Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
7 год.
liderska-sredba

По лидерската средба Заев се огласи на ФБ

По лидерската средба вчера на која на иста маса на тет-а-тет средба премиерот Заев седна со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук.- Дозволете да споделам задоволство дека дијалогот продолжува. На средбата со Христијан Мицковски разговаравме за оние елементи кои се важни да обезбедиме фер, демократски и кристално чисти претседателски избори, како и за многу други работи за кои е неопходен дијалог, како што е процесот на помирување. Опозицијата прифати со работни групи да преминеме и на разговори за Законот за јавно обвинителство. Очекувам позитивни ставови, бидејќи сите очекуваме Република Северна Македонија во јуни да ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ. Тоа е аспирација на сите наши граѓани, на сите политички субјекти - и на власта и на опозицијата. Обврската ни е заедничка, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pedofil

Педофил од Гевгелија испраќал недолични фотографии на „девојче“ од Зрењанин

Група балкански ловци на педофили откриле педофил-Македонец од Дубровник, кој преку Фејбук се допишувал со наводно 12-годишно девојче од Зрењанин. Групата Stoppedofiliji редовно објавува комуникација на педофилите со девојчиња зад чии измислени профили стојат ловците на сексуалните предатори, објави 24info.mk.Се работи за Македонец од Гевгелија на привремена работа во Дубровник, а кој со месеци се допишувал со девојчето кое го запознал на Фејсбук и ја терал на блудни дејства. Македонецот на малолетничката и испраќал фотографии од неговиот пенис и пораки со експлицитна содржина и ја наговарал да му испрати свои голи фотографии и слики од гениталиите.Текстот во целост на: 24info.mk

Македонија | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ реакција: Постапката во РЕК Битола била отворена и завршила со електронска аукција

Криминалните тендери за лично богатење и договорите во четири очи беа главна одлика на раководењето на РЕК од страна на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно навикнати на таквата пракса, денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и измислува непостоечки слуачи, се вели во реакцијата од СДСМ.Не е точно дека за спомената  договорот бил склучен во непосредни разговори, односно во четири очи како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ.Како што јавно објави и РЕК Битола станува збор за отворена постапка која завршила со електронска аукција кадешто критериум била најниска цена. Истовремено, условите и критериумите за набавка на услуга или стока, не ги пропишува директорот на РЕК Битола, техничката и комисијата за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола.Дополнително, иако неколку пати беше јавно демнатирано дека фирмата СВ инвест нема никаков деловен однос, нема никаква поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да лаже и да ја манипулира јавноста.Тоа само говори во каков очај е западната антинароданата ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одоговорното и домаќинско управување со енергетските ресурси и тоа што од држава зависна од увоз на струја, нашата земја денес продава вишоци на струја и затоа постојано има потреба да лаже и измислува, се вели во реакцијата од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
DSC_6939

Премиерот Заев на средба со џудистите Берна и Еди Шерифовски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска, во својот кабинет ги прими младите спортисти-џудисти, сестрата и братот, Берна и Еди Шерифовски, кои се државни прваци и имаат освоено значајни успеси на балкански, европски и светски првенства.Со младите надежни спортисти, премиерот Заев разговараше за нивната голема љубов кон овој спорт, кој како што истакнаа ги учи на дисциплина, посветеност и почит кон другите.„Како Влада на Република Северна Македонија, обезбедуваме неопходна поддршка за остварување квалитетни спортски можности, воведуваме механизми за обезбедување соодветни услови за тренинзи на спортистите, затоа што спортот е сериозна мотивација за младите луѓе. Истовремено, нивните постигнати резултати ни се многу важни, треба да ги подигнеме на пиедестал и да бидат пример за сите млади граѓани, бидејќи нема поголема афирмација на државата од спортот“, рече премиерот Заев поздравувајќи ги младите спортисти.Младите спортисти, се заблагодарија за срдечниот прием кај премиерот Заев и му ги изложија своите планови за во иднина, потенцирајќи дека кога одат на натпревари каде ја претставуваат својата земја се горди, бидејќи ја чувствуваат поддршката од државата зад себе, што им претставува дополнителен мотив за што подостоинствено претставување на нивната татковина и остварување на високи спортски резултати.Во знак на почит и благодарност, младите спортисти на премиерот Заев му ги подарија своите последни освоени медали за спомен.

Македонија | пред 7 години

7 год.
3-4

Премиерот Заев на комеморативна свеченост - 76 години од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на комеморативна свеченост што се одржа во Националната установа македонски народен театар Скопје, по повод одбележување на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот.Во продолжение, ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Заев: Холокаустот е човечка трагедија која не може да се спореди со ниту една друга од мрачната страна на нашата цивилизација. Чин на зло во неговата најужасна форма.Денеска, кога ја одбележуваме 76 годишнината од депортацијата на македонските Евреи во нацистичките логори на смртта, велиме дека тој ужасен чин ќе остане засекогаш запаметен, а сеќавањата на жртвите ќе останат засекогаш наша обврска за – Никогаш повеќе да не се заборави!Во име на сите еврејски жртви и во име на сите жртви од Втората светска војна. Кога ја одбележуваме депортацијата и погубувањето на 7 илјади и 144 македонски Евреи, во логорот Треблинка, и кога им оддаваме помен и на останатите шест милиони невини еврејски мажи, жени и деца, сите ние, сакале или не, се соочуваме со сите овие жртви.Како во огледалата на Музејот на Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи, кога нашиот лик станува дел од приказната на сите Евреи. Холокаустот не е само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња. Тегобноста од сеќавањето за ова страдање е неискажлива.Тегобно е зашто жалиме за младите луѓе кои никогаш немаа шанса да пораснат. Жалиме за децата кои никогаш не добија можност да одат на училиште или да ги направат своите први чекори.Жалиме за цели семејства кои беа погубени, жалиме за роднините, жалиме за целата еврејска заедница во нашата земја. Жалиме за раните во душите и срцата што преживеаните ги носеа целиот свој живот и за лузните во душите на сите идни генерации.Жалиме и секогаш ќе се сеќаваме...Но, јас денес сакам да кажам дека чувствувам и гнев.Кога размислувам за тоа, чувствувам длабок гнев за антисемитизмот во светот кој уште не е поразен.На антисемитизмот мора да му ја спротивставиме сета моќ на демократскиот свет, и во секоја земја. Омразата мораме да ја соочиме со пораз. Да ја поразиме пред таа да ја порази демократијата.Сите ние треба да продолжиме да го правиме тоа што е потребно. Да одбиеме да им дозволиме на недемократските сили да ја злоупотребуваат демократијата за да ја уништат.Мојата порака секогаш ќе биде: Република Северна Македонија е дом на сите нејзини граѓани, без исклучок. Нашите градови се градови на сите наши граѓани.Улиците низ кои одите секој ден, се ваши улици. Историјата на Република Северна Македонија, е историја на сите наши граѓани. Иднината на сите наши граѓани е иднината на Република Северна Македонија.Нашите сограѓани, Евреите, беа, и остануваат, записи на нашето заедничко постоење, испишани со години и векови на историја и традиција, борба и пркос за подобро утре за сите коишто живеат и живееја на овие простори.Денес, би сакал да им се заблагодарам на Еврејската заедница на Република Северна Македонија и Фондот на Холокаустот од нашата земја. Вие овозможувате да се сеќаваме и да ја паметиме историјата и културата на нашите сограѓани, на нивните предци.Вашата заложба ја прави Северна Македонија побогата и граѓаните на целата земја ви се благодарни за тоа. Токму затоа, од исклучителна важност е отворањето на новата, трајна музејска поставка во Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија, што ќе имаме можност да ја посетиме веднаш после оваа комеморација.Ќе ми дозволите да откријам само неколку детали од исклучителната музејска поставка. Само неколку детали што потврдуваат дека без разлика на сите прогони и егзодуси на кои беа изложени, освен што секогаш го носеа сопствениот силен белег на нивната автентична култура, вера и традиција, Евреите секогаш беа и врзивно ткиво на култури и традиции. Така беше и на нашето, македонско тло.Музејската поставка регистрира исклучително занимлив факт: Најстарата синагога во светот, надвор од Израел, е во Стоби, во Северна Македонија. Првите книги на Балканот се печатени во Еврејската печатница, на првата Гутенбергова печатарска преса во Османлиската Империја.Музиката на Евреите се проникна со музиката на македонскиот и балканскиот традиционален фолклор.Кога после освојувањето на Константинопол, султанот на Османлиската Империја повикал на обновување на градот, романиотската Еврејска заедница од Охрид, која се населила во Константинопол, ја гради една од најстарите синагоги во денешен Истанбул, која и денес постои и се вика Синагога Ахрида.Еден од последните преживеани илинденци се викаше Рафаел Камхи, Евреин од Битола. Меѓу оние кои го преживееја прогонот и кои успеаја на 11 март 1943 година да се засолнат за да не бидат однесени во Монополот во Скопје, се оние кои многу бргу потоа се приклучија во Народноослободителната и антифашистичката борба на целиот македонски народ.Генералот Бено Русо, народниот херој Естреја Овадија-Мара, првоборците Жамила Коломонос-Цвета и Роза Камхи Русо, Мориц Шами и Виктор Мешлуам, Алберт Русо, Хаим Садикарио и Нисим Алба, борците Аврам Анаф и Ели Фраџи, Јосеф Песо, Мордо Толедано и Арон Ароести, Естреја Леви и Самуел Садикарио, Алберт Касорла и, АСНОМ-ецот Исак Сион.И други преживеани македонски Евреи се бореа за слободата и за создавањето на македонската држава. Од нив подоцна израснаа идните, денешните генерации на новата Еврејска заедница во нашата земја, кои пред точно 75 години ја обновија Еврејската заедница.Тука Евреите беа прифатени како наши почитувани сограѓани. Евреите беа и останаа почитувани членови на нашата заедница. Во секоја сфера од животот. И денес, кога се навршуваат 76 години од депортацијата на еврејското население, македонските граѓани велат дека никогаш нема да ги заборават своите некогашни сограѓани од Скопје, Штип и Битола.Денеска, нашата сплотеност во осудувањето и сеќавањето на депортацијата на нашите сограѓани во логорот на смртта Треблинка е повеќе од само симболична.Денес ги повторуваме лекциите од минатото, за да го потврдиме изборот за иднината којшто заеднички ја создаваме. Омразата не е наш избор. Различностите, љубовта кон ближниот, почитта кон другиот, поддршката, соработката и пријателството, се вредностите коишто ги прифаќаме со нашите мисли и срца, и ќе ги практикуваме низ нашите дела. Никогаш да не заборавиме што се случи во нашиот град пред 76 години. Да се сеќаваме, за никогаш да не се повтори.Историјата на Холокаустот не е само лекција од минатото, туку е и лекција за иднината. Лекција која треба добро да ја знаеме да се браниме против опасностите и да ги пресретнеме пред време. Лекција која не учи да ја сочуваме човечноста. Да не се случи никогаш да се препуштиме на рамнодушноста за да не го загубиме достоинството, да не се поништиме како луѓе. Нашата должност е да не молчиме.Нашиот силен глас против ужасите на злосторствата против човештвото е наша обврска кон починатите, кон преживеаните и за идните генерации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
filipce-i-milos-1

(ФОТО) Филипче лично се заложи за здравјето на Милош – херојот кој со магаре оди на училиште

На деветгодишниот Милош, утрово му беа направени потребните здравствени прегледи. Драго ми е што резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар, во стабилна здравствена состојба. Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист, вели министерот за здравство Венко Филипче. *Фотографиите се одобрени од родителИнаку деветгодишниот Милош е детето кое во 21 век со магаре оди на училиште или пешачи по три часа. Милош е  роден со болно срце. Веднаш го однеле на операција во Бугарија. Од тогаш досега, девет години не направил никаков преглед, бидејќи и за тоа требаат пари, велат неговите родители. Денеска на иницијатива на министерот на Милош му беше направен комплетен преглед. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Gjorge-Ivanov1

Претседателот Иванов вратил 11 закони, во кои државното име е Република Северна Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов вратил закони чиј указ не го потпишал до Собранието во кои името на државата било напишано Република Северна Македонија, дознава телевизија 24 Вести.Според процедурата, овие закони мнозинството ќе треба повторно да ги изгласа, по што претседателот мора да ги потпише. Иванов претходно одби да го потпише указот за Договорот од Преспа и Законот за јазици иако пратениците го изгласаа по вторпат.Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28.02.2019 година и тоа:– Закон за изменување на законот за оперативно-техничка агенција, закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт, Закон за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, закон за изменување и дополнување на законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, закон за изменување и дополнување на законот за електронскиte комуникации, закон за дополнување на законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.Претседателот на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, не ги потпиша и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 04.03.2019 и на 06.03.2019 годинаВо исто време, сите официјални документи, печати и логоа, меморандуми, печатените материјали, папки од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов досега немаат сменето име туку се на име претседател на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sead-kocan

,,ТРУСТ”: 4 години и 8 месеци затвор за Кочан, 2 години условна казна за Авировиќ

Четири години и осум месеци затвор за бизнисменот Сеад Кочан, а условна казна за Василије Авироивиќ. Оваа е правосилната пресуда на Апелациониот суд за случајот на СЈО „Труст“.  Според пресудата, делумно се уважени жалбите на обвинетите, бидејќи според првостепената пресуда Кочан беше осуден на шест години, а Авировиќ беше осуден на три години затвор.Инаку двајцата се осудени за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.Судскиот процес траеше точно осум месеци и имаше повеќе од 20 рочишта. Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра. 

пред 7 години

7 год.
cvetan-tripunovski

(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: СДСМ го клекна земјоделството на колена

СДСМ го клекна земјоделството на колена. Две години по ред земјоделството е во константен пад. Според официјалните податоци на ДЗС, секторот земјоделство, шумарство и водостопанство во 2018 година во однос на 2017 година бележи пад од 5%, откако и во 2017 во споредбено со 2016 година падна за 13.5%. Потенцирам и во 2017 и 2018 година имаме пад во земјоделскиот сектор во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Трипуноски додаде:Се повеќе ниви низ државава остануваат необработени. Земјоделците се разочаруваат од лошите политики на власта во овој сектор и се помалку се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство.Република Македонија од држава извозник на земјоделски култури, постепено станува увозно зависна.Исто така согласно податоците на ДЗС во 2018 година во однос на 2017 година извозот е намален за 3.7%, додека за истиот период увозот на земјоделските производи е зголемен за 1.1%.На терен ситуацијата е поразителна. Земјоделските производи не се откупуваат и не се извезуваат, а истовремена увозната зависност од храна се зголемува.Земјоделците изгубија надеж. СДСМ две години по ред не обезбеди пласман за земјоделските култури. Илјадници тони земјоделски производи скапаа по нивите и магацините на земјоделците.Голем број на семејства чија единствена егзистенција е извор земјоделието останаа без предвидените примања. Ваквата ситуација ја доведе во прашање и претстојната земјоделска сезона.СДСМ е директниот и единствен виновник за земјоделскиот егзодус кој и се случува на Република Македонија изминативе две години. Денешниве презентирани бројки превземени од официјална државна институција се уште еден показател дека Николовски и Заев две години не направија ништо за земјоделието во Република Македонија. СДСМ нема легитимитет да зборува за земјоделие. СДСМ мора да си замине. Победата на Гордана Силјановска Давкова, ќе биде причина за предвремени парламентарни избори, кои ќе значат крај на владеењето СДСМ во Република Македонија, истакна ветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20190311035920_IMG_3977

Николовски: Исплатени близу 4,4 милиони евра за субвенции за површини со градинарски култури

Денеска во Валандово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа работна средба со земјоделците од валандовскиот регион. На средбата присуствуваа и посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ленче Николовска, градоначалникот на општина Валандово, Петар Костадиновски, директорот на ДИЗ, Благој Индов, заменик директорот на АФПЗРЗ, Абдул Селам-Селами и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ, Славе Арсоски и претставници од МЗШВ.Министерот Николовски ги информираше земјоделците со мерките од новите Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за идните политики на МЗШВ за развој на земјоделството. Николовски посочи дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 270 милиони денари или близу 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци. При тоа Николовски потенцираше дека праксата за навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците ќе продолжи во следниот период, како што тоа претходно беше со исплата на субвенциите за грозјете пред почетокот на производствената сезона, за грла добиток и за житните култури.Земјоделците побараа помош од стручната фела во форма на совети во делот на одржување на овошните насади и добивање поквалитетно производство, како и обезбедување на сигурен пласман за земјоделските производи.Министерот Николовски посочи дека Факултетот за земјоделски науки и храна веќе се работи на студија за изградба на откупно-дистрибутивни центри, но и дека преку мерките од новата Програма за рурален развој и од ИПАРД 2 Програмата ќе се создадат можности за инвестиции во преработувачката индустрија за зеленчук и овошје, што е важно за обезбедување на сигурен пласман и решавање на проблемите со вишоците на земјоделски производи.Во однос на прашањата од земјоделците во врска со системите за наводнување во овој регион, Николовски посочи дека денеска после долго време се откочи реализацијата на Програмата за наводнување на јужната долина на река Вардар и дека денеска се потпиша договорот со изведувачот на градежните работи компанијата „Штрабаг“, за реализација на втората фаза од овој проект., кој што е од исклучително значење за продуктивноста на земјоделското производство во валандовскиот регион.Николовски ги информираше земјоделците дека оваа година ќе се започне со реализација на одобрените проекти за локалните патишта, кои се важни за пристап до обработливото земјоделско земјиште.Денешната средба со земјоделците од валандовскиот регион, е дел од серијата работни средби што изминатиов период се одржаа и во другите региони, а ваков тип на отворени средби со земјоделците се планирани и за следниот период.

Македонија | пред 7 години

7 год.
morbili

Во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили

Согласно најновите податоци од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, во текот на вчерашниот ден биле прегледани тројца пациенти со симптоми на морбили, од кои двајца возрасни пациенти се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, а една пациентка е хоспитализирана на клиниката. Станува збор за 29-годишна пациентка од Скопје, без податок за вакцинален статус.На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19 возрасни и 18 деца со морбили, односно вкупно 37 пациенти со морбили. Еден пациент се наоѓа во потешка состојба на одделот за интензивно лекување.Согласно податоци од Институт за јавно здравје, во периодот од 02.03 до 08.03.2019 година се пријавени вкупно 83 сомнителни случаи на мали сипаници, додека од почетокот на епидемијата во Скопје, вкупно се регистрирани 493 случаи на мали сипаници.Од почетокот на епидемијата, вкупниот број вакцинирани лица во Скопје е речиси 10 илјади лица, додека вкупен број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во државата изнесува 15.151 лице. Високиот одзив на вакцинацијата ќе придонесе за кревање на колективниот имунитет.Инаку, во текот минатата недела во Институтот за јавно здравје се пријавени 2.678 случаи со симптоми на грип, што е за 16,5% намалување во споредба со една недела пред тоа. Вкупниот број заболени од грип оваа сезона изнесува вкупно 15.201 лица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

По Берлинале, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ доаѓа во кино „Милениум“

Градското кино „Милениум“ на 15 март ќе биде домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал. Ова остварување веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација:Ecumenical Award и Guild Film Prize. На премиерата во „Милениум“, режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.Првата награда, Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити е Guild Film Prize, која ја доделуваат членови на жири комисија, кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.Пофалните зборови за овој македонски филм не застанаа тука. Одличен одзив од публиката и критиката на овогодишното издание на Берлиналето имаше и главната актерка Зорица Нушева. Во филмот се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.Билетите за македонската премиера чинат 150 денари.

Магазин | пред 7 години

7 год.
lokvenec1

(ВИДЕО) Локвенец: МВР и Спасовски денес го враќаат угледот и довербата во полицијата

ВМРО-ДПМНЕ е навиканто од Министерството за внатрешни работи да создава механизам за уцени, закани и конструирање на случаи против политичките неистомисленици и затоа чесната, професионалната и одговорната работа на МВР за нив е непозната категорија, истакна пратеникот од СДСМ и коалицијата, Хари Локвенец во своето обраќање на 86. Седница на Собранието на Република Северна Македонија, велат од СДСМ.- Токму министерот Оливер Спасовски е тој кој што година и половина од кога е министер работи на тоа министерството и полицијата да ги врати во вистинската насока . Ако во минатото полицијата служела за одмазди и закани, за режирани апсења и случаи, за заташкување на кривични дела и за изборни нерегуларности,со што угледот на полицијата беше уништен, а граѓаните ја изгубија довербата во институциите, денес се работи за владеење на правото и функционирањето на правната држава.- рече пратеникот Локвенец Локвенец истакна дека интерпелацијата за Спасовски е неоснована и е крајно несериозен потег на опозицијата.- Денес на неполни две години од доаѓањето на оваа влада се променија многу работи. Денес знамето на НАТО се вее пред македонската влада, денес не се зборува за меѓуетнички конфликти и дестабилизирачки сценарија, туку за глобални безбедности предизвици и справување со нив, зборуваме за успешноста на реформите, а не за злоупотреба на институциите. Сето тоа е напредок, а не уназадување - заклучи Локвенец.

Македонија | пред 7 години

7 год.
siluvanje

Велешанец под истрага за силување на поранешната сопруга

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на возраст од 32 години поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – Силување од чл.186 ст.1 од Кривичниот законик.Имено, осомничениот на 09.03.2019 година, ја присилил на обљуба својата поранешна сопруга. Тој ја чекал оштетената во влезот од зградата каде таа живее и кога ја отклучила влезната врата од својот стан, ја фатил за раката и насилно ја внесол во дневната соба. Потоа ја турнал на креветот, ја влечел за коса и ја стегал за вратот, велејќи и дека ќе има сексуален однос со неа „милум или силум“. Кога оштетената одбила да се соблече, осомничениот и ја скинал кошулата и извршил обљуба врз неа, совладувајќи го нејзиниот отпор изразен во удари со нозете по градите и рамената.Имајќи предвид дека по извршеното кривично дело осомничениот го напуштил своето живеалиште и бил отсутен се до следниот ден, можноста поради заедничкото дете да стапи во контакти со оштетената и да влијае врз истата или да го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот на надлежниот јавен обвинител е прифатен, па на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. 

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведен 54 годишен битолчанец – во домот му пронашле пиштоли и куршуми

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј.(54) од Битола поради постоење оснвои на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. На 08.03.2019 во Битола полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле два пиштоли, од кои едниот „ЦЗ“ калибар 6, 35 милиметри, а другиот непозната марка со калибар 6,35 милиметри, две рамки и осум куршуми.Судија на претходна постапка на А.Ј. му одредени мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Обидувајќи се да избегне контрола на билет, го турнал контролорот во ЈСП, кој се здобил со тешка телесна повреда

На 10.03.2019 околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на булевар „Партизански oдреди“, при излегување од автобус на ЈСП, М.Џ.(32) од Скопје, обидувајќи се да избегне контрола на билет, го турнал В.С.(43) од Скопје, контролор во ЈСП, кој се здобил со тешка телесна повреда, На В.С. му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8-ми Септември“. М.Џ. бил повикан во Полициската станица Карпош и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Кај Струмичани пронајдено оружје, двајцата лишени од слобода

На 09.03.2019 во 00.10 часот во Полициската станица Струмица од слобода биле лишени Ц.Т.(27) и А.Т.(25), двајцата од Струмица.При преглед на А.Т. полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Застава М – 57“ калибар 7,62 милиметри и еден куршум калибар 7,62 х25 милиметри, а при преглед на Ц.Т. биле пронајдени и одземени две рамки за пиштол марка „Застава М – 57“ калибар 7,62 милиметри и 13- куршуми калибар 7,62 х25 милиметри. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 7 години

7 год.
alkoholizam-i-mladi

Малолетници лудуваат во Тетово и после полноќ

Ноќта на 09/ 10.03.2019 полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во 11 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-5), лоцирани во централните подрачја на Тетово и Гостивар, за откривање на угостителите кои овозможуваат престој на малолетници по 24 часот и послужување со алкохолни пијалоци.Притоа, во објект на улица „Илинденска“ биле затекнати три женски малолетни лица кои конзумирале алкохол, додека во три гостиварски објекти на улица „Живко Брајковски“ и „Беличица“ биле затекнати 14 малолетници кои престојувале по 24 часот, а четири од нив конзумирале и алкохол. По  целосно документирање на случаите, против сопствениците на угостителските објекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Повредена 70 годишна жена учесник во сообраќајна несреќа

На 10.03.2019 околу 10.40 часот на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(70) од Скопје и непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото на настанот. По судирот, возилото „Опел корса“ удрило во бетонска ограда и притоа со тешки телесни повреди се здобила Д.Ј., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош.Извршен бил увид на местото и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
bebe

Се роди најголемото бебе во Македонија

На Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје, минатиот месец, се родило најголемото бебе во државава.Станува збор за момченце, тешко 5.700 г. и 55 см должина, објавија од гинекологија.Породувањето го водел лекарски тим. При приемот на пациентката направена е комплетна евалуација и проценка од докторите за големината на плодот како и карличните мерки на пациентката.Мајката одбрала породувањето да биде по природен пат.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања