија со актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев тоа е невозможно бидејќи владата го оптоварува стопанството со зголемените даноци со кои на сопствениците им го намалува приходот, со што не обезбедува добри бизнис услови за компаниите.Ми Комерц е успешна компанија со долгогодишно искуство и со огромен потенцијал за развој. Тој потенцијал ќе се развие само доколку државата обезбеди поддршка и добри бизнис услови. Но каква е состојбата денес: владата го оптовари стопанството со зголемени даноци, кој на стопанствениците им го намалуваат приходот, нема реална поддршка на бизнис секторот од државата, ниту пак реално достапни свежи средства кој ќе овозможат дополнителни инвестиции. Нема правна сигурност во бизнисот бидејќи неправдата е основата на која дејствува оваа власт. Државните тендери се доделуваат во сомнителна и коруптивна постапка, додека Македонија е прогласена за една од најкорумпираните држави и се наоѓа во друштво со Свазилен. Кредитниот рејтинг на државата не е подобрен додека бирократијата и понатаму го гуши бизнисот.Владата ја тргна Македонија од мапата на конкуренти регионални пазари. Неспособност и криминални побуди е основата на дејствувањето во бизнисот на оваа власт. Тоа мора да се промени. Нашите приоритети ќе бидат развој на економијата, отворање на нови работни места, добри бизнис услови и сигурни и повисоки плати, Македонија технолошки тигар на Балканот. Тоа е возможно, и ние тоа ќе го направиме. За да се случи ова потребни се промени, мора да се избориме за правда и достоинство, за подобар живот. Претседателските избори се првиот чекор кон промените, вели претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Силјановска Давкова ги посети пазарџиите на Зелен пазар

Кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пазарџиите на Зелен пазар со кои говореше за лошите услови кои ги чувствуваат на нивна кожа.Пред пазарџиите г-ѓа. Силјановска Давкова истакна дека многу често оди на пазарчето Буњаковец, во близина на нејзиниот дом. Тоа никогаш не и е напор и задача, туку уживање.Таму секогаш е добредојдена, бидејќи наоѓа време да си поразговара за она што се нуди, а и со продавачите се познава долги години. Ги знае сите нивни маки и радости.Денес, сепак, бев на Зеленото пазарче. Убаво беше да се види дека и таму сум добредојдена, иако не ме гледаат секојдневно. Маките се исти, очекувањата исто така.Земјоделците и пазарџиите се вредни луѓе, стојат по цел ден и на студено и на топло време, за едвај да извадат за егзистенција. Последните потези на владата ги предизвикаа овие луѓе на протести. Тие се само една од групите во општеството кое се чувствуваат изневерени и ограбени. Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот, појасни г-ѓа Силјановска Давкова.

Скопје | пред 6 години

6 год.
0-02-04-d6f233268246c5a9c21637123be14

МИОА ја одбележува глобалната недела на Отворено владино партнерство

Министерството за информатичко општество и администрација ја одбележува глобалната недела на Отворено владино партнерство со јавна расправа на тема: „Каде сме и кои се следните чекори во рамки на отвореното владино партнерство“.Настанот го отвори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Како што истакна тој, во изминатата година Владата на Северна Македонија и МИОА, направија голем исчекор во остварување на заложбите кои се дел од ОВП.„Кога пред една година го дефиниравме новиот Акциски план, кажав дека Владата и МИОА се залагаат за документ со конкретни мерки и активности.Мерки кои ќе придонесат за јакнење на соработката на институциите со граѓанските организации, бизнисите, медиумите, но најважно со граѓаните.Една година подоцна, со задоволство можам да кажам дека во таа намера успеавме. Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики. Тоа е единствен начин да имаме политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и потребите на сите граѓани“, подвлече министерот Манчевски.Основен предуслов за Отвореното владино партнерство да биде успешен процес е враќањето на довербата на граѓаните во институциите. Владата и МИОА тоа го прават преку активна транспарентност и отворање на податоците.„На крајот на минатата година го отворивме и новиот портал за отворени податоци. Бројот на податочни сетови достапни во моментов е 190 од повеќе од 40 институции. Ова е повеќе од тоа што беше предвидено во Акцискиот план. Свесноста кај институциите за важноста од отворањето на податоците се зголемува. Во секоја институција имаме задолжен офицер за отворени податоци. Бизнис заедницата, медиумите, граѓанските организации и најважно граѓаните, се повеќе ги користат овие податоци, што е и основната цел на нивното објавување“, истакна министерот Манчевски.Оваа година за првпат, во Северна Македонија имаме висок претставник од Канцеларијата за ОВП од Вашингтон, односно заменик-директорот Џо Пауел.Тој се осврна на соработката со МИОА и успехот што Северна Македонија го постигна по усвојување на новиот Акциски план за ОВП.„Во однос на вашата земја, гледам заложби за отворен трезор, измени во Законот за спречување на корупција, со фокус на граѓаните, отворање на што поголем број на податоци... Ова е навистина амбициозен и интересен план, и е согласно вашата цел за влез во Европската Унија. ОВП е тука да ви помогне во реализирањето на сите овие цели. Во однос на предизвиците, еден од предизвиците е имплементацијата на овие планови. Тоа не е нешто што се случува во период од една година, за тоа е потребна и храброст и политичка волја. Но, верувам и гледам дека Северна Македонија има потенцијал, мислам најголем во регионот во однос на можноста за функционирање на ОВП. Тоа е место, платформа каде сите вие можете да добиете идеи, алатки и нови иновативни решенија. Ние нема да ви кажуваме што да правите, тоа го оставаме на вас, а ние само можеме да ве поддржиме“, порача Пауел.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања