Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
6 год.
53593388_10157258313845680_5341100795343405056_n

(ФОТО) Излетал од патот и удрил во дрво, а потоа во паркирани возила, две лица со тешки повреди

На 12.03.2019 околу 01.25 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле  возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Девет сообраќајки во изминатото деноноќие во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (11.03.2018) на територијата на СВР Скопје  од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 36 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 28 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници.Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи 20 биле нерегистрирани, четири возила поради техничка неисправност и едно возило поради претовар. Санкционирани е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум поради некористење заштитен шлем при управување со моторцикли, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 132 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило "пајак".  На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои седум со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

6 год.
imperija

(ВИДЕО) Поплава во СЈО ги уништина главните докази во истрагата „Империја“

Поплава во подрумските простории на Специјалното јавно обвинителство уништила и оштетила докази во истрагата „Империја“. Тоа е предметот во кој Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделески и 10 други се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои измама и перење пари. Според доброупатени извори на 360 Степени поплавата се случила минатата недела. Случајно или не, веднаш по настанот, обвинителката што го води предметот „Империја“, Лиле Стефанова, отсуствуваше од работа, објави 360stepeni.mk.Порталот уште пишува:„Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките на тој систем, пришто беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на СЈО осигурени се како објектот, така и опремата“. Со оглед на тоа што „Триста“ и „Шпион“ се во фаза на судење, шанса за неповратна штета има само кај „Империја“, кој е во фаза на истрага. А ова и не е прв преседан поврзан со овој предмет. Уште кога СЈО ја објави истрагата, на 9 ноември минатата година, обвинителството немаше вообичаена прес-конференција ниту пак ја следеше сопствената пракса да објави детали од кои може да се види кој за што се сомничи или каква е поврзаноста меѓу физичките и правните лица во предметот.Петмина осомничени, меѓу кои Камчев и Мијалков, завршија во притвор, а за јавноста беше објавено соопштение со збирен преглед на кривичните дела и најава:„Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела...“ – се вели во дел од соопштението на СЈО од 9.11.2018Само месец и половина подоцна, на крајот на декември, СЈО се премисли и наместо дотогашниот затворски побара куќен притвор за осомничените во овој предмет. Образложението беше дека успешно се прибрани сите докази и потребни сведочења, пишуваат од 360stepeni.mk.Текстот во целост на: 360stepeni.mk

пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Малолетник каснат од куче скитник

На 11.03.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Љ.И.(31) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 15 - годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник

На 11.03.2019 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, П.Д.(76) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Пронајдени 129 грама кокаин кај 20-годишен скопјанец

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција реализираше случај на недозволена трговија со кокаин и поднесе  кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 11.03.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња, општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.. При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово. Е.А. e лишеn од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

Скопје | пред 6 години

6 год.
Naum-stoilkovski

(ФОТО) Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со СЈО, Заев и Пендаровски

Откако „360 степени“ на телевизијата Алсат М ја објави информацијата дека поплава во Специјалното јавно обвинителство  уништила и оштетила дел од доказите за дури три предмети на оваа обвинителство, меѓу кои и „Империја“, на својот профил на Твитер реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Стево вози Југо следен од странски служби, Холокаустот е традиција, а поплава во СЈО однела строго таргетирани докази! Остана нешто за утре?“, напиша Стоилковски.https://twitter.com/NaumStoilkovski/status/1105263882921304065

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

„Матица македонска“ утре ќе ја одбележи деведесгодишнината од раѓањето на Матеја Матевски

Со изборот од поезијата „Дождови - 90 песни“ од Матеја Матевски, што го приреди поетот Раде Силјан, на 13 март (среда) 2019 година во 12 часот,  во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, книгоиздателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи деведесгодишнината од раѓањето на големиот македонски поет. За богатиот опус на Матевски и за неговото значење во современите текови на македонска литература ќе говорат акад.Витомир Митевски и писателот Паскал Гилевски. Стихови ќе читаат македонски писатели, следбеници на неговото дело, а свеченоста ќе ја збогатат македонските музички виртуози Драган Даутовски и Васил Атанасов.Матеја Матевски (Истанбул,1929 – 2018,Скопје ) спаѓа во редот на челниците на современата македонска литература. Автор е на дваесет и четири поетски книги, на седум книги со критики и есеи, а преведе на македонски јазик шеесет книги од шпански, француски, руски, српски и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни награди. Во 2011 година беше носител на престижната меѓународна награда „Златен венец на Струшките вечери на поезијата.

Магазин | пред 6 години

6 год.
zemjodelci

СДСМ: Над 24 милиони евра за нов систем за наводнување во валандовскиот регион

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството и вистинска грижа кон земјоделците, велат од владејачката СДСМ.„Потпишан е договорот за реализација на проектот „Програма за наводнување на јужна Вардарска долина втора фаза“, кој што ќе обезбеди модерен систем за наводнување на земјоделските површини и намалување на трошоците за наводнување за земјоделците од валандовскиот регион.Инвестицијата во вредност од над 24,3 милиони евра се состои од главна и секундарна мрежа за наводнување во вкупна должина од 85 километри. Со изградбата освен што ќе се намалат трошоците за наводнување, ќе се зголеми и опфатот на површини кои ќе се наводнуваат од новиот систем. Ако досега со системот се наводнуваат околу 1.600 хектари, по реализација на проектот ќе бидат опфатени над 2.000 хектари обработливо земјоделско земјиште.Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување на мерките и политиките кои го олеснуваат животот на земјоделците и го развиваат и унапредуваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
oliver-spasovski-zoran-zaev

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја поддржа интерпелацијата и застана зад криминалот на Спасовски

Криминалната власт на чело со Зоран Заев вчера застана зад криминалот на Спасовски. СДСМ не ја поддржа интерпелацијата на Спасовски и со тоа ги одобри нерасчистените убиства, грабежите и запалените автомобили, кои станаа редовна појава низ улиците на Скопје и градовите ширум државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Спасовски уште од самото назначување го започна својот мандат криминално. Потроши 1 милион евра Чешка донација за договор во четири очи за набавка на 40 возила Шкода Октавиа, прозван беше и од граѓаните и од медиумите, но одговорност никој не понесе.МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот. Откако е Спасовски на чело на МВР има 9 нерасчистени убиства за кои јавноста е информирана, а грабежите и разбојништвата станаа пракса.Граѓаните се исплашени да излезат навечер. Скопје е претворено во Бејрут. Се палат авотмобили на секој чекор, а власта не презема ништо.Спасовски го искористи МВР и за делење на лиценци за милионскиот бизнис со возачки испитни центри, со што бизнисите ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот.МВР по раководство на Спасовски е повеќе на штета отколку во корист на граѓаните.Спасовски и СДСМ мора да си заминат. Со секој поминат ден со СДСМ на власт Република Македонија е се понебезбедна држава. Потребно е СДСМ да си замине, тоа е можно само на предвремени парламентарни избори кои ќе се распишат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

6 год.
K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери на ратификацијата на Протоколот за НАТО во Романија и Литванија

Претседателот на Собранието Талат Џафери, од денеска до четврток ќе присуствува во Романија и во Литванија, каде во собранијата на двете членки на НАТО, ќе се ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.Во Парламентот во Романија седницата е закажана за 13 март, додека во Сејмот на Литванија ќе се одржи на 14 март. Џафери ќе има обраќање пред парламентот во Литванија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.Џафери ќе биде придружуван од пратеникот Панчо Минов, а ќе оствари билатерални средби со државни претставници на двете земји.

Македонија | пред 6 години

6 год.
zaev-evreite-2-960x638

Заев се извини на Фејсбук

Зоран Заев на вечерашната комеморативна свеченост по повод 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи направи лапсус и наместо трагедија, рече традиција, па се извини на Фејсбук.-Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка. Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“. Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување. Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот. Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства, напиша Заев.

Македонија | пред 6 години

6 год.
Нема фотографија

Облачно со врнежи од дожд и ветер до 90 километри на час

Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престанувааат, а до крајот на денот облачноста ќе се намали.Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово -1, Охрид, Берово и Битола 4, Кавадарци 8, Крива Паланка 3 и Дојран 11 Целзиусови степени.Утре ќе има преодна стабилизација со пониски утрински температури, а во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд. Од петок ќе биде стабилно, за време на викендот сончево и значително потопло.

Македонија | пред 6 години

6 год.
49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Снег на Попова Шапка и Ѓавато, внимателно возење

На ден 12.03.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес - Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, a на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен ветер се бележат на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар. Намалена видливост поради појава на магла од 50 - 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Македонија | пред 6 години

7 год.
bigorski-velikoposna-pesna

(ВИДЕО) Прва великопосна песна снимена во Бигорскиот манастир

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, изработен e нов видео запис, за првата великопосна - “Сега е Свет и Велик Пост”.Овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, блиска до мијачките обичаи. Песната во спотот ја изведува верниот чувар на нашата културна традиција, Ансамблот “Македонија”.Режијата и монтажата е на Горан Костадинов, камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, дрон: Небојша Петревски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
mitre-miloseski

Митре Милошески, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Охрид

После подолги преговори, натегања, анализи, анкети, ВМРО ДПМНЕ одлучи, д-р Митре Милошески е кандидат за градоначалник за Охрид, дознава Скопје 1 од извори во партијата.Изборот на градоначалник на Охрид, Дебар и Ново село  ќе се одржат на 21 април заедно со редовните претседателски избори.  Охрид ќе избира нов градоначалник после прераната и ненадејна смрт на градоначаникот,  48 годишниот Јован Стојаноски, кој беше на чело на општина Охрид повеќе од 1 година. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
ekstazi

Охриѓани и кавадарчани приведени во Струмица поради дрога

На 10.03.2019 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“, од слобода биле лишени две лица од Охрид, и две лица од Кавадарци кај кои при преглед биле пронајдени и одземени амфетамини и други предмети со остатоци од амфетамин.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
crkva-sv-Dimitrija

Нова иницијатива: Штом се удоволија желбите за џамијата, бараме и возобновување на црквата Св. Димитрија

Нова иницијатива во Охрид. Охриѓани на социјалните мрежи најавуваат дека ќе покренат иницијатива за конечно возобновување на црквата Свети Димитрија на главниот плоштад во Охрид. Ваква иницијатива како што дознаваме утре ќе предложи и една од политичките партии со десничарска ориентација која е дел од владејачката коалиција.Денеска и познатиот адвокат Мишел Наумовски и неговиот брат бизнисменот Антонио Наумоски јавно кажаа дека  даваат отворена поддршка за оваа иницијатива. Тие велат дека и финансиски се подготвени да помогнат за изградбата на овој верски храм. Покрај Наумовски иницијативата ја поддржаа и други бизнисмени, кои велат дека за брзо јавно ќе проговорат на оваа тема.Контактиравме и со директорката на заводот за заштита на спомениците на културата и народен музеј Охрид Елеонора Новаковска. Таа  за Скопје 1 вели дека до овој момент ваква иницијатива не е стигната до заводот, но како што кажа доколку стигне ќе се формира комисија која ќе ја разгледа истата.Инаку обновата на Црквата Свети Димитрија е заборавена тема од пред десет години, кога се направи обид да се возобнови овој православен храм , чии темели се под плоштадот во Охрид и се прецизно лоцирани во 1961 година.Денес на плоштадот стои импровозирана црквичка со икони, а тука на тоа место секоја година се слави празникот Свети Димитрија.Темелите на објектот укажуваат дека се работи за стара ранохристијанска црква која била изградена во VI век, и постоела до доаѓањето на турците, кои во XIII – XIV ја срушиле и врз темелите изградиле џамија, која постоела до 1947 година.Во 1961 година археолозите, Вера Битракова и Елена Чипанова при истржувањето на темелите утврдиле дека тука била црквата, а пронајдена била и иконата на Св. Димитрија и средишниот мермерен столб.Во 2005 година се поркена иницијатива за возобновување на црквата но тоа не успеа заради успешен отпор од страна на тогашните власти и Исламската верска заедница. Инаку според проектот за изградба, основата на црквата е со димензии: 17,5 м во должина, 12,5 м во широчина, на две висини и плус петте куполи и камбанарија со градски саат. Ваквата димензионираност се базира на преданијата за изгледот на старата црква.Денес тука е изграден времен параклис, каде луѓето палат свеќи и донираат пари за обнова на црквата. Патрониот празник Митровден се слави со голема општонародна веселба на плоштадот.Црквата во повеќе наврати била ограбувана.  

Македонија | пред 7 години

7 год.
1-5-1

Пендаровски: Прв пат после 10 години имаме јасна насока каде одиме

Ова е време на решавање на децениски проблеми, кои Македонија ја држеа закована за дното можеби дваесет и кусур години. За оваа работа да тргне напред и да излеземе од дното нагоре, најзаслужна е оваа владина структура, новата влада која од пред две години ја превзема одговорноста за земјата, стои во соопштението од СДСМ.Во изминативе година и пол до две, се донесоа навистина тешки и сериозни одлуки, меѓутоа беше нужно да ги донесеме, затоа што без нив ќе останевме заковани во изолација и ќе бевме најобична паланка во рамки на Балканот, да не зборувам за Европа.Се кандидирам за Претседател на државата, затоа што верувам во овој пат, затоа што верувам во насоката којашто започна да ја води државата новата Влада на чело со Зоран Заев, и мислам дека друга алтернатива подобра за нас, и како народ, како луѓе кои овде живееме  и како држава, не постои.Да не се замајуваме со алтернативни варијанти бидејки тие ќе не однесат, таму кадешто не треба да не однесат.Единствениот пат за Република Северна Македонија е членка на ЕУ и членка на НАТО, ние практично сме пред вратата на НАТО за полноправно членство, очекуваме во јуни оваа година да добиеме датум за преговори и на тој начин да ја заокружиме таа стратешка цел Македонија да биде интегрирана во организации кои се пример за целиот свет, во однос на просперитет, во однос на безбедност, во однос на почитување на човекови права, во однос на сервис на граѓаните и така натаму.Очекувам наредниов месец, два, во рамки на кампањава, и власта но и опозицијата да бидат на висина на задачата, за да направиме кристално чисти избори и да можеме во јуни со чист образ, да бараме во Брисел да ни дадат датум за преговори. Со тоа мислам дека на најдобар начин ќе им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, а тие од деведесетите години па се до денес, скоро четврт век бараат членство во ЕУ и членство во НАТО Алијансата, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_7017

Заев Дејвидсе: Нашата соработка очекувам да донесе многу успеси и придобивки за граѓаните и нашата земја

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со извршниот директор на Светска банка, Кун Дејвидсе кој ја претставува нашата земја Северна Македонија заедно со Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Израел, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Романија и Украина. Извршниот директор Дејвидсе беше придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски кој е домаќин на неговата дводневна посета на нашата земја.На средбата се разговараше за долгогодишната плодна соработка на нашата земја со Светската банка, за нејзино интензивирање во иднина и за забрзување на реализацијата на проектите помогнати и финансирани од Светската банка. Премиерот Заев изрази задоволство што нашата земја е претставувана од извршниот директор Дејвидсе кој има огромно и богато искуство.„Ни претставува задоволство денеска што не посетивте како претставник на нашата земја и регионот во Светска банка. Во моментов Република Северна Македонија е земја којашто нема билатерални спорови и е во процес на пристапување во НАТО. За нас тоа претставува голем успех и сега сме фокусирани на исползување на придобивките за граѓаните и зајакнување на економијата. Нашата соработка на тоа поле очекувам да донесе многу успеси и бенефити за граѓаните и нашата земја“, рече премиерот Заев.Премиерот Заев го информираше извршниот директор на Светска банка Дејвидсе за постигнатите резултати на економски план кои покажуваат раст на економијата од 3.7 % во четвртиот квартал на 2018, пораст на странските директни инвестиции во 2018 година од рекордно високо ниво од над 624 милиони евра и раст на индустриското производство во јануари од 12% споредено со истиот месец 2017 и оцени дека преку интензивирање на заедничката соработка со Светска банка ќе продолжи да се засилува овој позитивен економски тренд од кој директни придобивки ќе почувствуваат граѓаните.Извршниот директор на Светска банка Дејвидсе порача дека решавањето на крупните политички прашања, членството на нашата земја во НАТО како и најавите за отпочнување на преговори со Европската Унија се пример дека стабилната политичка состојба е важна во процесот на достигнување на економските предизвици и економски напредок на земјата и во таа смисла тој ја изрази својата цврста заложба посветено да работи во насока на реализација на овие зацртани цели.  

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања