Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
Нема фотографија

Ѓорчев: Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра навистина одлични кандидати за градоначалници

Вчера Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра навистина одлични кандидати за градоначалници на претстојните избори за Охрид и Ново Село.Во делот на Охрид кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е д-р Митре Милошевски, неврохирург, татко на две деца, вработен во болницата Свети Еразмо во Охрид, човек кој што го знае цел град подготвен да биде градоначалник на сите граѓани. Навистина, д-р Митре Милошевски е одличен кандидат, го препорачуваме на Охриѓани, охриѓани го препознаваат и во наредните 40-тина дена нема да има врата, нема да има населено место, нема да има населба, село или било која улица во која што нема да појде, истакна на пресс конференција Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Сметаме на победа во Охрид. Изборите во Охрид се навистина важни исто како оние во Ново Село, во Дебар и секаде каде што има избори, и се надевам на навистина одличен резултат.Изминатата една година Охрид целосно и тотално беше заборавен од централната власт. Нема никакви проекти, Охрид стагнира, Охрид се иселува, Охрид исчезнува и затоа на градот, на околните места им е потребен и економски и локален напредок, а тоа нашиот кандидат Митре Милошевски заедно со својот тим, заедно со граѓаните може да го обезбеди.Во, вториот дел исто така имаме одличен кандидат. Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го кандидираат Николчо Стоилков од Ново Село за градоначалник на општина Ново Село, магистар по деловно право и вработен во Царинската управа на Република Македонија, татко на две деца, домаќин човек кој што го знаат граѓаните на сите населени места во општина Ново Село.Време е да се стави крај на скандалите во општина Ново Село. Време е да се стави крај на криминалот во Ново Село, епизодите поврзани со Боро Малборо и сите останати скандали кои што таму се случуваа. Ни треба чесен човек, домаќин човек, човек кој што ќе може да работи за Ново Село а Николчо Стоилков е токму таков, човек со енергија, човек со иницијативност, со компетенции, со тим и луѓе околу него.Затоа ги повикуваме граѓаните на општина Охрид и Ново Село да застанат зад овие двајца одлични кандидати. Луѓе кои што ги познаваат, луѓе кои што имаат проекти, луѓе кои што ќе бидат целосен контраст и спротивност од она што го имаме во моментот.Исто така Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваше и констатираше дека вкупните состојби во Република Македонија се тешки, економската состојба е катастрофална, иселувањето е поголемо од било кога а тоа се гледа и преку бројките, така што ова беспреспективност која што во моментот ја имаме во Македонија треба да биде прекината.Наместо развој, наместо инвестиции, власта на СДСМ секој ден нуди скандали кои што немаат никаква разрешница, нема живот туку напротив иселување и исчезнување, истакна Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Арсовски: Нов ден, нов скандал во РЕК Битола

Сомнителното работење на СДСМ и на оваа влада нема крај. Нов ден, нов скандал во РЕК Битола.Денес објавуваме нов договор во 4 очи помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест, договор за ископ на јаловина во Суводол. Тендер вреден 49 милиони денари, исто така 800.000 евра како вчерашниот склучен пред нова година, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Исто така по некоја случајност РЕК Битола неосновано и го раскинува договорот на фирма која работи со години претходно и новиот договор го добива фамозната фирмата СВ Инвест, која притоа немала ниту сопствена механизација, ниту пак искуство, ниту пак техничка стручна поддршка од кадар.Сето ова, фирмата СВ Инвест го изнајмува од други фирми кои што ги ангажира со механизација, со транспортни камиони, со работници и со се останато. Се она што им е практично потребно за ископ на јаловина од рудникот Суводол СВ Инвест го измајмува од други фими односно подизведувачи.Значи да сумираме, фирма без механизација, без багери, без транспортни камиони, без работници, добива тендер од 49 милиони денари, потенцирам договорен во 4 очи помеѓу РЕК Битола и СВ Инвест, за сметка на сериозни компании кои што имаат долгогодишно искуство, а им е раскинат договорот неосновано.Прашуваме,Зошто е раскинат договорот на претходната фирма и според кои критериуми токму фирмата СВ Инвест го добива милионскиот тендер во 4 очи?Дали можеби тука некој извршил влијание токму фирмата СВ Инвест да ги добива сите милионски тендери во РЕК Битола?Очигледно е дека единствен критериум да се добие тендер во РЕК Битола е да бидеш поврзуван и да бидиш во блиски релации со картелот на власт.Ова е начинот на работа на СДСМ, на Заеви, на криминалниот картел и на власта. Сомнеж за криминал и ништо друго. Личен интерес и личен профит единствено на конто на фамилијата.Го охрабруваме јавното обвинителство да ги истражи сите овие случаеви и да поведе соодветни постапки.Бидејќи за ова и за сите други потенцијални криминални дејанија сите ќе сносат одговорнос еден ден и ќе одговараат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
2-10

Премиерот Заев со Теохаропулос: Договорот од Преспа е историски чекор и иднината

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се сретна со Танасис Теохаропулос, претседател на политичката партија ДИМАР и пратеник во грчкиот Парламент, придружуван од неговите соработници, се вели во владиното соопштение.На средбата, премиерот Заев посакувајќи им топло добредојде на гостите од Грција, ја истакна нивната храбра одлука како партија да го поддржат Договорот од Преспа, со што, како што подвлече Премиерот се преземаа конкретни чекори за реализирање на историските достигнувања за двете земји.„Драги пријатели, сакам да Ве охрабрам и да Ви ветам дека отвораме ново поглавје на пријателство, поблиска соработка и стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, што ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните на обете земји“, рече премиерот Заев додавајќи дека Договорот од Преспа придонесува кон регионална стабилност и соработка, и е добар модел за целиот Балкански Полуостров.Лидерот на Демократската левица, Теохаропулос, кој во грчкиот Парламент гласаше за ратификација на Договорот од Преспа и беше избришан од Движењето на промена, коалицијата на ПАСОК и Демократска левица, поради различниот став од мнозинството пратеници на Коалицијата, на премиерот Заев му упати честитки за исправната одлука во врска со Договорот од Преспа, која како што истакна е еден вид победа над национализмот.Беше истакнато дека Северна Македонија ја има целосната поддршка за приемот во НАТО и беше понудена соработка за што поскоро исполнување на условите за почеток на преговорите со Европската Унија.На средбата, соговорниците изразија одлучност за унапредување на меѓусебната доверба, разбирање и поддршка во иднина и развивање и зајакнување на веќе поставената економска и трговска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Македонија | пред 6 години

6 год.
za-posta-vmro

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Заради политиките на Зоран Заев ЈП Македонски пошти го изгуби својот идентитет

Заевизмот и капитулантската политика на Зоран Заев институцијата Македонски пошти ја преименува во Национални пошти. Јавното претпријатија зад мене е јавен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај на Македонија, кое заради политиките на Зоран Заев го изгуби својот идентитет, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Да потсетиме поштите се синоним на држава и прво организирано институционално дејствување на системот за комуникации кое речиси по правило носи во својот назив, во своето име идентитетски карактеристики на државата.Затоа постојат Бугарски пошти, Пошта Србија, Пошта Косово, Канадски Пошти и други примери, но заради Владата на Зоран Заев и нивната безумност Македонија ќе има Национални пошти без белег на Македонија или пак Македонски.Да биде апсурдот поголем Македонски Пошти долги години промовираше поштенски марки за одредени историски, културен или историски поводи или јубилеи во Македонија со цел да го одбележи и зајакне идентитетот, за сега истото претпријатие да го загуби сопствениот идентитет заради квинслишката политика на власта.Ова е само уште еден пример, уште еден доказ дека Заев го понижува својот народ. Договорот од Преспа не значи само бришење на уставното име на државата, туку и уништување на институционалниот идентитет што ќе направи огромна штета на достоинството на македонскиот народ и на државата.Поразите на државен и национален план кои во низа ги предизвикува Зоран Заев мора да престанат. Првиот чекор се претседателските избори кон победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со што ќе отпочне падот на криминалниот деспотизам предводен од Зоран Заев и ќе донесе повторно надеж, гордост и достоинство во Македонија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

6 год.
deca-autizam-zagaden-vozduh

Општина Кисела Вода изготви катастар на загадувачи

Општина Кисела Вода во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје согласно Законот за животна средина изготви катастар на загадувачи кој ги содржи потребните податоци за деловните субјекти, кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на нејзината територија.Катастарот го изработи експертски тим на „Технолаб“ со собирање на податоци кои се вметнати во картите на загадувачи.Целта на катастарот е преку него да се добие квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата и генерираниот отпад, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина на територијата на локалната самоуправа, како и за контрола за успешноста на мерките кои ќе се преземаат. Базата на податоци и обработката на истите, на институциите ќе им служи како инструмент за одржливо управување со квалитетот на животната средина.

Скопје | пред 6 години

6 год.
sovest-mars

Здружението Совест повукува на мирен протест против незаконското градење на 32 метарско минаре

Здружението Совест повукува на мирен протест против незаконското градење на 32 метарско минаре. Во својот повик од Совест пишуваат:Од име на здружението Совест ве повикуваме секој граѓанин да учествува во делот на организација на престојниот мирен протест против незаконското градење на 32 метарско минаре на Али пашина џамија во делот на воспоставување ред, се со цел протестот да биде изразен достоинствено и во најдобар ред.Ви благодариме.. За Охрид до крај!!!

Македонија | пред 6 години

6 год.
film

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Хомо“

Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов, кое ќе се реализира во период од пет недели на повеќе од 20 локации во Скопје.Филмот претставува сублимат од шест различни приказни, на шест различни карактери од Скопје, кои етапно се вкрстуваат и низ лавиринтот на распаднатото општество нивните судбини засекогаш се менуваат. Во сите шест приказни провејува нишка на преиспитување на примарните човечки вредности. Сѐ почнува како комедија, продолжува како социјална драма и на крај завршува со карактеристики на документарец кој тежнее да го соочи обичниот човек со степенот на дехуманизација, суровост и алчност во општеството.Во реализацијата на овој најнов македонски долгометражен филм е вклучена меѓународна екипа која брои над 120 членови – автори и филмски професионалци. Листата на актери која брои над 70, ја предводат Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Мајлинда Косумовиќ, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Сергеј Димовски, Јоана Буковска, Себастијан Кавца, Александар Матовски, Јордан Симонов, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.Сценарито е на Иванов и на Сашо Кокаланов, а кинематографер е Маја Радошевиќ  од Србија. Монтажата е на Мартин Иванов.  

Магазин | пред 6 години

6 год.
IMG_1134-12-03-19-11-32

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Епидемија на еколошка катастрофа со крајбрежјето - пеплосани црни површини со опожарена трска

Епидемија на еколошка катастрофа со крајбрежјето на Охридското Езеро. На секој чекор дивоградби, а сега и пеплосани црни површини со опожарена трска и ниска вегетација во близина на автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо, истакна на пресс конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.Откако кандидатот за градоначалник Константин Георгиески не успеа да создаде ред со дивоградбите, сега да одговори дали со палење на трската се подготвуваат терените за узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби?Профитот на СДСМ оди до крајности, се уништува животната средина, се пали трската на крајбрежниот појас, се подготвува теренот за нови дивоградби, а нема никаква контрола од надлежните институции.Остана ли нешто неуништено? Зарем ова е ничија земја? Важат ли овде законите на државата?Зошто нема реакција од Министерството за животна средина и просторно планирање?Охриѓани секојдневно ги гледаат дивоградбите само градоначалникот Георгиески и инспекторите не. Додека Охрид тоне во слепилото на партиските интереси на власта со урбаната мафија, надлежните институции и локалните инспектори молчат.УНЕСКО не сугерираше вакво неодговорно однесување и негрижа за животната средина со уништување на флората и фауната. Свесно се премолчува намерното уништување на природата.Дали ова е начинот на подобро менаџирање со плажите?Црнила во природата, црнила во животот на граѓаните. Нема владење на правото и законите.Казната треба да биде спроведена веднаш, а штетата надоместена. Молкот на локалната власт за дивоградбите и уништувањето на трската е еднаков со негрижата за животот на граѓаните. Охриѓани нема да молчат и неодговорноста и негрижата кон нив ќе ја казнат за многу кратко време, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

6 год.
vlada-zname-nato

Влада: Нема иницијатива за размена на споменици

Нема иницијатива за размена на споменици, велат од Владата за МИА по објавените шпекулации во грчките медиуми дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје.– Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани на имплементацијата на Преспанскиот договор. Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија, стои во реакцијата од Владата.Инаку веста за размена на спомениците од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
ministerstvo-za-kultura-5

По скандалот објавени финалните резултати – еве кој доби пари од Министерството за култура

Министерството за култура на својата веб-страница ги објави финалните резултати од годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година. Повторното разгледување на пријавите следуваше откако во јавноста културните работници и професионалци жестоко ја критикуваа распределбата на средствата, при која според одредени апликанти кои не добија средства биле фаворизирани проекти блиски на структурите на власт.Од министерството потсетуваат дека рокот на жалба е 15 дена од денот на приемот на решението, но жалбата не го одлага извршувањето.Еве кој доби пари од министрството за култура. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
policija-123

Кривична за директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријва против А.Н.(35) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Пријавениот, како директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на Република Македонија, во периодот од 20.01.2015 до 03.08.2017 година, за свои лични потреби, а на штета на Буџетот на РСМ, злоупотребил буџетски средства во вкупен износ од 1.040.616 денари, додека со непочитување на законските одредби од Законот за јавни набавки и без спроведување на постапки за јавна набавка, на штета на Буџетот на РСМ, за трети лица овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 660.594 денари.Пријавениот, без да донесе соодветни одлуки, акти и правилници за условите за користење на средства за репрезентација , за патни и дневни расходи, извршил набавки на стоки и услуги кои што не биле поврзани со работењето на Дирекцијата, во вкупен износ од 1.040.616 денари и ги искористил за свои лични потреби.Исто така, пријавениот, во наведениот период, без да спроведе постапка за јавна набавка, со свесно намалување на набавките на износи до 500 евра без ДДВ на месечно ниво, со средства од буџетот на Дирекцијата извршил набавки на стоки и услуги од пет правни лица и со тоа им овозможил да се стекнат за имотна корист во вкупен износ од 660.594 денари.Со овие дејствија А.Н. нанел штета на Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1.701.210 денари.

пред 6 години

6 год.
katica-janeva

Катица Јанева за Вечер:Уништени се докази, но ништо страшно може да се обноват!

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за весникот Вечер  утрово потврди дека со поплавата се уништени  докази, но дека истите се обновливи. Запрашана дали доказите во ова обвинителство се чуваат според пропишаните процедури Јанева кусо одговори;Запазени се сите процедури. Чувањето е нормално како и во другите инситуции.Специјалната обвинителка уверува дека нема ништо страшно и дека докзите кои биле зафатени од поплавата може да се обноват, објави vecer.press. Текстот во целост на : vecer.press

пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski

Не помина интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски

Со 59 гласа „против“ , 20 гласа „за“ и 10 воздржани во собранието не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Барањето за интерпелација отвори жестока политичка дебата во Собранието.Опозицијата обвинуваше за нерасчистени смртни случаи, раст или пад на стапката на криминал, а Власта пак бранеше дека Спасовски е професионалец, кој посветено ги исполнува своите обврски како министер за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Поведена постапка за дилер на дрога од скопско Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице  од скопско Арачиново, поради постоење на основано сомнение дека  сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При извршен претрес во просториите на домот во кој живеел осомничениот и во подрумските простории пронајдени се вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Дрогата била подготвена за продажба во црна торба и поделена по  полиетиленски кеси. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица  е пронајдена и дигитална вага, како и поголем износ на парични средства.Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделците се помалку се во можност да ги обработуваат своите ниви и едвај преживаат

За тоа колку СДСМ се грижи за земјоделието говори фактот што откако се на власт Македонија има пад во земјоделскиот сектор. ДЗС потврди дека земјава во 2018 година споредено со 2017 година бележи пад од 5% во земјоделието, а во 2017 година во однос на 2016 година од 13,5%, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.Исто така податоците на ДЗС говорат и дека извозот во 2018 година споредено со 2017 година е намален за 3,7%, а увозот зголемен за 1,1%.Податоците на ДЗС потврдуваат дека откако е СДСМ на власт земјоделците се помалку се во можност да ги обработуваат своите ниви и едвај преживаат, а државата станува увозно зависна.Тоа е резултат на негрижата на СДСМ за земјоделието. Ветувањата за загарантиран откуп, пласман и нови пазари останаа само мртво слово на хартија.Земјоделските производи наместо на пазарите завршуваат на буниште. СДСМ направи пустош во македонското земјоделие, го потцени трудот на земјоделците и го погази нивното достоинство. Земјоделците заслужуваат подобро, токму затоа потребно е СДСМ веднаш да си замине, велат од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

6 год.
sneg-hrvatska

(ВИДЕО) Бура беснее во Хрватска, врнежи од град и снег

Денеска делови од Хрватска се зафатени со силно невреме, проследено со силен ветер и врнежи од град. Особено на брегот, на  сила се  жолт, портокалов и во некои делови од земјата и црвен метеоаларм.  Според податоците на метеоролошките станици, регистрирани се и повеќе од 2000 громови во денот на денот, а температурата се спуштила до 0 степени целзиусови.https://www.facebook.com/istramet/photos/a.449911986071/10156696706581072/?type=3&theaterhttps://www.facebook.com/istramet/videos/390714705096591/  

Свет | пред 6 години

6 год.
ministerka

(ВИДЕО) Хрватската министерка која удри поднесе оставка, вели имам возачка дозвола, само ми била истечена

Хрватската министерка за регионален развој, Габриела Жалац, која со своето возило удрила дете, поднесе оставка. Во сообраќајката што се случи во саботата во Винковци, потешко е повредено девојче кое претрчувало преку улица кога министерката на него налетала со возило.Девојчето било пренесено во болница, а според хрватските медиуми, брзо заздравува.Жалац  денеска истакна дека дури по несреќата видела дека возачка дозвола имала важност до 2016, затоа што била издадена во 2006 година.Не возев без возачка, имам возачка, но истечена е. На премиерот во саботата му понудив оставка. Му го понудив мандатот на располагање. Не ме оправдува тоа што возачката ми е неважечка. Тоа е сплет на околности. На мојата улица претрча дете, се обидов да го избегнам, а за среќа од спротивен правец не доаѓаше никој, вели Жалац. 

Свет | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Распишан јавен повик за субвенционирање за граѓаните за набавка на велосипеди

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје да користат велосипеди, распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипед.Со овој јавен повик, Градот Скопје на граѓаните кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето (11.03.2019 година) на Јавниот повик, заклучно со 30.06.2019 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување велосипед. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипедБарателот треба да ги исполни следниве услови:- да е жител на Град Скопје (во општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари);- подносителот на барањето досега да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од Град Скопје;- велосипедот да го купи од денот на објавување (11.03.2019 година) до денот на завршување на Јавниот повик (до 30.06.2019);За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави:- барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk );- доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот;- фотокопија од трансакциска сметка на барателот;- изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје;- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик;Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15:00 часот.Субвенционирањето на граѓаните за набавка на велосипеди е една од мерките на Градот Скопје за промоција на велосипедот како рекреативно и превозно средство, чие користење има многу придобивки: истото е финансиски достапно, економски исплатливо и еколошко превозно средство, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, како и за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Zoran_Zaev

(ВИДЕО) Заев тврдеше дека доказите на СЈО не може никој да ги уништи

Премиерот Зоран Заев пред само една недела тврдеше дека никој не може да ги уништи доказите на СЈО. Но, вчера од емисијата „360 степени“ добиле информација дека имало поплава во подрумските простории на СЈО, каде имало дел од доказите.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/361075147818343/?v=361075147818343Како што велат за „360 степени“ од Обвинителството, дел од доказите се уништени.

пред 6 години

6 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Само 20 пратеници ја поддржаа интепрелацијата што ВМРО- ДПМНЕ ја поднесе за Спасовски

Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл во Собранието, само 20 пратеници ја поддржаа интерепелацијата што по негов налог ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.Се појасно е дека Христијан Мицкоски нема поддржка ниту во сопствената пратеничка група, на она што остана од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително тоа е уште една потврда дека интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски беше неоснована.Собранието на Репубила Северна Македонија изгуби уште еден ден поради Христијан Мицкоски, наместо сите пратеници да се посветат на реформските закони, на законските решенија кои носат придобивки за граѓаните и државата.Јасна е разликата, од една страна е СДСМ и мнозинството кои работат на спроведување на реформите, на напредокот, на подобрување на животот на граѓаните а од друга страна се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат идеја, план, ниту визија, велат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања